Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Македонскиот државјанин Андреј Танасковски (19), по кого беше распишана меѓународна потерница поради обид за убиство, е уапсен во Никшиќ, Црна Гора, каде што се криел во таен стан по вооружениот напад врз Марко Љубиша – Кан во Будва минатата година. При акцијата е приведен и 34-годишниот црногорски државјанин Нено Марковиќ, кој според полицијата му помагал да избегнува апсење. Според црногорските медиуми, кои се повикуваат на извори од ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги отфрли тврдењата на ЈП „Комуналец“ – Гостивар дека две години чека согласност за поставување водоводна инфраструктура, наведувајќи дека одобрението не било издадено поради неисполнување на законските процедури од страна на Општина Гостивар. Од ЈПДП информираат дека во февруари 2024 година Општина Гостивар поднела барање за изградба на водоводна мрежа, по што во април била изготвена пресметка ...
Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, информираа денеска од Царинската управа. Возачот на камионот, српски државјанин, кој се обидел да ги криумчари цигарите, бил приведен и против него била поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и дека постои шанса за договор, но предупреди дека американските напади ќе продолжат ако разговорите не успеат. Вашингтон ненадејно ја прекина двонеделната кампања на воздушни напади врз Иран во саботата, означувајќи уште еден стратешки пресврт од страна на Трамп во петмесечниот конфликт. „Разговараме токму сега“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер ...
Собранието на Црна Гора ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и со замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право се однесува на жените кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ендометриоза, миоми, полипи и други ...
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски се осврна на обвинувањата кои доаѓаат од страна на опозицијата дека државата е пред банкрот и заради тоа се прават позајмици од М-Нав и други институции. – Имам јас лоша вест за опозицијата. Велеа 2024 дека ќе банкротираме и 2025 и 2026 и им велам дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија долгови, незавршени проекти, руиниран систем, ограбен систем, понижен систем, систем којшто беше ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за подкастот „Риштази“ рече дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават. „Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да правиме реформи. И тоа се покажа со декемврискиот извештај од реформската агенда, сега ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека уставните измени нема да бидат реализирани во формата во која моментално се бараат, но остави отворена можност за разговори со цел да се најде решение што, како што рече, ќе биде одржливо и ќе ја донесе земјата до крајната цел – членство во Европската Унија. Во гостувањето во поткастот „Риштази“ со Назим Рашиди, Мицкоски посочи дека е подготвен да разговара со сите страни, без ограничување на рокови, ...
Во земјава утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а повремено ќе биде засилен, особено долж Повардарието, од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12 степени во Берово, додека највисоките дневни температури ќе достигнат до 35 степени во Гевгелија и Демир Капија. Во Скопје се очекува сончево ...
Историската можност е важна за сите возрасни Македонци во Србија, но таа има и образовна компонента за сите деца и лица кои не го знаат добро македонскиот јазик Покрај македонските граѓани кои од Светското првенство во фудбал добија можност да следат врвен спорт на македонски јазик, истата можност ја имаат и Македонците во Србија. Арена спорт, која во моментов има три канали со македонски превод на македонските кабелски оператори, истите тие ...
САД привремено ја запреле воената акција против Иран за да се овозможи продолжување на дипломатските напори, откри американскиот претседател Доналд Трамп. Тој порача дека Вашингтон ѝ дава краток простор на дипломатијата, но предупреди дека, доколку разговорите не дадат резултат, следуваат нови силни воени дејствија. Во интервју за „Аксиос“, Трамп изјави дека целта на актуелните преговори е постигнување нов договор со Техеран, кој би ...
Француските пожарникари за првпат се соочуваат со пирокумулонимбуси, познати како „огнени облаци“, кои се создаваат над најинтензивните шумски пожари и можат дополнително да ја влошат и онака опасната состојба. Овие облаци создаваат сопствени ветрови, а во нив може да се појават и молњи кои имаат потенцијал да предизвикаат нови жаришта. Феноменот се појавил додека пожарникарите се борат со големиот пожар во југозападниот дел на Франција. ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека состојбата со водоснабдувањето во Гостивар постепено се стабилизира и дека институциите, во координација со експерти, работат на целосно надминување на проблемот. Тој нагласи дека одговорноста за водоснабдувањето е на Општина Гостивар, додека политичките партии ги повика да не шират хистерија околу случајот. Во интервју за подкастот „Риштази“, Мицкоски истакна дека услугите поврзани со ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченото испраќање на учесниците во 48. Традиционален Илинденски коњички марш, кое се одржа во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во скопско Горно Лисиче. Од таму, коњаниците го започнаа патот кон Крушево, каде и оваа година ќе им оддадат почит на илинденците и на сите кои ја вградиле својата жртва во македонската слобода. Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски истакна дека на ...
Три жени, меѓу кои и бремена, се повредени во напад со нож во Париз. Една од нив е во критична состојба, а осомничениот е уапсен на местото на настанот. Три жени, меѓу кои и една бремена, беа избодени со нож денеска околу 11:30 часот во близина на Порт де Клиши во Париз. Француската полиција соопшти дека повредените жени веднаш биле згрижени од екипи на Итната медицинска помош и пренесени во болница. Една од жртвите се наоѓа во критична ...
