Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Уште една тажна вест. Нѐ напушти Гоце Тодоровски – голем човек, голем актер и едно од најпрепознатливите лица на македонската театарска и филмска сцена, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. „Со неговите улоги растеа генерации. Нѐ смееше, нѐ трогнуваше и оставаше трага што никогаш нема да избледи. Неговото дело ќе продолжи да живее, затоа што вистинските великани никогаш не заминуваат – тие остануваат во срцата на народот и ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Иран веќе ја нападнал Украина во моментот кога таа почнала да испорачува оружје на Русија и предупреди дека мора да се направи сè за да се спречи отворање на нов фронт. Во интервју за Sky News, тој ги коментираше и несогласувањата меѓу военото раководство и Министерството за одбрана, кои го отежнуваат мобилизирањето и организирањето на воздушната одбрана, и ја изрази својата проценка ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека заедничките воени операции меѓу Израел и САД значително ја ослабнале нуклеарната програма на Иран и ја вратиле неколку години назад. Во интервју за „Фокс њуз“, тој тврди дека 20 водечки ирански нуклеарни научници биле ликвидирани во две операции. „Во двете операции што ги спроведовме со Соединетите Американски Држави, ликвидиравме 20 од нивните врвни нуклеарни научници“, рече Нетанјаху. ...
Холивудската ѕвезда Џулија Робертс присуствуваше на свадбата на својата внука Ема Робертс и актерот Коди Џон, која во саботата се одржа на семејниот имот на младоженецот во Сан Вали, Ајдахо. Ѕвездата на „Pretty Woman“, која има 58 години, беше фотографирана меѓу бројните гости на церемонијата на отворено. Таа седела во вториот ред и покрај високите температури носела долг фустан со сино-бели точки и долги ракави. Препознатливата црвена коса ...
Тадеј Погачар уште еднаш влезе во историјата на велосипедизмот. Словенечкиот ас по петти пат во својата кариера го освои Тур д’Франс, најпрестижната велосипедска трка во светот, со што се изедначи со најголемите легенди на овој спорт. Словенечкиот ас рутински ја заврши последната, 21-ва етапа во Париз и со тоа одбрани голема предност во генералниот пласман. Трката ја заврши 6 минути и 26 секунди пред Белгиецот Ремко Евенепул. Со овој ...
Спиењето со чорапи за многумина е вообичаена навика, особено во постудените ноќи, а топлите стапала кај некои луѓе можат да помогнат и полесно да заспијат. Сепак, експертите предупредуваат дека проблем може да настане доколку во кревет се легнува со истите чорапи што биле носени во текот на целиот ден. Како што пишува „Express“, комбинацијата од телесна топлина, пот, влага и ткаенина може да создаде погодни услови за размножување ...
Челниците на англискиот првак Арсенал се подготвени да реализираат блокбастер трасфер до крајот на преодниот рок. Не е тајна дека нивна цел е Винисиус Жуниор. Според „Телеграф Спорт“, парите не се проблем. Подготвени се да му понудат на Бразилецот повеќе од 400.000 фунти неделно колку што заработува во Реал. Бразилецот има само уште една година од договорот со „кралскиот клуб“, а кога ќе се земе предвид неговиот конфликт со новиот тренер ...
Реал Мадрид обезбеди нов трансфер, Јан Диоманде од РБ Лајпциг во текот на оваа недела официјално ќе стане играч на „Кралскиот клуб“. Според инсајдерот, Фабрицио Романо, договорот меѓу клубовите е постигнат, а обештетувањето за крилниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска ќе изнесува повеќе од 100 милиони евра. Диоманде ќе отпатува за Мадрид оваа недела, каде што ќе помине медицински прегледи и ќе потпише договор што ќе го врзе со Реал до ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Унгарија – 11. трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Британецот ја забележа својата прва победа оваа сезона и прва откако минатата година стана шампион. Норис дојде до триумф со 15 секунди предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, додека третото место му припадна на возачот на Мерцедес, Кими Антонели. Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, беше главниот ...
