Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Евзони, Дојран и Ники. Патниците што патуваат во Грција или се враќаат од таму треба да очекуваат бавен сообраќај и подолги застои на одредени гранични премини поради штрајкот на грчките царински служби. Според достапните информации, прекинот на работата се однесува на премините Евзони, Дојран и Ники. На премините Евзони (Богородица), ...
Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на ...
Невремето кое минатата недела го зафати Скопје оштетил и еден ер трактор, така што сега Дирекцијата за заштита и спасување останува со два ер-трактори. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека веднаш ја контактирале фирмата која ги сервисира ер тракторите и побарале да испратат нивни механичари. – Штетата можеби не е голема, но тој сега е надвор од употреба. Стапивме во контакт со фирмата која е заодлжена ...
Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најави дека доброволните пожарникари ќе добијат институционална поддршка преку ДЗС, а со средствата предвидени со ребалансот на Буџетот ќе се овозможи нивно поголемо ангажирање во текот на летната сезона. Во гостување на телевизија Сител, Ангелов истакна дека доброволните пожарникари, кои досега беа дел од тимовите за брз одговор на ДЗС, ќе бидат институционализирани, со што ќе добијат ...
Денеска (26.07.2026) од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Б.(23) од с.Брест, скопско. При претресот пронајдена е поголема количина кокаин, соопшти МВР. С.Б. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање ...
Граничната полиција на Табановце спречи внесување дрога и сомнителни фалсификувани пари. Двајца патници, еден од Германија и еден од Србија, биле лишени од слобода откако при контрола во нивниот багаж биле пронајдени марихуана и банкноти за кои постои сомнение дека се фалсификувани. На 25 јули 2026 година, во 17:58 часот, на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Х.Т. (24) од Германија и ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека нема намера да поднесе оставка и дека неговиот мандат произлегува од поддршката што ја добил од граѓаните. Тој реагираше на протестите и барањата за негово повлекување, нагласувајќи дека демонстрантите не можат да го прекинат мандатот што му го довериле гласачите. „Тие повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, само сакаат моја оставка! Големо недоразбирање“, напиша Рама на платформата ...
Околу 220 илјади жители евакуирани од регионот Жиронд во југозападна Франција нема да можат да се вратат во своите домови сè додека огромниот шумски пожар не биде ставен под контрола. Највисоката претставничка на регионот, Софи Брокас, предупреди дека во вторник се очекува нов пораст на температурите, што може дополнително да ја влоши состојбата на терен. Францускиот претседател Емануел Макрон утре во 11 часот ќе претседава со состанок на ...
Дваесет и едногодишниот осомничен за нападот со комбе во близина на Парадата на гордоста во Берлин е убиен во полициска акција, објавија германските медиуми. Според регионалниот јавен радиодифузер Рундфунк Берлин-Бранденбург, станува збор за Абдул Балут, кој бил смртно застрелан во комплекс за рекреативни паркови во берлинскиот кварт Шпандау. Масовната потрага по осомничениот почнала по нападот, кој се случил синоќа околу 22 часот по локално ...
Мрежа од интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик, кои се претставуваат како домашни медиуми, е поврзана со бугарската „Фондација Македонија“ на Виктор Стојанов, покажува истражувањето на „360 степени“. Станува збор за страници што заедно ги следат речиси 140 илјади профили на Фејсбук, а дел од нивните содржини се пласираат со провокативни наслови што поттикнуваат жестоки расправии, национални навреди и говор на омраза. ...
Новата анализа на Visual Capitalist, базирана на податоци за 2025 година, покажува дека најголеми годишни трошоци за енергија по жител имаат домаќинствата во северна и западна Европа. На врвот на листата се Шведска, Финска и Австрија, додека дури 24 од првите 30 земји се европски, што уште еднаш потврдува дека Европа е регионот со највисоки енергетски расходи во светот. За разлика од овие држави, Македонија не се наоѓа меѓу земјите со ...
Иран ги прекина нападите врз соседните земји од Персискиот Залив откако САД вторa ноќ по ред не извршија бомбардирања врз иранска територија. Од иранската војска соопштија дека одлуката е донесена затоа што стратегијата на Техеран главно се темели на одмазднички операции, додека американски медиуми објавија дека Вашингтон е загрижен поради намалувањето на резервите на муниција и противвоздушни ракети. „Во текот на изминатите две ноќи, ...
Полицијата уапси 24-годишен жител на скопско село, осомничен дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка околу 20 метри, при што таа се здобила со телесни повреди. Настанот се случил во село во Општина Петровец, а повредената жена била пренесена во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ за лекарска помош. Според полициските информации, осомничениот бил лишен од слобода на 25 јули 2026 година во 20:30 часот. Инцидентот, според пријавеното, се ...
Раководството на ДУИ дејствува против интересите на Албанците и се обидува политички да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ да освои повеќе од 60 пратеници на следните парламентарни избори, обвини ВЛЕН. Од коалицијата тврдат дека причината за таквото однесување е обидот на дел од врвот на ДУИ да избегне кривична одговорност за коруптивното работење во претходните влади. ВЛЕН ја обвини ДУИ дека го блокира Законот за правична застапеност и со тоа ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да ја напушти земјата доколку неговата Српска напредна партија ги загуби изборите што ги најавува во последните месеци. Во Србија сè уште се разгледуваат можните термини за одржување на парламентарните и претседателските избори. Гостувајќи на телевизијата „Прва“, Вучиќ рече дека претседателските избори најверојатно би се одржале во јануари 2027 година доколку парламентарните избори ...
