„Потрага по среќа“ е краток анимиран филм со силна порака која ќе ви отвори нови прашања, но и ќе ви даде нови одговори. Што претставува среќата за секој од нас? Дали во моментов чувствувате дека имате среќа и вие се чувствувате среќно? Како би ја опишале среќата со друг збор? Трагајќи по неа забораваме да запреме и да се посветиме на некои суштински работи во животот. Честопати додека трчаме по среќа не ги погледнуваме благодетите и ...

По повод 20 години од премиерата на „Прашина“, на официјалната фејсбук страна од Милчо Манчевски, беше објавен текст од Марина Костова. Под насловот „Како се креваше прашина?“, се даваат одговори за тоа како се снимал филмот. Се наведени историските факти, како реагирала публиката во Венеција, кој бил изборот на светски познатите актери. Кои биле ставовите на светската критика и како филмот влијаел на високата мода, прочитајте во следните ...

За денес како предлог филм ја имаме класичната романтична комедија од 1998 – ма, “Стапица за родители”. Филмот е базиран на германскиот роман “Лоти и Лиса” на Ерих Кеснер, а е римејк на истоимениот филм од 1961 – вата година. “Стапица за родители” (The Parent Trap), во режија на Ненси Мејерс и по сценариото на Чарлс Шуер и Ненси Мејерс е една приказна за тоа како судбината по секоја цена пробува да спои едно одвоено семејство. Ник Паркер и ...

За денеска како предлог ја имаме безвременската песна ” Elo Hi (Canto Nero)” напишана од Горан Бреговиќ и испеана од Израелската Мадона, Офра Хаза. Песната е напишана за филмот “Кралицата Маргот” од 1994 – та година. Текстот е на хебрејски јазик, а самата песна е базирана на култната песна од Бијело Дугме “Када одем, кад ме не буде”. Оваа песна е една од најмеланхоличните, најочајните, најемотивните и најкревките песни што некогаш биле ...

Пред околу две недели, по седумдесет и трети пат во Њујорк се одржа светски познатата Мет Гала. Целта на Мет Галата е да се приберат средства за одржување и подновување на истоимениот музеј, преку организација на изложба со одредена тематика и вечера која чини над 30.000 долари од чинија. Покани добиваат само рачно избрани индивидуи. Гостите, освен медиска популарност добиваат и чест да бидат во орбитата на една од најмоќните и истовремено ...

„TrashTour: The Movie!“ е краткометражен документарен филм кој ги прикажува настаните и одвивањата за време на проектот TrashTour кој беше спроведен во период 24–29 Август низ повеќе градови во Македонија – Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Штип. Зад овој проект стојат луѓето од еколошкото движење „За Почиста Македонија“. За Почиста Македонија е еколошко движење кое се појави во 2020 г. со цел преку активно дејствување да ги ...

Овие неколку дена се рашири веста за г-ѓа Бејкер, црнка, која стана една од најдинамичните и највлијателните луѓе во историјата, еден факт, што Франција, нејзината сакана посвоена земја, го знаеше веќе еден век. По речиси една деценија застапување од страна на нејзиното семејство, францускиот претседател, Емануел Маркон, конечно се согласи да ги пренесе посмртните останки на г-ѓа Бејкер во Мавзолејот Пантеон на крајот на месецот на 30 ...

„Пропаѓањето на Дедо Мраз“ е краток новогодишен филм којшто е објавен на јутјуб канал, а креиран е од Роберт Депоа (Robert Depuis). Во главната улога е едно малечко момче кое верува во постоењето на Дедо Мраз, но и на чудовишта и самовили. Цртајќи го неговиот изглед, момчето е убедено дека тој ќе му донесе поклон. Како детските замисли стануваат реалност? Во описот под видеото стои: „Целосното постоење на Дедо Мраз преку вербата на едно ...

Иако често се среќава прашањето дали е подобра книгата или филмот, сепак станува збор за два различни медиуми. Книгите ги читаме и сами создаваме слики, бои, звуци и мириси. Ги замислуваме местата и ликовите за кои читаме. Филмот е нечие друго гледиште. Ни доловува звуци и слики, бои и лица, но секој од нас јунаците ги замислува различно. Убаво е да се гледаат некои филмови кои се снимени според класици затоа што некогаш ни помага подобро да ...

Драги читатели и слушатели, слушнете ја 5-тата епизода којашто ја снимивме во карантински услови во која имавме чест да поразговараме со Денис Бојаров за повеќе нешта. Интервјуто со него е во вториот дел каде зборуваме за неговите ангажмани, ќе имате можност да слушнете кој е Денис, која е неговата професија, што ново ќе излезе од неговто творештво. Накратко зборувавме и за книжевната група „Размена на книги и книжевни муабети“ каде тој е ...

