Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека декласифицирал разузнавачки информации кои, според него, покажуваат кинеско мешање во американските претседателски избори во 2020 година, повторувајќи ги долгогодишните обвинувања за изборната безбедност. Трамп тврди дека Кина незаконски прибавила изборни податоци за околу 220 милиони Американци, меѓу кои имиња, адреси и други информации поврзани со регистрацијата на гласачите. Тој обвини и ...

Европската централна банка мора внимателно да ја води монетарната политика за да ја задржи инфлацијата под контрола, без дополнително да го забави економскиот раст, оцени гувернерот на Банката на Италија и член на Управниот совет на ЕЦБ, Фабио Панета. Тој предупреди и дека финансиските пазари можеби ги потценуваат ризиците што произлегуваат од високите цени на енергијата и геополитичките тензии. Панета изјави дека Европската централна банка ...

Мавровското Езеро доби ново порибување со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов, кое годинава ќе се одржи на оваа локација. Акцијата ја реализираа Јавната установа Национален парк „Маврово“ и компанијата EDS Energy Delivery Solutions, со цел да се зајакне рибниот фонд и да се создадат подобри услови за одржување на натпреварувањето. Од Националниот парк „Маврово“ информираа дека порибувањето е спроведено ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на Фејсбук сподели за пораките кои ги упатил во Вашингтон, САД, како дел од Министерски состанок посветен на заканите од подемот на политичкиот тероризам. -„На покана на државниот секретар на САД, Марко Рубио, во Вашингтон учествував и се обратив на министерскиот состанок посветен на заканите од подемот на политичкиот тероризам. Заедно со високи претставници од повеќе од 60 држави, разговараме ...

Во земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за локален дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 31 до 39 степени. Во Скопје се очекува сончево и топло време ...

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири побрзо од која било претходна епидемија на вирусот, предупреди Светската здравствена организација. За само два месеца се регистрирани повеќе од 2.000 случаи, од кои 796 завршиле со смрт, а актуелниот бран веќе се смета за третата најголема епидемија на ебола досега. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, посочи дека за време на големата епидемија во Конго од 2018 до ...

Остра реакција од Брисел предизвика изјавата на српската министерка Снежана Пауновиќ за Косово. Европската комесарка за проширување Марта Кос оцени дека ваквата реторика е неспоива со европските вредности и порача дека не може да замисли министер да остане на функцијата по таква јавна изјава. Повод за реакцијата беше изјавата на Пауновиќ дека, доколку била на местото на Слободан Милошевиќ во 1998 година, „етнички би го исчистила Косово“. Кос ...

Американската војска вечерва започна нов бран воздушни напади врз Иран, продолжувајќи ја воената операција шеста ноќ по ред. Според Централната команда на САД, целта на нападите е дополнително слабеење на иранските воени капацитети, додека иранските медиуми јавуваат за експлозии во повеќе делови од земјата. Во соопштението на американската војска се наведува дека нападите започнале околу 21:30 часот по локално време и биле насочени кон ...

Една изборна единица е добро решение, смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Иако како решение го има во две до три држави, сепак претседателката смета дека добро е тоа да го има и кај нас. – Иако е ретко решение, дали го има во две или три држави, сепак добро е да го има кај нас затоа што во разни изборни единици со различен број гласови се победува. Гласот треба да има иста тежина – рече вечерва Сиљановска-Давкова во интервјуто ...

Силно невреме со обилен дожд вечерва ја погоди Битола, при што повеќе улици и крстосници беа поплавени, а движењето на возилата беше значително отежнато. Големите количества вода ги претворија дел од градските сообраќајници во вистински реки, објави 4news.mk. Најкритична била состојбата во централното градско подрачје, каде на одредени крстосници се насобрале големи количества вода и се создале услови слични на езера. Особено ризично било ...

Аргентина обезбеди место во финалето на Светското првенство по драматичната победа над Англија со 2:1 во Атланта, но прославата на големиот успех би можела да ѝ донесе дисциплински проблеми на националната фудбалска асоцијација. По завршувањето на полуфиналниот натпревар, на теренот се појави транспарент со порака „Las Malvinas son Argentinas“ (Малвинските острови припаѓаат на Аргентина), поради што ФИФА разгледува можност за отворање ...

OpenAI прави нов чекор кон создавање понапреден систем за работа со вештачка интелигенција. Компанијата го претстави ChatGPT Work, агент кој е замислен да извршува сложени задачи, да се поврзува со различни апликации и да им помага на корисниците во секојдневните деловни и креативни процеси. Новиот агент ги комбинира можностите на ChatGPT, развојната алатка Codex и функциите поврзани со веб-прелистување. Со тоа, OpenAI сака десктоп ...

