Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Епидемијата на ебола предизвикана од сојот Бундибугио (Bundibugyo) во Демократска Република Конго продолжува да се шири, а заклучно со 30 јули во светот се потврдени 3.626 случаи на зараза и 1.589 смртни случаи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Според податоците на СЗО, во Демократска Република Конго се регистрирани 3.605 заразени и 1.587 починати, додека во Уганда се потврдени 20 случаи и два смртни исхода. Еден случај на ...
Владата на Србија ги повика граѓаните рационално да ја користат електричната енергија во услови на силен топлотен бран и рекордно низок водостој на реките, што сериозно го намалува производството на електрична енергија од хидроелектраните. Премиерот Ѓуро Мацут за понеделник најави седница на Штабот за вонредни ситуации, посветена на екстремно високите температури и состојбата со водостојот на реките, особено на Дунав. Тој апелираше до ...
Унгарија влегува во пет критични дена поради историски нискиот водостој на Дунав и новиот топлотен бран што ја зафати земјата, предупреди премиерот Петер Маѓар. Поради недостигот на вода за ладење, единствената нуклеарна централа во земјата, „Пакс“, за првпат по повеќе од четири децении се соочува со целосно запирање на работата. Долготрајната суша и високите температури го намалија нивото на голем број европски реки, што создава проблеми за ...
Шпанските власти денови однапред биле предупредени за ризикот од масовен прилив на мигранти кон северноафриканската ексклава Сеута, но според повеќе воени и цивилни разузнавачки извори, не презеле навремени мерки за спречување на кризата. Предупредувањата пристигнале и непосредно пред масовното преминување на границата од Мароко, при што десетици илјади луѓе влегле на шпанска територија. Според информациите до кои дошле медиумите, ...
Најмалку пет лица загинаа, а по уште 41 се трага, откако утрово избувна пожар на траект во близина на индонезискиот остров Мадура, соопшти државната служба за пребарување и спасување. Според официјалните информации, на траектот се наоѓале вкупно 271 лице, вклучувајќи патници и членови на екипажот. Спасувачките служби досега евакуирале 225 лица, додека потрагата по исчезнатите продолжува. BREAKING: At least 5 people are dead and 41 missing ...
Кристијано Роналдо и Георгина Родригез, еден од најпознатите светски парови, наводно се подготвуваат да ја крунисаат својата речиси десетгодишна љубов со раскошна свадбена церемонија. Според најновите медиумски информации, венчавката би требало да се одржи следната сабота во Фуншал, главниот град на португалскиот остров Мадеира, иако официјална потврда од парот сè уште нема. Изборот на локацијата не е случаен. Роналдо е роден и пораснат ...
Големи гужви и повеќечасовни чекања на излез од Грција преку граничниот премин Евзони синоќа предизвикаа тензии меѓу возачите, при што дошло до жестока расправија, а според сведоци, за малку била избегната и физичка пресметка. Според информациите објавени од страницата „Пат до Грција“, на преминот синоќа се формирале долги колони од автомобили и автобуси, а дел од патниците излегувале од возилата поради долгото чекање. Поради нервозата што ...
Синот на холивудската легенда Пирс Броснан, Парис Броснан, повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со главната улога во новата рекламна кампања на BMW. Неговото појавување пред камера предизвика бројни реакции, а многумина коментираат дека 25-годишниот Парис неверојатно потсетува на својот славен татко во помладите години. Во видеото, Парис седнува зад воланот на легендарниот BMW M3 Cabrio E30 и тргнува на патување низ некои од ...
Два противпожарни хеликоптери денеска се судрија во воздух за време на гасење на голем пожар во местото Псата во Грција, јавуваат грчките медиуми. Според првичните неофицијални информации, двете лица од едниот хеликоптер се спасени и пренесени во болница во Атина, а двете лица од вториот хеликоптер загинале. Βίντεο καταγράφει καρέ-καρέ τη στιγμή της σύγκρουσης των δύο πυροσβεστικών ελικοπτέρων κατά την διάρκεια κατάσβεσης του πύρινου μετώπου ...