Драги читалите/слушатели, ви ја претставуваме и седмата епизода од првата сезона од Кулитерација. Низ „поглавјето“ ве водеа колегата Мишо Ристовски, колешките Маја Д. Малиновска и Викторија Саздовска и јас Наталија Наумовска. Во седмото поглавје како што милуваме да ги нарекуваме епизодите, разговаравме за хаику поезијата и ги прочитавме правилата за нејзино пишување што ги подготвивме специјално за љубителите на поезијата и оние кои сакаат ...

Драги наши читатели и слушатели, со оваа осма епизода ја заокружуваме првата сезона од емисијата Кулитерација. Во осмото поглавје направивме една ретроспектива за она што го обработувавме во претходните епизоди, се потсетивме на сите претходни поглавја, односно дадовме краток опис што вие имавте прилика да слушнете и накрато кажавме наш заклучок од целото искуство. Во вториот дел на големо задоволство имавме можност да си поразговараме со ...

Првата епизода од втората сезона од нашата емисија која се емитува на радио МОФ премиерно беше пуштена минатиот четврток во 18 часот. Сите што немавте можност да ја слушнете сега можете да го направите тоа кога ви одговара. Во кратката воведна епизода накратко зборувавме за влијанието на ковидот врз сите општествени сфери каде акцентот беше ставен на литературата и културата. За што си зборувавме, што ви презентиравме, што најавивме можете да ...

После првата воведна епизода минатиот четврток премиерно беше пуштена втората епизода од Кулитерација на радио МОФ. Емисијата беше посветена на љубовта и виното како вечна инспирација и во истата малку воведно зборувавме на таа тема, а прочитавме и љубовна поезија. Во вториот дел имавме многу интересен и инспиративен разговор со младиот писател Душко Трифуновски по повод реизданието на неговиот роман, тој ни соопшти и новитети поврзани со ...

Во последната епизода од Кулитерација разговаравме со писателот и афористичар Марјан Анѓеловски. Направивме доста квалитетен разговор во кој тој одговараше на нашите прашања. Опфатиме различни теми од животот и за животот, за слободата, инспирацијата и останато. Разговаравме и за афоризмите, а го прашавме и кој е неговиот лајт мотив. На крајот од емисијата прочитавме најтесна селекција од некои поважни вести од литературата и културата кај ...

Во осмата епизода од „Кулитерација“ разговараме со талентираниот и надежен автор, Александар Николовски. После неколкуте писмени интервјуа, редно беше да си направиме муабет и во емисија. Разговорот ни протече многу брзо, иако можевме уште долго да си зборуваме. Во тој случај емисијата ќе требаше да трае три часа колку некој долгометражен филм. Го прашувавме за неговите книги (со кои веќе им е добро познат на читателите, посебно во ...

На Симона Николова ѝ благодариме што секогаш нè има на ум при соопштување на нејзините новитети во полето на творештвото. По тој повод повторно разговаравме празнично, а еве кои одговори ни ги даде младата авторка. Симона, со тебе имавме можност да поразговараме во повеќе наврати, а поводот беше излегувањето од печат на твоите книги. Што е најново на тоа поле, дали се подготвува некое ново дело? – Пред сè, здраво на сите и благодарам за ова ...

Тамара Волческа на 20.02.2022 година ја промовираше својата прва авторска песна чиј ко – композитор е Весна Малинова, аранжманот е на Јордан Манов, а во улога на режисер се наоѓа Александар Нешкоски. Песната е исклучително емотивна, испеана скоро си на некоја раскрсница помеѓу тага, љубов, навраќање во минатото и превртување на она вечно прашање: Што би било кога би било? Спотот е една друга приказна. Фигурира како епилог на песната, ко да ...

Непосредно пред почетокот на втората сезона на подкастот „На гости кај Прилеп4анец“, имавме особена чест и задоволство да поразговараме со еден од неговите креатори, Далибор Ивановиќ. Првата сезона може да ја погледнете на следниот линк. Далибор Ивановиќ е автор на три книги, а за нив повеќе ќе дознаете во интервјуто подолу. 1. Здраво Далибор! Сакаме да те си заблагодариме што одвои време за ова кратко интервју за Крајбрежје.мк. Најпрво би те ...

Повторно поразговараме со Александар Николовски, нашиот млад автор на трилери и мистерии, кој потекнува од Велес. Тој своите многубројни читатели повторно ги израдува со нов роман – „Жива ќе те запалам”. Како ни протече муабетот и какви интересни одговори ни даде, прочитајте во продолжение. Александар, првенствено ни е драго што имаме одличен повод за ново интервју. Навистина мошне убава вест е тоа дека ќе уживаме во твоја нова книга. Уште ...

Тимот на Крајбрежје имаше чест да си поразговара со Мартин Јованоски, кој на пошироката јавност ѝ е познат по својата книга „Зошто јас?“, во која го опишува своето искуство со анксиозноста и по тоа што секогаш отворено зборува за својата борба со стравот и со паничните напади. За тоа колку е важно себеприфаќањето, колку се тешки и исцрпни борбите со нерационалните стравови, ама и за емоциите, за поезијата и нашите несовршености, прочитајте ...

