Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Последниот свиреж во финалето не го означи крајот на тензиите на теренот. По натпреварот, меѓу фудбалерите на Аргентина и новиот светски првак дојде до конфликт во кој беа вклучени повеќе играчи и членови на стручните штабови. ФИФА потврди дека ги разгледува случувањата и веќе започна со собирање докази за евентуално покренување официјална дисциплинска постапка. Според првичните најави, дел од аргентинските фудбалери и претставници би можеле ...
Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, изјави дека не чувствува морална одговорност за состојбата со водата во градот, откако беше прогласена епидемија поради проблемите со водоснабдувањето. На прес-конференција, Лимани посочи дека директорката на ЈП „Комуналец“, заедно со уште неколку лица одговорни за градскиот водовод, се суспендирани. Тој ги повика надлежните институции да ја завршат истрагата објективно и порача дека локалната ...
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска престојуваше во работна посета на Општина Кочани, каде со градоначалникот Владко Грозданов разговараше за реализацијата на инфраструктурните проекти, регионалниот развој, прекуграничната соработка и идните инвестиции. На средбата беше направен преглед на реализацијата на најзначајните капитални проекти. Во изјавата по средбата, градоначалникот Грозданов соопшти дека изградбата на ...
Бројот на граѓани кои побарале медицинска помош поради симптоми на гастроентероколит во Гостивар почна да се намалува, но причината за појавата на епидемиолошката состојба сè уште не е официјално утврдена. Анализите на водата за пиење од градскиот водовод, кои треба да покажат дали постои поврзаност со случаите, сè уште не се објавени. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на вчерашниот ден е забележан пад на бројот на ...
Американскиот претседател смета дека успехот на Мундијалот 2026 е доказ дека САД заслужуваат повторно да бидат домаќин, но ФИФА веќе ги има одредено организаторите за 2030 и 2034 година. Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, дека Соединетите Американски Држави повторно ќе поднесат кандидатура за организација на Светското првенство, истакнувајќи дека ...
Нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток беше регистрирана попладнево откако Иран повторно изврши напади врз Кувајт. Поради заканата, кувајтските вооружени сили ја активираа противвоздушната одбрана, додека во соседен Бахреин повторно се огласија сирените за воздушна опасност. Кувајтската армија соопшти на платформата Икс дека експлозиите што се слушнале биле резултат на дејствувањето на системите за противвоздушна одбрана при ...
Дресот што легендарниот Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,9 милиони долари на аукција организирана од аукциската куќа „Сотбис“ во Њујорк. Со оваа продажба, тој стана вториот најскап фудбалски дрес што некогаш бил продаден на аукција, а воедно и највредниот предмет поврзан со бразилската фудбалска легенда. Пред него на листата останува само дресот што Диего Марадона го носеше против Англија на ...
Трагично заврши потрагата по три лица од Косово кои беа пријавени за исчезнати откако заминале од Меѓународниот аеродром Скопје. Тие биле пронајдени починати во превртено возило на автопатот Граничен премин Блаце–Скопје, делница која е затворена за сообраќај и е во изградба. Во Полициската станица Бит Пазар на 19 јули во 13:40 часот, М.Ш. (56) од Косово пријавил дека не може да стапи во контакт со неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. ...
Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат ќе продолжат внимателно да ги следат движењата на цените и нема да дозволат неоправдани поскапувања на товар на граѓаните. Ова било порачано на работната средба што денеска ја одржаа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски со претставници на производителите и дистрибутерите. На состанокот биле презентирани ...
Мерките од Оперативниот план за вработување да бидат достапни за секој занаетчија, да биде поедноставен начинот за аплицирање и постапката за добивањето на поддршката да биде транспарентна како во изминатиот период. Ова му порача денеска од Занаетчиската комора на заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Засега најатрактивна е мерката Поддршка за креирање нови работни места, но не помал интерес има и за мерката Обука за ...
Европската комисија денеска соопшти дека ја казнила кинеската компанија за е-трговија „Али експрес“ со 550 милиони евра поради тоа што не успеала да го намали ризикот од продажба на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи. Во соопштението на ЕК се наведува дека „Али експрес“ е казнет за прекршување на одредбите од Законот за дигитални услуги (ДСА) бидејќи компанијата не успеала соодветно да процени дали има доволно персонал за ...
Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното обвинителство – соопшти директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, на прес-конференцијата во Владата. Не е важно само да се одреди причината, туку она што е најважно – да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката ситуација – рече ...
Американскиот милијардер и инвеститор Ворен Бафет изјави дека среќата била клучен фактор во неговиот успех, што го направило еден од најбогатите луѓе во светот и дека токму ова сознание го инспирирало да донира поголем дел од своето богатство. „Мојата перспектива е следнава: од осум милијарди луѓе во светот, веројатно сум меѓу 10-те кои имаа најмногу среќа“, рече претседателот на „Беркшир Хатавеј“ во интервју за CNBC. Неговата нето вредност ...
Вкупно 3.100 граѓани досега побарале медицинска помош по епидемијата со гастроентеритис во Гостивар. Ова го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. Клиничката слика се стомачни проблеми, а поретко со температура и треска. Тој објасни дека бројката не се однесува само на пациентите прегледани во Општата болница „Ферид Мурад“, туку претставува интегрирани податоци од сите здравствени установи во градот. „Во моментот досега има околу ...
Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, рече дека во Гостивар останува целосната забрана за користење на водата. – Агенцијата за храна и ветеринарство издаде наредба за забрана за користење на водата во Гостивар, што подразбира целосна забрана, и до моментот додека нема други насоки, Институтот за јавно здравје исто така се држи до овој став – рече Андоновска. Таа појасни дека стручни екипи веднаш по барањето на Обвинителството зеле ...
Постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период треба да биде брзо и експидитивно. Колку што е важно навременото постапување од страна на надлежните институции, толку е важно и утврдувањето на одговорност со цел никогаш повеќе да не се случуваат вакви состојби, изјави денеска владината портпаролка Марија Митева во однос на случувањата во Гостивар каде е прогласена епидемија по зголемениот број на пациенти со стомачни тегоби. Митева ...
„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешниот увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Тој посочи дека се вложуваат околу 11 милиони денари за темелна внатрешна реконструкција на оваа зграда што опфаќа промена на врати, ...
Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври. Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Македонија. Со донесената ...
Новиот лидер на британската Лабуристичка партија, Енди Бернам, е назначен за нов премиер на земјата, со што започнува нова ера во британската политика. Откако поранешниот премиер Кир Стармер го одржа својот проштален говор, Бернам беше примен од кралот Чарлс и му беше доделена задачата да формира нова влада. „Неговото Височество го прими на аудиенција почитуваниот Ендру Бернам, пратеник во Парламентот, и го замоли да формира нова ...
Не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректност. Ако се констатира непазарно однесување и енормно зголемување на цените, не е исклучено да се преземат соодветни мерки, изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите. Тој рече дека на средбата ќе бидат презентирани анализите на Државниот пазарен инспекторат во однос на цените – како се движат ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата денеска на вонредна седница ќе донесе одлука за намалување на акцизите за безоловните бензини и дизел-горивата, со цел да се ублажи влијанието од растот на цените на светските пазари. Тој посочи дека новите воени дејства во Персискиот Залив повторно предизвикуваат раст на цената на нафтата и нафтените деривати, што претставува сериозен предизвик и за македонската економија. „Ќе ја продолжиме ...
Директорката на ЈП „Комуналец“ Артана Асани е суспендирана заедно со уште неколку лица, кои се одговорни за градскиот водовод, рече денеска Валбон Лимани, градоначалникот на општина Гостивар. Три дена по забраната на АХВ за пиење на гостиварската вода и илјадници заболени од нејзино конзумирање, Валбон Лимани, градоначалникот на општината најави дека за состојбата во изминативе денови во Гостивар ќе се дискутира на вонредна седница на ...
Полицијата ја уапси директорката на НП „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани. Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши. Се очекува двајцата наскоро да се појават пред обвинителството, а судијата на претходна постапка ќе им одреди мерки на претпазливост. Инаку, Асани, откако избувна епидемијата, тврдеше дека зголемениот број ...
Во ниту еден момент немало криење на информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар, изјави денеска миинистерот за здравство Сашо Клековски. – Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидјеќи немаме што да криеме, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата. Првата ...
За населението во Гостивар каде што е прогласена епидемија денеска ќе бидат обезбедени три шлепери со 76 илјади литри вода. Во наредните денови количината ќе се зголемува зависно од потребите, а ако треба ќе бидат вклучени и цистерни со вода, Ова денеска го кажа Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој ги презентраше и локациите каде ќе се дистрибуира водата. – Покрај институционалната одговорност, ...
Хрватската гранична полиција ќе може привремено да ја поедностави примената на европскиот Систем за влез и излез – EES, доколку се процени дека патниците на надворешните граници ќе чекаат подолго од 45 минути. Олеснувањето не значи отворање на границата без контрола. Пасошите и натаму ќе се проверуваат, а за патникот ќе биде креирано електронско досие, но полицијата привремено ќе може да не зема фотографија од лицето и отпечатоци од прстите. ...
Сојузот на синдикатите на Македонија ја објави вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година. Според податоците од ССМ таа изнесува изнесува 68.498 денари и во споредба со јуни, кошницата е намалена за 156 денари, но четиричлено семејство и натаму има потреба од значителни средства за покривање на основните месечни расходи. Доколку во пресметката се вклучи и изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребниот месечен ...
Премиерот Христијан Мицкоски беше денеска во посета на Општина Велес и оттаму порача дека со ребалансот ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езеротот Младост. Би сакал да изразам задоволство за сите овие проекти коишто се во фаза на реализација и проекти коишто ќе се реализираат во периодот којшто следи. Би сакал кратко само да го дополнам тоа што го спомена градоначалникот во делот на цевководот којшто треба да ...
Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев направија увид на бројни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството. „Со гордост ...
Собранието на почетокот на денешната пленарна седница ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски соопшти дека е информиран од Наумовски дека нема да ја образложи оставката пред пратениците. – Врз основа на член 121 став 1 од Деловникот на СОбранието, судијата на Уставниот суд доктор Гоце Наумовски може да ја облазожи оставката, но бидејќи сум известен дека судијата на ...