„Мајсторот и Маргарита“ е уникатна приказна , различна од сѐ што претходно сте прочитале. Овој роман на Михаил Булгаков многу критичари го сметаат како еден од најдобрите романи на дваесеттиот век. Исто така е и една од најистакнатите советски сатири. Спојувајќи ја фантазијата со волшебниот надреализам и политичката сатира, „Мајсторот и Маргарита“ е возбудлива приказна сместена во Москва од 30-тите години на минатиот век. Во него се раскажува ...
Епот со 15 книги на Овидиј, напишан со извонреден латински хексаметар, е предизвик за читање. Почнувајќи од создавањето на светот и завршувајќи со Рим за време на неговиот животен век, Метаморфозите го носат читателот низ времето и просторот, од почетоците до крајот на светот, од животот до смртта, од моментите на сочна радост до приказни полни со изопаченост кои внесуваат вознемиреност. Таков е животот, рекол Овидиј. Лудилото и хаосот од околу ...
Романот Синови и љубовници на Д. Х. Лоренс е еден од најраните и најистакнати модернистички примери во светската литература на книжевно вообличување на проблематиката на фројдовското поимање на сексуалноста. Но, не само тоа. Тој може да се чита на неколку различни нивоа: како роман за љубовта и сексуалната привлечност меѓу половите и своевидна студија за Едиповиот комплекс, како психоаналитичка автобиографска сеанса, како реалистична анализа на ...
Снежана, бајка од Браќата Грим добропозната на сите генерации ја читав, снимав, го креирав видеото и најпосле го прикачив на јутјуб каналот Слушај поезија и други приказни. Изданија на македонски јазик Сказната „Снежана и седумте џуџиња“, самостојно или како дел од збирки со приказни, има доживена поголем број изданија на македонски јазик: „Снежана“ – издание на здружените издавачи: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, ...
Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Ехо“ од македонскиот писател и поет, Петре М. Андреевски. Интересна песничка за гласот кој се враќа и со себе носи многу други убавини. Што е ехото и што тоа им носи на поетот и читателите, прочитајте подолу. Еднаш викнав од високо и гласот два-трипати одзад ридот и шумата назад ми се врати. И заедно со гласот оттаму се врати и ветрот кој водата во реката ја мати. И ја видов тогаш онаа танка ...
Денес ви приложуваме пет цитати за животот кои секој треба да ги прочита и да ги запомни. За многу луѓе, било да се познати или не, било да се писатели, поети, политичари, сликари или па, од работничката класа, животот бил и ќе остане интересна тема за разговор или творење. 1. „Крајот на нашите животи почнува дента кога стануваме тивки за работи што се важни“. – Мартин Лутер Кинг 2. „Не се важни годините во твојот живот, туку животот во твоите ...
Проблемите на модерниот свет не се малку на број. Како што напредуваат откритијата и сè почнува да се дигитализира и унапредува така луѓето се соочуваат со многубројни животни проблеми. Додека постои човештвото – ќе постојат и тие (можеби во малку поинаков облик и вид во иднина). Во следниве фотографии кои го покажуваат светот од разлилни аспекти, меѓу кои суровоста на модерното општество, артистот и илустратор Davide Bonazzi се потрудил тоа да ...
По повод излегување од печат на книгата „Снежни стихови“ поразговараме со поетесата Софија Петковска која е иницијатор за да се реализира проекетот од хуманитарен карактер. Имено, учество во стихозбирката имаат земено повеќе автори, а за подетално прочитајте го разговорот во продолежние. Софија, ти си дипломиран педагог, на читателите си им позната како поетеса, на нашиот блог и твојата фејсбук страна можат да се прочитаат твоите стихови. Лани ...
„Пипи Долгиот Чорап“ е убедливо една од најубавите приказни за деца. Ретко постои човек кој не го знае бестрашното девојче со црвени плетенки и куфер полн златници, но и ретко кој ја знае позадината зад создавањето на оваа безвременска приказна која пораснала и сѐ уште расте многу генерации. Кога во 1941 – ва година, седумгодишната ќерка на Астрид Линдгерн, Карин се разболува од пневмонија, бара од мајка си да ѝ раскаже приказна за Пипи Долгиот ...
Далеку е ѕвезденото небо, далеку се желбите наши, далеку е сè ! Ја насликав сликата. Во неа со копнежот го доловив најубавиот сон, сон за љубовта и среќата, сон што остана врежан сред ноќ, од блесок на пурпурно небо. Сон за нова радост. Сред бркотница на безброј мисли, а една е таа. Ме праша која…? Една ми падна на памет! Таа во која се вткаени моите надежи и радости и патот блескав до нив. Утрата мирисни вгнездиле во себе опоен мирис од ...
