Винсент ван Гог (1853-1890) е постимпресионистички сликар со холандско потекло. Популарниот Ван Гог е еден од најголемите сликари и најценети уметници воопшто. Сите овие квалитети му се припишувани многу години по неговата смрт. За време на неговиот живот, Ван Гог не чувствувал ни тронка чест што славата ја носи со себе. Тој бил непознат, непризнат. Додека бил жив успеал да продаде само една слика. Поради тешкото детство и бројните психолошки ...

Пол Гоген е роден на 7 јуни 1848 година во Париз, а починал на 8 мај 1903 г. во местото Атуона. Во една прилика тој изјавил: „Сакав да воспоставам сопствено право да се осмелам да направам сѐ“. Подеталната биографија за него може да ја прочитате овде. Во продолжение погледнете ја галеријата од неговите најпознати слики. „Вечерната кафетерија во Арл, (Г-ѓа Гинукс )“ (1888), масло на платно „Тахичанки на плажа“ (1891), масло на платно „Воденица ...

Ричард ЛаГравениз ја напишал и режирал биографската драма за професорката која е подготвена да се жртвува за учениците за да им овозможи подобра иднина. Односно таа ги учи да бидат емпатични и толерантни, покрај другото. Ако ги имате гледано „Друштвото на мртви поети“ или „Опасни мисли“ и биле по ваша мерка, драмата „Слободни писатели“ (2007) исто така ќе го задржи вашето внимание. Филмот е базиран врз книгата The Freedom Writers Diary (1999) од ...

Драги читателите и слушатели, достапно е последното „поглавје“ (четврта епизода) од нашата емисија „Кулитерација“ која се емитува на радио МОФ секој втор четврток во 18 и 30 часот Во оваа епизода на гости ни беше младата писателка, авторка и блогерка – Марија Прличкова Маци со која си поразговаравме на различни теми меѓу кои и за нејзината книга „Марла“ за која веќе се подготвува продолжеток – комплетно ново издание. Потоа начнавме доста ...

Четвртата епизода од втората сезона од нашата емисија Кулитерација е веќе достапна за преслушување. Во неа разговаравме со професорката и авторка Весна Здравковска Трајковска. Имавме можност да ѝ поставиме прашања на кои таа ни одговори со задоволство. Меѓудругото, се зборуваше за сродни души, души близнаци, нејзината инспирација и за нејзините две книги „Души близнаци“ и најтазе романот негово продолжение „12Д“. Подолу на линкот можете да го ...

Ирена Блажеска Дончева, e македонска авторка која досега ги има напишано двете прозни збирки „Странци со спомени”, „Тивка далечина” и книгата „Недореченост“ склоп на поезија и проза. Официјално таа ја издаде четврата книга овојпат наменета за најмладата публика. „Во светот на децата“ ја здогледа светлината на денот, а по тој повод поразговаравме со Ирена. Прочитајте го разговорот во продолжние. „Во светот на децата“ конечно излезе од печат, ...

Овојпат тимот на Крајбреже.мк имаше задоволство да си поразговара со Емилија Миткоска, девојка чии изработки на накит изобилуваат со шаренило и креативност. Доколку сакате вашиот омилен херој, омилена книга или умерничко дело да стане парче накит, побарајте ја Ема и резултатот ќе биде повеќе од задоволувачки. За тоа од каде црпи инспирација, како е да се има креативен бизнис во Македонија, прочитајте повеќе во интервјуто подолу. Здраво Ема! Ни ...

Димитар Башевски е роден во с. Ѓавато, Битолско на 27 јуни 1943 година. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Скопје. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Поранешен претседател на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1969 до 2012 година. Автор е на седум ...

На денешен ден е роден познатиот Џакомо Казанова. Решивме да споделиме неколку интересни факти за него и сигурно ќе се изнeнадите кога ќе дознаете дека бил и уметничка душа и пишувал мемоари кои и денес се читаат со заинтересираност. Казанова – имал неколку професии, меѓу кои и онаа на библиотекар и писател На 2 април 1725 година е роден најпознатиот љубовник во европската историја – Џакомо Казанова. За многумина, името на Казанова се поврзува ...

Македонскиот народ е познат по богатиот фолколор кој доаѓа директно од народот за народот. Една од најпознатите македонски народни песни е песната “Се посврши Сербез Донка”. Песната доаѓа од велешкиот крај и зад себе ја раскажува една од најубавите љубовни приказни. Имено, Донка Јаричкова е ќерка на богатиот трговец Пецо Јаричков кој сака да ја омажи на далеку за момче кое има огромно богатство. Но, Донка е заљубена во Миле Ивчев, скромното ...

Овој запис служи за да се истакне улогата на папирусот во развојот на пишувањето, документацијата и литературата како што денес ја знаеме. Историја на папирусот Развојот на пишувањето е долг процес базиран на експериментирање и циклус на нови методи постепено заменувајќи ги старите. Во текот на илјадници години, различни материјали и литературни форми доминираа во различни региони и епохи. Првиот материјал за пишување, глината, се користеше во ...

