Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Македонската банкарска асоцијација информира дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од 09.11.2026 година (понеделник). Активностите се надоврзуваат на претходно најавените регулаторни промени што се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека податоците на Државниот завод за статистика за увозот и извозот за септември годинава покажуваат историски најголема разлика помеѓу нив во корист на извозот, кој расте со стапка од 22- до 3 проценти во евра, а увозот се зголемува со стапка 8-9 во евра и сето тоа, како што нагласи, во услови кога имаме историски најголема енергетска криза. Според него, во овој трет квартал од оваа година за 85-86 милиони ...
Економскиот раст во Македонија се забрзал во текот на 2025 година, додека јавниот долг бележи намалување за 2 процентни поени во споредба со претходната година. Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на земјата ги издвојува градежништвото и информатичко-комуникациските услуги како сектори кои постигнале особено добри резултати, соопшти Министерството за финансии. Според наводите во извештајот, економскиот раст бил поттикнат ...
Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Целта е на корисниците да им се овозможи полесен пристап до нивните пари и непречено користење на банкарските услуги. Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и соопшти на јавноста три нови олеснувања. Мерките се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за ...
Шест потенцијални инвеститори ќе остварат средби и состаноци со претставници на Народната банка околу евентуалната продажба на „Алта банка“ АД Битола. Првичните разговори со две домашни банки веќе се одржани во текот на денешниот ден, соопшти гувернерот Трајко Славески, кој нагласи дека продажбата на банката претставува најсоодветен начин за целосна заштита на имотот и заштедите на граѓаните. „Нормално, има некои што сами се јавуваат, со кои ...
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран бесплатен превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина. Враќањето до местото на живеење ќе биде овозможено ...
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека денеска , сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина. Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти ...
Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на државата нотира добро ниво на подготвеност во реформските процеси што ги презема Царинската управа во Поглавјето 29 – Царинска унија, со цел забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на Европската унија, соопшти Царинската управа. Зголемените приходи, воспоставување на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот, ...
Министерството за образование и наука распиша конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за академската 2026/2027 година. Државната финансиска поддршка овојпат ќе се реализира преку целосно реформиран модел на распределба. Наместо досегашната практика, стипендиите се поделени во три засебни категории: социјална поддршка за ранливите студенти, стипендии за висок академски успех и поддршка за запишаните на студиски програми од стратешко ...
Жителите на Битола земаат директно учество во дефинирањето на приоритетите за општинскиот буџет наменет за 2027 година. На одржаната втора форумска сесија присутните презентираа сопствени иницијативи и планови за проекти што сметаат дека треба да добијат финансирање во претстојниот период. Меѓу главните барања беа посочени уредувањето на Старата чаршија, градежните инвестиции во комуналната мрежа, санацијата на сообраќајниците и чистењето на ...
Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2026 година на Гордана Сиљановска-Давкова. На средбата беше истакнато постигнувањето на конкретни резултати во евроинтеграцискиот процес. Соговорниците се согласија дека се постигнати очигледни конкретни резултати во изминатиот период. Двајцата официјални претставници го поздравија препознавањето на државата ...
Здравствениот дом во Валандово доби ново амбулантно возило, комплетно опремено за итни интервенции. Оваа опрема пристигнува како донација преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција и проектот „Кон прекугранична област, безбедна за срцето – Heart Safe CBA“. Вакви три возила ќе бидат набавени и за општините Струмица, Радовиш и Гевгелија, истакна на примопредавањето ...
Подигнувањето на свеста кај младите за значењето на шумските ресурси, заштитата на природата и животната средина беа главните теми на едукативните работилници во Крива Паланка. Овие активности беа реализирани од страна на извидничкиот одред „Наум Наумовски – Борче“ во рамки на проектот насловен како „Платформа за млади еко-активисти“. Во текот на изминатите два месеца, во кривопаланечките основни училишта и во средното општинско училиште беа ...
Пратеникот Миле Лефков во телевизиско гостување ја коментираше актуелната состојба со Алта банка и случувањата во банкарскиот систем во земјава. Тој истакна дека Народната банка веќе најавила сет конкретни мерки и како независно регулаторно тело активно работи на заштита на интересите на граѓаните, додека лидерот на опозициската СДС повторно се обидува да внесе страв кај јавноста преку најави за наводен домино ефект. „Народната банка ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во гостување во Дневникот на телевизија Алсат истакна дека Извештајот од Европската комисија дава реален приказ на состојбите во Македонија. Тој се осврна на добиените пофалби, но и на забележаните слабости во документот на европските институции. Милошоски изрази задоволство од проценките што Европската комисија ги наведува за работата на парламентот и носењето на законите од реформскиот пакет. ...
