Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. Доколку институцијата доцни, доцни и компанијата. Со новите електронски услуги ги поедноставуваме и забрзуваме постапките и создаваме подобри услови за компаниите што произведуваат, извезуваат и ја движат македонската економија“, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан ...
Судскиот совет на денешната седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста претседател на Апелацискиот суд Скопје откако досегашната претседателка Мери Дика вчера беше избрана за судијка на Уставниот суд. За в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје беа предложени Тања Милева и Зоран Герасимовски, а Советот одлучи функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога господинот Филипче беше министер за здравство и посочи: Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центар за ...
Под влијание на топол бран, до крајот на следната седмица во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време. Ќе има постепен пораст на дневните температури. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, особено високи температури се очекуваат од среда, кога во одделни делови од државата максималната дневна температура ќе надмине 40 Целзиусови степени. Под влијание на топол бран, до крајот на следната седмица во земјава ќе ...
Бројот на загинати, во земјотресот што го погоди јапонскиот остров Кјушу, се искачи на 30, соопшти владата на Јапонија. Земјотресот со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала што пред два дена ја погоди јужна Јапонија, разурна голем број домови, оштети мостови и предизвика пожари. Околу 22.500 домаќинства и други објекти и понатаму се без електрична енергија, додека вчера 84.000 домаќинства имаа прекини во водоснабдувањето. ...
Во акциска контрола спроведена ноќеска во два угостителски објекти на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 15 странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој, а лишени од слобода се и две лица. Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата била реализирана денеска, во периодот од 2:00 до 4:00 часот, од полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар. Во угостителски објект во селото Чегране бил ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против двајца сопственици и управители на фирма и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување, со кое, според наводите, буџетот е оштетен за повеќе од 12,6 милиони денари. Според соопштението од Финансиската полиција, првопријавениот Н.О., државјанин на Република Турција и реален сопственик и управител на пријавеното правно ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година, којшто беше усвоен во Собранието во понеделникот, е добро решение и еден од ретките ребаланси на Буџетот низ годините во којшто има зголемување на ставката на капитални расходи. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ. „Овој ребаланс е едно добро решение, имајќи ја предвид, целокупната состојба во економијата, не само во Македонија, туку ...
Се следат анализите на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар и ќе продолжат во текот на викендот. Неблагодарно е да се предвидува кога граѓаните на Гостивар ќе може да ја користат водата за пиење, истакна денеска во Штип министерот за здравство, Сашо Клековски. -Се следат пробите, тие ќе продолжат и во текот на викендот. Значи, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби. Во моментот, штом три едно по друго проби ќе бидат ...
Грција е завиена во црно откако тројца пожарникари загинаа за време на интервенциите за гаснење на големите шумски пожари што беснеат на островот Крит и на полуостровот Пелопонез. Трагедијата се случила додека спасувачките екипи со денови водат тешка битка со пламените јазици, поттикнати од високите температури и силниот ветер. Според грчките медиуми, двајца од пожарникарите загинале на Крит, додека третиот го загубил животот при ...
На 29.07.2026 во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри ...
Глобалната трка за критични минерали дополнително се засили по геополитичките кризи и трговските неизвесности, покажува најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергетика. Во документот се нагласува дека сигурниот пристап до минерални суровини станува еден од клучните предуслови за економски раст, индустриски развој и енергетска транзиција. И покрај тоа што Македонија располага со потврден потенцијал за бакар во Иловица и планира ...
Соединетите Американски Држави и Франција ѝ обезбедиле на Украина разузнавачки податоци кои ѝ овозможија да ја мапира руската противвоздушна одбрана и да ги идентификува рутите што им овозможуваат на дроновите со долг дострел да ги заобиколат и да стигнат до своите цели, пренесе денеска британскиот весник „Фајненшел тајмс“ повикувајќи се на украински извори. Американските и француските разузнавачки служби исто така помогнале во усовршувањето ...
Портокалова и црвена фаза на опасност од пожари е прогласена за крајот на оваа недела на целата територија на Словенија. Црвена фаза, што означува многу висока опасност од пожари, е прогласена во подрачјата на Копер, Сежана, Дивача, Хрпелје-Козина, Комен, Нова Горица, Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско. Во останатиот дел од земјата е прогласена портокалова фаза, што укажува на висока опасност од пожари. Во цела Словенија е забрането палење ...
Во Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор. Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите. Во ...
Профилот „Цандо Големиот“ на мрежата Икс, поранешен Твитер, е згаснат по бурните реакции во јавноста за контроверзната објава со која му посака смрт на македонскиот блогер и водител Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит. Профилот, кој е близок на врвот на СДСМ, според претходно објавените фотографии, во навредливата објава се ситеше на смртта на бардовите на македонското глумиште Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски, а таква судбина му посака ...
Опозициската СДСМ денеска обвини дека проблемот со загадената вода за пиење се проширува во повеќе делови од државата и побара институциите да обезбедат целосна транспарентност за квалитетот на водата и да утврдат одговорност за случаите што ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Од партијата посочија дека, покрај случаите во Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово и Маврово, сега има информации и за неисправна ...
