OpenAI објави нова верзија на ChatGPT наменета за корисници на возраст од 13 до 17 години, со посебна безбедносна заштита, родителска контрола и функции за учење. Новата верзија е наменета да биде стандардно искуство за тинејџерите, а системот е развиен во соработка со Универзитетот Стенфорд, со функции што треба да ги охрабрат учениците сами да решаваат проблеми, наместо ChatGPT едноставно да им дава готови одговори, објавува „Fox Business“. ...

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) денес прогласи примарна епидемија на антракс во селото Стефаново во близина на градот Ловец во централниот дел на земјата, а три лица кои јаделе контаминирано месо биле заразени. Антракс е откриен на фарма за добиток со 205 говеда, објави бугарскиот портал 24 Часа. Регионалниот гувернер на Ловеч, Пламен Христов, изјави за БТА дека ја свикал регионалната епизоотиска комисија на вонреден ...

Атлетикоo Мадрид конечно се согласи да го продаде Хулијан Алварез и постигна договор, но не со Барселона, туку – Арсенал. По денешните информации и соопштение на Атлетико Мадрид и конечното „Не“ до Барселона, од Мадрид испратиле потврден одговор во Лондон. На „Метрополитано“ се свесни дека е најдобро Алварез да си замине, бидејќи ќе заработи огромни пари, се шпекулира дека Арсенал е подготвен да плати дури 150.000.000 евра. Но, што е ...

Залихите на природен гас во подземните складишта во Европа моментално се на најниско ниво за овој период од годината од 2013 година, објави денес агенцијата ТАСС, според пресметките засновани на податоци од организацијата Гасна инфраструктура Европа (GIE). Европските складишта на гас моментално се исполнети со 63,28 проценти, што е за 17,24 проценти помалку од петгодишниот просек за овој датум и во споредба со 76 проценти исполнетост една ...

Високите цени на гасот, заканата од губење на работни места и растечкиот криминал кај мигрантите можат да бидат причина за очај и фрустрација кај Германците, изјави Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји. „И можеби Германците се очајни и разочарани затоа што плаќаат девет пати повеќе за гас од Американците, нивните работни места се загрозени од колапсот на ...

На панаѓур во Хамбург, 23 лица седнале на столчињата на вртелешката и започнале возење кое обично трае неколку минути. Од столчињата обесени на синџири, гостите се симнале три часа подоцна, со помош на пожарникари. Вртелешката се заглавила и луѓето останале да висат триесет метри над земјата, соопшти полицијата. Неколку единици на полицијата и противпожарната служба излегле на терен, а гостите успеале да излезат од седиштата без повреди и ...

Првиот случај на западнонилска треска оваа година е регистриран денес во Бугарија, објави Националниот центар за заразни и паразитски болести. Според податоците, претходниот случај на западнонилска треска во Бугарија е регистриран во периодот од јануари 2025 година до 23 август 2025 година. Инфекцијата е заразна болест која се шири со каснување од заразени комарци, наведува Центарот на својата веб-страница, пренесува БТА. Повеќето случаи се ...

На 26 август 1910 година, во Скопје е родена Гонџе Бојаџиу, личност чиј животен пат остави белег далеку надвор од нејзиниот роден град. На 116-годишнината од нејзиното раѓање, ја паметиме пред сè преку вредностите што имаат универзално значење: хуманизмот, солидарноста, достоинството и почитта кон секој човек, вели министерот за правда Јетон Шасивари. Нејзината животна приказна, како што додава, е дел и од историјата на Скопје. „Од овој ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е жив, но дека левата страна од неговото тело е сериозно повредена, пренесуваат светските агенции. „Тој беше многу тешко ранет. Левата страна од неговото тело, раката, ногата, сè“, му рече Трамп на политичкиот коментатор Глен Бек. Тој додаде дека ако Хамнеи е мртов, иранската влада „тогаш дејствува доста добро“, тврдејќи дека редовно ...