Дваесетина помали пожари на отворен простор биле регистрирани во текот на денешниот ден, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека благодарение на брзата реакција на локалните противпожарни екипи, пожарите се изгаснати или ставени под контрола. „Во текот на денешниот ден досега имавме 20-тина помали пожари на отворен простор. Благодарение на брзиот почетен одговор на локалните пожарникари, ...
Швајцарците имаат едни од највисоките просечни плати во светот, но тоа не значи дека повеќето од нив поседуваат недвижен имот. Напротив, Швајцарија е европскиот рекордер по број на луѓе кои живеат под кирија – повеќе од 60 отсто од населението. Овој податок ја прави Швајцарија вистински пример дека високите приходи не се секогаш гаранција за сопствен стан. Додека во многу земји купувањето недвижност се смета за главна животна цел и симбол ...
Состојбата со водоснабдувањето во Гостивар останува непроменета, а водата и понатаму не се препорачува за пиење, информира раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека Институтот за јавно здравје, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, секојдневно врши испитувања и зема примероци од водата, при што резултатите сè уште покажуваат присуство на бактерии во дел од примероците. ...
Со децении керамичките плочки беа речиси незаменлив избор за уредување на бањите. Ѕидовите обложени од подот до таванот се сметаа за најтрајното и најпрактично решение за простории изложени на постојана влага. Но, современите трендови во ентериерниот дизајн постепено ги менуваат овие навики. Сè повеќе сопственици на станови и куќи се одлучуваат за алтернативни решенија кои овозможуваат полесно одржување, отпорност на влага и помодерен изглед, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во 2023 година го спречил испраќањето на американски финансиран систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“ (Iron Dome) во Украина, откако поранешниот републикански сенатор Линдзи Греам побарал батерија од системот да биде испратена за помош на Киев, објави „Вашингтон пост“. Причината за одлуката, според израелски официјални лица, била стравувањето дека чувствителната воена технологија би можела ...
Лионел Меси (39) се врати во тимот на Интер Мајами во саботата, само 13 дена по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство. Во натпреварот против Колумбус Кру, кој заврши 2:2, Меси влезе од клупата во 53-та минута, а публиката бурно го прослави неговото влегување на теренот на стадионот „Ну“ во Мајами. Ова беше прв настап на Меси за клубот по неговото шесто Светско првенство, а тој влезе на местото на Даниел Пинтер. Само три ...
Новата песна на Северина „Nisam kriva ja“, со поднаслов „Bezosjećajna“, бележи огромен успех веднаш по објавувањето. За само еден ден видеоспотот надмина еден милион прегледи на YouTube, а песната се искачи на листата на најгледани содржини во повеќе земји од регионот. Само неколку часа по премиерата, песната влезе во YouTube Trending во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Македонија и Австрија, потврдувајќи ја ...
Голем шумски пожар кој беснее западно од Атина и денеска продолжува да го ангажира грчкиот систем за справување со кризи. Стотици пожарникари и припадници на итните служби цела ноќ се бореа со огнената стихија во планинскиот регион Китерон, со поддршка од армиски возила, волонтери и тешка механизација. Со првите утрински часови, во гаснењето повторно се вклучија и противпожарни авиони и хеликоптери. Според грчката државна телевизија ЕРТ, ...
Мохамед Салах би можел да ја продолжи кариерата во Турција, но се чини дека неговата нова дестинација нема да биде Бешикташ, туку нивниот ривал Трабзонспор. Според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, клубот му понудил на египетскиот напаѓач двегодишен договор вреден 17 милиони евра по сезона по состанокот со неговите менаџери. Салах наводно е отворен за таа опција, но конечната одлука ќе ја донесе откако ќе разговара со своето семејство, ...
Од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и сопствена држава. Тој истакна дека идеалите на илинденците денес се продолжуваат преку развојот и изградбата на современа Македонија, ...
Исклучително нискиот водостој на реката Елба во германскиот град Дрезден повторно ги откри т.н. „камења на гладот“ (Hungersteine) – историски камени ознаки што со векови предупредувале на суши, лоши жетви, недостиг од храна и тешки времиња. Водостојот на Елба во Дрезден се спуштил на околу 53 сантиметри, додека вообичаеното ниво изнесува околу 1,60 метри. Поради недостигот на вода, товарниот речен сообраќај на горниот тек на реката е речиси ...
Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски денеска од Мечкин Камен, на одбележувањето на 2 Август – Илинден, порача дека најголемиот предизвик со кој се соочува државата денес е демографската состојба, оценувајќи дека современото „востание“ не е со оружје, туку преку создавање семејства, воспитување деца и обезбедување иднина за младите во Македонија. Во обраќањето во Крушево, каде ја предводеше собраниската делегација на државното ...
Европската фудбалска унија УЕФА му постави ултиматум на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Или тој доброволно ќе поднесе оставка, или 55 европски федерации ќе покренат гласање за недоверба и ќе се обидат да го сменат од функцијата. Според ексклузивни информации од британскиот весник „The Telegraph“, сите членки на УЕФА се подготвени да гласаат против Инфантино ако тој одбие да поднесе оставка. УЕФА може да побара вонреден конгрес на ФИФА ...
Новак Ѓоковиќ го избра црногорското приморје како место за одмор и семејно уживање, далеку од тениските терени и секојдневниот притисок што го носи професионалниот спорт. Познатиот тенисер престојува во Портонови со сопругата Јелена и нивните деца Стефан и Тара, а во овој луксузен комплекс поседува и сопствен апартман. Посебно внимание кај минувачите предизвика моментот кога Ѓоковиќ лично застана зад управувачот на својот глисер и ја презеде ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево порача дека вредноста на сеќавањето на Илинден е во градењето подобра иднина за граѓаните. Филипче, по повод 2 Август – Илинден, оддаде почит на хероите на Илинденското востание и Крушевската Република, посочувајќи дека нивната борба била за слобода, правда и право на народот сам да ја одлучува својата судбина. „Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат. ...
Галатасарај наводно подготвува понуда за Кевин Де Брујне, кој не е задоволен од својот статус во Наполи. Белгискиот репрезентативец пристигна во Италија од Манчестер Сити како слободен играч, но првата сезона на стадионот „Диего Армандо Марадона“ му беше тешка и обележана со повреда која го оддалечи од теренот речиси четири месеци, пишува „Goal.com“. Турскиот клуб подготвува финансиски богата понуда за да го реализира трансферот на Де Брујне ...
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен државјанин на Македонија со регулиран престој во Хрватска, под сомнение дека предизвикал пожар во местото Седрамиќ, во близина на Дрниш, при палење хартиени вреќи од цемент по завршување на градежни работи. Според Полициската управа Шибенско-книнска, со криминалистичката истрага е утврдено дека мажот во четврток попладне, по изведување градежни работи во дворот на куќа, запалил ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на 55. Семакедонска средба што традиционално се одржа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, испраќајќи порака за единство, зачувување на традицијата и зацврстување на врските со македонските иселеници. Манифестацијата, која традиционално ја организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека секоја генерација има свој Илинден, со сопствена мисија и одговорност, а задачата на денешната генерација е да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна и праведна. Во обраќањето во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, Мицкоски истакна дека почитта кон илинденците и асномците не треба да биде само сеќавање на минатото, туку и потсетување ...
Пари Сен Жермен постигна принципиелен договор за платата со крилниот напаѓач на Ајакс, Мика Годтс, но трансферот не е завршен бидејќи двата клуба сè уште не се договориле за обештетувањето. Според „Goal.com“, Ајакс бара околу 60 милиони евра за 21-годишниот белгиски фудбалер, што е главната пречка во преговорите. Иако техничкиот директор на холандскиот клуб, Жорди Кројф, не е заинтересиран за продажба на еден од најважните играчи на тимот, ...
Најмалку три лица загинаа, а две се повредени во пукање во градот Твин Фолс, во американската сојузна држава Ајдахо, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случил во саботата во близина на ресторанот „In-N-Out“, на булеварот Блу Лејкс Норт. Полицијата реагирала околу 14:30 часот по локално време, по пријави за пукање во реонот на ресторанот. Началникот на полицијата во Твин Фолс, Метју Хикс, изјави дека осомничениот напаѓач бил убиен за ...