Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
„ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат да се однесуваат ненаситно и Градот да го третираат како партиски плен! По скандалозните избори на членови во одборите, до Левица пристигнуваат информации дека поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димче Арсовски, е новопоставен директор на Младинскиот културен центар“, велат од партијата Левица. „МКЦ, кој важи за симбол на независната културна сцена, младинскиот бунт и слободното творештво, сега се соочува со ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од ставот дека правосудниот испит се полага само на македонски јазик, ниту ќе прифати Македонија повторно да прави отстапки во однос на уставните измени. „За овие прашања нема политички пазарења, нема импровизации и нема отстапување од државните интереси“. Во однос на правосудниот испит, Димитриевски беше ...
Градоначалникот на Град Скопје, вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски. „Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ...
ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да отвори предмет по допрен глас и да ги испита јавните настапи на СДСМ и претседателот на партијата, Венко Филипче, поврзани со случајот со Алта банка. Од партијата тврдат дека преку непроверени обвинувања се создава вознемиреност кај граѓаните и се нарушува довербата во банкарскиот систем. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ намерно шири паника и предизвикува недоверба во институциите заради собирање ...
СДСМ реагира на обвинувањата од премиерот Христијан Мицкоски дека опозицијата шири паника по случајот со „Алта банка“, прашувајќи дали ширење паника претставуваат и предупредувањата за работењето на финансиската групација во Европа, Црна Гора и Србија. Од партијата велат дека уште пред една година алармирале за опасностите поврзани со влезот на банката на македонскиот пазар. Во соопштението СДСМ објавува хронологија на настаните, почнувајќи ...
Граѓаните и компаниите треба навреме да ги планираат своите плаќања, бидејќи денеска и утре, 7 и 8 ноември, се можни привремени прекини и ограничувања на дел од банкарските услуги. Причината се техничките прилагодувања што банките ги спроведуваат поради воведувањето нови стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од понеделник, 9 ноември, информира Македонската банкарска асоцијација. Ограничувањата главно се ...
Додека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да го претстави Скопје како Европска престолнина на културата, Европската комисија веќе укажува на сериозни недостатоци во транспарентноста на управувањето, стабилноста на финансирањето, навремената реализација и соработката со културните чинители, реагираат од Левица. Од партијата оценуваат дека наместо историската можност да се искористи за суштинска преобразба на културниот живот, постои опасност проектот ...
Алијансата за Албанците оценува дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, би можел да ја напушти Владата поради очекувањата за одржување предвремени парламентарни избори. Според партијата, прашањето за правосудниот испит му е потребно за да го искористи во предизборната кампања и да се претстави како „голем патриот“. Од Алијансата за Албанците упатија и иронични критики, нарекувајќи го Димитриевски „патриот на батерии од Кина“. ...
Враќањето на Фенербахче во Лигата на шампионите по 18 години беше засенето од голем скандал по натпреварот против Лион во Франција. Во центарот на настанот беше играчот од средниот ред на турскиот клуб Матео Гендузи, поранешен фудбалер на Олимпик Марсеј, кој за време и по натпреварот дополнително ја вжешти веќе вжештената атмосфера со своето однесување. Гендузи беше мета на домашните навивачи за време на загревањето, а ситуацијата стана уште ...
Најмалку 12 лица загинаа во шумски пожари во Алжир, објави доцна синоќа алжирскиот министер за внатрешни работи Саид Сајуд. Пет лица загинаа во покраината Џиџел, четири во Беџаја и три во Тизи Узу, објави локалното радио. Argelia : Decenas de incendios se están propagándo por varias provincias, Béjaïa, Tizi Ouzou, Skikda, Jijel, El Tarf, Annaba y Mila, en medio de operaciones de evacuación pic.twitter.com/LzBQ6PuRsm — Alertageo ...
Грижата за внуците носи многу повеќе од семејна радост и секојдневна динамика. Нови истражувања укажуваат дека активната вклученост на бабите и дедовците во животот на внуците може да биде поврзана и со подобро когнитивно функционирање во повозрасните години. Причината можеби лежи во комбинацијата од ментална стимулација, физичка активност, социјална поврзаност и чувството дека човек има важна улога и цел во секојдневието. Што покажало ...
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива претежно во доцните вечерни часови, по празнењето на садовите, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје. „Претпријатието продолжува и со континуирано одржување на хигиената на скопските булевари и улици ...
Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, за време на посетата на Москва, ја предупреди Русија да не ги напаѓа сојузниците на НАТО, пишуваат денес „Волстрит журнал“ и „Политико“, повикувајќи се на неименувани извори. Ратклиф го посети рускиот главен град во вторник, но многу малку се знае за содржината на неговите разговори. „Политико“ пишува дека директорот на американската разузнавачка агенција предупредил на потенцијална ескалација на војната во ...
Покачените триглицериди и високиот LDL, познат како „лош“ холестерол, се два важни показатели што можат да укажуваат на зголемен ризик за срцето и крвните садови. Иако често се анализираат заедно, тие не делуваат на сосема ист начин и не носат ист ризик во секоја ситуација. LDL холестеролот има директна и добро утврдена улога во развојот на атеросклерозата – процес при кој во ѕидовите на артериите постепено се создаваат наслаги што можат да ...
Поранешен извршен директор на „JPMorgan Chase“ им призна на американските пратеници дека споделувал класифицирани информации со Џефри Епстин, покажува транскрипт од Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Џес Стејли сведочеше пред одборот во јули како дел од истрагата за Епстин и неговата партнерка Гислен Максвел. Транскриптите од сведочењето на 69-годишниот банкар беа објавени во среда, пренесе Ројтерс. Стејли ...
Норвешка планира да го ограничи користењето на паметни очила и слични уреди, наведувајќи загриженост за приватноста на граѓаните. Станува збор за технологија со вградени камери, микрофони и екрани за проширена реалност, која им овозможува на корисниците да снимаат и прикажуваат податоци во видното поле. Одлуката неодамна ја објавија властите во Осло, главниот град на Норвешка, пишува Euronews. Норвешкото Министерство за дигитализација објави ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се ...
Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA) одобри револуционерен лек за рак на панкреас од „Revolution Medicines“ откако големо клиничко испитување покажа дека ја дуплира стапката на преживување кај пациенти со напредна болест, нудејќи нова надеж за оние со смртоносен рак. Таблетата што се зема еднаш дневно, наречена „Rasonque“, е одобрена за метастатски рак на панкреас кај пациенти кои претходно примале третман или не можат да примаат ...
Катастрофалните поплави го погодија Непал и пограничниот регион на Тибет откако се сруши глечер на Хималаите. Непалската полиција соопшти дека досега се пронајдени телата на најмалку 162 лица, додека стотици сè уште се водат како исчезнати. Голем број странски туристи се меѓу исчезнатите. На тибетската страна од границата, властите бараат повеќе од 550 лица, вклучувајќи 260 странци. Пребарувањето и спасувањето се во тек, а властите ...
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на улицата Воин Драшкоци бб (за ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Текстот Денеска прекин на водоснабдувањето на две ...
Драматични снимки го забележија моментот кога жирокоптер удрил во каблите на сервисната жичница, се запалил и се срушил во регионот Пиемонт во Италија. Двете лица во леталото загинале. Несреќата се случила околу 11:10 часот вчера во близина на вештачкото езеро и браната Кампличоли во високата долина Антрона, во близина на швајцарската граница. Областа е на околу 1.400 метри надморска височина. Снимките емитувани од италијанската ...
Денеска поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: – Во период од 05,00ч до 07,00часот, улицата Беаз Куле, улицата Гостиварска и околината, општина Ѓорче Петров и – Во период од 09,00ч до 12,00ч ТС Подстаница, Драчево, улицата Сердарот. Текстот Делови од Драчево и општината Ѓорче Петров денеска без струја е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Денеска поради планирани ...
Компанијата веројатно ќе ги произведува своите Pixel уреди во Виетнам и Индија почнувајќи од 2027 година, објави Nikkei Asia. Google повеќе нема да произведува Pixel уреди во Кина почнувајќи од следната година, тврди Nikkei Asia. Компанијата ги проширува своите производствени капацитети во Виетнам и Индија во последниве години, но поголемиот дел од нејзиното производство сè уште се одвива во Кина. Сепак, Google сега наводно ги информирал ...
Honor ја најави новата серија Magic9, која ќе биде лансирана во септември, еден месец порано од пристигнувањето на серијата Magic8 минатата година. При претставувањето на Robot Phone уредот, компанијата покажа краток тизер кој открива дел од дизајнот на новиот телефон, како и како ќе се разликува од сегашната серија Magic8. Видеото го прикажува модулот на камерата сместен надвор од центарот, во аголот на задната страна на уредот, и се очекува ...
Норвешка живее фудбалска револуција, откако репрезентацијата дојде до четвртфиналето на СП, сега оваа земја ќе има два тима во главната фаза во Лигата на шампионите. По Боде/Глимт, место во главната фаза избори и Викинг. За екипата од Ставангер ова е најголемиот упспех во клупската историја. Покрај Викинг, пласман во ЛШ, вечерва изборија Фенербахче и АЕК од Атина. Викинг во плејофот го елиминира Динамо Загреб со вкупен резултат 5:3. Откако ...
Програмерот на GitHub го пренесе Doom на DSLR фотоапарат – ги користи копчињата како контроли, па дури и репродуцира звук. Играњето на Doom на најнеобичните хардверски и софтверски платформи стана вистински предизвик во програмерската заедница. Најновиот подвиг го постигна lauris-nl, откако создаде верзија адаптирана за дигиталниот SLR фотоапарат Canon EOS 550D. Овој храбар програмер го направи тоа користејќи го open-source софтверот Magic ...
Реал Мадрид убедливо го го победија Реал Сосиедад со 4:1 во третото коло од Ла Лига. Херој на Реал Мадрид беше трикратниот стрелец Килијан Мбапе. Ова беше најдобрата можна премиера пред домашните навивачи во новата сезона, по тесната победа над Еспањол во последното коло. Реал Мадрид не блескаше во првото полувреме, по кое резултатот беше 1:1, но во продолжението го засили темпото и го покажа целиот свој величествен талент во нападот. Реал ...
Веројатно сте слушнале за инвертер клима уреди, и веројатно имате еден. Но, дали знаете како тие всушност работат и зошто се многу поефикасни од „класичните“? Инвертер клима уредите станаа речиси стандардни во домаќинствата во последниве години, особено поради нивната способност да ладат во лето и да греат во зима. Нивната главна предност во однос на постарите, класични клима уреди е начинот на кој ја регулираат работата на компресорот, ...
Англискиот репрезентативец, Оли Воткинс кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во Ал Хилал. Астон Вила ја прифати понудата на Ал Хилал од 58.000.000 евра со 2.000.000 бонуси. Оли Воткинс даде зелено светло за овој трансфер минатата недела, бидејќи доби астрономска плата, поради што го пропушти првото коло од Премиер лигата против Брајтон. Ал Хилал со тоа заврши уште еден голем договор, откако претходно ги договори сите услови со ...