Македонските власти наредната година треба особено да се посветат на спроведувањето на мерките за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, особено во Источниот и Североисточниот регион. Општина Свети Николе е експлицитно наведена дека го кочи процесот за изградба на современата регионална депонија за двата региона, за која веќе се обезбедени финансиски средства од ЕУ. „Започнаа активности за изградба на регионален систем за ...

Северна Македонија треба значително да ги засили амбициите во однос на зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан. Во текот на наредната година земјата особено треба да ги забрза напорите за намалување на загаденоста на воздухот на локално и национално ниво, како и за намалување на дифузното загадување на слатководните ресурси. Да се спроведат мерки за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, ...

Во извештајот на Европската комисија, во Поглавјето , Основи за пристапниот процес, во делот „Економски критериуми“, се вели дека Владата обезбедува низа финансиски иницијативи за поддршка на приватниот сектор во неговите напори за позеленување, вклучувајќи го неодамна усвоениот План за забрзан раст (2022-2026), кој предвидува два фонда за финансирање проекти за зелена економија. Планот за забрзан раст 2022-2026, што Владата го усвои во октомври ...

Поставена е првата ветерна турбина во првиот приватен ветрен парк кај светниколското село Богословец. По една година од официјалниот старт на ветерниот парк веќе се гледа првата ветерна турбина, како и столбовите на останатите ветерници. Граѓаните од Општините Свети Николе и Штип ја снимаат и фотографираат локацијата и ветерницата и ги споделуваат на социјалните мрежи. Во источна Македонија ова е прв ветерен парк, инвестиција е во вредност од 61 ...

Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак упати видео порака како дел од напорите на Обединетите нации за зголемување на свеста за потребата од поголемо внимание кон климатските промени и заштитата на животната средина. Дуџак испраќа апел до сите граѓани, групи, организации и институции активно да се вклучат во Акцијата за справување со климатските промени, како и во заштита на животната средина. „Со ...