Од вкупните внатрешни долгови на државно и на локално ниво во износ од скоро 400 милиони евра, 20 отсто се по основ на неплатени сметки за комуналии, струја, греење, транспорт, а скоро 22 отсто од долгот е за неплатени материјали и ситен инвентар, пишува Порталб.мк. Здравството, општинските и државните јавни претпријатија со најголем долг… Највисоки милионски износи на долгови пријавиле здравствените институции, болници, клиники, институти, ...
Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. Ќе презентира корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат. Потребите на домаќинствата и малите потрошувачи во текот на вчерашниот ден се задоволени со домашно производство од 10.876 MWh електрична енергија од ЕСМ и со 3.110 MWh ...
Светската популација денеска надмина осум милијарди луѓе, соопштија Обединетите нации, предупредувајќи дека регионите кои веќе се соочуваат со недостиг на ресурси поради климатските промени се во поголеми тешкотии. „Постигнувањето од осум милијарди луѓе е знак за успех на човештвото, но исто така е голем ризик за нашата иднина“, рече Џон Вилмот, директор на одделот за население на ОН. Земјите со среден приход, претежно во Азија, имаат најголем ...
Според податоците на интернет страницата „IQair“, град Скопје денеска е на 11 место по загаденост во светот. Според денешните податоци на Winix кој користи информации од Министерството за животна средина, за проверка на квалитет на воздухот, врз основа на средни часовни вредности, Скопје е најзагаден град во земјата. И денеска најзагадено е во Центар, Лисиче, Гази Баба и Миладиновци со 155 ПМ 10 честички на метар кубен. На почетокот на 2021 ...
Пишува: Зоран Бојаровски „Активната блокада“ на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, што е синоним за неодговорно однесување, се пресликува и на ниво на локалните самоуправи во кои „владее“ оваа партија, а застојот во реализацијата на ИПА проектите ја вклучува и Општина Тетово, каде што локалната власт е во рацете на БЕСА. Овој застој, или блокади, ги доведуваат во ризик проектите од исклучителна важност за животната средина вредни 270 милиони евра од ЕУ ...
Европската Унија е подготвена да ги зголеми своите климатски амбиции, изјави денеска потпретседателот на Европската Комисија Франс Тимерманс. – ЕУ треба да ја намали емисијата на штетни гасови со ефект на стаклена градина за најмалку 57 отсто до 2030 година, а претходно поставената цел е 55 отсто, изјави Тимерманс на Конференцијата на ОН за климата (COP27) во Египет. Европскиот функционер ги потенцираше неодамна постигнатите договори на ...
Независните советници во Струмица, Ново Село и Босилово поведуваат иницијативи пред советниците во трите општини да се изгласаат одлуки со кои ќе бидат спречени сите идни можности за отворање загадувачка индустрија на ова подрачје. Иницијативата потекнува од неколкугодишната борба на жителите на трите општини против отворањето на рудникот Иловица-Штука, за кој сметаат дека целосно ќе ја уништи животната средина и можностите за опстанок на ...
Долготрајни периоди без врнежи кои доведуваат до сушни периоди, по кои следуваат врнежливи денови со големо количество на воден талог што би можело да предизвика поплави или други штети. Вака накратко и поедноставено би можеле да се објаснат климатските промени во делот на врнежите со коишто се соочила земјава во минатата година. Најголем дел од Македонија во текот на 2021 година имал натпросечни количества на врнежи од дожд и снег, покажува ...
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вчера отиде да се фотографира и да покаже дека веќе се гледаат контурите на првиот мега-парк во Скопје, паркот „Даме Груев“ во општината Ѓорче Петров, кој веројатно се наоѓа на загадена почва, но нема време да се позанимава со хигиената, сообраќајниот ред и загадувањето во главниот град. Според информациите на ЦИВИЛ Медиа паркот се простира на површина од над 30.000 метри квадратни, а дел од ...
Два дена пред почетокот на меѓународната климатска конференција во Египет, Европската Комисија упати повик да се почитуваат преземените обврски и да се преземат итни мерки против климатските промени, јави дописничката на МИА од Брисел. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен ќе ја претставува институцијата на почетокот на Конференцијата КОП 27 во Шарм Ел Шејк, која започнува на 6 ноември и трае до 18 ноември. КОП 27 е ...
