Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, преку видео повика на мобилизација за, како што вели, да се спречи Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри. „Веќе еден месец предупредуваме што прави Владата на Мицкоски. Ненародната влада не може да обезбеди чиста вода за граѓаните, во над 50 населени места, увезува скапа струја ама по секоја цена сака да ја жртвува и водата и струјата за профити. Во Пехчево на мала врата денеска се ...
Челзи ја отвори новата сезона во Премиер лигата со победа од 3:2 против Фулам, во натпреварот обележан со две големи грешки на голманот Роберт Санчез, што предизвика гнев кај навивачите. И покрај огромните инвестиции во тимот во текот на летото, во кое Морган Роџерс стана најскапиот играч во историјата на клубот, тренерот Чаби Алонсо во својот прв официјален натпревар се соочи со сериозен проблем на голманската позиција. Санчез, кој останува ...
Холандската кралица Максима уште еднаш покажа дека и едноставните модни парчиња можат да изгледаат исклучително елегантно кога се внимателно комбинирани. Кралицата присуствуваше на трката за Големата награда на Холандија во Формула 1, која се одржа во Зандворт, а за оваа пригода избра лесна летна комбинација во нежни беж и бели тонови. Нејзиниот стајлинг веднаш привлече внимание бидејќи на прв поглед изгледаше едноставно, но беше составен од ...
Откако Левица ја обзнани иницијативата за дата-центар во Панчарево и ја отвори темата што локалната власт очигледно сакаше да ја истурка без каква било дебата, денес точката беше повлечена од дневниот ред на Советот на Општина Пехчево. Притисокот вроди со плод, велат од партијата. „Градоначалникот Александар Китански беше видно вознемирен што Левица, иако нема советник во Пехчево, дознала што се подготвува и ја алармирала јавноста, па ...
Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер станаа мнозински сопственик на португалскиот прволигаш, Естрела Амадора. Германска инвестициска група купи 90 проценти од клубот за 40 милиони евра. Меѓу инвеститорите се познатите фудбалери Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер, додека функцијата претседател ќе ја преземе Јоханес Моцманг, поранешен член на одборот на Баерн. Сега веќе поранешниот сопственик Пауло Лопо ја презеде Естрела во 2020 година за ...
Веројатно сте слушнале за ставање мокар телефон во ориз, но ако вашиот телефон се намокри, овој метод може да направи повеќе штета отколку корист. Експертите предупредуваат дека оризот не е магично решение и дека ако вашиот телефон се намокри, важно е да дејствувате брзо. Не обидувајте се да го вклучите за да видите дали сè уште работи. Ако веќе е вклучен, веднаш исклучете го и тргнете го од полначот. Идејата зад методот со ориз изгледа ...
Македонија во јули произведе 460,8 GWh електрична енергија, со што биле покриени 94,7 отсто од вкупните потреби за електрична енергија во земјата, информираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Според неа, позитивен тренд е и зголемувањето на уделот на другите домашни производители во вкупното производство на електрична енергија. Во јули тие учествувале со 55,3 отсто, додека ЕСМ имал удел од 44,7 ...
Венко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи. Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите, истакна на прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека ...
Фудбалскиот клуб Тотенхем денес потврди дека потпишал договор со поранешниот играч на Манчестер Сити, Савињо. Според британските медиуми, трансферот е вреден 75 милиони фунти (речиси 99 милиони евра), со дополнителни десет милиони фунти во бонуси. Sávio is Spurs pic.twitter.com/5n24JoUHLU — Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) August 25, 2026 Савињо пристигнува во Тотенхем по две сезони поминати во Сити, со кого ја освои Лигата и ФА Купот. Тој ...
Трансфер-сагата околу Хулијан Алварес добива нов пресврт во последните денови од преодниот рок. Покрај Барселона и Арсенал, сега и Челзи го испитува теренот за евентуален трансфер на аргентинскиот напаѓач на Атлетико Мадрид. Според трансфер-инсајдерот Николо Скира, претставници на Челзи минатиот четврток во Лондон разговарале со луѓе од Атлетико Мадрид и се распрашале под кои услови би можел да биде реализиран трансфер на Алварес. Средбата ...
Југот на Франција беше погоден од исклучително силна бура проследена со разорно торнадо кое предизвика хаос во градот Помас, во близина на Каркасон. Според информациите од локалните власти, најмалку 26 лица се повредени, а нема смртни случаи. Разорното торнадо се формирало доцна попладне како дел од исклучително силна бура што се движела помеѓу Каркасон и Лиму во департманот Од. Scary footage shows the intensity of the tornado that ripped ...
Кога СДС нема што да каже, ете ги, ќе најдат некој да излезе на прес-конференција за да заплашува народ и да шири апокалиптични сценарија. Уште од пред околу две години кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт зборуваа дека државата ќе банкротира, па после само уште не банкротирала, дека мигранти ќе доаѓале, дека цените на производите многу ќе поскапеле, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на СДСМ на која беше посочено дека следува криза и ...
Македонскиот првак Вардар го засили својот состав со Сирики Дијабате. 23-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска настапува на позицијата централен дефанзивец. Со своите 192 сантиметри и физичките предиспозиции, Диабате ќе биде нова опција во одбранбената линија на црвено-црните. Вардар го донесе Дијабате, како замена за Дарко Велковски кој се пресели во Бахреин. Дијабате во кариерата има настапувано во Бугарија, во Ботев Пловдив и ...
Наследството на Коби Брајант добива нова медиумска форма преку подкастот „Cult of Kobe“, кој стартува оваа недела и во секоја епизода ќе носи разговор со позната личност која била инспирирана од животот, кариерата и менталитетот на легендарниот кошаркар. Организаторите за прв гостин направиле особено интересен избор – тренерот на Бостон Селтикс, Џо Мазула. Изборот има дополнителна симболика ако се знае колку големо значење имаше ривалството ...
Од Општина Бутел информираат дека и оваа година продолжуваат со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка, како што е соопштено, е на сите првачиња да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се ...
Евентуалното заминување на Енцо Фернандез од Челзи, ќе предизвика мал домино ефект на фудбалскиот пазар, односно преселба на Едуардо камавинга на „Стенфорд Бриџ“. Финансиските барања на Челзи во врска со Енцо се јасни, 140 милиони евра, а како што стојат работите „граѓаните“ се подготвени да ги исполнат. Ако се случи трансферот, менаџерот на „сините“, Чаби Алонсо, знае каде ќе потроши половина од тие пари. Негова цел е Едуардо Камавинга, кој ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја сподели пораката што му ја испрати американскиот претседател Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина. Зеленски објави на социјалната мрежа X дека добил „топла и охрабрувачка“ честитка од Трамп по повод 35-годишнината од враќањето на украинската независност. „Почитуван господине претседателе, во име на американскиот народ, ви честитам вам и на народот на Украина за Денот на ...
Градежните вештаци на денешното рочиште одговараат на вкрстени прашања од одбраната. Во фокусот на испитувањето се наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата на објектот. Професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, во својство на вешто лице ангажирано од Јавното обвинителство, одговара на прашањата ...
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината. Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на ...
Петмина фудбалери би можеле да ја напуштат Барселона до крајот на преодниот рок. До крајот на летниот трансфер период остана уште една недела. Најзвучно има на трансфер листата е Френки Де Јонг. Изненадувачки, шпанските медиуми тврдат дека по доаѓањето на Родри, за Холанѓанецот повеќе нема место во Барселона. За ваквиот развој на настаните придонесоа и честите повреди на репрезентативецот на Холандија. Според информациите од Барселона, ...
Поранешниот италијански премиер Марио Драги и францускиот претседател Емануел Макрон се обидоа во 2022 година, со помош на вино и разговор во возот за Киев, да го убедат тогашниот германски канцелар Олаф Шолц да го поддржи давањето статус на кандидат за членство во Европската Унија на Украина. Деталите од тие преговори ги открива поранешниот италијански амбасадор во Киев, Пјер Франческо Зазо, во интервју за „Европска правда“. Зазо, кој го ...
Британскиот пејач Џејмс Блант јавно реагираше на интернет-гласините според кои токму тој наводно бил „многу познатиот“ маж за кого Хејден Панетиер раскажува во своите мемоари и во едно од последните интервјуа пред нејзината смрт. Блант, кој има 52 години, во понеделникот на платформата X сподели текст од новинарот Дин Пајпер, во кој детално се анализира временската линија и се тврди дека пејачот не може да биде човекот од приказната на ...
Според ВМРО-ДПМНЕ, модуларните болници за време на ковид кризата во земјава биле поставени спротивно на низа предупредувања и без исполнување на сите законски и технички услови. „Поконкретно за модуларната болница во Тетово, каде во пожарот трагично загинаа 14 лица, тогашниот економски директор на болницата, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и пушти во употреба болницата. Подоцна тој беше осуден на една и пол година затвор. ...
Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос, го презентираше предлогот на Европската комисија за сеопфатна реформа на процесот на пристапување. Планот предвидува постепена интеграција, построги проверки на земјите-кандидатки и нова методологија за фазата што Кос ја опиша како нов Хелсиншки момент за Унијата, пишува „Euronews“. „Светот се промени, а проширувањето мора да се промени со него“, рече комесарката Кос на Конференцијата на амбасадори ...
По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена. Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време за ...
Топол туш по напорен ден или во студено утро за многумина е едно од најпријатните секојдневни задоволства. Но ако по туширањето кожата ви е сува, затегната, чувствителна или почнува да се лупи, причината може да биде токму температурата на водата – особено ако е премногу висока. Добрата вест е дека нема потреба да се туширате со ледена вода. Многу поважно е водата да биде млака до пријатно топла и туширањето да не трае предолго. Премногу ...
По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè повеќе се отвораат сериозни прашања за тоа што се случувало зад сцената и за обидите овој процес да се затвори преку спогодба со Обвинителството, истакнуваат од „Вреди“. „Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ. Според нашите ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не ја исклучува употребата на воена сила против Иран, иако официјален Вашингтон започнува „економски ден Д“ против Техеран. „Ние во никој случај не ја исклучуваме можноста за извршување воени напади било каде во Ормускиот теснец или во близина на Иран“, изјави Хегсет за новинарите, додавајќи дека Иран не може да го издржи економскиот ...
Рафаел Леао (27) би можел да го напушти Милан во финишот на преодниот рок и да се пресели во Премиер лигата. Астон Вила започна преговори со Милан во врска со португалскиот напаѓач, објави „Скај Спортс Италија“. Менаџерот Жорже Мендеш ги поврза двата клуба, а Леао е отворен за трансфер во Бирмингем. Една од причините е фактот дека Астон Вила ќе игра во Лигата на шампионите оваа сезона. Сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите и Вила сè ...
Еден од најнеобичните и најморничави туристички локалитети во близина на Мексико Сити повторно го привлече вниманието благодарение на патеписец кој решил лично да го посети познатиот Isla de las Muñecas – „Островот на куклите“. До островот се стигнува со традиционален мексикански чамец низ каналите на Xochimilco, а патувањето трае околу еден час. Влогерот Александер раскажал дека превозот со чамец го чинел 50 пезоси по лице, односно околу ...