Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Пожарите во Франција и Шпанија изложија милиони луѓе на штетен квалитет на воздухот во текот на изминатите неколку дена, велат научниците. Чадот од пожарите содржи мешавина од загадувачи што го намалуваат квалитетот на воздухот дури и на стотици километри оддалеченост. Научниците рекоа дека се особено загрижени за емисиите на честички PM2.5, кои се поврзани со кардиоваскуларни заболувања, рак на белите дробови и тешкотии со дишењето. ...
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека сака да ја суспендира Шпанија од Шенген зоната на слободно движење, откако стотици мигранти нелегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Мароко. Го поддржувам затворањето на Шенген зоната со Шпанија, напиша Антонио Тајани на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека ја осудува „нерегуларната и неконтролирана имиграција“, пренесува „Хина“. Мигрантите ја преплавија ...
Времето денеска, сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на топол бран до крајот на ...
Европската Унија започнува една од најамбициозните технолошки иницијативи досега, со која планира да изгради до седум гигафабрики за вештачка интелигенција, вредни вкупно до 30 милијарди евра. Европската комисија веќе го отвори тендерот за избор на индустриски конзорциуми што ќе ги изградат новите високотехнолошки центри, со цел Европа да го намали заостанувањето зад САД и другите глобални лидери во областа на вештачката интелигенција. ...
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, соопшти дека е потврден новиот состав на Извршниот комитет на организацијата, при што за генерален секретар е избрана Елена Ивановска, а за потпретседателки Ане Лашкоска и Ленче Нелоска. Митева оцени дека новиот тим претставува „нова енергија и силен кадровски потенцијал“ составен од жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство. „Нова енергија и ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на САД, Никол Варнс, на која биле разгледани економските приоритети, реформските процеси и можностите за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Македонија и САД. Димитриеска-Кочоска истакна дека Владата останува посветена на одржување стабилни и одржливи јавни финансии, одговорно управување со буџетските средства и креирање ...
Министерството за здравство информира дека го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево. Оваа активност претставува превентивна мерка што се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од Центарот за јавно здравје–Скопје за состојбата со комарците и потребата од дополнителна адултицидна дезинсекција, како и ...
Компанијата Disney Cruise Line во 2027 година за првпат ќе ги донесе своите европски крстосувања со луксузниот брод „Disney Wish“, а меѓу новите дестинации ќе се најдат и два хрватски града. Особено внимание привлекува фактот што Задар за првпат ќе биде дел од рутата на еден крузер на Дизни. Една од најатрактивните понуди ќе биде осумдневно крстосување што започнува од Чивитавекија, пристаништето во близина на Рим, а потоа продолжува кон ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања. ...
Охрид утревечер ќе биде во знакот на хип-хоп музиката, бидејќи во „Егоист Бич Бар“ пристигнува GOAT TOUR – спектакуларната турнеја на Џала Брат и Буба Корели, која ова лето ги полни концертните простори низ регионот. Организаторите најавуваат вечер исполнета со енергија, врвна продукција и настап што ќе понуди повеќе од три часа аудиовизуелно шоу, збогатено со импресивни сценски ефекти и најголемите хитови на популарното музичко дуо. Покрај ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени, јавува УХМР. Според прогнозата на Управата за ...
Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија денеска повторно еруптира по повеќе од три недели затишје. Од кратерот Вораџине се издигнал голем облак од вулканска пепел, а пепелта паднала и врз градот Бронте. Поради ерупцијата, вулканската пепел привремено предизвикала ограничувања на воздушниот простор над вулканот, но работата на Меѓународниот аеродром во Катанија продолжила без нарушувања, соопштија локалните власти. Текстот Етна ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека продолжуваат интензивните активности за подобрување на инфраструктурата во општината. Меџити посочи дека во повеќе населби се реализираат проекти за унапредување на подземната инфраструктура, изградба и реконструкција на улици, тротоари и јавни површини. „Во секоја улица, во секоја населба, во целиот Чаир се работи. Инвестираме во инфраструктурата, градиме и реконструираме улици, ...
Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се реализирани повеќе координирани акции низ државата, при што се запленети над 43 килограми марихуана, а приведени се 241 лице. Според МВР, во изминатиот месец бил пресечен и меѓународен транспорт на околу 25 килограми марихуана на граничниот премин „Деве Баир“, како дел од активностите ...
Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров изјави дека бил сменет затоа што се обидел да воведе реформи и поголема транспарентност во системот за воени набавки. Во интервју за „Украинска правда“ тој тврди дека неговите напори предизвикале отпор од моќни интересни групи, кои, според него, вршеле притисок и ширеле негативни информации. Федоров беше разрешен по само шест месеци на функцијата, а претседателот Володимир Зеленски ...
Атлетико Мадрид официјално ја пријави Барселона во Шпанската фудбалска федерација (RFEF), обвинувајќи го каталонскиот клуб за несоодветен и нелегален пристап до нивниот напаѓач Хулијан Алварез. Аргентинскиот интернационалец има договор со Атлетико до летото 2030 година, но тој навести за време на Светското првенство дека сака да го напушти клубот. Тоа дополнително го поттикна интересот на Барселона, која го гледа Алварез како едно од ...
