Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во морскиот дел кај мексиканската држава Чијапас, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), повикувајќи се на податоци од Националната сеизмолошка служба на Мексико. Потресот се случил на 26 јули 2026 година во 15:54 часот по UTC, односно во 09:54 часот по локално време. Епицентарот бил лоциран на околу 100 километри западно од градот Тапачула, кој ...

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица денеска успешно интервенирала при пожар што избувнал во атарот на селото Добрејци. Како што информираат од ТППЕ Струмица, интервенцијата започнала во 13:45 часот, кога три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители биле ангажирани на гаснење на запалени стрништа и сува трева. Благодарение на брзата реакција на екипите, пожарот бил навреме локализиран, со што било спречено неговото ...

Полициски службеници од СВР Скопје ноќеска привеле 54-годишен скопјанец, откако бил затекнат како управува автомобил под дејство на алкохол. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 јули 2026 година во 01:28 часот, на улицата „Славка Динкова“ во Скопје, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А. (54) од Скопје. По преземените мерки и извршените ...

Русија смета дека е прерано да се коментираат извештаите дека САД и Украина разговараат за евентуален прекин на воздушните напади како дел од напорите за завршување на војната, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Неговиот коментар следува по изјавата на украински функционер за Ројтерс дека претставници од Киев и Вашингтон разговараат за предлог што би и бил презентиран на Русија за прекин на воздушните напади како дел од ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис,победи на трката „Хунгароринг“, која се возеше за ГН на Унгарија, вкупно единаесетта од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, додека трет заврши возачот на Мерцедес, Кими Антонели. Трката ја одбележа и борбата за подиум на Луис Хамилтон. Рекордерот по број победи на „Хунгароринг“ доби казна поради пребрзо влегување во боксот, па на крајот заврши на ...

Одбојкарската репрезентација на Турција го освои трофејот во женската Лига на нации, откако во големото финале ја надигра селекцијата на Бразил со 3-1 во сетови (23-25, 25-23, 26-24 и 25-21). Мелиса Варгас беше најдобра во победничкиот состав со дури 33 поени зад своето име, а Ханде Баладин додаде уште деветнаесет. Во тимот на Бразил, прво име беше Ана Кристина со 25 поени. Во мечот за бронзениот медал, победник беше селекцијата на Италија, ...

Реал Мадрид е на чекор до реализирање на еден од најголемите трансфери ова лето, откако постигна договор со Лајпциг за ангажманот на Јан Диоманде. Официјалната понуда од „кралскиот клуб“ се очекува да изнесува вкупно 120 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, сума што во Лајпциг се подготвени да ја прифатат. Диоманде ќе стане првото офанзивно засилување на Реал Мадрид ова лето. Претходно, клубот веќе ги доведе Марк Кукуреља од Челси, Дензел ...

Новата анализа на Visual Capitalist, базирана на податоци за 2025 година, покажува дека најголеми годишни трошоци за енергија по жител имаат домаќинствата во северна и западна Европа. На врвот на листата се Шведска, Финска и Австрија, додека дури 24 од првите 30 земји се европски, што уште еднаш потврдува дека Европа е регионот со највисоки енергетски расходи во светот. За разлика од овие држави, Македонија не се наоѓа меѓу земјите со ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Старата скопска чаршија, заедно со граноначалникот на општина Чаир Изет Меџити, ја откри спомен-плочата посветена на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски. На свеченоста присуствувале внуката на Циборовски и претставници на Амбасадата на Полска, а со поставувањето на спомен-плочата е оддадена почит за неговиот значаен придонес во зачувувањето на Старата скопска чаршија, еден ...

Дваесет и осумгодишен жител на Прилеп е приведен рано утринава во Охрид, откако, според полицијата, агресивно се однесувал кон полициски службеници додека тие извршувале службени дејствија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 јули 2026 година околу 05:10 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода А.К. (28) од Прилеп. По извршеното алкотестирање било утврдено ...

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе нов пораз во Б дивизијата на Евробаскетот. Во дуелот од ,,Д” групата шампионатот во Хрватска, Македонија е поразена од Унгарија со 84-63. Со овој пораз нашите јуниори и дефинитивно ги загубија шансите за во четвртфиналето, па сега ќе разигруваат за подобро позиција во понатамошниот текот шампионатот. Следуваат два слободни дена за македонските јуниори, а во среда е дуелот против ...

Ракометарите на Е. Пелистер ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона. Во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските тестови Дојдоа: Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе Заминаа: ...

Сместен меѓу Швајцарија и Австрија, Лихтенштајн е една од најмалите држави во Европа, но истовремено и една од најбогатите во светот. На површина од само 160 квадратни километри живеат нешто повеќе од 41.000 жители, а земјата е позната по својата силна економија, прекрасните алпски пејзажи и исклучително високиот квалитет на живот. Она што најмногу ги изненадува туристите е фактот дека Лихтенштајн нема сопствен аеродром. Посетителите најчесто ...

Пет планинари од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус во Русија, јавува рускиот портал Lenta.ru, повикувајќи се на информации од Телеграм-каналот Shot. Од седумчлената експедиција, само двајца успеале да преживеат. Еден од планинарите сам успеал да се спушти од планината и да повика помош, додека вториот бил пронајден од спасувачките екипи. Двајцата се хоспитализирани и се под лекарски надзор. Информацијата дека група планинари ...

НАТО во неделата реагираше по најновиот инцидент во кој романските воздухопловни сили соборија дрон што навлезе во романскиот воздушен простор. Станува збор за трет ваков случај во последните 48 часа, по претходните инциденти во близина на Падина и Свети Ѓорѓе. „Можеме да потврдиме дека романски борбен авион Ф-16 собори дрон над романскиот воздушен простор во неделата наутро. Авионот, кој беше еден од двата што полетаа, дејствуваше под ...

