Франц Гордон е роден во 1971 – ва година, пораснат во Ламхулт, Шведска и е еден од најдобрите композитори ширум светот. Неговите дела допираат до најдлабоките делови на душата и будат одамна заспани спомени и чувства. Неколку од неговите дела се: “Француската библиотека”, “Професорот по ликовно”, “Срце направено од вуница” и други. За денес како предлог го имаме “Питачот” – инструментална, емоционална, класична и оригинална композиција. ...

Ноември според повеќето луѓе се смета за најгрд месец во годината. Деновите во ноември се кратки, небото е прекриено со тешки и сиви облаци, дождовите се досадни и долги. Некој влажен студ се вовлекува во коските, а наутро е тешко да се стане од топлиот кревет. Според многумина ноември е тежок и меланхоличен месец. Сепак тој знае и да изненади, па некогаш на сонцето му дозвлува да ја огрее земјата. Но тоа се случува многу ретко и трае кратко. ...

„Бидете спремни за љубов“ вака Бранислав Николов вчера со фотогрофија (на насловна) ја најави најновата музичка соработка со Каролина Гочева и Дуке Бојаџиев од која произлезе „Крв да ни се стори“. Музиката и текстот се на Пијан Славеј. Аранжманот и продукцијата се на Дуке Бојаџиев. Во приказната учествуваат и музичарите Трајко Симоновски-Таци, Мартина Баракоска, Мартин Џорлев, Владимир Крстев, но и продуцентот Ивица Јанкуловски. Бранислав ...

Нокаут пред неполни две недели ја објавија нивната најнова песна насловена „Не ми текнува“. Музиката и вокалот се од Никола Перевски, аранжманот е од Дарко Димитров, а текстот е од Игор Џамбазов. Како специјален гостин и придружба со гитара е Дамјан Пејчиноски. Останатите членови од Нокаут кои ги гледаме на спотот се: Горјан Петровски на гитара, Виктор Николовски – бас, Благоја Антовски на тапани, Борче Кузманоски на пијано и Горан Кавраков на ...

New Year’s Day (мак. На Нова Година) од Тејлор Свифт е последната песна од албумот Reputation и е совршено романтична песна за тоа како еден заљубен пар кој не смее да биде виден заедно, го чисти заедничкиот стан по дочекот на Новата Година. Најсрцепарачките стихови во оваа песна се најубедливо оние: „Ти ги сакам полноќите, ама ќе собирам шишиња со тебе на Нова Година.” Сепак, слушнете сами и изберете. Песната е тивка, нежна и совршена за првиот ...

Андреа Коевска со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија за 2022 година во Торино. Автор на музиката е Александар Масевски, а текстот го напишале заедно со Андреа. Годинешната наша претставничка имаше најмногу гласови од стручно меѓународно жири, што беше пресудно за крајниот избор. Во изборот на македонскиот евровизиски претставник, гласови дадоа и евровизиски стручњаци од Малта, Ерменија, Израел, Грузија и Исланд. На ...

„Свечена песна за Св. Кирил и Методиj“ изведена од младите хористи од основното школо „Блаже Конески“ од Прилеп. Го споделуваме видеово за сите што не го слушнале по повод денешниот празник – 24 Мај. Видеото ќе ви го стопли срцето, јас веќе три пати го преслушав, големо браво за наставничката Маја Црвенкоска која ги менторирала учениците. Слушнете ги како звучат, уживајте во слушањето! Мешан хор ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп  Текстот Да славиме ...

Исправи се, Делфина е македонски филм од 1977 г. на режисерот Александар Ѓурчинов, работен по негово сопствено сценарио. Во главните улоги се јавуваат Столе Аранѓеловиќ, Неда Арнериќ, Дарко Дамески, Слободан Димитриевиќ и Диме Илиев. Филмот е инспириран од вистински настан – препливувањето на каналот Ламанш од страна на македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи. Таа починала на денешен ден во 2010 година. Самата Бојаџи која со прекар ...

Дали стримингот ќе го убие киното? Пандемијата и брзиот пад на приходите го забрзаа прашањето кое веќе долго го поставуваат филмаџиите и управителите на кино салите. Новинарите не ја прифатиле поканата на организаторите, а дури и минувачите требало да се наговорат за да ја погледнат филмската проекција во подрумот на парискиот Гранд Кафе пред 125 години. За еден франк колку што чинела влезницата тогаш, гледачите можеле да погледнат 10 кратки ...

Одри Хепберн, холивудската ѕвезда која го освои светот со филмот Појадок кај Тифани, беше уникатна по многу нешта и предизвикува не само восхит, туку почит. Иконата на стилот од модерната ера е многу повеќе од актерка и моден арбитер. Витка, со неверојатен струк од 50 сантиметри, секогаш елегантна во креациите од Живанши, таа е олицетворение на идеалот за женственост. Поседуваше неодолив шарм, љубезност, големо срце. Пред сè, таа е една ретка ...

