Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Тој на прес-конференцијата ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија од 1 август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е во просек за 3,6%, а за ЕСМ Енергетика ...
Доказите обезбедени во истрагата за организираната криминална група поврзана со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, позната во јавноста како случајот со нелегалниот ботокс, доведоа до отворање на нова истражна постапка против две лица. Како што соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), првоосомничениот се товари за кривичното дело „примање ...
Патникот на летот на „Рајанер“ кој речиси излета од авионот откако се скрши прозорецот на надморска височина од шест илјади метри тврди дека компанијата му понудила само нов авионски билет како компензација. Љубиша Каровиќ, 61-годишник од Србија, ангажирал адвокат и бара компензација од ирската авиокомпанија, објавува The Telegraph. Инцидентот се случи пред две недели на утрински лет од Грција до Германија. Каровиќ спиел кога прозорецот до ...
СДСМ побара Владата да ги објави официјалните анализи врз основа на кои е донесена одлуката водата во Гостивар да може да се користи како техничка. Од партијата наведуваат дека јавноста не добила увид во резултатите од анализите, туку дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се повикал на потврда од експерти. Според СДСМ, надлежните институции треба јавно да одговорат врз основа на кои параметри е утврдено дека водата може да се ...
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ објави дека е се вандализирани просториите на Културно-уметничкото друштво „Српски вез“, оценувајќи дека ваквите инциденти се последица на, како што наведе, континуирана ксенофобија и шовинизам во јавниот простор. Во објава на својот профил на Фејсбук тој стави и видео-снимка од надзорни камери на која се гледаат двајца млади луѓе кои паркираат со црн автомобил пред центарот, излегуваат а ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против управител и сопственик на правно лице и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување. Според наводите, во периодот 2024-2025 година не бил пријавен и платен законскиот надоместок за отпад од увезен текстил во износ од 3.852.067 денари, со што бил оштетен Буџетот на државата. Како што соопштуваа од Управата, ...
Со дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Предложените измени се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, истакна министерката за ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај дизелот за ...
Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде ги презентира најновите информации за состојбата на водата од ...
ЈП „Комуналец“ од Гостивар тврди дека швајцарскиот проект за водоснабдување „Гостивар II – SECO II“ не е пропаднат, туку е речиси целосно реализиран. Според претпријатието, завршени и тестирани се околу 98 проценти од работите, а за целосно пуштање во употреба недостигаат уште околу 600 метри цевковод. Главната пречка, како што наведува Комуналец, е што веќе две години се чека согласност од Јавното претпријатие за државни патишта за изградба ...
Водата во Гостивар повторно доби статус на технички исправна по серијата лабораториски анализи, што значи дека граѓаните повторно можат да ја користат за капење, миење садови, перење и други домашни потреби. Сепак, таа и понатаму не е безбедна за пиење и подготовка на храна. Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека анализите покажале значително подобрување на состојбата, но дека мерките на ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, реагираше на обвинувањата од СДС поврзани со состојбата со водата во Гостивар, обвинувајќи ја опозициската партија дека со денови шири лаги и бара одговорност на погрешна адреса. „Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар. И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е ...
Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ја заврши својата судиска кариера само една недела откако го судеше финалето на Светското првенство. Винчиќ се пензионира на 46 години, а неговото заминување беше потврдено од Фудбалскиот сојуз на Словенија. Винчиќ стана меѓународен судија во 2010 година. Две години подоцна, беше вклучен во Европското првенство како шести судија, а со словенечкиот тим учествуваше и во четвртфиналниот натпревар. Во ...
Пензионираниот актер на Драмски театар Скопје, незаборавниот Цанде од „Солунски патрдии“ и еден од најпопуларните и најпрепознатливи македонски актери, почина на 75-годишна возраст. Од Драмски театар Скопје велат дека со неговото заминување, македонскиот театар, филм и телевизија загубија уметник чиј талент речиси половина век беше дел од колективната меморија на публиката. „Гоце Тодоровски не ја бараше наклонетоста на гледачите. Ја ...
„Дали безбедни граници, безбедни градови и разумно трошење се принципи кои можат да се наречат десничарски и крајни… Тоа се ставови на нормални луѓе“. Најбогатиот човек на светот Илон Маск во ексклузивното интервју за британски Економист со уредничката Зани Минтон Бедоус, пред три дена отворено застана против апсурдната и лажна карактеризација на десницата, особено од некои традиционални медиуми, истовремено разоткривајќи ги политичките ...
