Ќе напишам песна за тажни краеви и нови почетоци, за сите неискажани зборови и прегратки несподелени, за сите сонови недосонувани и неисполнети желби. Ќе напишам песна за сите изминати денови кои нема да ги собере во стих и за сите идни денови што допрва ќе ги напишеме во книгите на животот. Ќе напишам песна за оние што не се тука повеќе и за оние што допрва треба да дојдат, едните ќе недостигаат вечно и се неизбришлив печат на постоењето, а ...

Да ти бакнам дланка Со којашто нежно Ти ме милуваше Над дланката која Трошките од лице грижно ги тргаше Ти бакнувам табан Што страсно го држев Додека те љубев И во рисот во кој Никогаш сит тебе Со копнеж се губев Ти бакнувам око Што не гледа ништо А мене ме гледа Трн од твојта круна Џвакам па непцата Во крвта се цедат. Српска современа поезија Препев на македонски: Татјана Маженковска Илустрација: Никола Пијанманов „Венец од трње“, 2009 Масло на ...

Во Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје во сабота, 6 април во 18 часот ќе бидат промовирани три книги од Гордана Каракашевска. Книгата раскази „Сињор Џордано и размислувањата за…“, стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ и романот “Разголување“ се објавени во 2021 година под псевдонимот на авторката Ана Каракаш, но поради Ковид-пандемијата досега не беа промовирани. Промотор и модератор на настанот ќе биде професорката Елеонора Николовска. На ...

Еден ден ќе остарам и тогаш јас ќе ти бидам дете, ќе ме храниш со смекнати парченца сеќавања на нашите утрински гушкања здробени во белото млеко на мојот заборав. Во скутот ќе ми ги редиш новите кукли за пресоблекување, на нивните размрсулавени лица љубопитно ќе трепкаат моите некогашни очи. Еден ден ќе остарам и тогаш ти ќе ми бидеш татко, прст по прст ќе ми ги отвораш дланките, за од нив да ги истргнеш испотени опасните сечила на ...

Не го чекај онa што не доаѓа, не се изморувај од чекање. Не чекај никого, тој што треба да дојде нема да го чекаш. Не го чекај оној што не доаѓа, што те остава обвиткана во тишина и многу прашања неодговорени. Тој што ќе дојде нема да те збунува ниту да те натера да се сомневаш, биди сигурна. Девојко, избриши си ги солзите и зачувај ги за радосни мигови. Тој што те заслужува ќе те расплакува само од среќа. Не го чекај оној што не доаѓа, времето ...

„Везот на мугрите“ е првата стихозбирка на Виолета Јовановска која неодамна излезе од печат. Авторката изјави дека нејзина инспирација за книгата пред сè е реалноста. Книгата е во издание на Грфо Пром – Битола. „Некои песни се напишани според случувања од мојот живот, за љубовта, за вербата во Бог, во неа од моите многубројни песни напишани за Тоше и за нашата земја имам само по една песна, посветена за нив. Инаку книгата има 130 песни. Ја ...

11/03/2024 01:38 - Крајбрежје

Она што сакаш да го разориш, да го разнебиташ, Остави го да ја обнови твојата крв Да го распарчи своето тело Да го издиши твојот плод Голотињата своја да ја навлече Притоа мамејќи те во разигра Со невенчан корен да те откорени Од твојата закопана сенка, Таа јаловица која жеднее за семе Викај ја со сите имиња Таа би можела да биде секој Распален пекол или божествен рај Исповед грешен или утринско покајание Изгрејсонце или змиски допир Таа е ...

Можам јас, ако треба, и планини да прескокнам во еден единствен скок, можам јас. Можам јас, ако треба, и песна да напишам, со неа како со оружје да се борам, можам јас. Можам јас, ако е потребно, на другите приказни да им кажувам, можам јас ако треба и да лажам, но себе не. Можам јас, ако треба, очи да затворам, ако треба можам и уста да затворам, но не можам во срцето да не те носам. Еве, наскоро и зимава ќе помине и овој јануари ќе си оди а ...

Жена – Живот, Енергија, Наивност, Алтруизам. Го подарува најскапоценото од Бог подарено, со енергија што ја црпи и троши секојдневно, полна со детска наивност кога вистински љуби и секогаш подготвена да помогне. Жена – Жал, Егоизам, Навика, Амбиција. Ако ѝ предизвикаш жал знае да биде егоистична, ако ти прерасне во навика веќе си ја изгубил, амбициозна е, затоа не ѝ ги крати крилата! Жена – Живот, Емоција, Надеж, Атракција. Без неа не би постоел ...

Легендата за Свети Патрик еволуирала во текот на 1500 години откако мисионерот го донел христијанството во Ирска. Променета низ вековите, неговата приказна стана мешавина од вистина, мит и алегорија. Прочитајте подолу за некои од митовите за неговата мисија во Ирска. Шамрок Можеби најпознатата легенда за Свети Патрик ја вклучува шамрок, малото растение кое стана познато низ целиот свет како симбол на ирското наследство. По обуката како свештеник ...