Земјите во развој се соочуваат со неповратна штета од климатските промени, а направија малку за да ја предизвикаат кризата. Тие сега бараат компензација од земјите што ги сметаат за одговорни: побогатите нации кои испуштаат половина од сите гасови што ја задржуваат топлината од 1850 година и создадоа загадување што опасно ја загрева планетата, пренесува Њу Јорк Тајмс. Оваа дебата ќе биде оваа недела во центарот на 27-те Годишни разговори за ...
Светските лидери се собрани оваа недела во Египет на 27-те годишни разговори за климата на Обединетите нации, познати како КОП27, за да се борат со климатската криза, во услови на други итни предизвици кои се закануваат да ги повлечат и онака неадекватните чекори за да ја оддалечат глобалната економија од фосилните горива, пренесува Њу Јорк Тајмс. Руската инвазија на Украина финансирана со продажба на руски гас, го вознемири глобалниот ...
Климатските промени забрзано ги топат замрзнатите региони во светот, а најзагрозен е летниот арктички морски мраз, кој сигурно ќе исчезне до 2050 година, се вели во извештајот од истражувачката мрежа на Меѓународната иницијатива за криосфера и клима. Во извештајот се соопштува дека само оваа година на источен Антарктик врнело дожд во март кога температурите на воздухот биле невообичаено високи и дека во текот на летото Алпите изгубиле пет ...
Ќе се испитува загаденоста на почвата и подземните води на локалитетот Пеленица покрај Драчево, каде што е закопан опасен отпад линдан од ОХИС. Ова е прво испитување на состојбата со животната средина на овој локалитет, откако пред три години беше поставена ограда за да се спречи движењето во контаминираната област. Во Пеленица не се знае колкави количини отпад е закопан, ниту пак какво е неговото влијание врз животната средина. До скоро на ...
Извозот на земја контаминирана со линдан, која се ископува од малата депонија на ОХИС конечно ќе може да почне, откако е обезбедена транзитната дозвола од Бугарија на која се чекаше подолго време. Почвата, за разлика од линданот, кој се транспортира со брод преку Солунското пристаниште до Франција, ќе патува по копнен пат низ повеќе држави на Европската Унија. Крајната дестинација е Германија, каде контаминираниот материјал ќе се спалува во ...
Мега паркот во Волково е еден од заедничките проекти на Општина Ѓорче Петров и Град Скопје, и како што забележа јавноста од изминатата недела се работи со полна пареа иако депонијата не е целосно расчистена, има остатоци од ѓубре, гуми, недефинирана бара полна со вода итн. Паркот ќе се простира на површина од над 30.000 метри квадратни, а според информациите на ЦИВИЛ Медиа дел од отпадот од депонијата не е транспортиран до Дрисла, туку е само ...
Милиони евра се заштедени во текот на октомври и првата недела од ноември како последица на зголеменото производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети, штедењето на струја од граѓаните и институциите и топлото време периодов. АД ЕСМ планира да почне со увоз на струја од странство по цена од 215 евра за мегават час за периодот од 7 до 13 ноември, но и ваквата набавка ќе биде под количествата што биле предвидени претходно. ...
Наместо расфрлан отпад на сите страни, депонирање на смет којшто се покрива со земја. Наместо протекување на исцедокот од депонијата неконтролирано во природата, изграден е систем за рециркулација на исцедокот од депонијата со канали, бунари и други градежни интервенции за заштита на почвата. Ваква е денешната поправена слика за регионалната депонија „Русино“ кај Гостивар, која што денеска ја посети министерот за животна средина и просторно ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини , денес заедно со швајцарската амбасадорка Вероник Улман и градоначалниците на деветте полошки општини направија теренска посета на регионалната депонија Русино за да направат увид во напредокот на активностите реализирани во рамки на проектот за Интегрирано управување со отпад финансиран од швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO). Министерот Нуредини ...
