Има време до Василица, Посакај си Повеќе мир и спокој! Посакај си да не забораваш колку вредиш без да те обземе егото. Посакај си да се оствариш. Посакај си вистински да препознаеш каде треба да се бориш . Посакај си луѓе што ги препознаваат твоите чувства . Посакај си како што ти се грижиш, така исто чуван да бидеш од своите. Посакај си поддршка во мера барем приближна на таа што ја даваш. Посакувај љубов – само онолку колку што ти можеш да ...

Изворот на желбите е око отворено, од клокот занесено, од смеа зазорено. Од него шурките ко лава се шират, во скришните длапки на крвта се вират во тајните места на срцето горат и се така гласно, жуборно зборат. Изворот на желбите е око струјно, до бескрај гласовито, до небеса чујно. Од него во вените рој реки се збираат, во бунарот на душата дали некогаш ќе се смират? Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта. ...

Три минути до промена на световите… Полека симнувајќи една кожа и преминувајќи кон друга, подебела, поотпорна од секој метак, како панцир кој ќе нè штити од светот, најмногу што може и умее. Твоите очи, две мали зелени очи во кој го гледам цел свет, и она што било и она што е и она што допрва треба да биде. Ми буди верзии од мене за кои не сум била ни свесна дека постојат. Мојата прегратка како топла прекривка која те сокрива од секое зло, ...

Повеќе од три години не се беше вратила во родната земја, и кога конечно од Германија се врати дома, доживеа низа непријатности. Најпрво, неподносливата жештина на која изгледа се одвикнала, згора на тоа и децата на соседите по цел ден врескаат од базенот. Таа куќа беше најстара во маалото, а сега нејзината куќа е мизерна во споредба со нивната. – Беа обични вошкари, и сега одеднаш гледам невидени луксузи. Дури и на жените им купиле скапи ...

Од високиот стогодишен костен падна и последниот пожолтен лист испечен од летните сончеви зраци, нагризан од студените есенски утра. Остана стариот костен сосема сам во големиот жолто-зелен тревник да ја чека студената снежна зима со остри заби како запци од пила. Силен е тој костен со широка крошна, со високо,мазно,вретенесто стебло, силен е тој,навикнат на суша и студ, осамен и горд сведок на минатото. Во него вековни тајни се збрани, вечерни ...

Велат дека сè што е убаво, ни се лепи за душата, а јас не знам.. мене душата ми се лепи за убавото. И ако некогаш некој ми се заколне на вечна љубов, тоа нека биде снежната белина. Оти е чиста, невина, изгубена во времето кога надежта постоеше, а сега, сега само талка низ пустите извитоперени улици, и тропа на вечно заклучените врата. Таа е тука, бунтовно со бел фустан ни ги разигрува успиените очи. Денот е цртеж на вечната убавина, ноќта е ...

Божикна приказна: Човекот и птиците – Пол Харвеј е насловот на најновото видео на каналот „Слушај поезија и други приказни“. Со оваа видео приказна ви го честитаме големиот празник Божик, христовото раѓање. Ви посакуваме здравје, среќа, мир, љубов и хармонија во душите и во вашите домови! Нека е за многу години! Христос се роди! Навистина се роди! Слушнете ја оваа приказна во времетраење од три минути која е напишана токму за денешниов ден. Може ...

На наше големо задоволство, разговаравме со млад и надежен студент по медицина чијашто пасија е музиката. Давор Илиевски е од Кичево, а на студии е во Скопје. Го следиме неговиот јутјуб канал, сакавме да го запознаеме уште подобро па му поставивме неколку прашања. „Момчето кое уште го бара своето место во светот со џебови полни соништа“, како што ќе се нарече сам, е амбициозно момче кое ви го претставуваме денес. Кој е Давор Илиевски, како би се ...

Повторно го почнуваме “серијалот“ Интервју со, а гостин“ ни беше Иван Ајнштајн, млад музичар, уметник, инспиративен во секој поглед. Поводот беше излегувањето на неговиот прв музички албум. Прочитајте подолу за да дознаете зошто вака го најавивме и претставивме. Здраво Иван, како си? Честитки за реализацијата на новиот албум, твое првенче. Најпрво ќе започнеме со ова прашање: „Како е да се биде во кожата на Иван Ајнштајн?“ – Здраво. Јас сум ...

Ентони Дод Ментл е едно од најзвучните светски имиња во снимателската професија со реномиран филмски багаж, име зад кое стои неговиот потпис во филмовите “Прослава” ”Уште една тура” (Томас Винтерберг)“Догвил”,“Мандерлеј”,“Спроти брановите”,(Ларс фон Трир) “Треинспотинг”, “28 дена подоцна” “Милионер од улицата”, (Дени Бојл), добитник на Оскар и на англиската награда БАФТА. Сепак, величината на Ентони е уште повеќе позначајна бидејќи тој се ...

Во длабоката дамнина, каде времето не се мери, се појави во песна Французинче, некој Левалери (Le Valery), чедо кое на Исток појде за да во рудниците мезиски, рашки, влашки, романски дојде, да копа, да работи, и можеби со напередување надеж да му болскоти… Беше тоа 1870 и некоја, Михајло го скинаа млад, Милановата задница заседна со слад… Нему, на Левалери, за жена му дадоа девојка овдешна, не се знае под услови кои; како и да било, таа историја ...

Во денешното современо општество мораме да си признаеме на себеси дека секој човек суди. Најчесто ги осудуваме другите околу нас. Нивните постапки, дејствувања, одлуки. Имено, судиме за другите без да си ги погледнеме своите постапки. Многупати се случува да искоментираме нешто за некого, да дофрлиме понекој грд збор, едноставно да осудиме некого во одредена ситуација. Зошто се случува ова? Можеби затоа што е полесно да се обвинат другите луѓе и ...

Да се биде благодарен не чини ниту еден денар. Бесплатно е. Да се биде благодарен не значи дека си наивен. Тоа значи дека го цениш она што го имаш или она што некој го направил за тебе. Ако во животот највредните работи ни се бесплатни, зошто тогаш на луѓето им е тешко да покажат благодарност? Благодарноста е една човечка доблест која секој треба да ја поседува. Да бидеме благодарни кон себе, кон најблиските и кон сѐ што не опкружува. За секој ...

Во статијава зборувавме зошто треба да се читаат книги, а сега ќе обрнеме внимание на читањето книги кај децата. Родителството е најубавата, но и најодговорната работа на светот. Пред секој родител стои животен предизвик да го насочува своето дете. Одгледувањето на детето покрај неговиот физички развој подразбира и стекнување искуства, односно учење. Експертите редовно истакнуваат дека здравата и добра комуникација е најважна за нормален развој ...

Родителите имаат најважна улога во животот на своите деца, во начинот на нивно воспитување, пренесување вредности, но и во регулацијата на емоциите. Како и врз развојот на менталното здравје и целокупно врз секојдневното функционирање. Улогата има огромно значење и во подоцнежниот период, не само во првите години. Прочитајте во продолжение какко (не)поврзаноста на родителите и децата влијае на управувањето со емоциите. Учење на саморегулација ...

Стравот, анксиозноста и фобијата имаат различни дефиниции, но ист корен. Сепак треба да се прави разлика помеѓу нив, и истите да се препознаваат. Стравовите треба да се одвојат од анксиозноста и фобијата. Стравовите претставуваат нешто што објективно може да се набљудува како опасно. На пример како што се насилни родители или струјно коло па нивното избегнување се чини разумно, а реакцијата може да биде обоена со страв. Од друга страна, ако ...

Живееме во свет исполнет со многу стрес. Поради тоа никогаш не било поважно да се поттикне емоционалната и менталната отпорност кај децата. Ментално јаките деца не само што се подобро подготвени за сопствено решавање идни проблеми, туку истражувањата покажале дека поверојатно е дека тие ќе бидат поангажирани на училиште и во иднина на работно место. На родителите нема да им биде лесно, но избегнувањето на овие највообичаени грешки може да ...

Преубавите моменти во мајчината (или таткова) прегратка, со галење и читање на омилените приказни се од непроценливо значење како за родителите така и за децата. Никогаш не е премногу рано да почнете да му читате на своето дете и да го запознаете со едно од најубавите животни задоволства. Уште во првите неколку денови од животот бебето “одговара“ на вашиот глас, слуша и набљудува што се случува околу него. Кога ќе научи да ги препознава ...

Живееме во свет во кој секојдневно се случуваат технолошки пронајдоци, а времето и развојот се брзи како никогаш претходно. Родителите денес многу повеќе се соочуваат со стравот од тоа дали нивните деца ќе пораснат во добри луѓе, особено затоа што имаат сè помалку време за своите најмили. Таблетите и мобилните телефони одамна ги заменија сликовниците и бајките. Но дали тоа е правилно, кога станува збор за вашите најмили? Она што и ден денес е ...

Таткото на едно четиригодишно девојче напишало искрено писмо. Посветено му е на неговото најдраго девојче на светот. Тој планирал писмото да ѝ го даде еден ден кога за тоа ќе дојде време, а воедно им пишува на сите жени кои сакаат да слушнат зборови од еден татко. Искрениот татко потсетува дека никој не смее и не може да ја дефинира вистинската убавина на жената, но многумина ќе се обидуваат да го направат тоа. Прочитајте го во продолжение ...

Во една плодна долина под дното на Андите живеело едно мирољубиво племе. Еден ден група крадци кои се скривале во планините го нападнале селото. Во украдениот плен се нашло и едно дете, па и него го одвеле со себе во планината. Луѓето од рамнината не знаеле како да дојдат до момчето, бидејќи во карпестата беспатица не водел никаков пат, а немало ни трагови. Луѓето се обидувале на различни начини, се качувале од лева, па од десна страна. Ни после ...

Децата се најголемото богатство, тие му даваат смисла на животот и го обојуваат во шарени бои. Покрај големиот број теориски и експертски совети за кој е правилниот начин на воспитување и одлгедување деца, сепак најважно е она знаење кое родителите го стекнуваат од сопственото искуство. Ние во продолжение ви пренесуваме 20 совети кои ги препорачува детски психијатар. Вие одлучете сами колку треба да ги практикувате овие негови препораки и дали ...

Децата помнат многу и она што го доживуваат во детството во голема мера го обликува нивниот возрасен период од животот. Како и односот кон себе и кон другите. Овој текст е корисен за сите родители и оние кои ќе станат допрва. Претставува еден вид потсетник дека децата гледаат и помнат сè што правите. Затоа убаво ви било со нив да правите весели спомени! 1. Моментите кога поради вас се чувствувале сигурни (но и несигурни) Децата се многу ...

Децата се најголемото богатство кое родителите можат да го имаат. За нивното воспитување и развој постојат навистина многу податоци во литературата. Но и покрај тоа јасно е дека теоријата е едно, а праксата сосема друго нешто. Ова може да го потврди секој родител. Сите деца не се исти, меѓутоа постојат некои универзални “правила“ кои важат за сите подеднакво. Во денешната статија пишувавме за самодовербата кај децата, но и нарцизмот. Што влијае ...

Урош Петровиќ познат е како писател на книги за деца и млади кои ги “размрдуваат виугите“ и ги поместуваат границите во современата литература. Исто така со д-р Ранко Рајовиќ го создале таканаречениот НТЦ системот на учење, посветен на работата со воспитувачите, наставници и родители на развивање на дарбите кај децата и подобрување пристапот кон образованието. Во продолжение ги споделуваме најинспиративните мисли кои можат да им бидат од корист ...

Едно живко јаре, за да не западне во неволја овчарот го беше оставил на покривот на трлото. Јарето шеташе по покривот, те на оваа, те на онаа страна дури не го загледа Волкот застанат долу. Наеднаш се насмеа и се приближи на ивицата, а потоа почна да го навредува, понижува и предизвикува Волкот. „Те слушам,“ рече Волкот, „ама не можам да ти замерам за сѐ она што го зборуваш затоа што знам дека не зборуваш ти, туку покривот. Затоа, совет од мене: ...

Еднаш, Глувците решија да се состанат за да се договорат како да се решат од нивниот страшен непријател, Мачката. А, ако веќе не можат да најдат начин да се решат од неа, барем да најдат начин за можат да слушнат кога доаѓа, па да се скријат, зошто нешто веќе мораше да се направи. Со години трпеа терор, живееја во страв и поради тоа не можеа ни да излезат од своите домови. Многу планови беа разгледани на овој состанок, ама ниеден не беше како ...

Двајца патници кои одеа под силното, попладневно сонце, седнаа под сенката на едно големо и старо дрво за да одморат. Гледајќи ги лисјата што им пружаа прибежиште од сонцето и топлото, дојдоа до заклучок дека дрвото е всушност Чинар. „Колку е бескорисен Чинарот како дрво!“ рече наеднаш едниот од нив. „Не раѓа плод и згора на тоа само стои и прави ѓубре со лисјата.“ „Неблагодарни суштества!“ се зачу глас од Чинарот. „Лежите тука, под мојата ...

На јутјуб каналот прикачено е најновото видео со поезија за деца и е насловено „Бабичката моја“ од Александар С. Трајковски кое веќе може да се чуе и погледне. Видеото покрај тоа што може да се слушне има визуелна репрезентација на буквите кои поголемите дечиња можат да ги читаат или да го вежбаат читањето. Пуштете им го видеото и нека им ја кажат песничката на нивните баби. Пријатно слушање!  Слушнете ја и „Поезија за бројките“ од истиот ...

Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Шумскиот шаман” од писателот за деца, Ванчо Полазаревски. Интересна песничка за шаманот кој ја лекува шумата. Кој е тој, кого лекува и зошто организира шумски бал, прочитајте подолу. Зеленикус, специјалист по скршеници на гранки и на дрвца млади танки, вчера го излечи своето стотто дрво. И реши, како прво, зелената гора да слави мора, сѐ до рана зора. На тој шумски бал повикан е секој жител и ...

Скопје

5ᴼ/5ᴼ
5.14
56%
1013

Белград

7ᴼ/5ᴼ
4.12
47%
1010

Софија

2ᴼ/1ᴼ
7.2
67%
1014

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
5.37
52%
1012

Љубљана

5ᴼ/2ᴼ
1.03
90%
1003

Атина

21ᴼ/18ᴼ
5.81
55%
1007

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.06
44%
1011

Подгорица

10ᴼ/9ᴼ
1.54
46%
1011
Currency

61.525

Currency

58.4309

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $