Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
МИЛОРАД Додик објави видео на социјалните мрежи кое брзо предизвика бројни реакции. На видеото се гледа како седи на совозачкото седиште во автомобилот и додека го возат, јаде месен нарезок од конзерва користејќи нож. Во исто време, не носи појас. „Кога заради обврски не можеш да стигнеш да доручкуваш дома, месниот нарезок во автомобил е добар“, напиша тој. Када не стигнеш од обавеза да доручкујеш, месни нарезак у ауту добро дође. ...
Четиригодишно дете од Скопје било прегазено од возило на улица во Гостивар по што е пренесено на скопските клиники. – Вчера во 16 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од село Чегране, кој удрил во пешак, четиригодишно дете од Скопје. Во сообраќајната незгода детето се здобило со ...
На социјалните мрежи се појави вознемирувачка видео-снимка од Гостивар на која се гледа масовна тепачка меѓу група млади лица. Според снимката, едно од момчињата паѓа на асфалтот по силен удар во главата и останува неподвижно. Во тие моменти, друго лице му приоѓа и продолжува да го удира со дрвена прачка, која се крши при нападот. На социјалните мрежи се појави вознемирувачка видео-снимка од Гостивар на која се гледа масовна тепачка меѓу ...
Над 17 000 лица ја напуштиле македонската држава за последните 24 часа преку гевгелискиот граничен премин со Грција во последните 24 часа, а околу 16 000 влегле во Македонија низ истата граница, покажуваат последните податоци од Министерството за внатрешни работи. Зголемениот број на возила кои чекаат за излез од државата го блокираа сообраќајот на двата гранични премини во Гевгелија и Дојран, во последните неколку часа, создавајќи ...
Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако, според пријавата, физички нападнала повеќе посетители на локалитетот Куклица, соопшти денеска СВР Куманово. Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19 часот и 30 минути полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) се закани дека ќе покрене судска постапка против Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и нејзиниот претседател Џани Инфантино, во врска со повлечениот план за продажба на удели во натпреварувањата под покровителство на ФИФА на приватни инвеститори. Би-Би-Си Спорт пишува дека покрај силната реакција од Нион, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) исто така се подготвува да ја повлече својата поддршка за ...
Возачите кои патуваат во Грција треба да знаат дека таму не се казнува само пречекорувањето на дозволената брзина, туку и возењето со брзина помала од дозволената, а тоа е 30 километри на час. Според грчките сообраќајни прописи, за ваков прекршок е предвидена парична казна од 30 евра, бидејќи се смета дека пребавното возење може да го попречува нормалното одвивање на сообраќајот. На автопатите и експресните патишта во Грција, покрај ...
Денеска (03.08.2026) во 08:41 часот на автопатот А1, на паркингот Милетково, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Ш.З.(36). При контрола на сообраќајот било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час. Против лицето ќе биде ...
Јапонија и САД заеднички интервенираа на девизниот пазар со купување на јенот за да спречат тој да падне на најниско ниво во последните 40 години, соопшти во понеделник јапонското Министерство за финансии. Властите изјавија дека нема да се двоумат повторно да дејствуваат заедно доколку е потребно, што претставува прва билатерална интервенција на двете земји од 2011 година. Според аналитичарите, координираната акција ја покажува решеноста на ...
Летните горештини ги тераат многу луѓе да скокаат во водата за да се разладат што е можно поскоро. Сепак, експертите предупредуваат дека овој вид реакција може да биде опасен, особено кога телото е изложено на високи температури подолго време. Зошто ненадејното влегување во вода може да биде ризично? Иако надворешните температури се високи, водата во реките и езерата често останува многу поладна. Организмот потоа доживува ненадејна промена ...
За масовниот прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута, мароканското Министерство за внатрешни работи ги обвини дезинформациите што се шират на социјалните мрежи. Властите од Мароко објавија дека 11 лица загинале минатата недела обидувајќи се да преминат во шпанската енклава Сеута. Тие се значително пониски од оние на Шпанија, според кои загинале најмалку 72 лица. Портпаролот на мароканското министерство, Рашид Ел Халфи, изјави дека од ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на фејсбук сподели видео од чистењето на градот во ноќните часови, упатувајќи порака до граѓаните дека само со заедничка одговорност може да се зачува градот чист и уреден. – Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди. Само со заедничка одговорност можеме да го зачуваме чист и уреден. Да го чуваме градот убав, вели Ѓорѓиевски во објавата. Градоначалникот на Скопје, Орце ...
Мајка и две деца се повредени викендов во сообраќајка со четирицикл во тетовско село. – На 01.08.2026 во 13:25 часот, во СВР Тетово од Итната медицинска помош Тетово е пријавено дека четирицикл излетал од патот во атарот на село Бозовце. Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот и утврдиле дека М.А. (43) од с. Шипковица со престој во Германија, управувајќи четирицикл, на кој како сопатници биле нејзините две малолетни ...
Цените на суровата нафта од типот Брент денес паднаа за речиси пет проценти, паѓајќи под 84 долари за барел, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека преговорите со властите во Техеран ќе продолжат, а во исто време се откажува од планираниот воен напад врз Иран. Според податоците во 9:30 часот наутро, суровата нафта од типот Брент падна за 4,99 проценти и се тргуваше по 83,725 долари за барел, додека американската сурова ...
Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), по налог на министерот Сашо Клековски, спроведува вонреден инспекциски надзор во Општата болница Струмица, Клиничката болница Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, каде што била лекувана 19-годишната пациентка. Од Министерството информираат дека во наредните денови ќе биде прибрана целокупната медицинска документација од трите ...
Епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информираат денеска од Министерството за здравсто. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани ...
Реките во Европа, клучни патишта за тешката индустрија, пресушуваат додека низа топлотни бранови го зафаќаат континентот. Реките Рајна и Дунав се приближуваат до рекордно ниски нивоа, што го отежнува транспортот на хемикалии, нафтени производи и други стоки и ги зголемува трошоците за транспорт. Високите температури го ограничуваат и производството на електрична енергија во нуклеарните централи од Франција до Унгарија, дополнително ги ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, нема кредибилитет да зборува за јавното здравје, тврдејќи дека во периодот кога бил министер за здравство постоеле анализи кои укажувале на неисправност на водата за пиење во Гостивар. Од партијата наведуваат дека микробиолошки анализи од ноември 2020 година, како и од февруари и март 2021 година, покажале дека водата не ги исполнувала законските критериуми за безбедност. Според ...
Во текот на изминатото деноноќие низ државата биле регистрирани вкупно 30 пожари на отворен простор, а според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во моментов нема активни пожари. Од ЦУК информираат дека 29 пожари се целосно изгаснати, додека еден пожар е ставен под контрола. Станува збор за пожарот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. „Во ...
Не постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води тајни разговори за судбината на државата, реагираат од СДСМ по интервјуто на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во кое тој вели дека се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија. Како може иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани? Муцунски вели дека за разлика од претходната влада „тие не се ...
Дали знаевте дека денеска е меѓународниот ден на лубеницата. Бидејќи содржи околу 92 проценти вода, е совршена за хидрирање и разладување во текот на жешките летни денови. На овој ден, многу земји организираат саеми, натпревари во брзо јадење, украсување и сечење лубеници, како и разни креативни работилници за деца. Сепак, консумирањето лубеница може да предизвика ненадејни скокови на шеќерот во крвта, па затоа е најдобро да се комбинира со ...
Поранешниот српски кошаркарски репрезентативец Милан Гуровиќ стана херој на денот, откако спаси човек од запален автомобил во близина на центарот на Белград. Според српските медиуми, Гуровиќ се враќал дома кога автомобилот што се движел пред него ненадејно изгубил контрола и застанал покрај патот, само неколку метри пред неговото возило. Само неколку секунди подоцна избувнал пожар, а поранешниот кошаркар без двоумење притрчал и успеал да го ...
Околу 10 милиони жители на Куба се во мрак, откако националната електроенергетска мрежа доживеа колапс доцна синоќа. Компанијата „Union Electrica de Cuba“ не изнесе дополнителни детали во своите објави на социјалните мрежи. До најновиот прекин во снабдувањето дојде по три прекини на струја на ниво на целата земја во текот на јули во момент кога е во сила американската блокада за увоз на нафта и блокадата на застарената енергетска ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе почнат нови преговори со Иран, откако, како што рече, ги откажал планираните масовни напади врз земјата, пренесува Би-Би-Си. „Знаеа колкав ќе биде нападот бидејќи видоа дека се подготвува. Зборуваме со нив во форма на преговори“, им изјави Трамп на новинарите во претседателскиот авион. Тој на социјалната мрежа „Тру соушал“ објави дека Иран и американските сојузници на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до ...
Кога снопови банкноти во евра почнаа да испливуваат на брегот кај Казуца на сицилијанскиот брег, капачите беа, најблаго кажано, изненадени. Луѓето собираа колку што можеа повеќе, но нивниот ентузијазам набрзо беше прекинат од полицијата, која ги заплени парите – повеќе од 700.000 евра во банкноти – за да го провери нивното потекло. Полицијата го заплени и глисерот од кој наводно биле фрлени парите во морето и го предаде на форензичари за ...
Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени рано утринава го погоди североисточниот дел на Египет, соопшти турската Управа за катастрофи и вонредни состојби (AFAD). Потресот бил регистриран околу 3 часот по локално време во покраината Исмаилија, на длабочина од 5,47 километри. Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во повеќе градови, вклучително и во Каиро. Египетската Црвена полумесечина соопшти дека засега нема информации ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира нашиот европски пат, потврдувајќи дека се водат разговори „под радарот“, но не откривајќи повеќе детали. -Разликата помеѓу оваа Влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура и затоа јас и ги, ние често ...
Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала вечерва бил почувствуван во Скопје и околината. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, земјотресот бил регистриран во 21:54 часот, а неговиот епицентар бил во скопското подрачје. Потресот бил почувствуван со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, пак, наведува дека ...
Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на Македонија, долгогодишен претседател на Сојузот на борците и последен жив партизански учесник во Народноослободителната борба. Веста за неговата смрт ја потврдило семејството. Како највозрасен пратеник во тогашниот состав, Стојановски претседавал со конститутивната седница на првото повеќепартиско Собрание на 8 јануари 1991 година. ...