Македонскиот актер Славиша Кајевски (1982) го загуби животот, а неговите колеги и пријатели веќе почнаа да се опростуваат од него пишувајќи статуси на социјалните мрежи. Веста осамна утрово каде од МНТ го напишаа следново (го пренесуваме текстот во целост): „Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. Дипломира на Универзитетот ...

Ана Атансковиќ е српска писателка, новинарка и копирајтерка. Родена е во Крушевац во 1973 година. Дипломирала англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Белград каде живее од 1992 година. Пишувала за списанијата: ELLE, VipTripDiplomatic, Vodič za život, Sensa, Lepota&Zdravlje, а била и соработничка на различни портали како CitajMe, InSerbia, Esquire и Beograduzivo. Пишувала и за Ilustrovanu politiku и сајтовите Infoprevodi и ...

Ноември, по којзнае кој пат ни измина, па редно е да го испратиме како што треба. Во прилог прочитајте го изборот на десетте најубави квоти за ноември кажани од десет писатели и поети. Уживајте во читањето. 1. „Ама темнината се чувствува поинаку во ноемри“. – Нина Меклафлин 2. „Мирисот на дождот и наводенетите дрвја – мирисот на последните денови од ноември“. – Михаил Сибастиан 3. „Знам дека имав умрено еднаш претходно – еднаш во ноември“.– Ан ...

Во Трескавец згрми Перун од планините, висините Во кулите царствата се разрушуваат, се витосуваат Месечеви молњи од исток ги палат, ги срамнуваат Железни боздогани тешки триста ока во нив битисуваат. Болка тече низ камена лава се долу до Прилепа града Стапки тешки отвора да олесни поклоненици од тешка страда Небесен свод закрила нуди, мајката Божја никому не суди Небеските царства од сенилни понори ги буди. Во Трескавец Громовникот свети од ...

Фазил Хисни Дагларџа (Истанбул, 26 август 1914 – Истанбул, 15 октомври 2008). Тој важи за еден од најафирмираните и најплодни турски поети со повеќе од 60 издадени збирки песни до 2007 година. По завршувањето на Воената академија како пешадиски офицер петнаесет години се наоѓа на служба во разни места на својата земја. Потоа некое време работи како инспектор по труд во Министерството за труд. Во 1959 година во Истанбул отвара своја книжара и ...

Алфонс де Ламартин е француски романтичар, член на француската Академија на науките и уметностите, предвесник на романтизмот во француската книжевност. Потекнува од фамилија на ситна аристократија, лојална на монархијата. Завршува језуитско училиште и во својата младост ги проучува делата на филозофите од 18 век. Ламартин е познат ориенталист и патува често на исток при што посетува многу земји и сите свети места на христијанството и неговите ...

Во римската митологија, Јанус е бог на почетоците и премините, исто така, и на портите, вратите, ходниците, краевите и времето. Всушност, тој е дволик бог бидејќи гледа и кон иднината и кон минатото. Римјаните му го посветиле месецот јануари, во кој во денешно време е најдобро зачуваниот спомен за овој бог. Симбол за промените и преодите Јанус честопати бил користен како симбол за промените и преодите, како оние од минатото кон иднината, од една ...

Психичките нарушувања не ги заобиколуваат ниту познатите личности кои отворено зборуваат за нивните потешкотии и борба. Нарушеното ментално здравје не им се случува само на обичните луѓе туку тоа може да се наруши секому. Некои од најпознатите и најсупешните ѕвезди во музичката и филмската индустрија страдале од психичко нарушување, како и јавни фаци од други индустрии. Прочитајте во продолжение кои познати личности имаат проблем со менталното ...

Романот Суво мастило од Владимир Илиевски беше книга за месец февруари како дел од кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје и заклучно со последниот ден од месецот во спомен-соба “Т’га за југ ” се одржа и клубот на читатели. Оваа книга привлече големо внимание кај читателите но и кај членовите на клубот. Имаше критики проследени со многу пофалби. На сите ни се допадна. Целокупниот заплет е добра ...

Романот Суво мастило од Владимир Илиевски беше книга за месец февруари како дел од кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје и заклучно со последниот ден од месецот во спомен-соба “Т’га за југ ” се одржа и клубот на читатели. Оваа книга привлече големо внимание кај читателите но и кај членовите на клубот. Имаше критики проследени со многу пофалби. На сите ни се допадна! Целокупниот заплет е добра ...

Романот Суво мастило од Владимир Илиевски беше книга за месец февруари како дел од кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје и заклучно со последниот ден од месецот во спомен-соба “Т’га за југ ” се одржа и клубот на читатели. Оваа книга привлече големо внимание кај читателите но и кај членовите на клубот. Имаше критики проследени со многу пофалби. На сите ни се допадна! Целокупниот заплет е добра ...

Северниот Ветер и Сонцето се скараa за тоа кој од нив е посилен. Додека тие остро се расправаа, еден патник, завиткан во наметка, се појави на патот. „Да се договориме“, рече Сонцето, „дека тој што ќе успее да му ја соблече наметката на патников е посилниот“. „Во ред “, за’ржa Северниот Ветер и веднаш задува, толку силно и студено што и воздухот наоколу почна да завива. Со првиот налет на ветрот, краевите на наметката се развејаа околу телото на ...

Додека познатиот италијански нуркач Енцо Мајорка и неговите две ќерки, Росана и Патриција нуркале во морето во близина на Сиракуза, Мајорка одеднаш почувствувал како нешто лесно го удира по грбот. Кога се завртел видел делфин, но набргу сфатил дека нешто не е во ред и дека делфинот всушност, не сака да игра, туку бара помош. Набргу делфинот нурнал, а по него се упатиле и Мајорка и ќерките. Кога стигнале на длабочина од околу петнаесетина метри ...

На наше задоволство овојпат наша гостинка е Виолета Наумовска, поетеса и авторка на литература за деца. Виолета во својот авторски опус има неколку едиции сликовници за најмалите и збирки раскази за деца. До сега до најмладата читателска публика стигнаа: Детски едиции: „ОБЛАЧИЊА“ (сликовници): „Облачето Оцко“, „Нешто за Олеа“, „Оцко и Олеа“; „ШУМСКИ ПРИКАЗНИ“ (сликовници): „Патката Паца“, „Дарежливото мече“, „Мечето чувар“, „Зајачица ...

Прославувањето на Нова година се поврзува со различни ритуали кои имаат древно потекло. Кога денес ќе ги споредиме ритуалите кои ги практикуваме со она што го правеле нашите предци, ќе се зачудиме колку нивни обичаи сме задржале. Мал дел од фрагментите на словенските народи се зачувани до денес. За жал, голем дел од фолклорот, митологијата и обичаите на овој народ е однесен во неповрат. Еден од ритуалите што се практикува до денес е прославата ...

Петар II Петровиќ Његош, световно име Раде Томов Петровиќ (Његуши, 13 ноември 1813 – Цетиње, 31 октомври 1851), бил владика и владетел на Црна Гора од династијата Петровиќ-Његош. Tој е еден од најголемите претставници на црногорската и српската книжевност. Кратка биографија Неговото родено име било Раде, а како дете бил овчар на падините на Ловќен. Неговиот чичко, митрополит Петар I, го забележал бистриот ум на Раде и го повел со себе во ...

Татко ми е роден на 15 септември 1937 година, на железничката станица во Сталаќ. Во вагон. Куќата ни е во Горно маало, беше и тогаш. Во тоа време жените се породуваа дома, а во разговорите со татко ми никогаш не добив прецизно објаснување што барала баба Љуба таа ноќ на станицата, дали тргнала некаде, или од некаде се враќала, само – се породила на станицата. На истото тоа место, на сталачката железничка станица и на истиот ден 15 септември, ...

За време на граѓанските војни во феудална Јапонија, непријателските армии брзо влегуваа во градовите и ја преземаа контролата. Во едно село, сите избегаа пред да пристигне армијата – сите освен еден стар Зен мајстор. Љубопитен за стариот човек, генералот на армијата отиде во храмот да се увери лично што човек е мајсторот. Кога не доби почести и поклонување како што беше навикнал да добива, генералот збесна. „Будало!“ викна и посегна по својот ...

Фетон е син на Хелиј (бог на сонцето) и на океанидата Климена во грчката митологија. Легендата за Фетон Епаф, синот на Зевс, бил љубоморен на Фетон затоа што не можеше да го поднесе фактот дека синот на Хелиј, бил многу паметен и сјаел како татко му (името Фетон значи „блеска“ на грчки), па во една расправија му рекол дека е потомок на некој безвреден смртник. Фетон бил многу навреден од тие зборови, а притоа почнал да се сомнева дека Хелиј му е ...

“Духот Господов е врз Мене, затоа Ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да ги исцелам сокрушените по срце, да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените, да ја проповедам благопријатната година Господова!“ (Лука 4, 18-19) Која радосна вест му е потребна на човештвото за да го измести од неговата моментална позиција зацементирана во анархија, да го поткрене на петите ...

Скопје

5ᴼ/5ᴼ
5.14
56%
1013

Белград

7ᴼ/5ᴼ
4.12
47%
1010

Софија

2ᴼ/1ᴼ
7.2
67%
1014

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
5.37
52%
1012

Љубљана

5ᴼ/2ᴼ
1.03
90%
1003

Атина

21ᴼ/18ᴼ
5.81
55%
1007

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.06
44%
1011

Подгорица

10ᴼ/9ᴼ
1.54
46%
1011
Currency

61.525

Currency

58.4309

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $