Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека најреалниот период за постигнување дипломатско решение и завршување на руската војна против Украина е од крајот на 2026 година до летото 2027 година. Зборувајќи во Киев на свеченоста по повод Денот на државното знаме, Зеленски рече дека Москва и Киев и натаму имаат спротивставени позиции, особено околу прашањето за повлекување на украинските сили од Донбас. „Веруваме дека ова е ...

Голем шумски пожар беснее во борова шума во близина на селото Бигла во Делчевско, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Денес околу 10 часот неодговорно лице палело гуми во својот дом во село Бигла, кое што е село од разбиен тип, односно се наоѓа на неколку ридови. Притоа изгубил контрола врз огнот и огнот се проширил во блиската шума“, изјави Ангелов. Тој вели дека надлежните институции преземаат ...

Робот-полицаец висок 1,88 метри е распореден на раскрсница во кинескиот град Хангжу – не може баш да ве уапси, но може да ви издаде предупредување и да ги движи своите „раце“ во согласност со семафорите. Овој робот-полицаец користи камери, радар и вграден компјутер за да препознава возачи без кациги, возила што ја преминуваат линијата за стоп и пешаци што ја преминуваат улицата кога семафорот е црвен, објавува Bug. Роботот може да одговара и ...

Дакота Џонсон повторно е сингл. По прекинот на долгогодишната врска и свршувачката со фронтменот на Coldplay, Крис Мартин, 36-годишната актерка накратко пронајде нова љубов со седум години помладиот музичар Такер Пилсбери, познат под уметничкото име Role Model. Но, ниту оваа романса не потрајала. People потврдил дека Џонсон и Пилсбери раскинале „пред извесно време“. Ниту актерката ниту музичарот засега јавно не го коментирале крајот на ...

Два американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран. Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти. Распоредувањето на авионите ...

„За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Тој оцени дека за случајот не била доволно испитана одговорноста на сите инволвирани. „Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, ...

Јужнокорејскиот гигант е подготвен да претстави уште еден член од серијата телефони Galaxy S26. Samsung најави уште еден Galaxy настан за 27 август, каде што ќе го претстави најновиот член од серијата Galaxy S26. Иако компанијата не го именуваше експлицитно производот, тоа би можело да биде Samsung Galaxy S26 FE. Компанијата обично ги лансира FE (Fan Edition) верзиите на своите телефони од серијата S на посебен настан, одвоено од главните ...

Случајот со млечните производи што деновиве е во фокусот на јавноста во Косово има допирна точка и со македонскиот пазар. Два од брендовите што се појавуваат во официјалните наоди на косовските институции, Land и My Cow, биле присутни во продажната и дистрибутивната понуда во Македонија. На веб-страницата на Kipper е наведено млеко Land со 3,2 проценти млечна маст во пакување од еден литар, заедно со повеќе други производи од истиот бренд. ...

Македонските аеродроми бележат силен раст на патничкиот сообраќај, а во првите седум месеци од годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид поминале повеќе од 2,4 милиони патници, кажа денеска на прес-конференција, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска. „Македонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна ...

Џек Блуз Бибер, синот на Хејли и Џастин Бибер, го прослави својот втор роденден во саботата, 22 август, а неговата мајка сподели мал дел од семејната прослава на Instagram. Хејли Бибер (29) објави фотографија од роденденски појадок подготвен за нејзиниот син – две палачинки во форма на глувче, украсени со големи количини шлаг и запалени розови свеќички. На фотографијата таа едноставно напиша „2“ со емотикон во форма на срце, а како музичка ...

СДСМ обвини дека власта задоцнето реагира на здравствената криза со западнонилската треска и дека институциите немаат капацитет навреме да го заштитат здравјето на граѓаните. На прес-конференција, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, ги поврза актуелната епидемија од западнонилската треска со кризата со водата во Гостивар, оценувајќи дека заедничко за двата случаи е, како што рече, доцнењето на реакцијата на власта. ...

Принцот Хари и Меган Маркл наводно се подготвуваат за голема промена – по неколку години живот во Калифорнија, двојката планира во следните недели да се врати во Велика Британија заедно со своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет. Според Page Six, нивното враќање веќе предизвикува немир во дел од британските кралски кругови, каде постои страв дека физичката близина на Хари и Меган повторно ќе ги отвори старите семејни конфликти, особено ...

Сидни Свини и нејзиниот партнер Скутер Браун привлекоа големо внимание на социјалните мрежи откако се појавија во костими на едни од најпознатите суперхерои – таа како Wonder Woman, а тој како Superman. 28-годишната ѕвезда од „Euphoria“ во саботата објави серија фотографии и видеа на Instagram, со кои на своите следбеници им покажа дел од летниот одмор. „camp ‘26 🦸🏼♀️“, напиша актерката во описот на објавата. На насловната фотографија од ...

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски пет години ја користат трагедијата во модуларната болница во Тетово за политичка пресметка со претседателот на партијата, Венко Филипче. На прес-конференција, Кети Штерјова рече дека Филипче и СДСМ не се мешале во работата на Јавното обвинителство и не вршеле притисок врз институциите, бидејќи, како што посочи, постапките мора да се водат независно. „Модуларните болници беа набавени преку ...

Мртвиот агол е еден од најопасните проблеми со кои секојдневно се соочуваат возачите. Доволни се само неколку секунди невнимание при престројување или промена на сообраќајна лента за друго возило, мотоцикл или велосипедист целосно да исчезне од видното поле. Во сообраќајните анализи често се посочува дека голем број несреќи се поврзани токму со возила кои се нашле во мртвиот агол. Во изворниот текст се наведува проценка од околу 840.000 ...

Драма се одвивала рано утрово над селото Бонче, каде што пожарот со голема брзина се движел по падината, со пламен висок и до четири метри. Благодарение на навремената реакција на доброволните пожарникари од Битола и Кочани, огнот не стигнал до селото. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој беше на терен, изрази благодарност до пожарникарите, посочувајќи дека вчера превентивно биле испратени во Бонче поради ...

Најмалку две лица загинаа, а стотици илјади домаќинства останаа без електрична енергија откако силно невреме проследено со поројни дождови го погоди Балтичкиот регион. Во Литванија, спасувачките екипи го извлекле телото на маж под паднато дрво во селото Мазионис. Втор маж загинал откако врз него паднале делови од зграда во латвискиот град Јелгава. Неколку лица се повредени и хоспитализирани. Sestdienas vakarā un naktī uz svētdienu Latviju ...

Двајца мексикански рибари преживеале неверојатна петдневна борба за живот на отворено море, откако нивниот брод потонал и ги оставил без храна, вода и практично без никаква заштита среде Тихиот Океан. Даниел Гереро Мартинез (53) и Хозе Луис Портела Вилес (32) успеале да се спасат благодарение на обична ладилна кутија од бродот, за која се држеле додека морските струи ги носеле сè подалеку од копното. Мексиканската морнарица ги пронашла пет ...

Поминаа цели 6 недели, а документ со целосна, јавна и потпишана анализа за водата во Гостивар сè уште нема, велат од СДСМ. „Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што не го објавуваат документот цели 6 недели. Зошто не се објавува целосен извештај? Што се крие од граѓаните? Неизвесноста и недовербата кај граѓаните така ја создаваат Мицкоски и Клековски. Еден месец даваа противречни изјави, прво за забрани, потоа дека може да се користи ...

Хакери поврзани со иранските власти успеале да предизвикаат прекин на работата на британска електрана, што се смета за прв ваков случај во Велика Британија и најуспешен сајбер напад од овој тип поврзан со Техеран. Според „Дејли телеграф“, нападот се случил минатиот месец, во период кога биле регистрирани и серија сајбер напади врз американската водоводна инфраструктура во 12 сојузни држави. Британските власти не откриваат која електрана ...

Необични и вознемирувачки снимки од лик налик на „Мачорот со шапка“ од приказните на д-р Сус предизвикаа вистинска бура на социјалните мрежи и загриженост меѓу жителите во повеќе делови на Ирска и Велика Британија. На видеата се гледа необичен хуманоиден лик поставен на улици, пред куќи и на други препознатливи локации, а објавите често биле придружени со тврдења дека мистериозниот „прогонувач“ навистина се движи низ населбите. Снимките ...

Украинската полиција покрена кривична постапка против директорот на супермаркет кој се наоѓа во склоп на трговски центар во Криви Рих, по смртоносниот руски напад со дронови во кој загинаа најмалку 16 лица, а 130 беа повредени, меѓу кои и 23 деца. Украинскиот министер за внатрешни работи Иван Вихивски потврди дека директорот се истражува поради сомнение за немарност, бидејќи супермаркетот, наводно, останал отворен и откако била прогласена ...

Со новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко. Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, ...

Меѓународен тим научници откри нови докази кои би можеле да помогнат во реконструкцијата на водното минато на Марс и да дадат подобра претстава за тоа колкави количества вода некогаш постоеле на неговата површина и во кората. Во неодамна објавена студија, истражувачи предводени од Техничкиот универзитет во Данска го анализирале познатиот марсовски метеорит „Црна убавица“, со научна ознака Северозападна Африка 7034, односно NWA 7034. Овој ...

Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните, велат од СДСМ. „Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава“. За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со ...

Стареењето долго време се замислуваше како бавен и речиси рамномерен процес – промени кои постепено се натрупуваат од година во година. Но едно истражување на научници од Универзитетот Стенфорд укажува дека биолошкото стареење може да биде многу понееднакво отколку што се мислеше. Истражувањето, објавено во научното списание Nature Aging, анализирало повеќе од 135.000 биолошки молекули и микроорганизми кај луѓе на различна возраст. ...

Менопаузата е природна фаза од животот на жената, но времето кога ќе започне значително се разликува од една до друга личност. Кај повеќето жени таа настапува меѓу 45 и 55 години, со просек околу 51 година, додека појавата пред 45-тата се смета за рана менопауза. Доколку функцијата на јајниците значително ослабне пред 40-тата година, лекарите зборуваат за предвремена оваријална инсуфициенција, состојба која бара медицинска проценка. Според ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ повторно објави мапа на Ормускиот теснец, на која стратешки важниот поморски премин е означен како „нова територија на САД“. На мапата е заокружено пошироко подрачје околу Ормускиот теснец, меѓу Иран и Оман. Објавата следува по претходните најави на Трамп дека САД би можеле да преземат контрола врз теснецот. Трамп претходно изјави дека САД имаат „целосна ...

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожар е активен и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во општина ...

Земјотрес со магнитуда 5,9 го погоди источниот дел на Јапонија, вклучително и поширокото подрачје на Токио, во 2 часот по полноќ по локално време. Најмалку 37 лица се повредени, главно полесно. Нема опасност од цунами. A 5.9-magnitude earthquake struck eastern Japan, including the Tokyo region, early Sunday, injuring at least five people and disrupting train services. A water pipe also ruptured in Tokyo’s Koto ward, while no tsunami warning ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Сребро

1670.34