Министерот за правда Јетон Шасивари присуствуваше на настанот по повод почетокот на градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце. „Овој автопат значи многу повеќе од нова патна инфраструктура. Подобра поврзаност, побрзо движење на луѓето и стоките, поголема безбедност и нови можности за економски развој. Автопатот Скопје–Блаце ќе ја подобри поврзаноста на Скопје и Македонија со Косово и ќе придонесе за посилни економски и ...

Ветувањата на францускиот претседател Емануел Макрон да му помогне на Киев достигнаа монструозни размери, изјави лидерот на десничарската партија „Исправи се, Франција“, Никола Дипон-Енжан. „Каква лудост! Издвојуваме милијарди евра за Украина, задоволувајќи го секој каприц на Владимир Зеленски, а сега им ги предаваме тајните за производство на ракети MBDA. Макрон го загрозува нашиот воен суверенитет и нашата одбранбена индустрија за да ги ...

Утре 27.08.2026 година ( Четврток ) поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: – Во период од 05,00ч до 07,00ч ул Беаз Куле, ул Гостиварска и околината (о Ѓ. Петров) и – Во период од 09,00ч до 12,00ч ТС Подстаница с Драчево ул Сердарот (о Аеродром). Текстот Без струја утре, делови од скопски Аеродром и Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Утре ...

Oд ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре, на ден 27.08.2026 година без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на ул.Воин Драшкоци бб (за ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Текстот Утре, улиците Воин ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 26.08.2026 заврши со силен раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.409,66 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 149,90 поени, односно за 1,62%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше ...

Управата за јавни приходи денес во Дојран одржа информативно-работна средба со локалните туристички работници и претставници на дејности поврзани со туристичката дејност. На средбата, организирана во соработка со Општина Дојран, претставници на Управата за јавни приходи разговараа со издавачи на сместувачки капацитети, угостители, хотелиери и други даночни обврзници за најчестите прашања и предизвици со кои се соочуваат во текот на ...

Во текот на денешниот ден регистрирани се 20 пожари на отворен простор, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Ер тракторите, како што појасни, дејствуваат врз пожарот на Китка, каде активни се неколку краци. „Даваме се од себе за да го совладаме овој огромен пожар кој е проширен на голема територија и сум оптимист дека во текот на денешниот или утрешниот ден ќе биде ставен под делумна контрола. Во текот на денешниот ден досега има ...

Унгарија ја опиша Русија како закана за Европа и светскиот поредок во новите насоки за надворешна политика за својата делегација во Обединетите нации. Документот беше подготвен за Генералното собрание на ОН следниот месец, а неговата содржина беше објавена од „The Kiev Independent“ на 26 август. Целосна промена на ставот кон Русија Документот означува остра промена во ставот на Унгарија откако премиерот Петер Маѓар го победи Виктор Орбан на ...

Денеска на Попова Шапка се измерени максимални 23 степени, на 29 Маврови Анови, 30 во Крушево, 31 во Претор, 32 во Берово, 33 Охрид, 34 Крива Паланка, Прилеп, 36 Тетово, Битола, Виница, Штип, 38 Струмица, Скопје Петровец, Велес, Скопје Зајчев Рид, Кавадарци, 39 Демир Капија, до максимални 40 сгтепени во Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните ...

Основачот на „Мајкрософт“ и милијардер Бил Гејтс предупреди за ризиците од забрзаниот развој на вештачката интелигенција, наведувајќи дека технологијата може да донесе повеќе штета отколку корист во одредени области. Гејтс конкретно ја издвои положбата на младите луѓе кои штотуку влегуваат на пазарот на трудот, сајбер-безбедноста и безбедноста на децата, но и можноста за злоупотреба на ВИ во здравството и развојот на опасни биолошки закани. ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити денеска присуствуваа на отворањето на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во оваа општина. Центарот е воспоставен во Општина Гевгелија преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на ...

Најмалку 384 лица, вклучувајќи 291 странец, се водат како исчезнати по ненадејните поплави на границата Непал и Тибет, соопшти туристичкиот одбор на земјата. Floods in Nepal wreak havoc, sweeping away several villages and leaving over 1,000 people missing. Bridges and power plants destroyed. Army deployed. horrific helicopter view of the Trishuli River corridor after the flood.#NepalFloods #Nepal #Rasuwa #FlashFlood #Floods ...

Барселона не се откажува од Хулијан Алварез, но Атлетико Мадрид нема намера да се откаже. Сагата околу аргентинскиот напаѓач доби нова димензија по јавниот настап на Џоан Лапорта, на што пристигна жесток одговор од Мадрид. Претседателот на Барселона во средата, потврди дека каталонскиот клуб е сè уште многу заинтересиран за Алварез и дека понуда од 100 милиони евра останува на маса. „Доколку се подготвени да го продадат играчот во текот на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека постои договор меѓу ВМРО и ДУИ за блокирање на работата на Собранието, со цел создавање алиби за распишување предвремени парламентарни избори. „Како алиби за распишување на избори, постои договор помеѓу Oрганизираната криминална група ВМРО и ДУИ, а тоа е да со процедурални интервенции од страна на пратеничката група на ДУИ се блокира работата на Собранието и тоа води кон предвремени ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека САД нема да постигнат ништо со нова рунда економски санкции. Неговата изјава е одговор на Техеран на најавите на Вашингтон за економско задушување на Иран, пренесува „Еуроњуз“. „Благодарение на мерките подготвени од економските сектори на владата, Америка нема да постигне ништо со економски притисок во оваа фаза, исто како што не успеа во војната“, рече Пезешкијан, како што објави ...

Во финишот на преодниот рок, се очекуваат неколку супер интересни трансфери во Премиер лигата. Еден таков најави, новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн. Орнштајн, наведува дека менаџерите на Емилијано Мартинез (34), легенда на Аргентина и Астон Вила, го понудиле популарниот Дибу на Челзи. Тие се одлучиле за таков потег откако Мартинез бил информиран дека Зајон Сузуки, десет години помлад од него, кој минатата недела дојде од Парма за 30 ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека стратешката визија на Владата Македонија да стане клучна сообраќајна раскрсница на Балканот постепено се реализира преку изградба на нови патни правци и зајакнување на регионалното поврзување. Во објава на социјалните мрежи, Николоски посебно се осврна на автопатот Скопје–Блаце, кој, според него, претставува значаен инфраструктурен проект за подобро поврзување со Косово и ...

На веб-страницата http://www.healthalert.mk/ од денес граѓаните можат во секое време да видат колкав е бројот на заразени со западнонилска треска, од која општина се, колкумина се хоспитализирани, колкумина се оздравени, а колку лица починале, означени се ризичните подрачја за комарци и сите досега преземени мерки за заштита. Министерот за здравство, Сашо Клековски, вели дека страницата постојано ќе се надополнува. „Во однос на ...

Политичката партија ВЛЕН денеска соопшти дека официјално започнува изградбата на автопатот Скопје–Блаце, кој го оценува како еден од најзначајните инфраструктурни проекти за поврзување на Северна Македонија со Косово. Од партијата посочуваат дека повеќе од една деценија изградбата на оваа автопатска делница била најавувана, но без конкретна реализација. „Повеќе од една деценија, оваа автопатска делница беше повеќе политичко ветување отколку ...

Со централна манифестација во Музејот на современата уметност во Скопје беше одбележана 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза – Гонџе Бојаџиу, една од најпознатите и најпочитуваните личности на светскиот хуманизам. На манифестацијата присуствуваа највисоки државни претставници, претседателот на Собранието, Африм Гаши, премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, премиерот на Република Косово, Албин Курти, како и Изет ...

ВЛЕН соопшти дека денеска официјално започна реализацијата на втората фаза од автопатот Скопје–Блаце, проект кој, според коалицијата, има историско значење за поврзувањето на Северна Македонија со Косово и со регионот. Станува збор за делница во должина од 10,5 километри, која треба да обезбеди побрза, посигурна и помодерна патна врска кон Косово, а понатаму и кон јадранските пристаништа. „По повеќе од две децении чекање и ветувања, овој ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58