Повеќе од 100 домови беа уништени во огромен пожар во јужна Норвешка, а стотици луѓе мораа да ја напуштат областа, објавија норвешките медиуми. Wildfire Out of Control in Norway: More Than 100 Homes Destroyed Six helicopters have been deployed to fight a major wildfire in Norway. In the Norwegian town of Krokstadelva, located in Drammen Municipality, more than 100 homes have been destroyed by a large wildfire that… pic.twitter.com/eMTER2r51e ...

Едно лице го загуби животот, а уште двајца мажи се со повреди по експлозија што синоќа се случила во дворот на семејна куќа во близина на Панчево, Србија. Како што пренесуваат медиумите, на повредите им подлегнал Драган П., додека повредените се пренесени и згрижени во здравствена установа. Полициски службеници веднаш по пријавата излегле на терен и ја обезбедиле локацијата за да се сочуваат трагите. Според првичните полициски наоди, до ...

20-годишна жена пријавила во полиција дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба на продавница во трговски центар во скопската општина Ѓорче Петров. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 16 јули 2026 година во 17:30 часот во СВР Скопје. Жената во пријавата навела дека истиот ден околу 14:30 часот, додека била во гардеробата и пробувала облека, забележала лице качено на скала кое ...

На 17.07.2026 во 18:42 часот во СВР Штип од Итната медицинска помош-Пехчево е пријавено дека околу 18:10 часот добиле повик да интервенираат во близина на с.Панчарево, каде Ј.Ѓ. (58) се здобил со повреди при сеча на дрва, каде бил заедно со својот син, информира МВР. На пат кон здравствената установа Ј.Ѓ. починал. По наредба на јавен обвинител од ОЈО Делчево, телото на починатиот е дадено на обдукција. На 17.07.2026 во 18:42 часот во СВР ...

Институтот за јавно здравје, по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш излезе на терен на посочените локации и зема примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи, информираат од ИЈЗ по симптомите на труење поради кои голем број граѓани побарале лекарска помош во Гостивар. По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа на примероците. ...

Помош за Гостивар по забраната за пиење на водата испрати град Скопје, откако голем број граѓани побараа лекарска помош со симптоми на труење, а надлежните институции истражуваат што се случило со водата од градскиот водовод во градот, објави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Во вакви моменти нема место за чекање – потребни се брза реакција, човечност и солидарност! Град Скопје веднаш испраќа цистерни со питка вода за ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива. – Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Како Влада ја продолживме кризната состојба уште ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека дополнителни средства за судството нема да бидат обезбедени сè додека, како што рече, правосудниот систем не покаже резултати во испораката на правдата. Тој денеска, коментирајќи го последниот извештај на Европската комисија за правосудството, истакна дека негова обврска како премиер е јавно да упатува критики сè додека не се забележи напредок. „Пари повеќе нема да добијат. Пари нема да добијат, иако ...

Пет пожари на отворен простор биле регистрирани во текот на денот до 13 часот низ Македонија, од кои три и понатаму се активни, информираше Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот кај селото Желино во општина Желино, каде гори ниска вегетација. Пожар има и кај патарината кон Гостивар, на територијата на општина Боговиње, каде исто така е зафатена ниска вегетација. Од ЦУК не ја наведоа локацијата на третиот пожар кој сè уште е ...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги објави условите за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година. Пријавувањето ќе се одвива во три уписни рокови. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за учебната 2026/2027 година. Идните студенти ќе имаат можност да се пријават во три уписни рокови. Првиот рок е предвиден за 18 и 19 август 2026 година, ...

За бронзениот медал на Светското првенство 2026 вечерва ќе се борат Франција и Англија. Двете репрезентации ќе се соочат на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, а натпреварот ќе започне во 23 часот по македонско време. Двете репрезентации досега одиграле 32 меѓусебни натпревари. Англија има 17 победи, Франција славела на 10 средби, а пет натпревари завршиле нерешено. Гол-разликата е 72:41 во корист на Англичаните. На светските првенства Франција ...

Според утврдената динамика се одвива реконструкцијата на Охридскиот аеродром Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува да биде завршена согласно утврдениот рок, односно до крајот на летото. Ова го изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој кажа дека таму се работи паралелно на четири проекти. Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде меѓу 80 и 90 проценти на секој од ...

Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече заменик претседателот на ...

Епидемија во Гостивар засега нема да биде прогласена, бидејќи сè уште не е утврдено што е причината за големиот број граѓани со стомачни тегоби, изјави министерот за здравство Сашо Клековски по посетата на Општата болница во Гостивар. Тој нагласи дека се потребни дополнителни епидемиолошки анкети и анализи за да се утврди изворот на заболувањата. Министерот информираше дека бројот на пациенти кои секојдневно се јавуваат со слични симптоми ...

Катастрофалниот извештај на Европската комисија за владеењето на правото е најсилната потврда дека правосудниот систем во државата е под сериозен политички притисок од ВМРО и Мицкоски, порача портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција. Кузеска посочи дека Европската комисија во својот најнов извештај јасно нотира мешање во судството и обвинителството, отсуство на реформи, широко ...