Цените на нафтата забележаа пад на почетокот на неделното тргување, продолжувајќи го повлекувањето од двомесечниот максимум достигнат минатата седмица, откако втор ден по ред немаше нови воени напади меѓу САД и Иран во регионот на Персискиот Залив. Фјучерсите на суровата нафта Брент за септемвриска испорака се намалија за 4,9 проценти, достигнувајќи 92,02 долари за барел, по падот од 3,9 проценти во петокот. Минатата недела Брент накратко ја ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, продолжи да му се заканува на Иран вчера, и покрај привременото прекинување на непријателствата. На својата социјална мрежа Truth Social, тој објави серија слики генерирани од вештачка интелигенција кои го покажуваат уништувањето и запленувањето на ирански бродови и енергетска инфраструктура, пишува The Times of Israel. На најавите им претходеа два мирни дена на Блискиот Исток, по 13 дена интензивни ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е здравствено безбедна и ги исполнува сите законски пропишани стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 20 до 24 јули 2026 година, Секторот за санитарна контрола извршил 195 физичко-хемиски и 195 микробиолошки анализи на примероци од вода за пиење, земени од 45 мерни места низ Скопје. Резултатите од испитувањата покажуваат ...
Познатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина синоќа на 75-годишна возраст. Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми. -Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба го напушти овој свет, лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите…. – објави неговата ќерка. Гоце ...
Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Евзони, Дојран и Ники. Патниците што патуваат во Грција или се враќаат од таму треба да очекуваат бавен сообраќај и подолги застои на одредени гранични премини поради штрајкот на грчките царински служби. Според достапните информации, прекинот на работата се однесува на премините Евзони, Дојран и Ники. На премините Евзони (Богородица), ...
Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на ...
Невремето кое минатата недела го зафати Скопје оштетил и еден ер трактор, така што сега Дирекцијата за заштита и спасување останува со два ер-трактори. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека веднаш ја контактирале фирмата која ги сервисира ер тракторите и побарале да испратат нивни механичари. – Штетата можеби не е голема, но тој сега е надвор од употреба. Стапивме во контакт со фирмата која е заодлжена ...
Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најави дека доброволните пожарникари ќе добијат институционална поддршка преку ДЗС, а со средствата предвидени со ребалансот на Буџетот ќе се овозможи нивно поголемо ангажирање во текот на летната сезона. Во гостување на телевизија Сител, Ангелов истакна дека доброволните пожарникари, кои досега беа дел од тимовите за брз одговор на ДЗС, ќе бидат институционализирани, со што ќе добијат ...
Денеска (26.07.2026) од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Б.(23) од с.Брест, скопско. При претресот пронајдена е поголема количина кокаин, соопшти МВР. С.Б. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање ...
Граничната полиција на Табановце спречи внесување дрога и сомнителни фалсификувани пари. Двајца патници, еден од Германија и еден од Србија, биле лишени од слобода откако при контрола во нивниот багаж биле пронајдени марихуана и банкноти за кои постои сомнение дека се фалсификувани. На 25 јули 2026 година, во 17:58 часот, на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Х.Т. (24) од Германија и ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека нема намера да поднесе оставка и дека неговиот мандат произлегува од поддршката што ја добил од граѓаните. Тој реагираше на протестите и барањата за негово повлекување, нагласувајќи дека демонстрантите не можат да го прекинат мандатот што му го довериле гласачите. „Тие повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, само сакаат моја оставка! Големо недоразбирање“, напиша Рама на платформата ...
Околу 220 илјади жители евакуирани од регионот Жиронд во југозападна Франција нема да можат да се вратат во своите домови сè додека огромниот шумски пожар не биде ставен под контрола. Највисоката претставничка на регионот, Софи Брокас, предупреди дека во вторник се очекува нов пораст на температурите, што може дополнително да ја влоши состојбата на терен. Францускиот претседател Емануел Макрон утре во 11 часот ќе претседава со состанок на ...
Дваесет и едногодишниот осомничен за нападот со комбе во близина на Парадата на гордоста во Берлин е убиен во полициска акција, објавија германските медиуми. Според регионалниот јавен радиодифузер Рундфунк Берлин-Бранденбург, станува збор за Абдул Балут, кој бил смртно застрелан во комплекс за рекреативни паркови во берлинскиот кварт Шпандау. Масовната потрага по осомничениот почнала по нападот, кој се случил синоќа околу 22 часот по локално ...
Мрежа од интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик, кои се претставуваат како домашни медиуми, е поврзана со бугарската „Фондација Македонија“ на Виктор Стојанов, покажува истражувањето на „360 степени“. Станува збор за страници што заедно ги следат речиси 140 илјади профили на Фејсбук, а дел од нивните содржини се пласираат со провокативни наслови што поттикнуваат жестоки расправии, национални навреди и говор на омраза. ...