Над 12 илјади повици за помош биле примени во Центарот за управување со кризи по силното невреме што го зафати Скопје. Телефоните во институцијата не престанувале да ѕвонат ниту следниот ден, а сите пријави биле проследени до надлежните служби. Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, барањата за интервенција пристигнале исклучиво од скопското подрачје, додека итните екипи постојано биле на терен. Али изјави дека последиците од невремето биле ...

Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо не штедеше пофалби за Шпанија по финалето на Светското првенство, оценувајќи дека резултатот од 1:0 воопшто не ја покажува вистинската разлика во квалитет меѓу новиот светски шампион и Аргентина. Според еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, шпанската репрезентација целосно го контролирала натпреварот од почетокот до крајот. „Беше историски ден. Шпанија доминираше од почеток до ...

Согласно резултатите од анализите на мострите извршени од Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар во моментов е неисправна за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа. Ова е информација за која, меѓу другото, се разговарало на денешната седница што се одржала во Центарот за управување со ...

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан по вчерашната рација во опозициската партија Фидес и одземање на серверите, ја обвини новата влада дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем и ги повика неговите приврзаници да се спротивстават на „тиранијата“. Во Унгарија повторно почна ерата на тиранијата … Унгарија не е веќе демократска држава. Новиот политички систем создаден на овој начин е нелегитимен. Фидес ќе ги искористи сите мирни ...

Британскиот премиер Ендру Бернам најави дека Владата повторно ќе ја разгледа политиката за предвремено ослободување на затворениците. Тој посочи дека заедно со новиот министер за правда Алекс Норис ќе направат детална анализа пред да се донесат натамошни одлуки. Бернам изјави дека не може да се игнорира притисокот врз затворскиот систем во Велика Британија, кој се соочува со недостиг на затворски капацитети, но нагласи дека сака внимателно ...

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонски војски“ во Скопје, а возачот на автомобилот кој учествувал во судирот избегал од местото на настанот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот Ш.Ш. од скопското село Волково, и патничко возило, чиј возач веднаш ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има нова шанса да избори настап на гранслем-турнир. Таа се најде на листата на пријавени учеснички за ОП на САД, последниот турнир од „големата четворка“ оваа сезона. Таа ќе игра три квалификациски кола пред да се најде на главниот жреб. Тоа и успеа на Вимблдон. Првото коло на УС Опен стартува на 30 август, а квалификациите ќе се играат во Њујорк една седмица порано. Ѓорческа минатиот месец ...

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам оствари огромен профит за време на неодамна завршеното Светско првенство во 2026 година, дополнително зголемувајќи го своето богатство, кое се проценува на повеќе од 1,38 милијарди евра. Иако ја заврши својата играчка кариера пред повеќе од една деценија, 51-годишниот поранешен капитен на Англија беше едно од најкористените лица во рекламите низ целиот свет, собирајќи околу 22,1 милиони евра. ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во две одделни акции биле спречени два обиди за криумчарење мигранти, при што се лишени од слобода две лица, против кои ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Првиот случај бил откриен на 21 јули околу 12:25 часот на улицата „Партизански одреди“ во Гевгелија, каде што полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле С.С. (35) од ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп собрала повеќе од 13 милијарди долари приходи од продажбата на венецуелска нафта оваа година, но сè уште е нејасно каде се парите и како се користат, објави „Фајненшл тајмс“. Според пресметките на весникот, САД ја презедоа контролата врз извозот на нафта на Венецуела откако ја презедоа власта во јануари и ја поставија потпретседателката Делси Родригез. Приходите од нафта сочинуваат ...

Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа 2.308 трафостаници на Електродистрибуција, информираат од ЕВН Македонија. Нагласуваат дека засилени екипи на компанијата работеа без престан во исклучително тешки услови и успеаја да санираат дури 90 отсто од ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал онлајн-состанок со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на кој се разговарало за законите и реформските чекори што треба да ги преземе државата до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процес. Мицкоски денеска на новинарско прашање оцени дека државата продолжува да ги исполнува обврските, како и дека со исклучок на Изборниот ...

Инцидент на железничката станица Њугати во Будимпешта ја обележа посетата на унгарскиот премиер Петер Маѓар и министерот за транспорт и инвестиции Давид Витези, кои беа цел на напад од страна на маж. Тој им се приближи, разговараше со нив, а потоа плукна по нив, објавија денес унгарските медиуми. Маѓар и Витези се упатија кон железничката станица Ракошпалота-Ујпешт, каде што требаше да го презентираат Планот за развој на железницата „Габор ...

Четиригодишно момче го загуби животот откако се удави во аква-паркот „Југово“ во Смедерево, Србија. Според информациите од очевидци кои се наоѓале на лице место, екипата на Итната медицинска помош пристигнала со голема брзина по добиениот повик. Луѓето кои се затекнале на местото на настанот сведочат за драматичните моменти за време на спасувањето: „Лекарот од Итната помош го носеше детето во раце, сцената беше страшна за гледање“, изјави ...

Повеќе средства за капитални проекти, дополнителна поддршка за земјоделството и нови мерки за заштита на жртвите на семејно и родово насилство се дел од дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, кој Владата го усвои по завршувањето на комисиската расправа во Собранието. Во документот се вградени амандманите прифатени од Комисијата за финансирање и буџет, по што дополнетиот предлог повторно ќе биде доставен до пратениците на конечно ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, на ден 21 јули 2026 регистрираше исклучително високи вредности на удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности. Од 47 мерни места за ветер во Републиката, олуја и олуен ветер со брзина од 62 до 88 км/час е регистриран на 12 мерни места, силна олуја со брзина од 88 до 102 км/час на 6 мерни места, ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде заокружен процесот за избор на локација за новиот клинички центар. Мицкоски изјави дека се водат разговори со сопственикот на земјиштето, а разгледува и алтернативна локација во близина. – Да, има разговори. Разговараме со сопственикот на земјиштето. Имаме и втора опција во близина на таа парцела. Нормално, никогаш не се потпираме само на една опција. Очекувам дека во тој ...

Краткото, но интензивно невреме со силен ветер што го погоди Скопје вчера попладнето, предизвика големи штети. Сите граѓани на кои им е потребна помош, да пријават штета или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број 112, но и на: 072314929 072314909 02/3297-204 Поради силното невреме што го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, беш целосно мобилизиран и ...

Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди. Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија. На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и ...

ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Македонија, порача денеска амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна членка на ЕУ – рече Рокас, обраќајќи се на седница на Националниот совет за евроинтеграции, посветена на клучните аспекти на процесот на европска интеграција. Тој истакна дека ...

Намерното запирање на европскиот пат на Македонија претставува форма на државен удар , оцени претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции. Тој оцени дека последните извештаи на Европската комисија се сериозно предупредување за состојбите во државата, посочувајќи дека во нив се нотирани проблеми со владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата, притисоците врз ...

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне истакна: Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Клиниката з ахируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје каде што беше пуштено во употреба реконструираното одделение за Трауматологија. Би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на директорот, на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат и за сето она коешто го прават за да корисниците услуги од оваа здравствена установа ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, изјави: „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно работата се презема, после летаргијата којашто ја имаше ...

Смирувачки тренд на епидемијата во Гостивар. Вака министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја опиша состојбата со Гостивар поткрепено со бројот на лица кои побарале лекарска помош. -Вчера имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се околу 190 пациенти, имаме натамошно намалување што е значајно од врвот со саботата. Продолжуваме со поддршка на сите епидемиолошки активности, неопходни да се утврди хронологијата на ...

Македонскиот фудбалски шампион Вардар, вечер од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, ќе биде домаќин на Рига од Летонија. Ова ќе биде првиот од двата меѓусебни натпревари во второто квалификациско коло од Лигата на Конференции. Тренерот на „црвено-црните“ Кристијан Фабијани изјави Мотивирани влегуваме во дуелот со Рига. Ќе играме да докажеме дека можеме многу подобро од мечот со Купс на домашен терен. Тоа го заслужуваат нашите ...

Возач на автобус на ЈСП со својата смиреност и професионалност се погрижил патниците безбедно да стигнат до своите домови, откако ги зафатило силното невреме кое вчера го погоди Скопје и околината. За неговата постапка сведочи скопјанката Далиборка која се превезувала со автобусот на линијата 65 кон Раштак. Невремето ги затекнало кај Бит-пазар, каде парчиња од околните објекти удирале во автобусот, а дрвја паѓале во непосредна близина. И ...

Повеќе објекти од витално значење, се оштетени во вчерашното невреме кое го зафати Скопје и околината. На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа оштетување на часовникот на Музејот на град Скопје, кој е потсетник на катастрофалниот земјотрес кој во 1963 година во погоди главниот град. Оштетена е стрелката која ги означува минутите, 5 часот и 17 минути, моментот на земјотресот кога и часовникот запрел со работа. Во ...

Во Музејот на град Скопје денеска е откриен споменик на Махатма Ганди. Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија. Споменикот е откриен во време кога во посета на земјава е индиската претседателка Драупади Мурму која денеска заедно со претседателката Гордана ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.61
39%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
0.89
47%
1011
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.12
52%
1013
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.79
37%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.66
40%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
1.26
79%
1014
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
2.24
46%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
49%
1010
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.38
45%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
49%
1009
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
3.98
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Злато

137126.15

Платина

55652.94

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Цинк

0.00

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27

Рутениум

53852.50