Оваа романтична комедија е за фамилија која заради работа заминува во Париз, за двајца млади кои се подготвуваат за венчавка и за искуствата кои ќе им го сменат животот. „Полноќ во Париз“ (Midnight in Paris) ја слави големата љубов на младиот Гил кон Париз. Низ филмот континуирано се истражува човечката илузија за тоа дека ако се живее во друго време можеби нашиот живот би бил поубав. Ликот на Гил може да се толкува како лик на занесен, ...

Хероината на нејзиното време. Ја обележа француската уметност и ја однесе уметноста на многу повисоко ниво од она што го знаеме. Нејзиното име е поврзано со бескраен талент, темпераментен карактер и феминистички погледи на светот. Која е точно Колет? Сидони-Габриел Колет (28 јануари 1873 – 3 август 1954), позната по тоа што го користела псевдонимот Колет е француска писателка најпозната по своите романи кои го опишуваат животот на француските ...

Како предлог филм за викенд ви ја препорачуваме оваа драма насловена „Лав“ (чијшто наслов не е случајно одбран) од 2016-та година. Најпрво неколку факти за филмот Драма филм од 2016 година, во режија на Гарт Дејвис по сценарио на Лук Дејвис. Заснован е на автобиографската книга „Долг пат до дома“ на Сару Брирли. Во главните улоги се појавуваат Сани Павар, Дев Пател, Руни Мара, Дејвид Венам и Никол Кидман. Филмот премиерно бил прикажан на ...

„Потрага по среќа“ е краток анимиран филм со силна порака која ќе ви отвори нови прашања, но и ќе ви даде нови одговори. Што претставува среќата за секој од нас? Дали во моментов чувствувате дека имате среќа и вие се чувствувате среќно? Како би ја опишале среќата со друг збор? Трагајќи по неа забораваме да запреме и да се посветиме на некои суштински работи во животот. Честопати додека трчаме по среќа не ги погледнуваме благодетите и ...

По повод 20 години од премиерата на „Прашина“, на официјалната фејсбук страна од Милчо Манчевски, беше објавен текст од Марина Костова. Под насловот „Како се креваше прашина?“, се даваат одговори за тоа како се снимал филмот. Се наведени историските факти, како реагирала публиката во Венеција, кој бил изборот на светски познатите актери. Кои биле ставовите на светската критика и како филмот влијаел на високата мода, прочитајте во следните редови ...

За денес како предлог филм ја имаме класичната романтична комедија од 1998 – ма, “Стапица за родители”. Филмот е базиран на германскиот роман “Лоти и Лиса” на Ерих Кеснер, а е римејк на истоимениот филм од 1961 – вата година. “Стапица за родители” (The Parent Trap), во режија на Ненси Мејерс и по сценариото на Чарлс Шуер и Ненси Мејерс е една приказна за тоа како судбината по секоја цена пробува да спои едно одвоено семејство. Ник Паркер и ...

За денеска како предлог ја имаме безвременската песна ” Elo Hi (Canto Nero)” напишана од Горан Бреговиќ и испеана од Израелската Мадона, Офра Хаза. Песната е напишана за филмот “Кралицата Маргот” од 1994 – та година. Текстот е на хебрејски јазик, а самата песна е базирана на култната песна од Бијело Дугме “Када одем, кад ме не буде”. Оваа песна е една од најмеланхоличните, најочајните, најемотивните и најкревките песни што некогаш биле испеани. ...

Пред околу две недели, по седумдесет и трети пат во Њујорк се одржа светски познатата Мет Гала. Целта на Мет Галата е да се приберат средства за одржување и подновување на истоимениот музеј, преку организација на изложба со одредена тематика и вечера која чини над 30.000 долари од чинија. Покани добиваат само рачно избрани индивидуи. Гостите, освен медиска популарност добиваат и чест да бидат во орбитата на една од најмоќните и истовремено ...

„TrashTour: The Movie!“ е краткометражен документарен филм кој ги прикажува настаните и одвивањата за време на проектот TrashTour кој беше спроведен во период 24–29 Август низ повеќе градови во Македонија – Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Штип. Зад овој проект стојат луѓето од еколошкото движење „За Почиста Македонија“. За Почиста Македонија е еколошко движење кое се појави во 2020 г. со цел преку активно дејствување да ги инспирира ...

Овие неколку дена се рашири веста за г-ѓа Бејкер, црнка, која стана една од најдинамичните и највлијателните луѓе во историјата, еден факт, што Франција, нејзината сакана посвоена земја, го знаеше веќе еден век. По речиси една деценија застапување од страна на нејзиното семејство, францускиот претседател, Емануел Маркон, конечно се согласи да ги пренесе посмртните останки на г-ѓа Бејкер во Мавзолејот Пантеон на крајот на месецот на 30 ноември, ...

„Пропаѓањето на Дедо Мраз“ е краток новогодишен филм којшто е објавен на јутјуб канал, а креиран е од Роберт Депоа (Robert Depuis). Во главната улога е едно малечко момче кое верува во постоењето на Дедо Мраз, но и на чудовишта и самовили. Цртајќи го неговиот изглед, момчето е убедено дека тој ќе му донесе поклон. Како детските замисли стануваат реалност? Во описот под видеото стои: „Целосното постоење на Дедо Мраз преку вербата на едно момче“. ...

Иако често се среќава прашањето дали е подобра книгата или филмот, сепак станува збор за два различни медиуми. Книгите ги читаме и сами создаваме слики, бои, звуци и мириси. Ги замислуваме местата и ликовите за кои читаме. Филмот е нечие друго гледиште. Ни доловува звуци и слики, бои и лица, но секој од нас јунаците ги замислува различно. Убаво е да се гледаат некои филмови кои се снимени според класици затоа што некогаш ни помага подобро да ги ...

Драги читатели и слушатели, слушнете ја 5-тата епизода којашто ја снимивме во карантински услови во која имавме чест да поразговараме со Денис Бојаров за повеќе нешта. Интервјуто со него е во вториот дел каде зборуваме за неговите ангажмани, ќе имате можност да слушнете кој е Денис, која е неговата професија, што ново ќе излезе од неговто творештво. Накратко зборувавме и за книжевната група „Размена на книги и книжевни муабети“ каде тој е ...

Драги читалите/слушатели, ви ја претставуваме и седмата епизода од првата сезона од Кулитерација. Низ „поглавјето“ ве водеа колегата Мишо Ристовски, колешките Маја Д. Малиновска и Викторија Саздовска и јас Наталија Наумовска. Во седмото поглавје како што милуваме да ги нарекуваме епизодите, разговаравме за хаику поезијата и ги прочитавме правилата за нејзино пишување што ги подготвивме специјално за љубителите на поезијата и оние кои сакаат да ...

Драги наши читатели и слушатели, со оваа осма епизода ја заокружуваме првата сезона од емисијата Кулитерација. Во осмото поглавје направивме една ретроспектива за она што го обработувавме во претходните епизоди, се потсетивме на сите претходни поглавја, односно дадовме краток опис што вие имавте прилика да слушнете и накрато кажавме наш заклучок од целото искуство. Во вториот дел на големо задоволство имавме можност да си поразговараме со ...

Првата епизода од втората сезона од нашата емисија која се емитува на радио МОФ премиерно беше пуштена минатиот четврток во 18 часот. Сите што немавте можност да ја слушнете сега можете да го направите тоа кога ви одговара. Во кратката воведна епизода накратко зборувавме за влијанието на ковидот врз сите општествени сфери каде акцентот беше ставен на литературата и културата. За што си зборувавме, што ви презентиравме, што најавивме можете да ...

После првата воведна епизода минатиот четврток премиерно беше пуштена втората епизода од Кулитерација на радио МОФ. Емисијата беше посветена на љубовта и виното како вечна инспирација и во истата малку воведно зборувавме на таа тема, а прочитавме и љубовна поезија. Во вториот дел имавме многу интересен и инспиративен разговор со младиот писател Душко Трифуновски по повод реизданието на неговиот роман, тој ни соопшти и новитети поврзани со ...

Во последната епизода од Кулитерација разговаравме со писателот и афористичар Марјан Анѓеловски. Направивме доста квалитетен разговор во кој тој одговараше на нашите прашања. Опфатиме различни теми од животот и за животот, за слободата, инспирацијата и останато. Разговаравме и за афоризмите, а го прашавме и кој е неговиот лајт мотив. На крајот од емисијата прочитавме најтесна селекција од некои поважни вести од литературата и културата кај нас. ...

Во осмата епизода од „Кулитерација“ разговараме со талентираниот и надежен автор, Александар Николовски. После неколкуте писмени интервјуа, редно беше да си направиме муабет и во емисија. Разговорот ни протече многу брзо, иако можевме уште долго да си зборуваме. Во тој случај емисијата ќе требаше да трае три часа колку некој долгометражен филм. Го прашувавме за неговите книги (со кои веќе им е добро познат на читателите, посебно во читателските ...

На Симона Николова ѝ благодариме што секогаш нè има на ум при соопштување на нејзините новитети во полето на творештвото. По тој повод повторно разговаравме празнично, а еве кои одговори ни ги даде младата авторка. Симона, со тебе имавме можност да поразговараме во повеќе наврати, а поводот беше излегувањето од печат на твоите книги. Што е најново на тоа поле, дали се подготвува некое ново дело? – Пред сè, здраво на сите и благодарам за ова ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
4.12
60%
1013

Белград

6ᴼ/3ᴼ
3.09
51%
1010

Софија

1ᴼ/1ᴼ
6.69
68%
1014

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
5.37
52%
1012

Љубљана

4ᴼ/2ᴼ
2.06
91%
1003

Атина

20ᴼ/19ᴼ
5.66
55%
1007

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
2.06
50%
1011

Подгорица

9ᴼ/7ᴼ
1.54
66%
1011
Currency

61.525

Currency

58.4722

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.9161

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37941

Currency

0.52651

Currency

1.6957

Currency

0.6922

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $