Американскиот претседател Доналд Трамп започна офанзива против Иран во февруари и покрај повторените предупредувања од неговиот шеф на разузнавањето, потпретседателот и високите воени советници дека конфликтот може да предизвика глобална енергетска криза и да доведе до поцврсто иранско раководство, објави „Волстрит журнал“. Трамп ги игнорирал предупредувањата Според луѓе запознаени со состаноците одржани пред војната, тогашната директорка на ...

„СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее. За да не успееме како држава тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии. Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само Македонија да пропаѓа како што пропаѓаше седум години. Се покажа во минатото на неговиот патрон чива одлика е да работи сѐ спротивно на македонските граѓани и ...

„Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН, а зајакнувањето и модернизацијата на здравствените установи продолжува со конкретни чекори. Во оваа насока, под раководство на кадрите на ВЛЕН, Клиничката болница во Тетово се зајакнува со 145 нови вработени – 107 медицински кадри, 28 специјализанти и 10 технички работници. Според директорот на болницата, Ерзен Елези, ова е најголемиот број вработувања реализирани досега во историјата на оваа ...

Човечкото тело во голем дел е составено од вода, а течности губиме постојано – преку мокрење, потење, но и со самото дишење. Според проценките наведени во текстот, само преку дишењето во текот на денот може да се изгуби околу половина литар течност, додека вкупната дневна загуба може да достигне околу 2,5 литри. Но колку вода навистина треба да пиеме и како да препознаеме дека организмот почнува да чувствува недостиг? Германското друштво за ...

Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка, извести Општина Карпош. „Целта на оваа ...

Болката предизвикана од камен во бубрег може да биде исклучително силна и често започнува ненадејно, без претходно предупредување. Нејзината локација и начинот на кој се шири низ телото се меѓу најкарактеристичните знаци што можат да укажат дека камен се движи низ уринарниот тракт. Најчесто болката започнува во страничниот или задниот дел од телото, под ребрата, на страната каде што се наоѓа каменот. За разлика од вообичаената болка во ...

Општина Ѓорче Петров и оваа учебна година продолжува со конкретна поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. Во новата учебна година, во основните училишта на територијата на општината се очекуваат 410 првачиња, а секое од нив ќе добие бесплатно анатомско ранче и училишен прибор. „Во изборот на ранчињата, денес учествуваа и идните првачиња од детската градинка „Росица“, со што најмладите директно беа вклучени во подготовките за ...

Министерот Сашо Клековски, денес, врачи дел од решенијата за вработување на 109 лица во Клиничка болница Тетово, кои досега беа ангажирани со договор на дело, извести МЗ. Заедно со решенијата врачени пред неколку месеци, во Клиничката болница Тетово досега се вработени вкупно 145 лица од различни медицински профили, кои се неопходни за успешно функционирање на установата. „Ви честитам на сите и ви посакувам успешна работа, професионални ...

Градежната компанија „Гранит“ го потпиша договорот со ЈП „Државни патишта“ за изградба на вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, кој треба да ја поврзе македонската метропола со границата со Косово. Според известувањето доставено до Македонската берза, вкупната вредност на договорот изнесува 13,62 милијарди денари, односно околу 222 милиони евра. Во сумата е вклучено и петгодишното одржување на автопатот. Предмет на договорот е изградба на ...

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека е подметнат пожар на кавадаречката депонија. Како што изјави тој, огнот излегол надвор од депонијата, ја зафати околната сува вегетација, сува трева, а од другата страна веќе навлегол во дрвјата. „Тука на лице место се кавадаречките пожарникари, коишто се обидуваат да воспостават контрола. Градоначалникот Митко Јанчев беше овде, испратена е механизација со којашто ќе се обидат пожарникарите ...

Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of Science, ...

На денешното судење за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во фокусот на вкрстеното испрашување беше вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје. Во текот на испрашувањето, адвокатката на сопственикот на објектот, Гроздан Милковски, се обиде да ја поткрепи тезата дека објектот во 2012 година, кога бил даден под закуп на Дејан Јованов, бил во исправна и безбедна состојба. Марковски потврди дека објектот ...

Утре, 26 август (среда) во официјална посета на Македонија ќе престојува премиерот на Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. фото/Depositphotos Текстот Утре посебен режим на ...

Мистериозен нов AI модел наречен Ox Alpha предизвика низа шпекулации за тоа кој всушност го изградил. Бесплатниот модел беше објавен минатата недела на платформата OpenRouter, каде што е опишан како „модел за расудување дизајниран за програмирање, континуирана агенциска работа и оптоварувања во производството“. 🥷 New stealth model: Ox Alpha Ox Alpha is a frontier model built for efficient coding, sustained agentic work, and real-world ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со новиот Управен и Надзорен одбор на НОМАГАС АД Скопје, на која беа разгледани приоритетните активности и проектите од надлежност на компанијата, со посебен фокус на развојот на гасната инфраструктура и зголемувањето на користењето на природниот гас во земјата. На средбата беше разговарано за тековните стратешки проекти кои се од особено ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.259,76 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 23,55 поени, односно за 0,25%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше ...

Дизелот надмина 100 денари за литар и за само неколку месеци поскапе за 43%, а Христијан Мицкоски не презема ништо, обвинија од СДСМ. „Нема намалување на ДДВ. Нема намалување на акцизата. Нема мерки за заштита на стандардот. Дури денеска кажа дека нема намера да го намали ДДВ за горивата. Граѓаните во Македонија со најниски плати сега ќе плаќаат литар дизел над 100 денари. Само за шест месеци цената на дизелот порасна за 43%. Резервоар од 50 ...