Винсент ван Гог е холандски постимпресионистички сликар од дваесетиот век. Неговите дела поради живите бои и длабоките емоции имале огромно влијание врз уметноста во дваесетиот, па и дваесет и првиот век. Ван Гог и денес се смета за еден од најдобрите и најквалитетните сликари кои некогаш твореле. Затоа ви приготвивме десет негови цитати за животот, уметноста и природата. Уживајте во читањето. 1. „Дури и во бурата има мир.“ 2. „…Вистина е дека ...
Алберт Ајнштајн е германски теоретски физичар, најпознат по неговата Теорија на релативноста и Теоријата за еднаквост на масата и енергијата. Добропознатата формла ја измислил токму тој. Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година за „неговата работа во полето на теориската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект“. Прочитајте неколку цитати од еден од најголемите умови во историјата кои нема да ве ...
Абдулразак Гурнах ја доби Нобеловата награда за литература за 2021 година за „бескомпромисно и со емпатија претставување на последиците на колонијализмот и судбината на бегалците, кои мораа да го премостуваат огромниот јаз меѓу културите и континентите“. Гурнах потекнува од Танзанија и е автор на 10 книги, од кои сите бараат да ги претставуваат прашањата за пост-колонијализмот, потеклото, расната и етничката дискриминација и бегалците. Тој беше ...
Првично објавена анонимно на денешен ден, 13 јануари 1818 година, легендата за тоа како Мери Шели првпат го замислила „Франкенштајн, или модерниот Прометеј“ е исто толку позната како и Чудовиштето од романот кое стана вистинска легенда. Како Мери Шели ја измисли приказната за Франкештајн? Eдна темна, бурна ноќ во 1816 година, Мери, нејзиниот љубовник (и подоцна сопруг) Перси Шели и полусестрата на Мери, Клер Клермонт биле во посета на Лорд ...
Како предлог книга денес книгата „Парфем“ од германскиот современ писател Патрик Зискинд роден на денешен ден во Амбах, Германија. Приказната за еден убиец е книжевен историски фантастичен роман издаден во 1985 година (оригинално објавен на германски како Das Parfum) од германскиот писател Патрик Зискинд. Романот го истражува сетилото за мирис и неговата врска со емоционалното значење што мирисите може да го имаат. Приказната се врти околу ...
„Алиса во земјата на чудата“ е дело на математичарот и логичарот Чарлс Латвиџ Доџсон, познат под псевдонимот Луис Керол. Ова дело повеќе од 150 години ги забавува малечките и возрасните. Обединувајќи ја математиката, пoлитичката сатира, психологијата и личното искуство, ова дело е отворено за различни толкувања. Заради богатството на алузија, популарноста на ова дело е вечно загарантирана. Иако недостига конвенционална приказна, морално добра ...
Годината 2021 година е посветена на 400-годишнината од раѓањето на Жан де Лафонтен. Тој е прочуен француски баснописец и поет. Тој е еден од најголемите писатели на францускиот класицизам. Се вбројува во редот на најпознатите баснописци во светската литература. Жан де Лафонтен е роден во Шато-Тјери на 8 јули 1621 година; починал во Париз на 13 април 1695 година. Тој бил примен во Француската Академија во 1684 година. Помеѓу 1668 и 1694 година, ...
За „Лудата жена на таванот“ се зборува веќе долго време. Но навистина, која е таа, која била и како ги освоила срцата на читателската публика од темнините на таванот, прочитајте во есејот на студентката на Филолошкиот факултет, Александра Атанасова. Лудата жена на таванот Револуционарниот роман на Шарлот Бронте ѝ дава засолниште на една од првите феминистички хероини во светот – Џејн Ер. Делото ги содржи сите елементи на типичниот готски роман. ...
На 07.05 2023, во недела, на Саемот на книгата во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи промоција на книгата „Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ“ од Лина Димоска. Книгата е во издание на Бата Прес и во текот на саемот може да се најде на нивниот штанд. Може да се купи и на нивната веб страна. „Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ“ е новела за обидот на младата хериона да се соочи со минатото и траумите од детство, да ...
На 28.08 (понеделник), во 16 ч. во Центарот за Култура во Гостивар ќе се одржи промоцијата на најновиот роман на младата писателка Анастасија Лефкоска. Романот со наслов „Савески” е роман низ чии страници напишани во наратив на свеста се испреплетуваат бројни („табу”) теми, прашања и одговори. Дејството на романот се одвива во Гостивар и Скопје – РСМ, во минатото, сегашноста и претпоставена иднина. Приказната се врти околу семејството Савески ...
