Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски очекува в понеделник да има надолна корекција на цените на дизелот и на бензините во државата и дополнително стабилизирање на инфлацијата. Порача дека Владата останува на политиката за поддршка на стандардот на граѓаните и зачувување на ценовната стабилност. – Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за „Брентот“ се движеа 83-84 долари за барел, денеска повторно имаме нагорно придвижување, од ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар, изјави: „Видете, тоа го поставува прашање или обвинувањата ги адресира човекот на којшто живи луѓе му гореа во модуларната болница во Тетово. Човекот којшто ќе остане забележан како рекордер по бројот на починати за време на ...
Додека Венко Филипче бил министер за здравство се криело дека водата е неисправна, обелодени денеска Никола Мицевски, член на ИК и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја постапката скандалозна. – Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните. Скоро 400 испитувања на водата во период кога Венко Филипче е министер за здравство и СДС е власт, покажале дека граѓаните пијат неисправна вода и ...
Посветени сме на реформите, ќе направиме се што зависи од нас, а останува на Европската комисија да суди дали реално заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака, бидејќи велат оти тоа е процес што се темели на заслуга – колку испорачуваш, толку добиваш – порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за денешниот онлајн работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска ...
Се смирува епидемијата во Гостивар. Регистрирани се 71 нов случај што е на ниво на фреквенција на инциденца пред 25 јуни, кога биле регистрирани помеѓу 50 и 100 случаи, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Тој додаде дека е подобрен квалитетот на водата во градскиот водовод и дека има подобро хлорирање. Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемија мора да има само кога врз ...
Со два милиони евра грант од Европската Унија се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани, најавија денеска од Царинската управа на Република Македонија. Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со што се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од ...
На предлог на министерот за здравство, Сашо Клековски, Владата донесе одлука со која се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на годинава. „Оваа одлука претставува силна инвестиција во младите лекари и конкретен чекор кон зајакнување на македонското јавно здравство. Со неа се создаваат услови младите специјализанти своето знаење, стручност и професионална иднина да ги ...
Две млади охриѓанки биле спасени од водите на Охридското Езеро откако силен ветер и големи бранови ги оддалечиле од брегот додека пловеле со даски за стоечко веслање (СУП). Случајот бил пријавен вчера, 28 јули 2026 година, во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро во Охрид. Според пријавата, две лица кои се наоѓале на СУП-даски, на околу 1.000 метри од езерскиот брег, наспроти авто-камп во Охрид, со извикување ...
Гостиварскиот суд го осуди поранешниот полицаец Ардијан Пињоли (38) од Кичево на пет години затвор за спектакуларниот грабеж во златарница во Гостивар во октомври минатата година. Според Основниот суд во Гостивар, Пињоли им го ставил на располагање на маскираните разбојници службениот автомобил „шевролет спарк“, откако претходно го онеспособил полициското радио. Пињоли, заедно со уште неколку припадници на кичевската полиција, беа уапсени ...
Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат ...
Евростат објави јасни бројки. Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа. Просечната потрошувачка кошница кај нас чини 50 евра (индекс 49,7), додека во Европската Унија чини 100 евра, велат од СДСМ. „Зад нас нема никој, пред нас се Турција, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Додека Мицкоски од прес-конференција до прес-конференција зборува за „поголем раст од ЕУ“, за „прво место во ...
Денеска одржавме работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку онлајн обраќање учествуваше директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски. Разговаравме за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ...
Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на ...
Три лица се осомничени за местење стручен испит на Стоматолошкиот факултет, откако Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против студентка, универзитетски професор и претседател на испитна комисија. Според истрагата, 27-годишна студентка од Битола во декември минатата година му префрлила пари на 56-годишен професор од Стоматолошкиот факултет од Гостивар, кој воедно бил и поранешен потпретседател на Стоматолошката комора. ...
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп за време на погребот на републиканскиот сенатор Линдзи Греам во Вашингтон во неколку наврати ги затворал очите, по што на социјалните мрежи се појавија тврдења дека задремал. На снимките од Националната катедрала се гледа 80-годишниот Трамп како седи во првиот ред и повремено ја наведнува главата, држејќи ги очите затворени подолг период. Не може со сигурност да се утврди дали навистина спиел, ...
Цената на нафтата утрово порасна за повеќе од 4% бидејќи обновените непријателства на Блискиот Исток ги разгореа геополитичките тензии по неколку дена релативен мир, поттикнувајќи нова загриженост за прекини во снабдувањето со енергија. Цената на нафтата од типот Брентот денеска скокна за повеќе од 4% кон 88 долари за барел прекинувајќи ја тридневната низа на падови, додека цената на суровата нафта од типот WTI скокна за речиси 4% на околу ...
ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од морбидните и нечовечки пораки кои се шират од профил кој во јавноста се поврзува со структури блиски до Венко Филипче и СДСМ, се вели во соопштение на партијата. „Во време кога целото општество се простува од големиот македонски актер Гоце Тодоровски, крајно вознемирувачки и неприфатливо е некој да се радува на неговата смрт, а истовремено да упатува пораки со кои посакува смрт на други луѓе, во случајов на Богдан ...
