Скопје
37ᴼ /
37ᴼ
На 25.07.2026 околу 20:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Козјачка“ и ул.„Велко Стаменковски“ во с.Доброшане, кумановско, 30-годишната С.П. од с.Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и се превртела на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил нејзиниот петгодишен сопатник, додека со телесни повреди возачот и другиот осумгодишен сопатник, сите од ...
На 25.07.2026 во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село. Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото. Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во јавна ...
Пожарот што избувна во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според него, веднаш по пријавата за пожарот, ЦУК ги контактирал и ги координирал надлежните институции, додека Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала на терен. – Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола. Центарот за управување со кризи веднаш ги контактираше и ги координираше ...
На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено ...
Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не ...
„Јас сакам само да упатам честитки на работата на градоначалникот бидејќи би рекол за овие неколку месеци се направија големи чекори во проекти коишто беа до никаде, односно беа заглавени и со посветена работа, можам да кажам дека за овие неколку месеци откако Орце е градоначалник се гледа огромен напредок, еве како што самите слушнавте до Нова година очекуваме не само овој проект туку уште други 2, па и би рекол 3 проекти ќе бидат завршени“, ...
Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи. -Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само 10 ...
Ова раководство на ДУИ го мрази мнозинството Албанци кое ги испрати во опозиција. Нивната деструктивност и нагон за самоуништување зазема загрижувачки размери. Блокираат Закон за правична застапеност и директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот договор, се вели во соопштението од „Вреди“. -Ова раководство на ДУИ боледува од политичко слепило. Не ја сфаќаат сопствената одговорност. Со нивното криминално владеење цели 22 ...
Денес Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година, ден што засекогаш го промени ликот на градот, но не и духот на неговите жители. -Во чест на оние што ги загубија животите, со почит кон преживеаните и со благодарност до сите што помогнаа Скопје повторно да се издигне, денес на 63 годишнината, се поклонуваме пред историјата што нe научи на солидарност, храброст и човечност. Во овие моменти со пиетет им оддаваме почит ...
Според водечкото саудиско спортско издание „Аријадија“, клубот на Кристијано Роналдо, Ал-Наср, е во длабока финансиска криза. На раководството му е забрането да потпишува нови договори додека не се најде решение. Една опција е продажба на дел од клубот. Долгот на Ал-Наср изнесува приближно 800 милиони ријали (над 200 милиони долари). Сепак, и покрај финансиската криза, Роналдо инсистира раководството на клубот да одобри засилувања за тимот да ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...
Покрај стабилизацијата на секторот, во изминатите две години силен фокус ставивме на капиталните инвестиции, модернизацијата и изградбата на функционални институции. Затекнавме нереализирани кредити и проекти што со години стоеја во место, кредитот од германската банка KfW, вреден 80 милиони евра, пет години не бил реализиран, а државата плаќала милионски пенали, додека кредитот од Светската банка за модернизација на земјоделството, имаше ...
Венко Филипче и актуелното раководство на СДС немајќи идеи што да прават ги користат актуелните настани за добивање само политички поени на нивна сметка. И скандалот во Гостивар каде токму тие со нивните партиски другари од ДУИ и Арбен Таравари се локална власт, наместо да ги погледнат своите редови и конкретно сега да побараат одговорност од градоначалникот, тие шират лаги и делат лекции, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. ...
Скопје се сеќава… На денешен ден, пред 63 години, во 5 часот и 17 минути, времето за Скопје застана. За само неколку секунди беа згаснати повеќе од илјада човечки животи, разурнати домови и разделени семејства. Зад секоја бројка остана нечие дете, родител, сопруг, пријател, нечиј цел свет, посочи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Денес, со длабока почит, се поклонуваме пред споменот на жртвите. Нивната болка е вградена во ...
Овен Денес ќе имаш многу енергија и желба да завршиш сè што си започнал. Некој може да побара твоја помош, а твојата искреност ќе биде ценета. Навечер одвои време за одмор. Бик Фокусирај се на малите нешта – тие денес ќе ти донесат најголема радост. Можно е пријатно изненадување од близок човек. Не брзаj со важни одлуки. Близнаци Комуникацијата ти оди одлично денес. Ќе имаш интересен разговор или ќе запознаеш некој што ќе ти даде нова идеја. ...
Обложувалниците ги ажурираа своите квоти за победник во НБА-лигата сезоната 2026/27 по трансферот на Леброн Џејмс. Во петокот беше објавено дека 41-годишниот кошаркар потпиша договор со Филаделфија. Пред оваа вест, квотите за шампионската титула на Сиксерси беа 21. По објавувањето на неговото доаѓање тие паднаа на 9,5 и Филаделфија сега е четврти фаворит. Само Оклахома Сити, Сан Антонио (по 3,5) и Њујорк (9) имаат поголеми шанси кај ...
Тајфунот Ноул изутринава ги зафати јужните делови на Кина, проследен со силни ветрови и обилни врнежи што викендов го погодија и регионот на Хонгконг. Поради тајфунот Ноул во покраината Гуангдонг биле евакуирани повеќе од 715 илјади луѓе, додека властите го подигнале нивото на подготвеност, а стотици летови се откажани. Кинескиот Национален метеоролошки центар соопшти дека тајфунот Ноул стигнал до копното околу 3:50 часот по локално време, ...
Берлинската полиција објави фотографија на лице за кое смета дека е извршител на нападот на Парадата на гордоста во германската престолнина, во кој загина едно, а се повредени 16 лица. Властите започнаа потрага низ градот по 21-годишниот осомничен Абдул Б., кој избегал откако автомобил синоќа влетал во толпата во паркот „Тиргартен“. Портпаролот на полицијата, Флоријан Нат, изјави дека лицето им е познато на властите и дека постои сомневање ...
Возило влета во толпа синоќа за време на одржувањето на Парадата на гордоста во Берлин, при што едно лице загина, а најмалку 16 се повредени, поради што полицијата ја прекина манифестацијата неколку часа по нејзиниот почеток. Полицијата соопшти дека дел од повредените се во животна опасност. Пожарникари и екипи на итната медицинска помош пристигнаа на местото на инцидентот за да им укажат помош на повредените. Во објава на социјалната мрежа ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово, преку својот фејсбук профил, соопшти дека се финализираат галериите – најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево – Охрид. -Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Наскоро отвораме за сообраќај уште 10 километри автопат. Ја градиме Македонија, напиша Николоски, кој сподели и видео од изведувањето на градежните активности. Вицепремиерот ...
Формула 1 возачот Луис Хамилтон ќе стартува од петтата позиција на ГН на Унгарија, откако доби казна од три стартни места поради попречување на Оскар Пјастри во завршниот дел од квалификациите. Возачот на Ферари првично го освои второто место во квалификациите, но по одлуката на стјуардите ќе мора да тргне од петтата стартна позиција. Одлуката беше донесена по сослушувањето на двајцата возачи, како и на претставниците на Ферари и Мекларен. ...
На граничниот премин (ГП) „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува ...
Секторот земјоделство беше еден од најзапоставените сектори што ги наследи актуелната Влада, нерешени предмети кои директно влијаеја врз егзистенцијата на земјоделците. Најголем проблем кој го остави претходната влада беа субвенциите. Кај производителите на млеко имаше неисплатени субвенции за период од околу година и пол, а над 1600 вработени во ЈП Национални шуми беа оставени без плати повеќе од 4 месеци, како и без здравствено и пензиско ...
Фудбалерот на Тотенхем и аргентинската репрезентација, Кристијан Ромеро, е сè поблиску до преселба во Интер. Веќе подолг период се шпекулира дека Интер е во најдобра позиција за ангажман на искусниот стопер, кој сака повторно да заигра во Серија А. Тотенхем засега бара околу 50 милиони евра за неговиот трансфер. Од управата на Интер веруваат дека ќе успеат да го убедат Тотенхем да ја намали сумата меѓу 35 и 40 милиони евра, бидејќи и клубот и ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 јули. Светиот Архангел Гавриил Овој голем Божји архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој ...
СДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус. Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здрацвјето на граѓаните е загрозено, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат вистинскиот чекор и да побараат одговорност, и ...
Боксерската гала вечер одржана на 25 јули 2026 година во Џеда, Саудиска Арабија, донесе спектакуларен и неизвесен меч во тешка категорија помеѓу поранешниот светски шампион Ентони Џошуа и албанскиот боксер Кристијан Пренга. Почетокот на мечот беше шокантен за британскиот боксер, кој се најде во тешка ситуација откако беше соборен на подот два пати во првата рунда. Кристијан Пренга искористи неколку силни удари, вклучително и прецизен аперкат, ...
Машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа нов пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска. Нашите млади кошаркари, во натпревар од второто коло, загубија од Босна и Херцеговина со конечни 75:86. Најефикасни на мечот беа Ѓорѓевиќ со 21 поени и Цветковски кој постигнати еден помалку поточно 20 поени. Следен предизвик за избраниците на селекторот Мишо Тодоровиќ е селекцијата на Унгарија, средба која ќе се ...
Грузискиот кошаркар Торнике Шенгелија го избрал Дубаи и покрај понудите од Олимпијакос, Фенербахче и Партизан. Барселона исто така ќе заработи 900.000 евра од заминувањето на искусниот кошаркар. Шенгелија сака да го нападне трофејот од Евролигата, а Дубаи го гледа како тим кој би можел да ги исполни неговите цели. На неговиот избор влијаел и фактот дека тренер на клубот од „Емирати“ е Чави Пасквал, со кого имал добра соработка во Барселона. ...
Манчестер Сити ја обезбеди иднината на двајца од своите најперспективни играчи, Жереми Доку и Абдукодир Хусанов, кои ги продолжија договорите со англискиот клуб до јуни 2031 година. Белгискиот напаѓач Доку им се придружи на „граѓаните“ во 2023 година од Рен и е еден од подобрите играчи во Сити. Во меѓувреме, узбекистанскиот дефанзивец Хусанов премина во Сити во јануари 2025 година и го убеди клубот со своите добри игри да му го продолжи ...