Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Црвена Вода“ број 9 во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците ...

Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца. Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, синоќа упати нови обвинувања кон Соединетите Американски Држави, но не ја исклучи можноста за нова рунда преговори. „Провокациите, заканувачката реторика и континуираните прекршувања на примирјето од страна на САД, особено нападите врз ирански трговски бродови, претставуваат значајна пречка за продолжување на дипломатскиот процес“, изјави Арагчи во телефонски разговор со неговиот ...

Двајца тинејџери се убиени, а петмина ранети откако планирана тепачка меѓу млади прераснала во престрелка во парк во државата Северна Каролина, соопштија локалните власти. Капетанот на полицијата во Винстон-Салем, Кевин Барнс, изјави дека двајца млади на возраст од 16 и 17 години починале откако биле смртно застрелани околу 10:00 часот по локално време во паркот „Лејнбач“ во близина на локално училиште. Други петмина на возраст меѓу 14 и 19 ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер за недостиг на почит кон Украина. -Непочитување е да се патува во Москва, а да не се дојде во Киев – рече Зеленски вчера во интервју за државна информативна програма. Тој рече дека ги разбира тешкотиите поврзани со патувањето во земјата разурната од војна, но истакна дека и други го посетиле Киев. Зборувајќи за можната посета на Киев, ...

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, синоќа изјави дека Соединетите Американски Држави никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран, и покрај неизвесноста околу одржувањето втора рунда разговори. „Соединетите Американски Држави никогаш не биле поблиску до склучување навистина добар договор, за разлика од ужасниот договор потпишан од Барак Обама“, изјави Ливит, алудирајќи на нуклеарниот договор од 2015 година што подоцна ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во извештајот за состојбата на патиштата, што МИА го објавува интегрално. 21 април 2026 ПРЕНАСОЧУВАЊЕ ТМВ: Во 06:45 часот пренасочен товарен сообраќај Стенковец -БП Дизел. ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 април. Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Св. апостол Павле ги спомнува во своите Посланија. „Поздравете го“, им пишува Павле на Римјаните, „мојот роднина Иродион“ (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како епископ Неопатарски; го биеја со стапови по главите, со камења по усните, го бодеа со ножови. И кога го ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, а максималната од 14 до 21 степен. Во Скопје, во ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за финансирање и буџет и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Исто така, собраниската Комисија за еврoпски прашања ќе одржи сесија на која ќе бидат презентирани клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Меѓународната заедница – Транспортна заедница. Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет се Годишниот извештај за работата на ...

Раководството на кошаркарската Евролигa соопшти дека се распродадени сите билети за овогодинешниот Фајнал Фор, кој ќе се одржи од 22 до 24 мај во Атина. Како што се наведува, последниот контингент билети бил пуштен денес и за кратко време бил распродаден. „По огромниот интерес за билети во првата, втората и третата фаза, од кои секоја резултираше со целосна распродажба, последната преостаната продажба на билети во четвртата фаза беше пуштена ...

Италијанскиот кошаркарски гигант, екипата на Виртус Болоња, наскоро ќе има нови сопственици. Масимо Занети, првиот човек на Виртус Болоња, објави дека наскоро ќе го продаде легендарниот клуб и ќе го предаде на нови сопственици. Виртус е во трка за скудетото оваа сезона, но е вистинско разочарување во Евролигата со само 14 победи и 24 порази за 17. место на табелата. Дури го отпушти тренерот Душко Ивановиќ и го замени со неговиот помошник, ...

Раководството на РК Вардар одлучи 65 роденден на клубот да го прослави в четврток (23 април 2026) во СЦ „Јане Сандандски”, каде во рамки на 6. коло од плејоф натпреварот од Супер лигата со Алкалоид ќе настапат со ретро дресови. Покрај ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар, од клубот подготвуваат уште многу изненадувања за прославата на нивниот јубилеј. Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот, а час и половина порано ...

Мадрид беше центарот на спортскиот свет. Во палата „Сибелес“, се одржа престижното доделување на наградите „Laureus“ за 2026 година, каде тенисот апсолутно доминираше на црвениот тепих. Карлос Алкараз и Арина Сабаленка беа крунисани за најдобар спортист и спортистка во светот по нивните неверојатни сезони во 2025 година. Церемонијата за првпат во историјата беше водена од две спортски икони – тенискиот великан Новак Ѓоковиќ и олимписката ...

Младинците на Реал Мадрид се победници во Лигата на Шампиони за младинци. “Кралевите“ во Лозана, во големото финале славеа против Клуб Бриж откако беа подобри во пенал – серијата. Во регуларниот дел беше 1:1, за да потоа по ударите од белата точка победија со 2:4. Ако е за некаква утеха, за сите во кралскиот клуб а посебно за фановите на најголемиот клуб во светот, тоа е дека сепак Реал ја освои Лигата на Шампионите, па макар и во младинска ...

Дани Лоренцо, 21-годишниот фудбалер од шпанскиот третолигаш Малага, го продаде својот дрес на навивач за 50 евра, по што јавно изјави дека погрешил со таквиот чекор. По натпреварот одигран минатиот викенд, Лоренцо дојде на трибините каде се фотографираше со навивачите и делеше автограми. Еден од навивачите притоа му пријде на Лоренцо и му го побара дресот, нудејќи му 50 евра, кои фудбалерот ги зеде, го соблече дресот со број 22 и му го подари ...