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Најголема фреквенција на возила утрово е забележана на граничниот премин Богородица, каде што времето на чекање за премин на границата изнесува околу 45 минути. Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата. ...
Бугарската гранична полиција вчера евакуираше 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот водостој на Дунав. Бродот, што пловеше под знаме на Швајцарија требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода. По евакуацијата на патниците на брод останале 52 членови на екипажот. Бродот во понеделникот исплови од романскиот град Дробета-Турну Северин кон ...
Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени утрово бил почувствуван во Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според информациите, земјотресот се случил во 07:52 часот, а неговиот епицентар се наоѓал на територијата на Република Албанија, на околу 144 километри југозападно од Скопје. Според досегашните податоци на Опсерваторијата, потресот бил почувствуван од ...
Вардар ги заврши настапите во европските купови за сезоната 2026/2027. Македонскиот шампион откако во првото коло испадна од Лигата на шампионите, синоќа го заврши настапот и во квалификациите, во Конференциската лига. Вардар, по поразот во Скопје од Рига (2:3), загуби и во реваншот во Латвија со 5:2. Црвено-црните беа на чекор до сензација, имаа водство од 2:0 до 87-та минута, иако од 19-та играа со фудбалер поналку, поради исклучувањето на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време, со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 18 степени, а дневната ќе достигне до 35 ...
Од Тетово доаѓа фотографијата на денот направена од локалното Плус форте радио, кое пред своето седиште истакна плакат со пораката „Ти благодариме Лина! Тетово те сака!“ во чест на најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа, прв(а) од Македонија што заигра на неофицијалното светско првенство во белиот спорт во Вимблдон. „Мал гест од Плус форте радио за ГОЛЕМА ШАМПИОНКА! ЛИНА ЃОРЧЕСКА, ти си наша ГОРДОСТ! Навивамо за тебе свекоаш! П.С. Не е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави доцна синоќа дека неговите средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поминале позитивно. Во одделни кратки објави на социјалната мрежа Truth Social, Трамп наведе дека со двајцата лидери разговарал за повеќе важни теми, но не откри детали. „Имавме многу добра средба! Разговаравме за многу важни теми“, напиша Трамп за состанокот со Нетанјаху. За ...
Епидемиологот Драган Даниловски, во објава на Фејсбук, излезе со објаснување за западнонилската треска, откако во јавноста беше објавено дека осум случаи дале невроинвазивна форма на болеста. „Во Македонија досега се регистрирани осум случаи на Западнонилска треска. Сите регистрирани пациенти имале тешка, невроинвазивна форма на болеста, со зафаќање на централниот нервен систем. Оваа информација заслужува малку подлабоко епидемиолошко ...
Мажот кој во понеделникот избоде три жени во Париз повеќе не се наоѓа во притвор, откако обвинителството одлучи да ја укине мерката поради неговата психијатриска состојба. Француското обвинителство соопшти дека здравствената состојба на осомничениот е оценета како некомпатибилна со притвор, поради што во вторникот му била укината мерката. Осомничениот бил уапсен непосредно по нападот што се случил во северозападниот дел на Париз во ...
Еден од двајцата преживеани планинари од Босна и Херцеговина, Кемал Видимлиќ, за првпат проговори за Кликс.ба за трагедијата на планината Елбрус во која загинаа пет члена на експедицијата од Босна и Херцеговина. Видимлиќ зад себе има многу освоени врвови над 5.000 метри во висина, успешни акции за спасување на други, но сè што се случи на Елбрус било премногу и непредвидливо. Сè уште видно потресен, тој вели дека едвај се сеќава на бројни ...
Стапката на невработеност во Шпанија во вториот квартал од годинава се намалила на 9,87 проценти, што е најниско ниво од 2008 година. Падот се должи на силното сезонско вработување, при што меѓу април и јуни биле отворени 486.000 нови работни места. Според податоците на Шпанскиот национален институт за статистика, бројот на вработени достигнал 22,779 милиони, додека бројот на невработени се намалил за 213.300 лица. Со тоа, стапката на ...
Додека забавата продолжува по тесните улички до утро, само неколку метри над нив, жителите на Сплит се обидуваат да заспијат во своите станови, пишува хрватски Индекс во репортажа од популарното туристичко место. Дење е разгледница од Медитеранот, ноќе станува сцена со музика, алкохол, повраќање, мокрење по улиците и илјадници млади туристи што бараат забава. Додека забавата продолжува по тесните улички до утро, само неколку метри над нив, ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, вечерва во гостување во емисијата „На Прва“ на МРТ1, со јавноста ја сподели финансиската состојбата која ја наследил од претходното раководство на општината Карпош, истакнувајќи дека огромни финансиски средства се издвојуваат за плата и режиски трошоци на, како што тој вели, наследената гломазна администрација. Истовремено Лукровски обзнани дека во моментот активни се дваесет и седум судски ...