Американско-рускиот вселенски екипаж безбедно се врати на Земјата по повеќе од осум месеци поминати на Меѓународната вселенска станица (МВС). Астронаутот на НАСА Крис Вилијамс и руските космонаути Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Микаев слетаа во степите на Казахстан со вселенското летало „Сојуз МС-28“. Капсулата успешно се спушти со падобран во однапред определената област, со што заврши нивната долготрајна мисија во орбитата околу Земјата. ...
Албанскиот премиер Еди Рама, повторно реагираше на протестите и барањето за негова оставка, при што за првпат директно кажа дека нема намера да поднесе оставка. Според него, мандатот што го користи произлегува од гласот на граѓаните и не може да биде прекинат од барањата на демонстрантите. – Тие повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, само сакаат моја оставка! Големо недоразбирање, напиша Рама на платформата Х . Вели тој ...
Принцот Хари приреди неочекувано појавување во австралиското издание на „MasterChef“, откако преку видеоповик ѝ се јави на својата сопруга Меган Маркл токму додека таа учествуваше како гостин-судија во популарното кулинарско шоу. Војводата од Сасекс се јави во студиото за време на неделната епизода, додека Меган и останатите судии ги дегустираа јадењата подготвени од натпреварувачите. Член на продукцискиот тим ѝ пријде на Меган со телефонот ...
Пожарите во близина на Мадрид и во регионот Авила влегуваат во ризична фаза. Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека иако борбата против огнената стихија се развива позитивно, но и дека пред земјата се наоѓаат неколку тешки часови. Во рок од помалку од 24 часа, вкупната изгорена површина во Шпанија се зголеми од 130.000 на 150.000 хектари. Армиската единица за вонредни ситуации постигна значителен напредок во сузбивањето на огнот. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „даде простор“ за обновување на преговорите, изјави денеска амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Волц, откако Иран објави дека нема да напаѓа сè додека САД не го сторат тоа. „Тој остава простор за преговори“, изјави Валц за Фокс њуз за одлуката на Трамп, без да открие дополнителни детали. Во текот на викендов имаше затишје во непријателствата меѓу Иран и ...
Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека на планината Елбрус се пронајдени телата на двајца планинари од Босна и Херцеговина, додека по уште тројца членови на групата се трага и се стравува дека и тие настрадале. Двајца планинари биле спасени. Седумчлената планинарска експедиција од Босна и Херцеговина била зафатена од снежна бура за време на искачувањето на Елбрус. Еден член на групата успеал самостојно да се спушти и да ...
Еден од тројца луѓе има висок крвен притисок (хипертензија), а неговото правилно и континуирано лекување е клучно за спречување срцеви и мозочни удари, како и други сериозни секундарни заболувања. Но, истите грешки постојано се повторуваат и во дијагностицирањето и во лекувањето на високиот крвен притисок, иако лекарите всушност точно знаат што треба да се направи, пишува интернистот Ами Шатнер од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим и ...
Силното невреме во Штипско и Кочанско изминатава недела остави голема штета зад себе, но донесе и една убава приказна за грижа и хуманост. Неколку млади штркови, кои невремето ги соборило од гнездата, наидоа на помош од вработени во Општина Чешиново-Облешево. Тие ги згрижија птиците и секојдневно им обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, додека целосно не закрепнат. Од Општината информираат дека два од штрковите веќе се подготвени ...
Џим Кери се прости од режисерот Чак Расел, човекот кој стоеше зад култниот филм „Маската“, по неговата смрт на 74-годишна возраст. Актерот и комичар објави емотивна порака во која се потсети на работата со Расел за време на снимањето на филмот од 1994 година, нагласувајќи дека тоа искуство останало едно од најзначајните во неговата кариера. „Сметам дека беше привилегија да работам со Чак Расел, кој за време на снимањето на ‘Маската’ создаде ...
