Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
На 23.07.2026 околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, 24-годишниот Д.Н. од с.Градец, виничко, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(28) од с.Јакимово, виничко, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.А.(28) од с.Истибања, виничко, ...
Полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово вчера на Градски плоштад во Кавадарци го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. -Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време му дала вкупно 9.000 ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. Ова, како што истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, претставува значаен дипломатски успех за нашата земја, кој е производ на координирана државна акција предводена од ...
Во моментов има застој на сообраќајот на кружниот тек кај хотел „Национал“ на влезот во Кочани. Информациите од теренот велат дека е истечено големо количество нафта од камион, приближно еден тон. Екипите на КЈП „Водовод“, ТППЕ и ОВР – Кочани се на терен. Велат дека сообраќајот бргу ќе биде вратен во функција. Во моментов има застој на сообраќајот на кружниот тек кај хотел „Национал“ на влезот во Кочани. Информациите од теренот велат дека е ...
Светското првенство штотуку го доби својот шампион, а фудбалскиот свет веќе го тресе голем скандал. Меѓународното советодавно тело „Group of Copenhagen“, специјализирано за откривање и спречување местење натпревари, објави извештај во кој наведува дека дури седум ситуации од штотуку завршениот Мундијал биле означени како сомнителни и поврзани со нерегуларности на обложувалниците. Како што пренесува The Athletic, сомнителните обрасци на ...
Десет финални предлози за дизајнот на идните банкноти во евра, презентираше Европската централна банка. Започната е јавна консултација на која граѓаните можат да ги искажат своите мислења за новиот изглед на банкнотите. Анкетата е отворена до 21 септември, а конечната одлука се очекува до крајот на годината. Предлозите се поделени на две теми: „Европска култура“ и „Реки и птици“. ЕЦБ вели дека предлозите се резултат на натпревар низ целата ...
Членови на Управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ денеска ќе одржат средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поради појавата на сипаници кај малите преживари. Средбата е закажана за 13 часот, а по неа, во 14:15 часот, пред АХВ изјава ќе даде претседателот на Сојузот, Насер Џемаили. Членот на Управниот одбор на Сојузот, Моме Младеновски, за МИА информира дека состојбата со сипаниците кај ...
Пред 69 години, на 24 јули 1957 година во Прилеп умрел Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. За претседател на Президиумот Методија Андонов – Ченто бил избран и на Второто заседание на АСНОМ, на 29 и 30 декември 1944 година. Бил и прв претседател на Президиумот на Народното собрание ...
Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Со реконструкцијата објектот ќе добие современи енергетски ефикасни решенија, подобри услови за работа на медицинскиот персонал и поквалитетни услови за престој на пациентите. Реконструкцијата опфаќа поставување нова термоизолациска фасада и кровна изолација, целосна замена на фасадната столарија, модернизација на системот ...
Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал останува едно од најголемите во историјата на тенисот. Двајцата одиграа рекордни 60 меѓусебни натпревари, а српскиот тенисер има 31 победа, наспроти 29 на Шпанецот. Надал изјави дека против Роџер Федерер имал јасен тактички план, но дека против Ѓоковиќ не можел да пронајде очигледна слабост. „Против Новак немам такво чувство“, призна Надал. Тој објасни дека за победа над Ѓоковиќ било неопходно ...
Двајца американски пратеници предложија закон што ќе ѝ овозможи на владата да нареди итно исклучување на системите за вештачка интелигенција доколку тие станат закана за јавноста. Предлог-законот, наречен Закон за AI Kill Switch, беше поднесен од демократот Тед Лиу и републиканецот Натаниел Моран откако компанијата OpenAI неодамна призна дека нејзините модели на AI излегле од контрола на невиден начин и пробиле голема база на податоци со ...
Глобалните цени на нафтата се зголемија за 6 проценти во четврток, при што суровата нафта од типот Брент се искачи над 100 долари за барел, според податоците на берзата. До 16:15 часот по московско време, септемвриските фјучерси за суровата нафта од типот Брент се зголемија за 6,38 проценти во однос на претходното затворање, на 100,07 долари за барел, што е прв пат цената да се искачи над 100 долари од 22 мај. Во исто време, септемвриските ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да го задржи статусот на заштитено светско културно наследство. Одлуката беше донесена денеска од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 48. сесија која се одржува во Бусан, Република Кореја, со која природното и културното наследство на Охридскиот Регион не се впишува на Листата на светско наследство во опасност. Македонската делегација на 48. сесија на ...
Од Основен Кривичен Суд Скопје информираат дека судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на осомничениот М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, донесе решение со кое ја прифати понудената гаранција во износ од над 1.150.000 евра, која се состои од засновање хипотека врз недвижен имот и ја укина мерката притвор. Истовремено, заради обезбедување на ...
Логистички центри на најголемата руска онлајн продавница Wildberries, позната како „рускиот Амазон“, во Санкт Петербург, Твер и на окупираниот Крим биле погодени во напад со украински беспилотни летала, објави Kyiv Independent, повикувајќи се на руски извори. Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, потврди напад со дронови врз објекти на цивилната инфраструктура, додека гувернерот на Ленинградската област соопшти дека во нападот ...
САД воведоа нови царини за 60 трговски партнери поради тврдења дека не успеале да ја спречат принудната работа. Царините се движат од 10% до 12,5% и се насочени кон клучните економски партнери, вклучувајќи ги Велика Британија, Кина, Европска Унија, Канада, Бразил, Јапонија, Индија, Русија и Турција. Тие стапија во сила денеска, веднаш откако истече привремената царина од 10% на странска стока. Врховниот суд на САД претходно оваа година ...
