Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Повеќе од четвртина од населението во Европската Унија постаро од 16 години, односно 27,5 проценти, во 2025 година не можело да си дозволи најмалку една недела годишен одмор надвор од домот, покажуваат податоците на Евростат. Уделот на граѓаните без финансиска можност за седумдневен одмор е зголемен за 0,5 процентни поени во споредба со 2024 година. Сепак, во однос на 2015 година е намален за 7,7 процентни поени. Најтешка е состојбата во ...
Средствата во ставката за реализирање на капитални проекти се повисоки за 14,5%, а понатаму се зголемуваат средствата и за социјални трансфери и за оние обврски кои што државата ги има кон граѓаните, и за повисоки плати и за повисоки пензии, нешто што сметам дека е суштина на вака поставен буџетски документ“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во Дневникот на МРТ1. Пратеникот Стојаноски ...
Владата прогласи кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемениот ризик од пожари на отворено и шумски пожари. Одлуката стапува во сила утре и ќе важи 30 дена, а Главниот штаб при Центарот за управување со кризи ќе биде во постојано заседавање. Во рок од 24 часа штабот треба да подготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси и план за ...
Италијанската влада привремено го суспендира режимот на слободно движење во рамките на Шенген за воздушните и поморските врски со Шпанија и повторно воведе гранични контроли. Мерката е донесена по масовното пристигнување мигранти во шпанската енклава Сеута, а Италија дополнително ќе ги зајакне и контролите на копнената граница со Франција. „Ова е вонредна мерка, донесена со цел да се заштити националната безбедност и да се спречат можните ...
Двајца полицајци од Струга се суспендирани и против нив е поведена постапка поради сомнение дека во полициска станица употребиле прекумерна физичка сила врз уапено лице кое имало лисици на рацете, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за Т.М., полицаец во Полициската станица Струга, и И.Ш., главен полицаец за вршење увид на сообраќајни незгоди во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Струга. Според МВР, на 14 ...
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јуни се намалила на 4,67 проценти, што е за 0,36 процентни поени помалку во споредба со истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. На месечно ниво каматата на сите кредити се намалила за 0,02 процентни поени. Ист пад е забележан и кај новоодобрените кредити, кај кои просечната каматна стапка изнесувала 4,38 проценти. Кај депозитите, просечната каматна ...
Продолжениот празничен викенд голем број граѓани одлучија да го поминат во Охрид, но и во земјите од соседството. Зголемена фреквенција на возила се забележува на патиштата низ Македонија. Поголем број возила на граничните премини „Богородица“, „Табановце“, „Блаце“ , но и на наплатните рампи кон Охрид, особено на патарината кај Гостивар. Продолжениот празничен викенд голем број граѓани одлучија да го поминат во Охрид, но и во земјите од ...
Триесет и седумгодишен велешанец вчера во 12:30 часот во СВР Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга Н.Т. од Скопје постојано го следела, воспоставувала несакана комуникација со него и преземала дејствија со кои го вознемирувала. За случајот бил известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за негово расчистување. Триесет и седумгодишен велешанец вчера во 12:30 часот во СВР Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга Н.Т. ...
СВР Струмица доставило известување до надлежното јавно обвинителство против 17-годишен малолетник од Радовиш, поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, на 30 јуни 2026 година, во струмичкиот регион, осомничениот извршил полови дејствија врз 13-годишно девојче. За случајот е известено надлежното обвинителство, кое ќе ја води ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварив тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој е во официјална посета на Македонија. -Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, ...
Летниот период носи зголемен ризик од заболувања поврзани со високите температури, инфекции кои се пренесуваат преку инсекти, како и повреди и здравствени ризици поврзани со активности на вода. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) препорачува навремена подготовка и почитување на следните мерки за заштита на здравјето при патување. Пред да заминете: Информирајте се за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Охрид, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, бил домаќин на српскиот премиер Ѓуро Мацут и на висока делегација од Владата на Србија. Николоски посочи дека пријателството меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, а соработката меѓу двете држави во сите сектори ја оцени како исклучително добра. „Заедно работиме на повеќе проекти кои ќе ја зајакнат економијата, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик, на која учествуваат деца на македонски иселеници од повеќе држави во светот. Школата ќе трае од 31 јули до 6 август и има цел младите генерации од дијаспората подобро да го научат македонскиот јазик и да се запознаат со културата, историјата и традицијата на Македонија. Преку програмата, учесниците треба дополнително да ја зацврстат ...
