Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, истакнувајќи дека овој датум претставува најсветиот ден во македонската историја и симбол на борбата за слобода, државност и републиканските вредности. Таа порача дека современите генерации имаат обврска да го продолжат илинденскиот завет преку изградба на правна, демократска и европска држава. „Драги сограѓани, За мене, 2 Август, Илинден, е ...

Сончево и топло време ќе преовладува денеска во државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, слично време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени. Топлото време ќе продолжи и до крајот на следната недела кога дневните температури се ...

Британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, упати честитка по повод 2 Август – Илинден, најавувајќи дека делегации од Британската амбасада и Британската армија ќе учествуваат на државните чествувања во Скопје и Пелинце. Во објава на социјалните мрежи, Лосон истакна дека присуството на британските претставници е по покана на Владата и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. „Честит Илинден – Денот на Републиката! По повод националниот ...

Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, на Инстаграм објави видео со панорамски поглед на Скопје и порача: „Скопје, Македонија, е убав град“. Од Владата потврдија дека Гренел на 29 јули престојувал во приватна посета на Скопје, при што остварил приватна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. „Амбасадорот Гренел ...

Утре, 2 август, Македонија ќе го одбележи Илинден – Денот на Републиката, еден од најзначајните државни празници, со кој се чествуваат два клучни историски настани: Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија (АСНОМ) во 1944 година. Илинденското востание, кое започна на 2 август 1903 година, останува симбол на борбата за слобода и самостојност, а Крушевската ...

Од граѓани на 50 земји при аплицирање за американска туристичка или деловна виза ќе може да се бара финансиска гаранција до 20.000 долари. Новото правило се однесува на визите Б1 и Б2, а стапува во сила на 3 август. Конзуларните службеници ќе одлучуваат дали кандидатот треба да уплати депозит како услов за добивање виза. Според американските власти, мерката треба да го намали бројот на странци кои остануваат во земјата и по истекот на ...

Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денот е извршен е пробен лет, при што е утврдено дека авионот е функционален. „Ер тракторот“ се враќа во употреба во борба против пожарите, нагласија од ДЗС. Сервисот на третиот „ер трактор“, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави денеска Дирекцијата за ...

Шпанските власти денеска почнаа да монтираат 500-метарска пливачка препрека на морската граница меѓу Сеута и Мароко, откако при масовното преминување на мигранти во изминатите денови загинаа најмалку 67 лица. Во меѓувреме, Шпанија соопшти дека во текот на изминатата ноќ не биле регистрирани нови случаи на илегално влегување во ексклавата. Според податоците на шпанските власти, од четвртокот досега околу 50.000 луѓе влегле во Сеута по копнен ...

Видео на кое се гледаат млади лица качени врз автомобил, додека во позадина се слуша гласна музика, а едно лице пука во воздух со огнено оружје, се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции кај граѓаните. Дел од јавноста побара надлежните институции да го истражат случајот, предупредувајќи дека ваквото однесување претставува сериозна опасност доколку навистина се случило во урбана средина. Снимката првично ја објави активистот ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилизирана и останува под постојан надзор, соопшти Министерството за здравство. На 31 јули биле евидентирани 60 први прегледи, значително помалку од 18 јули, кога во еден ден биле регистрирани 649 прегледи. Иако има мали дневни разлики, податоците покажуваат постојан пад на бројот на заболени. Во периодот од 14 до 31 јули биле извршени вкупно 4.543 први прегледи. До здравствените служби досега ...

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка, собраниската делегација, предводена од потпретседателот Милошоски, се упати кон Гумење, каде што положи свежо цвеќе и им оддаде почит на истакнатите борци и дејци од ...

Шест лица се приведени, а уште едно е повикано на службен разговор по полициската акција во гостиварското село Добридол, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое млади лица пукаат со оружје за време на семејна веселба. При претресите на повеќе локации биле пронајдени и одземени пиштоли, ловна пушка, муниција и испукани чаури, соопшти МВР. Во 18 часот полицијата извршила претрес кај И.С. (21) од Добридол, а пет минути подоцна и кај ...

И покрај повеќенеделните напори, епидемијата на ебола во Централна Африка не само што не е под контрола, туку и се влошува во Демократска Република Конго, при што се зголемува ризикот од нејзино ширење во соседните земји, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Оваа епидемија е најголемата со која земјата се соочила досега, наведува здравствената агенција на ОН. „Потребно е значително да се зголемат активностите за одговор ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови воени напади врз Иран и порача дека американската операција ќе продолжи сè додека Техеран не прифати, како што рече, сериозни преговори. Во исто време, Си-Би-Ес њуз, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека САД и Израел разгледуваат силни напади врз иранската енергетска инфраструктура, кои би можеле да почнат уште викендов. За време на состанок со членовите на неговата ...

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Свеченоста е закажана за 9 часот, а во рамките на програмата Мицкоски ќе се обрати пред присутните. Во Пелинце традиционално се одбележува Илинден, еден од најзначајните државни празници, со кој се оддава почит на борбата за слобода и државност на Македонија. Поради присуството на ...

Педесетгодишен жител на село во близина на Македонски Брод добил 30-дневен притвор поради сомнение дека во повеќе наврати извршил полови дејствија врз 20-годишна девојка со здравствени проблеми од истото село. Осомничениот М.В. бил лишен од слобода на 31 јули од полициски службеници на ОВР Македонски Брод. Надлежните институции ја продолжуваат постапката за целосно расчистување на случајот. Педесетгодишен жител на село во близина на ...

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ попладнево упати апел до дебарчани да ја користат водата одговорно и исклучиво за неопходни потреби. – Свесни сме дека во изминатите денови и недели голем број жители во неколку населби од градот се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Целосно го разбираме незадоволството и тешкотиите што оваа состојба ги предизвикува, но сите заедно треба да помогнеме во оваа ситуација. Од први јули воведовме ...

Процесот за нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар е при крај, а премиерот Христијан Мицкоски очекува граѓаните многу скоро да добијат вода безбедна за пиење и готвење. Во моментов се врши хиперхлорирање од експерти на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, додека секојдневно се земаат мостри и се прават анализи. – Веќе можам да кажам дека одиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во Гостивар граѓаните ќе можат да ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека натамошното опаѓање на водостојот на Дунав може да предизвика сериозни проблеми во Србија, особено во Војводина и Банат, каде што недостигот од врнежи веќе остава последици. Тој најави и „десет дена пекол“ со температури над 38 степени и зголемена потрошувачка на електрична енергија. „Ако падне за уште 30 сантиметри, готово е. Во земјите што имаат нуклеарни централи што зависат од нивото ...

Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациска мрежа на улицата „Фаик Коница“, поранешна „Дижонска 15“, во Општина Чаир. Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. На увидот по завршувањето на работите присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет ...

Министерството за здравство ќе испитува дали имало лекарска грешка во лекувањето на 19-годишната Станка Михајлова, која според нејзиното семејство останала неподвижна по породување со царски рез во Клиничката болница во Штип кон крајот на јуни. Нареден е вонреден инспекциски надзор, а по добивањето на наодот и медицинската документација ќе биде инициран и стручен надзор над постапувањето на здравствените работници и установите вклучени во ...

Ноќва во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во Тетово го лишија од слобода Е.У. (22), кој бил пријавен од неговата 25-годишна сопруга од Тетово. Таа, во присуство на социјален работник, пријавила дека нејзиниот сопруг Е.У., со кого не живеат заедно, околу 21:00 часот дошол во нејзиниот стан, упатувал навреди и без нејзина согласност го зел нивното тримесечно бебе. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на ...

Албанија ќе користи интелигентни дронови од домашно производство за заштита на воздушниот простор за време на самитот на НАТО, кој следната година ќе се одржи во Тирана. Премиерот Еди Рама најави и дека земјата наскоро ќе добие нов напреден систем за воздушна одбрана. Рама соопшти дека Владата веќе нарачала современ систем за воздушна одбрана, чија испорака се очекува во скоро време, со цел дополнително да се засилат безбедносните капацитети ...

Полицијата во Ниш уапси маж под сомнение дека планирал спектакуларно бегство на осуденици од Казнено-поправниот дом, пишуваат српските медиуми. Според информациите, осомничениот имал намера со дрон да вметне пиштол со муниција во затворот. Планот бил осуденик од Нови Пазар, кој издржува затворска казна во Ниш, да го преземе оружјето. Откако би го добил пиштолот, затвореникот требало да го употреби за да го совлада и киднапира затворскиот ...

Вчера во угостителски објект во Струмица, 37-годишен маж со остар предмет ја нападнал својата поранешна сопруга и ѝ нанел тешки телесни повреди, по што избегал, но набргу сам се пријавил во полициската станица. Против него е поднесена кривична пријава за „убиство во обид, во врска со семејно насилство“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од СВР Струмица во Полициската станица Струмица извршиле службен ...

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, беше повредена во сообраќајна несреќа во тунелот Кастелец на автопатот Копер-Љубљана. Се здоби со полесни повреди, а по добивањето на лекарска помош во Општата болница во Изола, претседателката се чувствува добро. Несреќата се случила во 16:57 часот во тунелот Кастелец, на автопатот Приморје во правец кон Љубљана. Во судирот учествувале две полициски возила кои ја придружувале ...

НБРМ и Евростат потврдија: Македонија е меѓу земјите со најнизок БДП по жител во Европа, стои во соопштението на СДСМ од денеска. Само 43 % од просекот на ЕУ. Во регионот – речиси на дното. Ова не е статистика. Ова е реалноста што граѓаните ја чувствуваат секој ден: празни фрижидери, ниски плати, млади што заминуваат, држава што тоне во изолација. Додека Мицкоски раскажуваше бајки дека сме „трета економија во Европа“, па потоа дека сме веќе ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака дека по силното невреме што пред некокку дена го зафати главниот град, Градскиот парк повторно го враќа својот сјај. Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција и посветената работа на екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, првиот дел од ...

Обвинетиот Борче Марковски се врати во Битола, тврди за „Независен“ неговиот правен застапник, прилепскиот адвокат Марјан Николоски. Николоски лично се јави во „Независен“ да каже дека она што го изјави претходно, дека неговиот клиент ќе се врати, се оствари. „Борче Марковски се во врати во Македонија, тој е во Битола покрај семејството, Ги заврши работите во Србија за кои што и го баравме пасошот. Сметам дека согласноста од ОЈО Струга и ...

Триесет и осумгодишна државјанка на Шведска е тешко повредена по инцидент при слетување со параглајдер во Охрид. Повредената веднаш била пренесена во болницата „Св. Еразмо“, каде ѝ била укажана медицинска помош. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера во 17:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во болницата „Св. Еразмо“ е донесена А.Г.Б. (38) од Шведска, кај која биле констатирани тешки телесни повреди. Според ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
4.01
19%
1010
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
6.82
39%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.93
25%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.21
27%
1012
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
5.95
25%
1010
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
0.89
31%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.47
35%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.02
28%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.11
30%
1011
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 34ᴼ
4.92
29%
1012
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 37ᴼ
2.68
21%
1011
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
5.88
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Паладиум

43499.96

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Бакар

13.51

Калај

56.46

Родиум

274085.11