Најавен како концерт на летото синоќешниот настап на Јелена Розга одржан во спектакуларната и амбиентална атмосфера на Античкиот театар во Охрид во целост ги оправда очекувањата. „Кога првпат го видов овој театар, знаев – еден ден морам овде да пеам. И еве, тој ден дојде”, изјави Розга пред настапот. А она што се случи вчера ги надмина очекувањата – публиката пееше заедно со неа од првата до последната песна, следејќи го секој тон на ...