Светата великомаченица Марина е родена во Антиохија и е ќеркана жрец-идолопоклоник. На 15 (според други на 16-годишна возраст) по свирепо мачење ѝ била отсечена главата, околу 270 година. Тогаш се убиени и 15.000 луѓе што поверувале во Исус Христос и ја прифатиле неговата вера кога на небото виделе знак додека била мачена светата великомаченица Марина. За спомен на нејзините страдања Светата православна црква нејзиниот ден го празнува на ...
Настанот се одржа во духот на маалската дружба, проследен со музика и спомени за еден од најсаканите македонски музичари. Голем број блиски луѓе се собраа за заедно да се потсетат на моментите што ги споделуваа со Панчо. Од издавачката куќа „Шур шотц“, чиј коосновач беше Панчо, споделија фотографии од откривањето на муралот и изразија надеж дека ваквото собирање ќе стане традиција. „Денес, на денот на роденденот на Панчо, за првпат се ...
Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека завршил нов, моќен бран воздушни напади врз воени цели во Иран. Акцијата е одговор на иранскиот ракетен напад врз американските сили на Блискиот Исток еден ден претходно. Според CENTCOM, американските сили погодиле десетици цели на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (IRGC) преку ноќ. „Беа погодени воени командни центри, објекти за производство на ракети и беспилотни летала, ...
На ГП „Богородица“, поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата се чека околу 20 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Македонски туристи предупредуваат на серија кражби во Грција, откако останале без пет пасоши и други патни документи, кои им биле украдени од автомобил додека биле на плажа и на ручек. Според нивното сведоштво, по враќањето од Сивири застанале на паркингот кај „Sahara Beach Club“, каде планирале да ручаат. Кога се вратиле до возилото, забележале дека автомобилот бил провален, а исчезнала мала чанта во која ги чувале документите. Во кражбата ...
Екстремно ниските нивоа на водата на Дунав и Рајна предизвикуваат сериозни проблеми во речниот сообраќај низ централна Европа. Високите температури и недостигот од врнежи значително ја отежнаа пловидбата на двете најважни европски реки за товарен и туристички транспорт, објави Euractiv. Дунав, меѓународната река што претставува една од клучните транспортни артерии на континентот, достигна рекордно ниски водостои како последица на топлотниот ...
Белград се подготвува за UFC Fight Night, кој ќе се одржи во сабота, а во пресрет на настанот српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го прими првиот човек на UFC, Дана Вајт. На средбата двајцата разговараа за претстојниот боречки спектакл, а Вајт доби и традиционален српски подарок. На приемот присуствуваа и министрите Зоран Гајиќ и Дарко Глишиќ, претседателот на Српската ММА федерација Лука Николиќ, како и други гости. Вучиќ му ...
Дванаесетгодишно момче од Србија е спасено откако било извлечено во бессознание од морето во близина на Ханиоти на Халкидики. Благодарение на брзата интервенција на спасувачите, детето било реанимирано, по што било префрлено во болница, каде што неговата состојба е стабилизирана. Според „Прототема“, спасувачите веднаш му укажале прва помош на момчето и извршиле реанимација веднаш по извлекувањето од морето. По интервенцијата, со возило на ...
Жена се бори за живот со тешки изгореници, откако, според бугарското обвинителство, нејзиниот сопруг по семејна расправија ја полил со бензин и ја запалил. Против 48-годишниот маж е покренато обвинение за обид за убиство извршен на особено свиреп начин, а обвинителството најави дека ќе бара да му биде определен притвор додека трае истрагата. Инцидентот се случил во селото Медовец, каде што по настанот семејната куќа е обезбедена и ставена ...
Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт метеоаларм за високи температури за целата територија на Македонија во наредните денови. Според најавите, топлотниот бран ќе трае околу десет дена, а температурите во делови од земјата ќе се искачуваат до 41 Целзиусов степен. Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени во ...
Од владејачката коалиција „Вреди“ соопштија дека фејсбук-страницата „Vlen.mk“, која објави дека додавањето на албанскиот назив на официјалната страница на Министерството за правда е прво достигнување на новиот министер Јетон Шасивари, е лажна и не ги застапува нивните ставови. На страницата вчера беше поздравена промената на името на официјалната фејсбук-страница на Министерството, која сега гласи „Министерство за правда Ministria e ...
Во земјава се регистрирани три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број заболени годинава достигна осум. Двајца од новозаразените се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, а еден е хоспитализиран на Клиниката за неврологија. Дел од пациентите не патувале надвор од државата и живеат во Скопско Поле, што укажува на локално пренесување на вирусот преку комарци. Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека за ...
Опасностите на работното место најчесто се поврзуваат со физички тешки професии како рударството или градежништвото, но лекарите предупредуваат дека и работните места кои изгледаат безопасно можат сериозно да влијаат врз здравјето. Матичниот лекар д-р Амир Кан вели дека во својата ординација сè почесто се соочува со пациенти кај кои се појавуваат здравствени проблеми поврзани со продолжено седење, долготрајно возење, работа во смени и ...