Излезе печатеното издание на „Зелена читанка“, во издание на ЦИВИЛ. Целта на публикацијата е, на лесно разбирлив начин, да придонесе кон подобрување на нивото на знаења за зелените прашања и зелените вредности. Публикацијата во електронска и печатена форма произлезе од истоимениот проект кој го спроведува организациската единица Зелен Цивил, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел. Публикацијата е печатена на рециклирана хартија и е објавена на ...
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во рамки на престојот на Република Полска, го посети социјалното претпријатие АРКА, кое претставува успешен модел за создавање интегрирани социјални услуги за грижа на старите лица и каде на едно место се обезбедува дневен престој, услугата за одмена на семејна грижа и вон-семејна социјална заштита. Министерката Тренчевска ја придружуваа сенаторот Либицки, член на Парламентот на ...
Редакцијата на Зелен ЦИВИЛ вчера се обрати до Министерството за труд и социјална политика за коментар или образложение на изјавата на раководителот на Одделението за животна средина во Општина Шуто Оризари, Георги Клинчаревски, за праксата малолетник да изнесува отпад на запрежни коли и да не се знае каде завршува тој отпад. „Според Законот за социјална заштита, кај малолетно лице се поставува старател доколку лицето е без родители и родителска ...
Комитетот за правата на детето при Обединетите Нации (ОН), ги објави завршните согледувања за Република Северна Македонија, поздравувајќи ги различните законодавни, институционални и политички мерки преземени од државата,. за заштита на правата на децата. Сепак, Комитетот останува особено загрижен за постоењето на стереотипи и општествени норми што доведуваат до дискриминацијата на децата, особено против децата Роми, децата со пречки во ...
„Зелена читанка“ е нова публикација на ЦИВИЛ, чија цел е, на лесно разбирлив начин да се придонесе кон подобрување на нивото на знаење и зајакнување на јавната свест за зелените прашања и зелените вредности. Публикацијата произлезе од истоимениот проект кој го спроведува организациската единица Зелен Цивил, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел. Главните цели на проектот „Зелена читанка“ беше развој на ресурсите и граѓанска едукација засновани ...
Со оглед на тоа што светот веќе е 1,2 степени потопол отколку во прединдустриското време, научниците веруваат дека затоплувањето овој век најверојатно ќе се позиционира некаде помеѓу два или три степени. Извештајот на ОН објавен оваа недела пред климатската конференција КОП27 во Египет го потврдува тој опсег. Декарбонизацијата ги направи најстрашните предвидувања најверојатни, додека најнадежните беа исклучени со трагично одложување, пренесува ...
Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира панел дискусија на тема „Еколошки криминал – предизвик за македонското законодавство“, што ќе се одржи на 28 октомври, петок, со почеток во 13:00 часот. Учесници на панелот се Никола Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи и Дарко Блинков, Раководител за аналитика, меѓународна соработка и проекти во животната средина, Сектор за координација на работата на ДИЖС. ...
Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира панел дискусија на тема „Еколошки криминал – предизвик за македонското законодавство“, што ќе се одржи на 28 октомври, петок, со почеток во 13:00 часот. Учесници на панелот се Никола Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи и Дарко Блинков, Раководител за аналитика, меѓународна соработка и проекти во животната средина, Сектор за координација на работата на ДИЖС. ...
Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организираше панел дискусија на тема „Еколошки криминал – предизвик за македонското законодавство“, учесници на панелот беа Никола Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи и Дарко Блинков, Раководител за аналитика, меѓународна соработка и проекти во животната средина, Сектор за координација на работата на ДИЖС. -Еколошки криминал претставува незаконито дејствие или чин кој ...
Во Македонија во моментов има само две регионални депонии што се во функција во Скопскиот и Полошкиот плански регион – „Дрисла“ и „Русино“, но единствено скопската депонија има А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, иако и кај неа е неопходно да се инвестира во постројки за секундарна селекција и натамошен третман на собраниот отпад. Воспоставувањето на регионалните системи за управување со ...
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Кризната состојба овозможи со одлука на Владата, наместо законски предвидените потребни количини струја од 60% за 2022 година за домашниот пазар, односно за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, ЕСМ да произведе 100% струја од сопствените капацитети. Оваа, како една од најважните мерки од пакетот за справување со енергетската криза, беше остварена на 22 октомври со потенцијал да се одржува до крајот на годината, кога ...