Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски по извршениот увид. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се ...
СДС денес го испрати мали Фрчко, да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани. Во коалиција со ДУИ и Таравари, се обидуваат и оваа криза да ја претворат во алатка за да си собираат ...
Канадска државјанка од кинеско потекло, која била на пракса во објект на НАТО во Белгија, е уапсена под обвинение за шпионажа, објавија белгиските обвинители. „Таа е осомничена за шпионажа во име на трета земја и за членство во криминална организација“, објави обвинителството. Од таму додаваат дека дополнителни детали за жената, вклучително и нејзиното име, нема да бидат објавени во овој момент. Обвинителите рекоа дека осомничената била ...
Вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава во мај годинава изнесувало 462.653 мегават-часови, што претставува 96,5 отсто од вкупната бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, информира ...
Скандалот со водата во Гостивар беше само причина Венко Филипче и актуелното раководство на СДС да се јавуваат во јавност и да лажат, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Филипче мислат само како да стигнат до политички поен плус. Но, треба да им е јасно дека тоа не се прави со лаги и немање свест за своите грешки.Сега во контекст на гостиварскиот скандал, повторно кажуваат само лаги како онаа последната дека во велешкото ...
Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен. Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече бела пена. Отровот стигна и до главниот град ...
Сѐ уште е на сила забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево откако Центарот за јавно здравје од Прилеп констатира дека бактериолошки е неисправна. Така ќе биде додека не стигнат сите три последователни примероци за анализа, потврдуваат од Центарот. Причината за ваквата состојба е прекин во работата на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија од ЈП „Комуна“ – Крушево. ...
Брутално убиство на италијански новинар ја потресе јавноста во Италија. Луиџи „Лука“ Еспозито бил убиен минатиот викенд, а неговото запалено тело е пронајдено на 19 јули на земјоделско земјиште во близина на Еболи, во покраината Салерно. Истражителите сметаат дека Еспозито бил жив во моментот кога било запалено неговото тело, иако бил во критична состојба по брутално претепување и давење, пренесе Мирор. Обдукцијата покажала дека причината за ...
Утрово низ центарот на Скопје, противпожарните служби беа забележани како ги санираат преостанатите оштетувања по силното невреме кое пред неколку дена го зафати главниот град. Тие беа забележани како го поправаат часовниот на Музејот на Град Скопје. Инаку од невремето, една од стрелките, онаа која ги покажува минутите, беше оштетена. Освен часовникот на Музејот, беа повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, ...
Градот Дубаи презема драматични и скапи чекори за да го врати рекордниот број туристи, кој нагло се намали од почетокот на војната со Иран, нудејќи патни бенефиции во вредност од над 800 долари за посетителите кои ќе влезат во земјата од сега до крајот на октомври. Нова програма наречена „Покана за Дубаи“ им овозможува на жителите на ОАЕ да номинираат пријатели и членови на семејството да го посетат Дубаи и да им обезбедат бенефиции во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во изјава за порталот „Плусинфо“ се огласи откако неговиот став дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка, соопштен на прес-конференција, дел од медиумите го протолкуваа како промена на позицијата на македонската дипломатија во однос на пристапниот процес кон ЕУ. На прашањето на Плусинфо во што се состои е разликата меѓу неговото тврдење и тезите на Бујар Османи, ...
Претседателот на САД Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со „значителни“ царини откако, како што наведува, Брисел им наметна серија високи казни на американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: Соединетите Американски Држави не се „касичка“ за Европа, ниту пак ќе дозволиме да бидат!“ – Европската Унија повторно, како и обично, директно ги напаѓа ОДЛИЧНИТЕ американски компании! ...
Бура со силни ветрови и дожд погоди делови од Грција и главниот град Атина во петокот попладне, предизвикувајќи проблеми за жителите и туристите, објавија грчките медиуми. Значителни количини на врнежи беа забележани главно во централна и северна копнена Грција, а Националната опсерваторија во Атина регистрираше десетици илјади удари од гром, објави Катимерини. Жителите на Лариса, Фтиотида и островите Евија и Скирос, исто така, добија ...
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера извршиле претрес во дом и други простории во скопско Арачиново, при што биле пронајдени над два килограми марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи. Претресот бил спроведен по наредба на Основниот кривичен суд Скопје во домот и други простории што ги користел Б.Н. (25) од Арачиново. При акцијата, покрај над два ...
Полицијата синоќа во 19.30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, го лишила од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. -При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од ...
Сточарите бараат итна вакцинација на овците за да се спречи ширењето на болеста сипаници кај малите преживари. Предупредуваат дека ситуацијата е алармантна. На состанок во АХВ тие се пожалиле дека обесштетувањето е многу ниско. – Ситуацијата е алармантна. Бараме што поитно да се спроведе вакцинација кај овците. Државата не е подготвена да ја спречи болеста која секој ден се повеќе се шири. Има сериозни проблеми околу организацијата. Денеска ...