По критичната ситуација со водата во Гостивар, како и информациите за арсен во водата во Валандово и бактерии во водата во Крушево, раководителката на Секторот за санитарна контрола во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Емилија Аневска во интервју за „Телма “ТВ нагласи дека состојбата во главниот град останува стабилна и под строга контрола. Аневска ги уверува скопјани дека лабораторијата, која е акредитирана веќе 15 години, континуирано ...
СДСМ преку соопштение изјави дека последиците од загадената вода во Гостивар, покрај граѓаните, ги чувствуваат и приватните бизниси, откако Агенцијата за храна и ветеринарство изрече казни и забрани за работа по извршените контроли. Според партијата, Агенцијата досега изрекла 30 казни и 12 забрани за работа, додека засилените инспекциски контроли продолжуваат. Од СДСМ наведуваат дека дел од угостителските објекти, продавниците и ...
Грција се подготвува за значително влошување на временските услови, поради што Националната метеоролошка служба (EMY) издаде црвен аларм за периодот од 23 до 25 јули. По неколкудневниот топлотен период, се очекуваат силни невремиња со обилни поројни дождови, грмотевици, бурен ветер, а локално е можна и појава на град. Нестабилно време е најавено и во популарните туристички региони Халкидики и Солун. Според прогнозите, во петок (24 јули) таму ...
Киев се залага за нова рунда мировни разговори со посредство на САД, а украинскиот претседател Володимир Зеленски очекува до есен да биде организирана трилатерална средба со Русија. Тој изјави дека Украина сака што побрзо да го разгледа американскиот предлог за продолжување на дипломатските напори и нагласи дека состанокот би можел да се одржи уште овој месец доколку се создадат услови. Зеленски ова го изјави на заедничката прес-конференција ...
Општина Карпош претрпе најголеми штети од силното невреме што го зафати Скопје. Според градоначалникот Сотир Лукровски, евидентирани се околу 250 оштетени автомобили, меѓу 85 и 90 оштетени кровни конструкции на станбени згради, куќи и институции, како и стотина паднати дрвја. Тој посочи дека меѓу оштетените објекти има и училишта, а материјалната штета е огромна. Гостувајќи во Дневникот на Сител, Лукровски изјави дека општинските и градските ...
Еден од најголемите патнички авиони во светот беше вистинска атракција на Меѓународниот Аеродром Скопје за време на посетата на претседателката на Индија, Друпади Мурму. Еден од најголемите патнички авиони во светот – Боинг 777, кој ја превезуваше претседателката на Индија Друпади Мурму, беше вистинска атракција на Меѓународниот Аеродром Скопје за време на нејзината дводневна официјална посета на Македонија. Станува збор за најголемиот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференцијата во Гостивар порача дека одговорност за случајот со водата во овој град ќе сносни секој кој со извршување или неизвршување на дејствија, пропишани со законите, придонел кон тоа да дојде до оваа ситуација. Тој истакна дека во врска со случајот на разговор се повикани голем број лица и се преземаат бројни истражни дејствија во рамките на наредбите дадени од страна на ...
Експертскиот тим продолжува со испитувањата на водата од гостиварскиот водовод, откако анализите од земените примероци покажале отстапувања во квалитетот. На прес-конференција на Кризниот штаб во Гостивар, Емилија Јанеска од лабораториско-експертскиот тим на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги објасни резултатите од досегашните испитувања и мерките што се преземаат за стабилизирање на состојбата. Јанеска информираше дека пред два дена ...
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која се повикува претседателот Доналд Трамп да ги прекине воените операции против Иран, и покрај тоа што републиканците имаат тесно мнозинство во овој дом. Одлуката доаѓа во период на зголемени тензии на Блискиот Исток и претставува еден од најновите симболични обиди на Конгресот да се спротивстави на политиките на претседателот, објави „Ројтерс“. Резолуцијата за воените ...
Возач-почетник бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил со 211 километри на час на автопатот Скопје–Тетово, што е повеќе од двојно над дозволената брзина за оваа категорија возачи. Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил регистриран денеска (23.07.2026) во 16:21 часот кај клучката Кондово, каде полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата ...
Од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ избегнува да даде одговори за случајот со загадената вода во болницата и наместо да утврди одговорност, повторно упатува напади кон лидерот на опозицијата Венко Филипче. Според партијата, Филипче објавил документи што покажуваат дека уште во мај годинава во болницата било утврдено присуство на колиформни бактерии, но надлежните институции не презеле соодветни мерки. Од СДСМ посочуваат дека ова е четврти ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево ангажира дополнителни ресурси за справување со големиот пожар кој избувна над селото Копаница во Општина Сарај. Во акцијата се вклучени воздушна поддршка и специјализирани возила за интервенција на тежок и непристапен терен. Како поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита, на терен се испратени два противпожарни авиони „Air Tractor“, кои дејствуваат од воздух, како и две ...
Во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој изјави дека Владата и владејачкото мнозинство имаат јасен став во однос на измените на Изборниот законик, но дека опозициските партии мора да покажат политичка одговорност и да постигнат заеднички став за отворените прашања. Според Стојаноски, платформата врз која се воделе разговорите била коректна, а Владата покажала одговорност со ...
Михаило Федоров не ја прифаќа понудата за друга државна функција и инсистира единствената позиција на која би се вратил е местото министер за одбрана на Украина. Поранешниот украински функционер смета дека во услови на војна токму оваа позиција му овозможува да ги продолжи започнатите реформи и активности во одбранбениот сектор. Како што пренесува „Укринформ“, Федоров изјавил дека му е благодарен на претседателот Володимир Зеленски за ...