Тројца мажи биле спасени од морето во близина на хотелот „Риксос“ во Дубровник, откако поради силните бранови не можеле сами да стигнат до копното. Инцидентот се случил попладнево, а во спасувачката акција учествувале повеќе екипи. Од полицијата во Дубровник информираат дека првично странски државјанин кој пливал пред хотелот „Риксос“ не успеал да излезе од водата поради неповолните услови и високите бранови. Друг странски државјанин влегол ...
Истражен судија на Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 43-годишната Сашка Стојановска од Македонија, поради сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште. Одлуката следува откако било утврдено сомнение дека таа со автомобил прегазила и усмртила куче од расата „Шарпланинец“ во Улцињ. Како што објави црногорскиот портал „Вијести“, мерката притвор била определена во саботата, ...
„Овој ребаланс ќе даде подобар квалитет на животот на граѓаните, на стопанството и на институциите и овој ребаланс ќе гарантира дека во наредните шест месеци до крајот на завршувањето на оваа година граѓаните ќе имаат повисоки плати, ќе имаат повисоки пензии, приватниот сектор ќе добие поддршка и секоја сфера на општеството ќе расте“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во обраќање на денешната собраниска седница. ...
Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, моменталното ниво на езерото изнесува 145,26 метри надморска височина, а договорениот минимум е 146,13. Дојранското Езеро повторно се полни со вода од пумпите на Хидросистемот „Ѓавато“ во Богданци и дотурот на вода во езерото ќе продолжи без застој. Од Хидросистемот велат дека во моментот се влеваат 200 литри во секунда, а во текот на денот или утре ќе се пушти ...
Црна Гора од 1 ноември 2026 година ќе воведе обврска за виза за државјаните на Белорусија, Кина, Русија, Саудиска Арабија и Турција. Одлуката е донесена со измените на Уредбата за визниот режим, со кои земјата целосно ја усогласува својата визна политика со онаа на Европската Унија. Министерството за надворешни работи на Црна Гора денеска соопшти дека Владата на 23 јули 2026 година ја усвоила Уредбата за измени на Уредбата за визниот режим, ...
Сообраќајот на граничните премини меѓу Македонија и Грција повторно се одвива нормално по завршувањето на денешниот четиричасовен штрајк на грчките цариници. На граничниот премин „Дојран“ во моментов се регистрира кратко задржување, при што возачите чекаат околу 15 минути за влез во Македонија и околу 30 минути за влез во Грција. Од Граничниот премин „Дојран“ информираат дека штрајкот, кој се одржа од 5:00 до 9:00 часот по македонско време, ...
Собранието попладнево го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со 64 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“. Владејачкото мнозинство оцени дека измените се насочени кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, додека опозицијата смета дека ребалансот не носи продуктивен развој и не ги дава очекуваните резултати за граѓаните. Пратениците од владејачката коалиција во собраниската ...
Андреа Пирло нема да стане нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација, иако договорот, според италијанските медиуми, бил речиси целосно договорен. Неговото назначување пропаднало поради соработката со руска обложувалница, што предизвикало негативни реакции во јавноста. Италијанските медиуми објавуваат дека по критиките во јавноста, претседателот на федерацијата, Малаго, одлучил да се повлече од намерата да го ангажира Пирло и да ...
Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, е избрана за член на Управниот одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на организацијата. Одлуката беше донесена на првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, одржан во Белград, со што Македонија доби свој претставник во врвното раководство на светската федерација. На состанокот во Белград беше формирана ...
Иран уште од почетокот на руската инвазија ја поддржува Москва со испорака на дронови „Шахед“ и технологија за нивно производство, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој оцени дека на тој начин Техеран директно учествувал во нападите врз Украина и нагласи дека земјата веќе ја почувствувала последицата од таа поддршка. Во интервју за британскиот канал Скај њуз, Зеленски изјави дека Иран уште во првата година од војната, во ...
Проблемот со водата во Крушево не треба да се споредува со состојбата што настана во Гостивар, бидејќи станува збор за сосема различни ситуации, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој нагласи дека во Крушево прекинот во работата на системот за хлорирање траел околу еден час поради прекин на електричната енергија, по што состојбата била ...
Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради одлуката да дозволи на американските авионио да полнат гориво во бугарските бази додека врша напади во Заливот. Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Еуроњуз. – Оние кои донесуваат одлуки во Бугарија мора да сносат одговорност за опасната одлука да бидат домаќини ...
Дваесет и осумгодишен државјанин на Словенија е лишен од слобода во Охрид по пријава дека физички ја нападнал својата 21-годишна девојка. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 26 јули околу 06:30 часот. Полициски службеници од СВР Охрид го привеле К.Г. (28) пред казино на улицата „Абас Емин“, откако било пријавено дека во станот во кој престојувале во Охрид, тој агресивно се однесувал и ја нападнал девојката. По предлог на ...
Заклучно со денеска, годинава во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен – се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница. Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден во мај). Најновиот случај бил регистриран во четвртокот минатата недела. Од регистрираните ...