“Не кажувај никому“ е трета објавена и поддржана публикација во рамките на едицијата „Балканска женска поезија“, чиј уредник е Звонко Димоски. Претходно беа објавени „Мајка ми знае што се случува по градовите“ и „Денови со полна месечина“ од српските авторки Радмила Петровиќ, односно Витомирка Требовац. Препевот на македонски јазик го направија Наташа Забрчанец и Звонко Димоски, дизајнот на корицата е на Емилија Малезан, додека поговорот е на ...
Зинаида Николаевна Гипиус, мажена Мережковска (20.11.1869 Бељов – 09.09.1945 Париз), беше руска поетеса, прозен автор, книжевен критичар. Една е од најмаркантните личности на Сребрениот век, претставник и една од основоположниците на рускиот симболизам, често нарекувана Достоевски на руската поезија. Нејзините современици ја нарекуваа сотона, декадентна Мадона, вештерка… Беше убава, исклучително талентирана, генијална, необична, интригантна, ...
Еуџенио Монтале е едно од најголемите поетски имиња на 20 век, еден од потписниците на антифашистичката декларација на Бенедето Кроче што ја потпишаа истакнати италијански интелектуалци во 1925 год. Според Монтале, целта на поезијата е нешто кое треба да се изрази посилно од речта. Можеби затоа е најпознат претставник на италијанскиот херметизам. Тој е добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1973 година и на Нобеловата ...
Бошко Смаќоски (18 септември 1938, Модрич, Струшко – 1998, Скопје) е македонски поет, раскажувач, романописец и драмски писател. Творештвото на Смаќоски е богато и разновидно и се состои од десетина стихозбирки, шест книги за деца, три збирки раскази, седум романи, четири романи за деца, книга со гатанки, повеќе телевизиски драми, радио-драми и радио-игри за деца итн. Споделуваме една од неговите најпознати песни, химна на градот Скопје. Градот ...
Милчо Мисоски е роден во Струга во 1972 г. во Македонија. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, специјалист микробиолог, примариус, магистер на медицински науки. Автор е на неколку поетски збирки: „Чекајќи го ангелот“ (1992) и второ издание на англиски (2019), „Записки“ (2013), „Изневерено време“ (2016), „Песочни капки“ (2017), „Стаклени сенки“ (2020). Негова поезија е застапена во антологиите: „Поетите од Струга“ (2001) во издание на ...
На 12 декември во спомен-собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје во 19 часот ќе биде промовирана најновата, трета по ред стихозбирка “Патот на водата„ на авторката Гордана Каракашевска. Поетската книга „Патот на водата“ е длабоко исконско емотивно патување, таа е автобиографска мапа каде земајќи ја водата како појдовна точка, поетесата навлегува во нејзината симболика и преку неа ја пресликува својата духовна ...
Недостиг за она што не било и она што поминало. Како на филмска лента спомени играат безброј емоции се доживуваат. Недостиг како дел од живеењето без кој не се може, недостиг како болен потсетник дека ништо не трае вечно. Недостиг како придружник на тагата од која црпам инспирација секој ден, недостиг како дрво без лисје со гранките спуштени надолу. Недостиг за она што не било и она што никогаш нема да биде. За нови спомени се живее кои ...
Ќе ти пеам песни од утро до мрак и повторно и повторно, како споулавена ќе ја пеам истата песна пак. Ќе ти пеам песни звучни, па макар во твојата глава тие да прават мелодии бучни. Ќе ти пеам тажна приказна отсликана во мојата млада душа, без сигурност дали некој неа ќе се потруди да ја ислуша. Ќе ти пеам песни кротки и јасни, а дали ти на нашите деца ќе им читаш чудесни басни? Ќе ти пеам со убавост и без да плачам, но еве, веќе сум сигурна дека ...
Има време до Василица, Посакај си Повеќе мир и спокој! Посакај си да не забораваш колку вредиш без да те обземе егото. Посакај си да се оствариш. Посакај си вистински да препознаеш каде треба да се бориш . Посакај си луѓе што ги препознаваат твоите чувства . Посакај си како што ти се грижиш, така исто чуван да бидеш од своите. Посакај си поддршка во мера барем приближна на таа што ја даваш. Посакувај љубов – само онолку колку што ти можеш да ...
Изворот на желбите е око отворено, од клокот занесено, од смеа зазорено. Од него шурките ко лава се шират, во скришните длапки на крвта се вират во тајните места на срцето горат и се така гласно, жуборно зборат. Изворот на желбите е око струјно, до бескрај гласовито, до небеса чујно. Од него во вените рој реки се збираат, во бунарот на душата дали некогаш ќе се смират? Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта. ...