Леброн Џејмс потпиша двегодишен договор со Филаделфија 76ерс, со што ќе ја започне својата рекордна 24. сезона во најсилната кошаркарска лига во светот. “ESPN“, објави дека договорот е вреден осум милиони долари и содржи играчка опција за втората година, што му овозможува на Џејмс повторно да стане слободен агент следното лето доколку така одлучи. „Мислев дека завршив кога заврши сезоната. Не бев подготвен веднаш да го кажам тоа, но ми ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека од денеска, американските царини за српска стока, кои изнесуваа 35 проценти од август минатата година, ќе бидат нула проценти. „Добрата вест е дека царините за Србија се нула проценти. Во одреден период, секако, во иднина ќе бидат помеѓу 10 и 12 проценти, но засега и за некое време, додека нашите разговори продолжуваат, ќе бидат нула проценти“, рече Вучиќ во гостувањето на РТС. Тој ...
Министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски уверува дека средствата на осигурениците во Вториот пензиски столб се гарантирани со закон и Устав, дури и во случај на евентуални промени во пензискиот систем. Во вчерашното гостување на ТВ Сител, Велковски посочи дека средствата на осигурениците се нивна лична сопственост и дека се заштитени и со законски и со уставни гаранции. Одговарајќи на прашање дали парите би биле наследни доколку ...
Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа. На граничниот премин Табановце, пак, за влез во ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не верува оти Кина или Русија се вмешани во конфликтот во Иран, но предупреди дека доколку се вмешаат, „тоа би било многу лошо за нив“. „Претседателот Шји, за време на нашата неодамнешна средба во Пекинг, Кина, ми рече дека под никакви околности нема да ѝ обезбедува или продава оружје на Исламската Република Иран – а таа изјава ги вклучуваше и кинеските компании“, напиша Трамп на социјалната ...
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири со досега невидено темпо. За нешто повеќе од два месеци починале 1.033 лица, што, според светските агенции, е најбрзо достигнување на бројката од илјада жртви во историјата на регистрираните епидемии на оваа болест. Од прогласувањето на епидемијата на 15 мај досега се потврдени 2.536 случаи, покажуваат податоците на Министерството за здравство на Конго. Стапката на смртност изнесува ...
Во полициска акција спроведена денеска во Скопје, полицијата заплени околу пет килограми марихуана, а лишени од слобода се две лица – татко и син, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по наредба од Основниот кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом и други простории што ги користел С.Љ. (51) од ...
Македонска државјанка е уапсена во Црна Гора откако било пријавено дека со автомобил прегазила куче во населба во Улцињ, а потоа се обидела да ја напушти земјата. Полицијата брзо го пронашла возилото, ја идентификувала жената и ја спречила да ја премине границата. Од Полициската управа на Црна Гора информирале дека околу 16 часот добиле пријава дека едно лице со возило прегазило куче кое било во сопственост на граѓанин. Полициските ...
Според проценките на стручните екипи кои работат на терен, до крајот на оваа недела се очекува жителите на Гостивар да добијат техничка вода, додека до крајот на следната недела би требало да биде воспоставено и нормално снабдување со безбедна вода за пиење, изјави директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.. Во гостување во дневникот на ТВ Сител директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, посочи ...
Институтот за јавно здравје двапати излегол на терен во Гостивар за да земе примероци од водата. Првото земање било извршено минатиот четврток попладне на четири локации, а второто во понеделникот на две локации, претежно на јавни површини. Според Андоновска, резултатите се разликуваат во зависност од местото од кое бил земен примерокот. „На одредени места има отстапувања во микробиолошките параметри и во нивото на резидуален хлор. Добро е ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во градежните активности за реализација на еден од најзначајните проекти за ревитализација на Старата скопска чаршија. Работите влегоа во првата фаза, која опфаќа изградба на нова водоводна и канализациска мрежа. Во следните фази ќе следуваат реставрација на калдрмата, поставување ново осветлување во традиционален стил и уредување на јавниот простор, со цел модернизација на ...
Во Гостивар во следните недели може да се појават случаи на хепатит А и хепатит Е како задоцнета последица од загадувањето на водата, предупредува Комисијата за заразни болести. Засега нема регистрирани ниту потврдени случаи на овие заболувања, но здравствените власти најавуваат засилен епидемиолошки надзор поради периодот на инкубација на вирусите што можат да се пренесат преку загадена вода. Претседателката на Комисијата за заразни ...
Необична временска појава денеска е забележана на Шар Планина, каде што на 24 јули падна снег на највисоките делови над Попова Шапка. Станува збор за ретка глетка за овој период од годината, а побелените предели привлекоа големо внимание кај граѓаните и посетителите на планината. Информацијата ја објави метеорологот Славчо Попоски, кој истакна дека неговите прогнози за оваа појава се оствариле. „Верувале или не: Денес, на 24 јули, на Шар ...
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Северна Македонија кон платформата клонот на ТИПС. Во своето обраќање, претседателката Лагард посочи дека по успешното ...