Во средниот век, уметниците, особено вајарите и сликарите, се сметале за занаетчии и биле рамо до рамо со ѕидарите и столарите. Наместо да работат сами работеле во големи тимови. Биле ценети според нивната вештина, а не според талентот и креативноста. Како занаетчии, нивниот социјален статус бил сличен како на другите квалификувани работници. Ретко постигнувале статус на славна и ценета личност како уметниците денес. Уметничките дела биле ...

По Французите Ле Клезио и Модијано, француската романсиерка Ани Ерно ја добива Нобеловата награда за литература, според Нобеловиот комитет, нејзиното дело кое „постојано и од различни агли ги испитува животите обележани со разлики, како пол, јазик и социјална класа“. Ани Ерно, е првата Французинка што ја добила Нобелова награда за литература. Запрашана од шведската телевизија СВТ, за добивање на оваа награда, таа вели дека ја смета за „многу ...

„Пушти ги нека зборуваат“ е првата збирка на младата поетеса Марија Бакиевска чија промоција ќе се оддржи на 11.11.2022 година во Офицерски дом – Битола, а промотор ќе биде издавачот на книгата Јулијана Наумовска. Како си Марија, како е да се биде во кожата на Марија? – Извонредно сум. Добро се чувствувам и кога човек би бил во мојата кожа би поминал низ голем адреналин, би седел со часови на мостот на љубовта и дишејќи ги мислите, а издишувајќи ...

Книжевната награда „Караманов 2022“ ја освои Милчо Мисоски за ракописот „Ефемиди“. Советот на 49 Караманови поетски средби, издавачот на годинашните објави од продукцијата на Караманови средби – ОНБ Браќа Миладиновци, како и организаторот на средбите – Центарот за култура „Ацо Караманов„ Радовиш заедно со жири комисијата за избор на најдобри поетски ракописи добиени по конкурс за 49 Караманови поетски средби во состав: проф. Д-р Даниела ...

Новата, трета по ред, книга на нашата поетеса Даница И. Лепојевиќ „Дождови во мај – сублимирани емоции со две лажички мед“ ќе биде промоворана денес, вторник, 12.12 во Велес (Тарантино клуб, 19.30ч.) и утре, среда, 13.12 во Скопје (Макка бар, 20.00ч.). Сензитивна и сензуална. Длабоко интимна и без задршка. Ранлива и храбра. Збирка создадена речиси во еден здив. Пишувана, растена и обликувана со многу искреност, страст, нежност и копнеж. Книгата ...

15/01/2024 11:24 - Крајбрежје

Тишина-вечно треперење на срцето мое… Тишина-вечен сон на битието твое… Тишината како бавно будење на животот наш… Тишината како нашата жртва еднаш… Тишината како рибар кој упорно пленот го чека… Тишината како пламен на љубовта наша довека… Секоја вечер темнината ме мами, кога ветрот нежно по лицето ме гали, додека децата мали играат, пеат и безгрижно се смеат, а баба огнот го пали. Заборавив дека и јас сум човек, дека и мене ми треба топлина и ...

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по повод 25 март, денот кога Прличев во Атина во 1860 година бил овенчан со „Ловоров венец“ распишува: Конкурс за најдобра поетска творба на тема: „За Прличев и Охрид каков што тој го сакал“. На конкурсот може да конкурираат ученици од општините Охрид и Дебрца и тоа во две категории: – Ученици од основните училишта VIII и IX одделение – Ученици од средните училишта За секоја од двете категории и возрасти ...

Право на учество имаат сите поети од Македонија и Балканските земји. Се натпреваруваат во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години. Секој учесник конкурира со по три досега необјавени песни, не подолги од 32 реда, на својот мајчин јазик (задолжително се доставува препев на македонски или на англиски јазик од учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик). Темата е слободна. Песните се доставуваат во WORD документ и истите треба ...

Макпрогрес го распишува Меѓународниот конкурс за избор на најдобра поетска творба, краток расказ, ликовно дело и музичка композиција. Делата кои ќе ги создаваат авторите треба да бидат на тема: „Секоја капка спомени“. Конкурсот се распишува во следниве категории: – Поетска творба – Краток расказ – Ликовно дело и – Музичка композиција Поетските творби да бидат напишани на македонски јазик и на неговото кирилско писмо, да не бидат подолги од 32 ...

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за музичка дејност, објавува конкурс за организирањe концерти под програмски наслов „Македонски музички текови“, под кои спаѓаат концерти од современи музички жанрови, што ќе се реализираат во текот на 2023 годиина, a сo цел развој и афирмација на музичката дејност во Република Македонија. Право на учество имаат сите заинтересирани музичари, изведувачи, групи или поединци. ...

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје врз основа на програмата за литературна дејност, објавува конкурс за промотивни настани од областа на литературата и тоа: промоција на нови книги (издадени во 2023 година), поетски читања, организирање трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и мултимедијални настани кои во својата основа ја имаат литературата. Настаните ќе се организираат во текот на 2023 ...