На 25 јули 2026 година, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Лабуништа пронашле човечки череп и други предмети во атарот на селото Лабуништа, кај Подгоречкото Езеро, во непосредна близина на македонско-албанската граница. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, по пронаоѓањето на човечките останки, во координација со останатите надлежни институции се преземаат активности за целосно расчистување на ...

Додека илјадници луѓе ги напуштаа своите домови поради катастрофалните пожари што беснеат во југозападна Франција, едно лице се обидело да ја искористи трагедијата за лична корист. Француската полиција уапсила маж на возраст од околу 40 години, кој е осомничен дека украл 44 шишиња скапо винтиџ вино од евакуирана куќа во местото Ејсин (Eysines), во близина на Бордо. Според информациите, осомничениот бил запрен од полицијата додека се ...

Папата Лав XIV упати повик до верниците ширум светот да се молат за сите што се погодени од катастрофалните шумски пожари што деновиве ја зафатија Франција и Шпанија. За време на неделната миса, тој изрази близина и солидарност со илјадниците луѓе кои беа принудени да ги напуштат своите домови, како и со семејствата што ги загубија своите имоти во огнената стихија. „Во светло на разорните пожари што во последните денови зафатија различни ...

Нападите на јеменските Хути врз трговски бродови во Црвеното Море и тврдењата за ракетни удари врз цели во Саудиска Арабија повторно го отворија прашањето за влијанието на Иран врз безбедносната состојба на Блискиот Исток. Во анализа објавена во британскиот весник „The Sunday Times“ се оценува дека овие настани претставуваат показател дека најтврдокорните структури во Техеран повторно ја преземаат иницијативата во креирањето на регионалната ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, денес во Старата скопска чаршија ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во знак на благодарност за неговиот придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година и за неговата посветеност на зачувувањето на историското наследство ...

„Мојата баба е родена во оваа куќа. Сè изгоре. Уништени сме. Во Ле Порж изгубивме сѐ.“ Со овие зборови Матје Плеси ја опиша трагедијата што го снајде неговото семејство, откако се вратил во родниот дом во местото Ле Порж, на околу 40 километри од Бордо, и наместо куќата во која пораснал, затекнал само јагленисани остатоци. Разорните шумски пожари што беснеат во југозападна Франција зад себе оставаат сцени на целосно уништување. Според ...

На 25.07.2026 околу 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Лука Геров“ и ул.„Лазо Димовски Ошенски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(19) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ѓ.(29) од с.Волково, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Ургентен ...

Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да испорачува. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. -Целосна одговорност и целосна ингеренција за тоа што се случи во Гостивар е лоцирана сега за сега од страна на обвинителството, доколку е потребно тие ќе лоцираат и нова одговорност. Од страна на државата иако тоа не се наши ингеренции, ...

Европа се соочува со една од најголемите огнени катастрофи во последните години. Повеќе од 300.000 жители и туристи се евакуирани од југозападна Франција и делови од Шпанија, додека огромните шумски пожари продолжуваат да се шират поради силниот ветер и екстремно високите температури. Најкритична е состојбата во француската област Жиронда, каде што пламените јазици опасно се приближуваат до Бордо. Според локалните власти, пожарот е на помалку ...

СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против Б.Д.(22), Т.Ј.(49), С.Д.(47), В.М.(36), Г.Т.(42) и М.Т.(21), сите од село Просениково, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, против Т.Ј. и Г.Т. поради сомнение дека сториле и кривично дело „противправно лишување од слобода“, против Б.Д. поради постоење на сомневање дека сторил и кривично дело „напад врз службено лице при вршење ...

23-то Светско првенство во фудбал: Великаните на светскиот фудбал(27.) Гаринча – кривоногиот фудбалски ангел Кога Гаринча играше – Маракана грмеше, бразилската нација лудуваше/ Токму така, кога легендарниот бразилски фудбалер Мануел Франциско Сантос, познат како Гаринча, го играше Show da bola(бразилски израз на најубаво нешто, во случајот фудбалот), тоа беше вистинска фудбалска рапсодија. А замислете, кога ќе го видете Гаринча, на прв ...

Пет планинари од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус во Русија, објавија босанските медиуми. Двајца планинари се спасени. Седумчлената планинарска експедиција била зафатена од снежна бура за време на искачувањето на Елбрус. Искачувањето започнало во поволни временски услови, но на околу 5.100 метри надморска височина, планинарите биле зафатени од снежно невреме, што довело до трагедијата. Според руските медиуми, телата на двајцата ...

Гран при трка од Светското првенство во Формула 1 ќе се одржи во Малезија наместо во Бахреин, објави прес-службата на Формула 1. Етапата во Малезија ќе се одржи од 2 до 4 октомври. Во март, Формула 1 ги откажа трките во Бахреин и Саудиска Арабија поради ситуацијата во регионот. Гран при трката во Бахреин беше закажана за 10-12 април, а Гран при трката во Саудиска Арабија за 17-19 април. Формула 1 одржуваше Гран при трки во Малезија од 1999 до ...

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал. Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било ...

Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат преговорите, Мицкоски рече ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
6.69
23%
1015
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
5.1
28%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.74
26%
1022
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.63
24%
1018
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.13
23%
1016
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
2.24
32%
1022
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
7.15
29%
1013
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
3.09
20%
1013
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
3.09
19%
1015
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
3.13
37%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
1.79
25%
1022
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
8.23
78%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.36

Паладиум

43596.41

Калај

55.56

Злато

141562.95

Бакар

13.39

Платина

56263.81

Родиум

278907.73

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Сребро

2099.49

Иридиум

252383.36