Георге Хаџи е нов селектор на фудбалската репрезентација на Романија. Некогашниот фудбалер Реал Мадрид и Барселона, на оваа функција го наследува Мирчеа Луческу кој неодамна почина и остави голема празнина во романскиот фудбал. Како играч, Хаџи има 125 настапи за Романија и го дели рекордот од 35 постигнати голови, со Адриан Муту. Хаџи учествуваше на по три Светски и европски првенства, беше диригент на најуспешниот период во историјата на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Израел и премиерот Бенјамин Нетанјаху не влијаеле врз неговата одлука да го нападне Иран. Трамп со ова одговори на медиумските написи дека Израел го убедил да го изврши нападот врз Иран на 28 февруари оваа година. На својата социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social), тој напиша дека пресудни биле последиците од нападите на Хамас од 7 октомври 2023 година, како и неговиот долгогодишен став ...

Вицепремиерот Арбен Фетаи не оди на работа ниту, пак, на седници на Владата, изјави во интертвју за „360 степени“ на МРТ 1 министерот за здравство Азир Алиу. Тој во интервјуто потврди дека во последниот период не разговара со својот колега, вицепремиерот за политики за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, поради тоа што „тој не е тука“ и „не доаѓа на седници на Владата“, но рече дека неговото отсуство не се должи на здравствени ...

Премиерката на Јапонија, Санае Такаичи изјави дека по големиот земјотрес Владата формирала оперативна група за вонредни ситуации и ги повика граѓаните од погодените подрачја да се евакуираат на безбедно место. Владата и Јапонската метеоролошка агенција соопштија дека во северните крајбрежни области постои зголемен ризик од таканаречен огромен земјотрес, феномен во кој помал потрес може да предизвика многу посилен земјотрес. Веројатноста за ...

Партијата ВРЕДИ ќе се промовира на 9 Мај – Денот на Европа, ќе има двајца копретседатели, двајца заменик-претседатели и секретар, најави вечерва министерот за министерот за здравство, Азир Алиу. Во вечерашнното гостување во емисијата „360 степени“ потенцира дека партијата ќе има двајца копретседатели, двајца заменик-претседатели и секретар. Тој посочи дека од она што досега е познато, првите двајца луѓе што ќе раководат со ВРЕДИ од позиција ...

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар изјави дека по првите консултации со лидерите на пратеничките групи, засега никој нема потребно мнозинство за формирање нова влада, па затоа разговорите ќе продолжат. Иако конститутивната седница на Парламентот навести дека мандатар би можел да биде лидерот на Словенечката демократска партија (СДС), Јанез Јанша, тој по консултациите изјави дека во моментов не составува влада. – Во СДС сме ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во официјална посета на земјава заедно со претставници на казахстанска деловна заедница. На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, при што, претседателката нагласи дека средбите на највисоко ниво во изминатиот период, вклучително и разговорите со претседателот ...

Американскиот милијардер Илон Маск не се појави на сослушувањето пред судот во Париз, каде што беше повикан во рамките на истрагата за можни злоупотреби на неговата социјална мрежа „Икс“, соопшти француското Обвинителство. „Обвинителството ја констатира отсутноста на првите повикани лица“, се наведува во изјавата, без директно да се спомене името на Маск. Оттаму додаваат дека неговото присуство или отсуство не го попречува натамошниот тек на ...

Селекторката на женската македонска ракометна репрезентација Даниела Новеска Вељаноска го објави списокот од 14 ракометарки, кои ќе настапат на Светското училишно првенство што од 21-29 април ќе се одржува во Скопје. За престојниот настап повикани се следниве ракометарки: Марија Дуноска, Сара Илиоска, Ања Лашкоска, Тара Аврамовска, Рона Мифтари, Ивана Трифуноска, Мила Ристовска, Анастасија Тодоровска, Марија Димоска, Елена Балоска, Антонела ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие лишени од слобода се две лица, а поднесени биле вкупно четири пријави за семејно насилство. Како што посочуваат од МВР, синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријавила дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал ...

Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, упати силна порака по повод 35-годишнината од формирањето на партијата, nагласувајќи дека на социјалдемократите им е неопходна итна и длабока трансформација за да опстанат на политичката сцена. Во својата објава, Петровска потенцира дека СДСМ не претставува само бројка или кратенка, туку идеологија изградена врз илјадници животни приказни и клучни државнички одлуки, објави Петровска. Таа ...

Потребни состојки: 2 јајца 1 чаша шеќер 1 чаша млеко 1/2 чаша масло 2 чаши брашно 3 лажици какао 1 прашок за печиво 100 г темно чоколадо Подготовка: Во сад изматете ги јајцата со шеќерот додека смесата стане пенеста. Додадете млеко и масло, па постепено вмешајте го брашното измешано со какаото и прашокот за печиво. Смесата истурете ја во подмачкан калап и печете во загреана рерна на 180°C околу 25–30 минути. Во меѓувреме растопете го ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Метју Г. Витакер, постојан претставник на Соединетите Американски Држави при НАТО. На средбата беа разгледани можностите за дополнително зајакнување на соработката во рамки на Алијансата, како и актуелните безбедносни предизвици и заедничките приоритети насочени кон унапредување на регионалната и глобалната стабилност. Премиерот Мицкоски ја истакна важноста од ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1017
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
94%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
0.96
81%
1016
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
73%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
3.13
47%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
70%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
0.89
87%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.8755

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Алуминиум

3.53

Сребро

2534.46

Злато

152465.86

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Платина

66744.95

Родиум

319899.93

Паладиум

49351.40

Калај

52.70

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00