Законот за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ е повлечен од Собранието на инсистирање на премиерот Христијан Мицкоски и ќе биде ставен на јавна расправа. Тој рече дека одлуката е донесена за да не остане никаков сомнеж во транспарентноста на процесот, иако тоа ќе предизвика дополнително доцнење во подготовките. Мицкоски посочи дека проектот бил започнат пред десет години, но дека досега не биле преземени потребните активности. ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги оцени како неприфатливи сцените од Сеута, каде што во последните 24 часа околу 49.000 мигранти од Мароко влегле по копно и море во шпанската енклава. Според шпанските медиуми, до денеска напладне околу 25.000 од нив веќе се вратиле во Мароко, додека најмалку 34 лица загинале обидувајќи се да стигнат до Сеута. „Не можеме да дозволиме никому да дојде во нашата Унија без да ги ...
Дирекцијата за заштита и спасување денеска ги претстави специјалните противпожарни возила направени со пренамена на воени транспортери, кои можат да се движат по тежок и стрмен терен, да совладуваат пречки и брзо да интервенираат при пожари и други вонредни ситуации. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, истовремено ги повика граѓаните на максимална претпазливост поради најавениот топлотен бран и многу високиот ризик од избувнување пожари. На ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави истрага за постапката во која на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски му беше вратен пасошот и обвини дека јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола извршил „груба манипулација“. Тој не го откри името на обвинителот, ниту наведе која институција ќе ја спроведе најавената истрага. „Тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во ...
Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка. Особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија – апарат набавен пред околу 55 години, уште од ...
Нов стан од 50 квадратни метри во скопски Центар е продаден за 168.000 евра, односно по 3.360 евра за квадрат, што е највисоката регистрирана цена за стан од инвеститор во вториот квартал од годинава. Кај старите станови, највисоката цена е постигната во Охрид, каде за стан од 66 квадратни метри биле платени 211.200 евра, односно 3.200 евра за квадрат. Од 1 април до 30 јуни во Регистарот на цени и закупнини биле евидентирани 8.369 ...
Белата отпадна пена забележана на 24 јули во Вардар, кај вливот на Лепенец, не предизвикала надминување на граничните вредности за испуштање во површински води, покажал прелиминарниот извештај од анализата на земените мостри. Конечните резултати од дополнителното лабораториско испитување се очекуваат на 4 август. Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека, по регистрирањето на белата пена, во координација со надлежните институции ...
По посетата на клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, каде изврши увид на реконструираните одделенија и на набавената нова медицинска опрема, премиерот Христијан Мицкоски беше прашан и дали летово ќе одмара и каде ќе го искористи годишниот одмор. Тој откри дека нема да има класичен одмор. Тоа ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам недела дена во Белгија, четири дена во Бриж, четири дена во Брисел, откри Мицкоски. ...
Заштитата од комарци е повеќе од потреба во услови кога се зголемува бројот на заболени од Западнонилска треска. Во Македонија во моментов се потврдени 13 случаи, десет пациенти се хоспитализирани, а тројца се во критична состојба. Вирусот на Западен Нил најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец од родот Culex. Комарците се инфицираат кога се хранат со крв од заразени птици, а потоа вирусот може да го пренесат на луѓето и ...
Стареењето на населението и притисокот врз пензиските фондови ги принудуваат европските земји да ја зголемуваат возраста за пензионирање, а најголемите промени се очекуваат во следните четири децении. Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за ...
Во рамки на редовната комуникација со сите инвеститори во ТИРЗ, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Шахтерм, каде беше извршен увид во текот на градежните активности кои започнаа во мај минатата година, а веќе до крајот на оваа година се очекува почеток со производство. За време на посетата, директорот Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, при што заеднички беше разгледана динамиката на реализација на проектот, ...
Заклучно со 30 јули, во земјава се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство. Од нив, 10 пациенти се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје – Скопје да ...
Франција најави засилени контроли на границата со Шпанија поради ескалацијата на мигрантската криза во шпанската енклава Сеута, каде во изминатите неколку дена пристигнаа околу 50.000 мигранти од Мароко. Одлуката следува во период кога повеќе европски земји бараат построги мерки за заштита на надворешните граници на Шенген-зоната. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез соопшти дека веднаш наредил засилување на контролите кон ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја повика Шпанија брзо да ја врати контролата врз ситуацијата во Сеута откако десетици илјади мигранти влегоа на шпанска територија од Мароко, јави ДПА. „Заштитата на надворешните граници на Европската Унија е клучна во борбата против нелегалната миграција“, рече германскиот конзервативен канцелар. Тој, исто така, го повика Мароко „веднаш да ги прими назад нелегалните мигранти“, пренесе германската ...
Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1-процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како процент од БДП, јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состојбата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6-процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 година намалување за 0,6-процентни ...
Сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на буџетот ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лично го следи случајот со враќањето на пасошот на бизнисменот Борче Марковски, оценувајќи дека во постапката има „груба манипулација“. Тој посочи дека очекува да биде отворена истрага и најави дека нема да дозволи случајот да заврши без одговорност. При денешната посета на Клиничката болница во Битола, Мицкоски рече дека, според неговите информации, во процесот е вмешан „еден локален јавен обвинител ...