Откако пристигнаа со јахтата, застанаа во хотелот и ресторанот „Беванда“ во Опатија и „Амор Си Клуб“, каде што беа топло пречекани од нивните домаќини. На Инстаграм, Беванда објави фотографија од брачната двојка со пораката: „Неочекувани драги гости во Беванда. Лепа Брена и Боба Живојиновиќ застанаа во „Беванда“ и „Амор Си Клуб“, пристигнувајќи со брод во Опатија, пред утрешниот концерт на Крк. Им посакуваме пријатен престој и успешен ...
Во Старата скопска чаршија денеска беше откриена спомен-плоча во чест на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, како признание за неговиот значаен придонес во зачувувањето на едно од највредните културно-историски обележја на главниот град. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, внуката на Циборовски, ...
Тарик Прусац, кој се наоѓаше во притвор поради сомнение дека на 1 мај годинава ја убил сопругата Елма Годињак во сараевската населба Добриња, починал во Казнено-поправниот завод Игман, откако, според информациите на медиумите во БиХ, извршил самоубиство. Според весникот „Аваз“, тој си го одзел животот така што од својата дуксерка направил јамка, која ја прицврстил за дел од затворскиот кревет. Наводно, го искористил моментот кога останатите ...
Google го проширува пристапот до својот AI асистент Gemini Spark, функционалност претставена на годинешната конференција за програмери Google I/O. Со новото проширување, алатката ќе стане достапна за поголем број претплатници на пакетите Google AI Pro и Google AI Ultra. Сепак, Gemini Spark сè уште нема да биде достапен за бесплатните корисници. Во САД, пристап до услугата добиваат сите претплатници на Google AI Pro, пакет што чини 20 долари ...
Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има… напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил, после брзата реакција на надлежните институции по направената штета на ЈП МЖ Инфраструктура кај Драчево. –После тешката штета нанесена ...
Израелски доселеници рано утринава нападнале палестински села на окупираниот Западен Брег, запалиле две џамии и испишувале графити на објектите, соопштија палестински претставници. Жителите излегле од своите домови за да им се спротивстават на доселениците, по што дошло до вооружен судир, наведоа палестински претставници. Според податоците на Обединетите нации и на Палестинската управа, годинава во насилство поврзано со израелските ...
Ајмерик Лапорт ги понуди своите услуги на Барселона за време на Светското првенство, но каталонскиот клуб не е заинтересиран за неговото доаѓање. Како што објавува „Мундо Депортиво“, искусниот стопер сакал да се пресели во клубот со кој претходно беше поврзуван, особено по одличните игри во дресот на шпанската репрезентација. Лапорт, заедно со Пау Кубарси, го формираа одбранбениот ѕид на светските шампиони, кои примија само еден гол на ...
Пожарот што избувна во Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму соопштија дека веднаш по пријавата била воспоставена координација со сите надлежни институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала брзо и ефикасно на терен. Од ЦУК посочуваат дека директорот лично бил на местото на настанот, каде ја следел состојбата и ја координирал работата на службите. Иако ...
Лионел Меси нема да настапи на претстојниот Ол-стар натпревар на МЛС лигата, откако со Аргентина играше финале на Светското првенство, соопшти американската лига. Минатата година Меси беше казнет бидејќи самоволно го прескокна мечот кој ги собира најдобрите играчи од МЛС против избран состав од мексиканската Лига MX. Учеството на Ол-стар натпреварот вообичаено е задолжително, освен во случај на повреда, но оваа година е направен исклучок ...
Поширокиот регион на највисоката грчка планина Олимп, од денеска е дел од Списокот на светско наследство на УНЕСКО по едногласна одлука на надлежниот Комитет донесена на 48-та сесија што се одржува во Јужна Кореја, соопштија Министерствата за култура и животна средина и за енергетика на Грција. Според нив, одлуката е „едно од најзначајните меѓународни признанија во областа на заштитата на културното и природното наследство, бидејќи ја ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...