Во тек се интензивни градежните активности за реконструкција на спортските игралишта во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што учениците наскоро ќе добијат современи услови за спорт и рекреација. Реконструктивните зафати започнаа кон крајот на јуни, а по речиси еден месец работа, проектот стигна до фазата на асфалтирање на новите спортски терени. Ќе бидат обновени три спортски игралишта – едно наменето за кошарка, едно за одбојка, како и ...
Изјавата на министерот за дигитална трансформација дека изградбата на дата центри нема да ја загрози животната средина доколку се почитуваат стандарди отвора едно многу важно прашање – кои стандарди, каде се тие и кој ќе гарантира дека ќе се почитуваат?, прашува ДОМ. „ДОМ не е против дигиталната трансформација. Напротив, Македонија има потреба од современа дигитална инфраструктура и технолошки развој. Но, зелениот и дигиталниот развој мора ...
Сите 55 фудбалски асоцијации членки на УЕФА, меѓу кои е и Фудбалската федерација на Македонија, ја поддржаа можноста за бојкот на Светското првенство во знак на протест. Причината е предлогот на ФИФА за продажба на малцински удел во нова компанија која би управувала со комерцијалните права на најголемите натпреварувања. Одлуката беше донесена на вонреден состанок на УЕФА одржан попладнево, само два дена откако ФИФА го презентираше ...
Со техничка поддршка од Европската Унија, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини успешно ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Република Македонија, објави министерката Сања Божиновска. Според Божиновска, станува збор за стратешки документ што претставува значаен чекор во развојот на македонскиот енергетски сектор и во подготовките на земјата за идната европска енергетска трансформација. „Со техничка поддршка ...
Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. ...
Холивудската актерка и добитничка на Оскар, Натали Портман, со своите следбеници сподели емотивен момент од приватниот живот, откривајќи дека со голема возбуда го очекува раѓањето на своето трето дете. На својот профил на Инстаграм, Портман објави фотографија на која нежно го прегрнува своето трудничко стомаче, додека стои пред балкон и гледа надолу. Облечена е во широка сина кошула и едноставно златно ланче, а во описот му се заблагодари на ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.288,61 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 68,63 поени, односно за 0,73%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Според податоците од Институтот „Роберт Кох“, оваа година во Германија се регистрирани речиси 10.000 смртни случаи поврзани со топлина. Во Велика Британија објавија дека 3.000 луѓе веќе починале. Институтот „Роберт Кох“ (RKI) објави во својот неделен извештај дека 9.800 луѓе веќе починале во Германија оваа година поради високите температури од 19 јули, а овој број е поголем од податоците за истиот период во која било година од 2016 година. ...
Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата што секојдневно им е потребна на луѓето. Кога зборуваме за буџетски бројки, зад нив мора да видиме конкретни проекти: пат, мост, водовод, канализација, пречистителна станица, железничка линија, почиста животна средина, истакна на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа капиталните расходи со Ребалансот растат за 14,5 проценти и ...
Џенифер Лопез летово минува низ еден од најемотивните периоди во својот живот. Откако неодамна го прослави својот 57. роденден, славната пејачка и актерка се подготвува за ново животно поглавје – нејзините 18-годишни близнаци Макс и Еме наскоро заминуваат на факултет. Пред секој да тргне по својот пат, семејството отпатува во Рим, каде што заедно помина драгоцени моменти. Папараците ги фотографираа Џенифер, Макс и Еме додека ги разгледуваа ...
Четири лица со запдно-нилска треска починаа во Грција, а вкупно се потврдени 42 случаи, од кои половина се регистрирани во изминатата недела, објави Националната организација за јавно здравје (EODI), пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, EODI во својот неделен извештај наведува дека 37 од заразените пациенти имале симптоми на заболување на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека утре-31.07.2026 година (петок) без електрична енергија ќе бидат: – ул.Железничка бр.20,22,22-а,26 и 30 и ул.Герман бр.26 и 30 од 09.00 часот до 15.00 часот.(Општина Центар) – Ул 1687-Бардовци од 08.40 часот до 15.05 часот.(Општина Карпош) Текстот Утре, без струја, делови од Центар и Карпош е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Од ЕВН Македонија известуваат дека утре-31.07.2026 година (петок) ...
Претседателот на Азиската фудбалска конфедерација (AФК), шеикот Салман бин Ебрахим Ал-Калифа, го оцени планот на ФИФА за продажба на акции од Светското првенство на приватни инвеститори како „целосно неприфатлив“ и рече дека потегот ја поткопува континенталната структура на спортот. Невообичаено директните коментари од бахреинскиот функционер беа дел од писмото испратено, во четвртокот, до адресите на 47-те национални асоцијации членки на ...
Вистинска драма се одвивала среде Тихиот Океан, каде што 39-годишниот Каи Сато од Калифорнија речиси еден месец бил препуштен на милост и немилост на морските струи, откако неговата едрилица останала без можност за нормално управување. Неговата борба за живот завршила со среќен исход кога бил забележан од товарен брод и спасен, а приказната за преживувањето остави силен впечаток во јавноста. Сато за телевизијата „Hawaii News Now“ изјавил ...