Американската тајна служба започна истрага по објавувањето на видео поврзано со Иран во кое се споменува првата дама на САД, Меланија Трамп. Снимката најпрво беше емитувана на ирански државен медиум, а потоа почна да се шири и на социјалните мрежи. Според американските медиуми, видеото содржи упатства за потенцијален напаѓач во кои се наведува „како“ и „каде“ да биде извршен напад врз Меланија Трамп. Во него се изнесуваат и наводни ...

Француската полиција истражува шокантен случај откако во семејна куќа во Оранж, на југот на Франција, беа пронајдени телата на пет новороденчиња. Откритието било направено само еден ден откако мајката родила здраво дете, а случајот го презела криминалната полиција од Авињон. Според информации од извор близок до истрагата, телата на бебињата биле откриени во картонски кутии. Францускиот весник „Ле Паризиен“ објави дека жената, родена во 1994 ...

Здравствените власти во Уганда денеска објавија дека завршила најновата епидемија на ебола во земјата, откако помина периодот предвиден според правилата на Светската здравствена организација (СЗО) без појава на нови случаи. Епидемијата беше прогласена во средината на мај, а според британските медиуми, од тогаш во оваа источноафриканска земја починаа две лица како последица на вирусната хеморагична болест. Последниот пациент заразен со ебола ...

Владата донесе Одлуката со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензационите фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец. -Одлуката ја носиме пред главниот период на откуп, кога на компаниите им се потребни значителни средства за преземање на производите, а приходите од ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека месецов исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства и дека продолжува со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). Заклучно со денеска, иако месецот сe уште не е завршен, како што се посочува, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони денари по ...

По епидемијата поради загадена вода во Гостивар, властите сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања. Министерството за здравство ќе испраќа упатства до здравствените установи и матичните лекари. Воведен е засилен здравствен надзор. Ова е токму она за кое што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, доцна им се вклучија „црвените светла”. Потоа ги криеја податоците. Сега, кога кризата ...

Бројот на повредени по силниот земјотрес што денеска ја погоди југозападна Јапонија продолжува да расте, покажуваат најновите информации од локалните власти и медиуми. Во две болници досега се примени повеќе од 90 повредени лица, а меѓу нив има и пациенти во тешка состојба. Според јапонската телевизија НХК, откако претходно беше објавено дека повеќе од 50 лица се згрижени во една болница, уште една здравствена установа пријавила околу 40 ...

Почна демонтажата и изнесувањето на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ во долината на Лешница. Операцијата се спроведува во координација со надлежните државни институции, а од Националниот парк Шар Планина оценуваат дека со тоа е направен првиот конкретен чекор кон враќање на реката Пена и околниот простор во природна состојба. Цевките се транспортираат до паркингот на ски-центарот „Попова Шапка“, од каде што ќе бидат ...

Македонските возачки дозволи во моментов не се признаваат во Италија, иако меѓу двете држави постои договор за нивно меѓусебно признавање и замена. Проблемот ги засега и македонските државјани со постојан престој во Италија, кои повеќе не можат да ја заменат македонската со италијанска дозвола, туку мора повторно да полагаат. Граѓани кои во изминатите денови се обиделе да изнајмат автомобил во Италија велат дека рентакар-компаниите одбиваат ...

Силен земјотрес денес го погоди југозападниот дел на Јапонија, предизвикувајќи уривање на бројни згради, избувнување пожари и најмалку 50 лица хоспитализирани, објави јапонскиот радиодифузер NHK. Премиерот Санае Такаичи потврди дека земјотресот предизвикал голема материјална штета и дека властите сè уште ја проценуваат големината на катастрофата. Japan quake damage seen from the air Kumamoto fire and police services are assessing damage from ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши годинава нема да присуствува на централната прослава на Денот на Републиката – Илинден на Мечкин Камен во Крушево, каде што би требало да одржи говор, бидејќи ќе учествува на Светската конференција на претседатели на парламенти во Каиро, Египет. Според државниот протокол, кој ротира секоја година, Гаши годинава требаше да се обрати во Крушево по повод 2 Август – Денот на Републиката. Наместо него, на ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште седум лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево–Охрид, во близина на селото Другово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 27 јули во 13:35 часот, а во неа учествувале три патнички возила – „Фолксваген Тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 76-годишниот Љ.М. од Прилеп, ...

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од страна на Центарот за јавно здравје-Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење. -Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, предизвикан ...

Извршниот одбор на Народна банка на денешната седница одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25%. – Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување. Движењата на девизниот пазар од почетокот на мај се стабилни, но и натаму има повисока побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, делумно како резултат на повисоките цени на енергенсите. Нивото на ...

Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата, праша Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. ...

Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека според прописите не постои „техничка вода“ и дека тоа е термин што најчесто го користат јавните комунални претпријатија. – Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е погодна за лична употреба без ...

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден. Апсолутно го делиме ставот дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. За жал, бугарската страна тврди дека тие се дел од рамката и дека потпишала таков ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата може да интервенира со намалување на ДДВ на високите цени на горивата, но како што рече, тоа ќе се направи дури по анализата на податоците од намалената акциза за горивата. – Чекаме да се затвори циклусот до 31 јули, односно втората половина од месецот, таков е законот, и дури после да носиме дополнителни мерки – рече Мицкоски. Тој рече дека очекува следната недела да се намалат цените на ...

“ИЗВЕШТАЈОТ НА СВЕТСКА БАНКА СПОРЕД КОЈ МАКЕДОНИЈА Е СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА АВИО ЛЕТОВИ И ТУРИЗАМ ВО ЕВРОПА И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА, МОТИВ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА РАБОТА И ПОСВЕТЕНОСТ”– напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус и додаде: “Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од ...

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека бројката на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар изнесува 109, како и дека е одреден засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата со која ќе се следат заразните болести што може да се јават. -Со денешниот ден во Гостивар има 109 нови први контакти, бројката се движи од 80 до 125 во последните четири дена, со тоа што во овој момент не можеме да кажеме колку е тоа редовна ...

Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште, истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој денес беше во работна посета на општина Илинден. -Дел од проектите се завршуваат, дел се во процес на реализација, многу мал дел ќе отпочнат и очекувам да следната година ја заокружиме со овој процес на овие проекти од ...

Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечер гостува во Летонија во реванш против Рига во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига. „Црвено-црните“ веруваат дека имаа сили да ја надополнат негативата од еден гол од дуелот во Скопје. Капитенот Азер Омерагиќ најави борбена игра и се надева дека со исполнување на тактичките замисли може да се дојде до поволен резултат. – По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека учениците во прва година од средните училишта, за првпат ќе добијат бесплатни униформи. -Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици. За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна ...

Комисијата за заштита на конкуренцијата, чија улога е да „лови“ нефер трговски практики и да ја заштитува конкуренцијата, купила три мобилни телефони, со техничката спецификација дефинирана на начин што дадените карактеристики упатувале на конкретен производител и производи, што е спротивно на Законот за јавни набавки. Ова е еден од наодите што ги утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) проверувајќи ги финансиските извештаи заедно со ...

„Џонсон и Џонсон“ понуди да плати до 5,5 милијарди долари за да реши десетици илјади тужби во Соединетите Американски Држави. Во тужбите се тврди дека нејзината бебешка пудра и други производи со талк во прав предизвикуваат рак на јајниците. Предложената спогодба има за цел да стави крај на долготрајната правна битка што го прогонува здравствениот гигант со години. Компанијата со седиште во Њу Џерси ги негира обвинувањата дека нејзините ...

Во албанскиот парламент се случил сериозен инцидент откако опозициски пратеник наводно одзел документ поврзан со договор за воена соработка меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави. Пратеникот го зел документот и се обидел да ја напушти зградата, по што парламентарна службеничка тргнала по него со намера да го запре. Во текот на обидот да го стигне, службеничката паднала по скалите и се здобила со повреди, поради што била пренесена на ...

Современото рударство денес функционира според сосема поинакви стандарди од оние што јавноста најчесто ги поврзува со старите рудници, оценуваат претставници на стручната јавност. Претседателката на Македонското геолошко друштво, професорката Соња Лепиткова, вели дека рударските технологии бележат значителен напредок, а како пример го наведува системот на суво одлагање на јаловината, кој е предвиден и во проектот „Иловица–Штука“. Во услови ...

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, информираа денеска од Царинската управа. Возачот на камионот, српски државјанин, кој се обидел да ги криумчари цигарите, бил приведен и против него била поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело ...

Пратеникот Љупчо Пренџов се обрати кон опозиција. Тој истакна дека Халеевата комета почесто се појавува од Венко Филипче во Собрание. – Филипче се однесува како Халеевата комета – на 77 дена доаѓа еднаш на работа, овдека во Собранието. Само него и Али Ахмети ги нема во Собраниево. И не можеме ние да молчиме, а тој, наместо да дојде на Комисијата за финансирање и буџет, на оваа говорница, пред народ од којшто зема плата, да ви држи ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
37%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.31
39%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.63
37%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.44
53%
1012
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 21ᴼ
1.37
54%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.79
44%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
46%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.77
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
47%
1012
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
3.13
32%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.03
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Калај

56.46

Сребро

1994.05

Кобалт

56.29

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Цинк

0.00