Имавме чест да поразговараме со Симона Николова повторно и на нејзино барање која ни најави еден новитет во разговорот. Прочитајте за да дознаете за што муабетевме со неа овојпат. Како си Симона, како се чувствуваш? – Здраво на сите. Пред сè, ти благодарам за ова интервју, Нате. Всушност благодарам за сите интервјуа до сега. Јас сум добро, благодарам. Се чувствувам малку возбудена и во исчекување бидејќи ги очекувам резулатите од ФДА и исто ...

На наше големо задоволство овојпат поразговаравме со младата македонска писателка и професорка Дијана Петрова. Поводот беше излегувањето од печат на нејзината трета книга „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“. Дијана Петрова има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Досега ги објавила романот „Бдеењето над себе“ и збирката раскази „Не ...

На обострано задоволство, имавме чест повторно да поразговараме со нашиот навистина млад и плоден автор на трилери и мистерии. Александар Николовски своите читатели овојпат ги изненади со сосема нешто ново и поразлично. За првпат тој ни претставува свое книжевно дуо, една приказна поделена во два дела. Како протече муабетот и какви интересни одговори ни даде овој талентиран автор, прочитајте во ова наше најново интервју. Дефинитивно ако некој ...

Ни претставува чест и задоволство што имаме можност да поразговараме со македонскиот поет Блаже Петревски – Ендемион. Тој годинава се претстави на германскиот поетски фестивал во Келн и по тој повод е гостин во рубриката „Интервју со“. Што разговаравме со него, кои прашања му ги поставивме и какви одговори ни даде прочитајте во продолжение. Најпрво, честитки за успешното претставување на фестивалот во Келн. Ќе започнеме со прашањето: Како се ...

Бранко Цветкоски (Слатино, Охридско, 21 јуни 1954) – македонски поет, литературен критичар, есеист, преведувач, публицист и издавач. Роден е на денешен ден. Ви ја претставуваме неговата песна „Бледото лице на Октавио Паз“. Бледото лице на Октавио Паз Со страст ја препрочитувам Поезијата на Октавио Паз. Нешто ме гони да откријам потези Што не сум ги воочил При претходните раздиплувања. Долго стојам исправен среде патот И им пречам на сите Што ...

Во чест на раѓањето на македонскиот поет Петре М. Андреевски, денес со титулата „Песна на денот“ ја крунисуваме песната „Огнот не знае пепелта не знае“. Песната е исклучително емотивна, длабока и полна со симболика. Уживајте во читањето. (Поплаката на јагленарот) Огнот не знае како станува од пепелта, пепелта не знае што била пред огнот, како и годината што не знае, колку години е со мене, кому му е лесна година, а кому –тешка денгуба. Огнот ...

Пред да се раздени За неа беше разденето Пред да се стемни За неа беше стемнето. Го преврзуваше сонцето со влажна шамија И го успиваше крај неа. Ние, дури чекавме да расцутат овошките, Таа веќе ги береше плодовите од нив Полни чинии поставуваше пред нас И ништо не ја возбудуваше. Ние ќе ѝ покажевме камена птица што лета Таа ќе речеше: Да тоа сум јас, Птица во окото на сонцето! Ќе ѝ принесевме сини цветови што ги брал Aлександар Македонски ...

Људевит Гај е водач на хрватската национална преродба и писател , роден е на денешен ден (Крапина, 8. 7. 1809 – Загреб, 20. 4. 1872). Тој израснал во семејство во кое се зборувало германски, но мајка му го негувала и кајкавскиот јазик. Гимназијата ја посетувал во родната Крапина, Вараждин и Карловац. Во 1826 година се запишал на филозофски студии во Виена, продолжил во Грац, и во 1829 година се запишал на правни науки во Пешта. Во почетокот ...

Даниела Стил е најпродавана авторка и може да се потврди дека е меѓу најплодните авторки. Родена е на денешен ден во Њујорк. Нејзината продуктивност пркоси на годините и, иако оваа година наполни 75 години, таа не покажува знаци на стареење. Во последните пет години, таа објавувала дури шест или седум бестселери секоја година! Еве 6 интерени факти за неа кои можеби не сте ги знаеле. 1. Таа е мајка на девет деца Стил ја добила својата прва ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
7.72
71%
1009
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
93%
1004
weather icon

Софија

8ᴼ / 0ᴼ
2.57
80%
1016
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.91
90%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1004
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
4.47
76%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1008
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
81%
1017
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
3.13
97%
1008
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
76%
1019
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Злато

159322.70

Калај

49.78

Цинк

3.37

Паладиум

56617.46

Алуминиум

3.06

Бакар

12.10

Родиум

339190.38

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Сребро

3663.67