Премиерот Христијан Мицкоски шокиран од случајот во Гостивар поради кој околу 1.200 луѓе побараа помош во гостиварската болница поради наводно загадена вода. Најави дека за овој случај ќе има одговорност. Имаме процес којшто го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, кој е тој што дал наредба тоа да се случи и се разбира дека ќе има одговорност. Нема така да помине случајот, рече ...

Извонредните македонски оперски имиња со интернационална уметничка кариера, Игор и Ана Дурловски, вечерва ќе настапат во рамки на фестивалот „Охридско лето“ заедно со камерниот оркестар „Ајга“ под диригентската палка на маестра Ана Спасовска. Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот. Басот Игор Дурловски дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје со највисоката оцена „Cum Laude“. Дебитира во Македонската опера и ...

По шест години од нивното заминување од кралските должности, принцот Хари и Меган Маркл наводно повторно размислуваат за поголема поврзаност со Велика Британија. Според медиумските наводи, војводата и војвотката од Сасекс сакаат да поминуваат повеќе време во земјата, но без целосно враќање во рамките на кралските обврски. Како што пишува „Тајм Индиа“, извори блиски до парот тврдат дека Хари и Меган се обидуваат да ги подобрат односите со ...

ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс, пишува во денешното соопштение од прес-конференција на Мартин Андоновски, претседател на ОК – Гостивар. -Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Таравари. Поради основано сомнение дека се поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната ...

Управата за јавни приходи најостро го осудува физичкиот напад и попречувањето на службените лица при извршување на нивните законски овластувања за време на даночна контрола на локалитетот Куклица. Ниту еден службеник не смее да биде изложен на насилство, закани или притисоци додека ја извршува својата законска должност. Нападот врз даночен контролор не е само напад врз вработените во Управата за јавни приходи, туку и напад врз владеењето на ...

Бројот на загинати по двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни достигна 5.069 лица, соопшти претседателот на Парламентот, Хорхе Родригез. Според последните податоци, уште 16.740 лица се повредени, додека 17.907 жители останале без своите домови по природната катастрофа. Во земјотресите биле оштетени вкупно 856 згради, според претходно објавените информации. Земјотресите што ја погодија Венецуела биле со јачина од 7,2 и ...

На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и главен уредник на ТВ2 и правник по професија. Информацијата ја соопшти неговиот син Арианит Бајрами преку својот Фејсбук профил. Бајрами од 2019 до февруари 2024 година беше дел од ДКСК. Тој речиси една деценија работеше како новинар и главен уредник во ТВ2. Во текот на кариерата работел и во ...

Над 1200 жители на Гостивар пријавиле симтоми како повраќање, болки во стомак и дијареја, како резултат на наводно заагадената вода од градскиот водовод. Додека пациенти постојано пристигнуваат во болницата, продолжува истрагата на полицијата и обвинителството за масовното труење во Гостивар. Првичните сомнежи се дека труењето е од водата од градскиот водовод, а издадена е забрана за пиење, од страна на АХВ. Почнати се лабораториски анализи ...

Обединетите нации упатија остро предупредување поради ширењето на конфликтот меѓу САД и Иран, откако генералниот секретар Антонио Гутереш ги осуди нападите врз цивилни објекти низ Блискиот Исток и ги оцени како „неприфатливи“. Неговата реакција следува откако Иран ги обвини САД дека извршиле напади врз транспортната и телекомуникациската инфраструктура на земјата, најавувајќи преземање „одмазднички“ мерки. „Генералниот секретар останува ...

Министерот за здравство Сашо Клековски во 11:30 часот ќе ја посети Општата болница – Гостивар откако повеќе граѓани со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. Министерството за здравство соопшти дека предвидено е изјава да даде министерот Клековски. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е ...

Пред 59 години, на 18 јули 1967 година, во Охрид беше донесена одлуката за прогласување автокефалност на Македонската православна црква (МПЦ) како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката беше усвоена на Третиот црковно-народен собор, а свечениот чин на прогласувањето беше извршен на 19 јули 1967 година во црквата „Св. Богородица Перивлепта“, тогаш позната и како „Св. Климент“. Одлуката ја соопшти новоизбраниот архиепископ ...

Пет лица истовремено извршуваат две функции, а 38 лица кои во месец март биле избрани и именувани не поднеле изјава за имотната состојба. Ова го утврдиле од Државната комисија за спречување на корупцијата при спроведената контрола. Антикорупциска во согласност со своите законски надлежности редовно следи дали се почитува законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси, како и законската забрана за истовремено ...

Во рамките на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. „Во разговорот соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји. Фокусот на средбата беше ставен на ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа присуствуваше на Пиво фест во Прилеп. -По одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, вечерва присуствував и на Пиво Фест во Прилеп. Имав можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани, во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија, напиша синоќа Мицкоски на Фејсбук. Тој порача дека ваквите настани се уште ...

На граничниот премин Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од таму. АМСМ ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.96
50%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
2.72
63%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.2
73%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.63
55%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.77
63%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.16
78%
1018
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
0.89
47%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.9
40%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.77
47%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
5.36
64%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
72%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.98
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Сребро

2005.37

Платина

55652.94

Паладиум

43435.66

Злато

137126.15

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54