Гого Ивановски (Скопје, 18 јануари 1925 – Скопје, 15 декември 2004) – македонски поет и раскажувач. Завршил високо стручно образование. Работел како новинар во Радио Скопје, потоа како уредник во Македонската телевизија. Учествувал во уредувањето на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и книжевниот весник „Хоризонт“. Од 1946 г. членувал во Друштвото на писателите на Македонија. Починал на денешен ден, 15 декември 2004 г. во ...

Годинава се одбележува 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов. Ацо Шопов, роден во Штип во 1923 е еден од основоположниците на современата македонска поезија, кој се вбројува во редот на најеминентните поети на југо-источна Европа во 20-от век. По долгогодишно боледување, тој почина во Скопје, 1982 година, на денешен ден. Во негова чест ја споделуваме оваа прекрасна песна. Те спомнам ли Те спомнам ли — пред ...

Споделуваме песна од најновата стихозбирка на македонската поетеса Гордана Каракашовска „Патот на водата“ . Водата е опсесивен симбол во поетиката на стихозбирката и низ самата стихозбирка се чувствува преовладувањето на моќта на водата на која ѝ се потчинети сите други закони на природата. Во неа поетесата го преиспитува својот поетски нагон и со својот длабок реторички глас укажува на моќта на водата како онаа во старите митови кога потопот не ...

Ако ме сретнеш низ немирите свои навлези подлабоко низ суетноста и височините на твоето его. Веќе го допираш невозможното дно. Таму каде бев никој ме создаваше само сенката негова и допирот без допир во јасноста на говорот да го отфрлам каменот кој ми тежеше. Врз слоевитоста на почвата ме отсекуваа краевите за пад во беспаќе. Не, не престана да биде наведната врбата жална, а ми отстапи простор да се исправам покрај сите нејзини гранки. Во поимот ...

Во градината, во полето, во цвеќето скриена, во магла обвиена, во мугра облиена, во сиот божји свет со убост преполнет беше насекаде ти, во секој миг. Зефирите в немири над земјата името ти го вееја, и шуштежот на брановите, небаре издишки на твојот здив се лееја. На сводот вечерта ѕвезди пали, погледот во нив бара да гали запишани со злато среде модрината, а пак од брезите вити и од соништата детски, скрити јас ти ја цртав убавината. Чунки ...

Пријателството е една од најбитните врски која може да поврзе две човечки суштества. Пријателите се тука за убавите, грдите, тажните и среќните моменти и сѐ она што доаѓа измеѓу нив, па затоа за денес, во чест на пријателството, ви подготвивме 10 прекрасни цитати за него. Уживајте во читањето. 1. „Пријателите треба да бидат како книги – неколку, но добро одбрани“. – К. Ј. Лангенховен 2. „Нема нешто што не би го направила за оние кои ми се ...

За денес избравме 10 афоризми од афористичарот Миле Ѓорѓијоски кој има објавено бројни книги со афоризми. „Одиме на Венера“ е издаена во 2022. Тој е добитник на бројни награди, преведуван е на повеќе јазици, член на Друштвото на писатели на Србија, член на БАК Белград и на „Наџи Наман“ Либан, како и на ЗНМ. Во продолжение избор на неколку афоризми од второто издание на „Одиме на Венера“. 1. Се бараат живи, за да се утврди од што живеат. 2. За ...

По повод 192-иот роденден на една од најдобрите американски и светски поетеси, Емили Дикинсон, денес на блогот објавуваме десет нејзини избрани квоти и стихови. Се надеваме дека ќе уживате во читањето. 1. „’Надежта’ е она чудо со пердуви Што се сместува во душата И ја пее без зборови песната И никогаш не запира.“ 2. „Ако спречам барем едно срце да се искрши, нема да ми бидат овие дни залудни.“ 3. „Засекогашноста е составена од Сегашности.“ 4. ...

10 години МАРХ

25 минути - Трн

Скопје

7ᴼ/7ᴼ
2.06
42%
1025

Белград

1ᴼ/0ᴼ
3.09
76%
1025

Софија

2ᴼ/1ᴼ
9.26
60%
1024

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
11.3
48%
1021

Љубљана

7ᴼ/5ᴼ
1.26
55%
1028

Атина

20ᴼ/18ᴼ
7.72
38%
1016

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
7.2
50%
1024

Подгорица

9ᴼ/9ᴼ
4.12
27%
1026
Currency

61.525

Currency

59.0731

Currency

74.0053

Currency

38.4211

Currency

42.2553

Currency

66.0699

Currency

8.15589

Currency

0.56615

Currency

0.38126

Currency

0.52544

Currency

1.70935

Currency

0.69921

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

501848 $

Рутениум

15369 $

Калај

28 $

Сребро

1006 $

Злато

87228 $

Бакар

8 $

Паладиум

31961 $

Платина

31045 $

Родиум

147909 $

Цинк

95337 $