СДСМ ја обвини Владата дека нема кредибилитет кога најавува дека Гостивар утре ќе добие технички исправна вода. Од партијата оценуваат дека по признанието за задоцнета реакција во справувањето со кризата, граѓаните имаат право да се сомневаат во институциите и во најавите што ги дава премиерот Христијан Мицкоски. Од СДСМ посочуваат дека министерот за здравство Сашо Клековски вчера признал дека институциите задоцниле со реакцијата, додека ...
Политичарите треба директно да одговараат пред граѓаните, да ги слушаат нивните ставови и да ги прифаќаат и позитивните и негативните критики, порача лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Според него, приоритет на политиката мора да бидат реалните проблеми, подобрувањето на животните услови и обезбедувањето стабилна егзистенција за сите граѓани, а не привилегиите на политичката елита. „Заврши ерата во Македонија кога политичарите ...
Човечки череп и други предмети биле пронајдени во атарот на струшкото село Лабуништа. Наодот бил откриен кај Подгоречкото Езеро, во близина на македонско-албанската граница. Надлежните институции преземаат мерки за да се утврдат идентитетот на починатото лице и околностите поврзани со случајот. Черепот бил пронајден на 25 јули 2026 година од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор во Лабуништа. На истата локација биле ...
Шест лица од селото Просениково се осомничени дека насилно упаднале во дом во струмичкото село Сарај, претепале шестмина возрасни и две деца и се обиделе против нејзина волја да одведат жена. При полициската интервенција, еден од осомничените нападнал и двајца полициски службеници. Сите шестмина биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица во Струмица. Инцидентот се случил на 24 јули околу 21.20 часот во куќата на К.Ѓ. во селото ...
Сообраќајната полиција наскоро ќе може на лице место да проверува дали возач управува под дејство на дрога, со брз тест од плунка што дава резултат за три до 10 минути. Министерството за внатрешни работи веќе нарачало 10.000 вакви тестови, кои треба да пристигнат во првата половина на август. Еден тест чини 218 денари, а ќе се користи за првичен скрининг на возачи за кои полициските службеници ќе се посомневаат дека се под дејство на ...
Кумановка возела 5-годишо дете на четирицикл, изгубила контрола, се превртеле, при што детето е тешко повредено. „На 25.7.2026 година околу 20:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница меѓу улиците Козјачка и Велко Стаменковски во селото Доброшане, кумановско, 30-годишната С.П. од с. Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и се превртела на коловозот. Во несреќата со тешки ...
Осум лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие во одделни полициски акции спроведени во Скопје и тетовско, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) од селото Морани. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени кафеава ...
Помина време во Македонија кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти и се натпреваруваа меѓусебно кој ќе летува во поскапо летувалиште. Дојдено е време за одговорен пристап и отчет пред граѓаните, да ги слушнеме сите нивни видувања, сите позитивни и негативни критики, порача лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во изјавата за медиумите пред почетокот на панел дискусија „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“, која се ...
Опозицијата се претвори во тажно и несреќно друштво кое конструира лаги и шири хистерија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите на СДСМ по одлуката на УНЕСКО, Охрид да го задржи статусот на светско културно наследство. – По робусна, интензивна дипломатска активност добивме одложување Охрид да биде ставен на листата загрозено светско културно наследство. По три години, во 2029-та, ќе имаме мониторинг мисија, да ...
Семејствата кои сакаат да патуваат на море ова лето, без да го надминат планираниот буџет, можат да заштедат најмногу во Португалија, Бугарија и Шпанија, според најновиот извештај за семејни одмори на „Post Office Travel Money“ за 2026 година, пишува „Daily Mail“. Истражувањето опфати 22 популарни европски одморалишта и ги спореди трошоците за десетте најчести туристички трошоци – вклучувајќи ручеци, вечери, кафе, пиво, вино, безалкохолни ...
Во своето прво интервју како премиер, Енди Бернам вели дека би бил спремен да му се спротивстави на американскиот претседател Доналд Трамп за да го заштити „националниот интерес на Велика Британија пред сè“ доколку тоа е правилно. Во ексклузивно интервју за Би-Би-Си, новиот британски премиер рече дека имал добар прв разговор со Трамп по неговиот реизбор. Но, кога двапати беше прашан дали би му верувал на американскиот претседател, тој не ...
Денес, со длабока почит и пиетет, се сеќаваме на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година, напиша премиерот Мицкоски на социјалните мрежи. -Тој трагичен ден остави неизбришлива болка, но истовремено покажа дека кога сме обединети, можеме да ги надминеме и најголемите предизвици. Солидарноста што тогаш ја покажаа граѓаните и помошта што пристигна од целиот свет засекогаш го вградија Скопје меѓу ...
Скопјанец ја влечел мајка си дваесетина метри со возило, при што жената е повредена. Полицијата го уапси насилникот. „На 25.7.2026 година во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село. Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со ...
Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не ...
Во Прилеп е огромен интересот за мерката од владиниот оперативен план за вработување и раст на правните субјекти, велат од прилепскиот Центар за вработување. Според Виолета Димеска, директорка на Центарот мерката, која заврши во петокот, привлече за 20 повеќе апликации од лани. Нуди финансиска поддршка на претпријатијата за отворање нови работни места и за вработување нови лица. -За мерката оваа година е доста голем интересот во споредба ...