Движењето ЗНАМ нема да отстапи од својот став дека правосудниот испит мора да се полага исклучиво на македонски јазик, ниту пак ќе прифати земјава повторно да прави еднострани компромиси во делот на уставните измени. За овие фундаментални прашања нема простор за политички пазарења, нема импровизации и нема отстапување од државните интереси. Во врска со одржувањето на правосудниот испит, партискиот лидер посочи дека станува збор за прашање ...
Државната изборна комисија на својата 28. седница усвои заклучок за објавување на конечноста на резултатите од вториот круг на предвремените локални избори во општина Брвеница. Одлуката е донесена врз основа на официјалниот записник доставен од Општинската изборна комисија на Брвеница, со кој се потврдува победата на кандидатот Аркин Јахији од редовите на Националната алијанса за интеграција. „Во рок од 24 часа од приемот на решението по ...
Повеќе од 1.000 грла крупен добиток неконтролирано талкаат низ територијата на општина Крива Паланка, предизвикувајќи уништување на земјоделските посеви и сериозни штети врз приватниот имот на граѓаните. Локалните власти бараат од Владата итно да донесе одлука за прогласување на 30-дневна кризна состојба на подрачјето. За ова барање и за изнаоѓање трајно решение за долгогодишниот проблем, градоначалникот Сашко Митовски свика официјална ...
Пратеникот Антонио Милошоски во гостување во телевизиски дневник ја коментираше актуелната состојба во македонскиот правосуден систем. Тој го посочи Врховниот суд како клучен актер во процесите и ги отвори прашањата за судските епилози на предметите што предизвикуваат висок јавен интерес во државата. „Не може правосудството да биде оценувано само преку законите што ги носи Собранието. Тука улога има и Владата и Собранието и Јавното ...
Времето в сабота, 7 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди низ целата земја. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 1 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Според најавите, следува период на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
СДС свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус, верувајќи дака на тој начин повторно ќе се факторизираат иако се во политички нокдаун, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија потенцираат дек функционери на СДС, предводени од Венко Филипче, изнесуваат јавни тврдења и обвинувања кои не се проверени и ...
Борбата против корупцијата мора да донесе конкретни резултати, одговорност за високата корупција и ефикасна конфискација на незаконски стекнатиот имот, порача министерот за правда, Јетон Шасивари, од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Будва, каде што учествуваше на панелот посветен на борбата против корупцијата. Како што соопшти Министерството за правда, Шасивари нагласи дека владеењето на правото и ...
Македонија бележи „добар напредок“ во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, а нивото на подготвеност е подигнато на „меѓу умерено и добро ниво на подготвеност“. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција, на која ги претстави клучните наоди од Извештајот на Европската комисија за 2026 година и резултатите во пет области од дигиталната трансформација. Министерот ...
Бројот на исчезнати лица во Непал по обилната поплава во хималајскиот регион се искачи на 826, соопштија локалните власти, со што вкупниот број исчезнати во Непал и Кина надмина 1.300. Непалската полиција го проценува бројот на загинати на 162, со повеќе од 40 повредени лица кои се лекуваат во болници. Кина пријави три жртви и 558 исчезнати лица. Поплавата создаде огромни количини кал и предизвика одрон на карпи низ планинскиот граничен ...
Вашингтон и Пекинг во моментов се пред Брисел во трката за обезбедување критични минерали, неопходни за одбранбената индустрија и зелените технологии, оценува „Фајненшел тајмс“. Европските индустриски претставници предупредуваат дека Унијата ризикува дополнително да заостане зад САД во обезбедувањето на стратешките суровини, додека Западот се обидува да ја намали зависноста од Кина. Во вакви услови, домашните експерти укажуваат дека и ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на официјалното отпочнување на реализацијата на проектот за интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Во рамки на настанот е предвидено и свечено потпишување на Договорот за реализација на интерконективниот гасовод Македонија-Србија. Настанот ќе се одржи во Свечената сала на Владата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на официјалното отпочнување на реализацијата ...
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија во периодот од 26 до 27 август до 07:30 часот, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, четири се активни, три се ставени под контрола, а 24 се изгаснати. Најсериозна е состојбата на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, каде што пожарот се шири од селото Моране кон Вртекица и Рамни Габер, како и по кракот кон Палиград. Огнот зафатил и ...
Долга колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција. Во периодот на 06:30 и 07:30 часот, на снимките од камерите можеше да се забележат голем број возила наредени во повеќе колони кои чекаат за преминување на границата. Зголемената фреквенција се очекува и во попладневните часови поради продолжениот викенд, кога многу граѓани тргнуваат кон грчкото крајбрежје, а дополнителен притисок ...
Од 1 септември на Меѓународниот аеродром Скопје стапува во сила нов режим за користење на зоната „Hug & Fly“ пред терминалната зграда. Возачите и понатаму ќе можат бесплатно да застанат до 10 минути за оставање или преземање патници, но ова право ќе може да се искористи само еднаш во период од 24 часа за исто возило. Пристапот ќе се контролира автоматски преку систем за препознавање на регистарските таблички. На тој начин ќе се ...