Федералната влада наскоро ќе открие кој стои зад обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг, објави германскиот канцелар Фридрих Мерц и рече дека одговорните „ќе платат за тоа“. „Обидот за напад на 4 август покажува дека Германија е сè повеќе цел на хибридни закани“, додаде канцеларот, пишува „Зидојче Цајтунг“. Мерц, денеска, пред состанокот на кабинетот во Нојхарденберг, рече дека владата наскоро ќе презентира информации за обидот за ...

ДОМ ја поздравува одлуката на Советот на Општина Пехчево едногласно да ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар. Според партијата, ова е важен чекор, но тука не завршува приказната. „Ќе продолжиме внимателно да ги следиме сите постапки за изградба на дата-центри, како и да реагираме секогаш кога ќе има обиди вакви проекти да се туркаат без доволно информации, без јавноста да биде навремено информирана и без јасни анализи за ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска во Струмица разговараше со производителите на ајварска пиперка за текот на откупот и за забелешките што ги имаат во однос на пласманот на произведените количини. На средбата беа разгледани состојбите на откупните пунктови, примената на договорените цени и почитувањето на утврдената класификација. „Овде луѓето реално се загрижени за пласманот на своите ...

Од денес до 30 септември школскиот прибор трговците на мало треба да го продаваат по најмалку за 15% пониски цени од оние кои важеле во јуни, годинава. Владата ја донесе одлуката за намалување на цените на училишниот прибор на денешната седница. „ Трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10%, додека пак трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15%. Мерката опфаќа ...

Samsung потврди дека наскоро ќе го реши проблемот со екранот на Galaxy S26 Ultra, кој може да изгледа црвеникав во одредени услови. Компанијата претходно изјави дека не станува збор за хардверски дефект, туку за проблем со софтверската калибрација на екранот. Според информациите што им ги даде на корисниците службата за корисници на Samsung во Јужна Кореја, поправката треба да пристигне до крајот на овој месец. Еден корисник објави снимка од ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли тврдењата на претседателот на Демократската партија (ДС) Срѓан Миливојевиќ дека ќе ја напушти Србија ако ги изгуби изборите. За време на посетата на винаријата Цветковиќ во Стањево во близина на Александровац, Вучиќ рече дека нема причина да избега од земјата и ги пофали резултатите од неговата влада, јавуваат српските медиуми. „Велеа дека ќе избегам, дека ќе се сокријам. Зошто да бегам, ...

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов денеска оствари средба со Александар Појразов, претседател на Сојузот на Здруженијата на Македонците во Италија, од Пјаченца и директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Горан Ангелов. На средбата стана збор за проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани во остварувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување во Република Италија и во Македонија, како и за ...

Иванка Трамп повторно го привлече вниманието за време на семеен одмор во Костарика, каде што одвои време за сурфање и ги покажа своите спортски вештини на брановите. Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, која има 44 години, во неделата била фотографирана како сурфа на зелена даска, заедно со инструктор. За оваа активност носела бел горен дел од костим за сурфање и црн долен дел, а косата ја собрала во плетенка. На фотографиите ...

Премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Луксон, изјави дека неговата партија ќе предложи закон во парламентот за забрана за користење на социјални медиуми за деца под 16 години. Луксон изјави дека платформите на социјалните медиуми ќе бидат предмет на казни до 10 проценти од нивниот глобален приход за непочитување, објави Ројтерс. Законодавството ќе бара од платформите на социјалните медиуми да преземат разумни чекори за да ја потврдат возраста на ...

Септемвриските пензии кои пензионерите ќе ги добијат во октомври, ќе бидат зголемени. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се во тек пресметките за законското, процентуално усогласување на пензиите. „Тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување согласно закон. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во позадина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд да покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги ...

Љубителите на рок-музиката од Македонија ќе имаат можност релативно блиску да го проследат еден од поатрактивните рок-спектакли оваа есен. Супергрупата Hollywood Vampires, во која настапуваат Џони Деп, Алис Купер, Џо Пери и Томи Хенриксен, на 3 септември 2026 година ќе одржи концерт во Арена Загреб. Настапот е дел од европската турнеја на групата, која се враќа на сцената по речиси тригодишна пауза. Турнејата започна на 12 август во ...

Netflix наскоро би можел да направи потег што оди во сосема спротивна насока од она што го правеше досега. Според NYT, Netflix ја разгледува можноста за нудење филмови и серии од други стриминг услуги на својата платформа. Компанијата наводно веќе е во преговори со услуги како Peacock и Fox One за евентуалното пристигнување на нивната содржина на Netflix, објавува Android Headlines. Таквиот потег потсетува на Amazon Prime Video, кој им ...

Голем пожар избувна некаде околу пладне меѓу селата Горно и Долно Чичево, Општина Градско. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, од местото информира дека пожарот се проширил и најави дека ќе следи долга битка со огнот. „За жал ја изгубивме почетната конотрола. Се работи за сува трева која зафаќа голема површина. Пожарникарите останаа без вода, овде ќе следи долготрајна битка“, рече Ангелов. Тој најави дека во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Родиум

295786.87