Повеќе делови од Македонија вечерва се зафатени од нестабилно време со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а локално и со појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Невремето се движи од северозапад кон југ и југоисток, а метеоролозите предупредуваат дека на одделни места се можни поинтензивни врнежи и електрични празнења. Првично бил зафатен Кичевскиот регион, каде во попладневните часови имало пороен дожд и грмежи, по ...

Незадоволството кулминирало по барањето Венс и неговиот малолетен син со воениот хеликоптер да бидат пренесени преку Вашингтон за час по голф. Семејството неколку пати патувало со хеликоптер до Мидлбург, во државата Вирџинија, за да гледа куќи за купување. Агентите на американската Тајна служба задолжени за обезбедувањето на потпретседателот Џеј Ди Венс се незадоволни од, како што велат, сѐ почестите и непромислени барања за патувања, кои ...

Триесетти септември ќе биде клучен датум за иднината на процесот на проширување на Европската Унија, бидејќи тогаш Европската комисија треба да го претстави новиот пристап според кој ќе се одвива натамошната интеграција на земјите-кандидати, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа предупреди дека евентуалното усвојување на уставните измени само привремено би го отворило патот на Македонија, но не би било гаранција дека во ...

Српските власти разбиле организирана криминална група осомничена за криумчарење мигранти од Турција кон земјите од Западна Европа, при што меѓу уапсените се и двајца припадници на српската полиција, објавија бугарски медиуми. Акцијата била спроведена по истрага на српската Служба за борба против илегална миграција и организиран криминал, во рамки на оперативната работна група „ИТЕР“ на Европол. Оваа специјализирана група беше формирана во ...

Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот што ќе биде основа за владиниот облак, сајбер безбедноста и развојот на вештачката интелигенција. Во вечерашното интервју на Македонската телевизија, во емисијата „На прва“, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека Владата започнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на ...

Неуспехот да се усвојат измените на Изборниот законик не може да ѝ се припише на опозицијата, туку е резултат на пропустите на власта и на Министерството за правда, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова во гостување на ТВ Телма. Таа оцени дека обвинувањата на премиерот претставуваат, како што рече, „брутална и безобразна манипулација“ што на крајот ја плаќаат граѓаните. Зајкова посочи дека обврската за итни измени на ...

Мојот брат Горан денес итно заминуваме за Турција бидејќи му беше дијагностициран агресивен КАРЦИНОМ на ЦРНИОТ ДРОБ, пишува во апелот сестрата на Горан. Ситуацијата е алармантна и секој ден ни е борба за неговиот живот, особено што на секои три дена сме по болници за да му ја вадат течноста од градите за тој воопшто да може да земе здив. Горан е дечкото кој многумина од вас го знаат како секогаш насмеан, вреден и посветен на својата работа. ...

Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство по победата над Англија со 2:1 во полуфиналето во Атланта, а Лионел Меси триумфот го посвети на легендарниот Диего Марадона. Капитенот на аргентинската репрезентација изјави дека верува оти Марадона би уживал во овој момент, особено поради симболиката на победата над Англија. Меси беше асистент за двата гола на Аргентина во големиот пресврт. „Без сомнение, Диего неизмерно ужива во ова ...

Американската администрација планира да го ограничи времетраењето на престојот на странските студенти и новинари во САД, според владин документ објавен денеска. Мерката е нов потег во рамки на построгата имиграциска политика на актуелната администрација. Со новите правила, кои треба да почнат да се применуваат во рок од два месеци доколку добијат одобрение од Конгресот, странските државјани со студентски визи нема да можат да останат во САД ...

Иран предупреди дека ќе возврати со напади врз инфраструктурата во регионот на Персискиот залив доколку САД продолжат со напади врз ирански цели. Техеран го прогласи Ормускиот теснец за неповредлива „црвена линија“ и порача дека има целосна контрола врз овој стратешки поморски премин. Портпаролот на иранската војска, бригадниот генерал Мохамед Акрамини, изјави дека контролата врз Ормускиот теснец не зависи од крајбрежните позиции и дека Иран ...

Аднан Локванчиќ, осомничениот за убиството на својата мајка и брат во сараевската населба Храсница, по апсењето дал вознемирувачка изјава пред полицијата, пренесуваат босанските медиуми. Случајот предизвика голем шок во јавноста, особено по информациите дека жртвите имале здравствени проблеми и дека тој со години се грижел за нив. Според пишувањето на „Аваз“, Локванчиќ во полиција изјавил дека мајка си и брат му ги „претворил во маченици и ...

До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Канарево, каде гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во општина Ново Село, кај селото Бајково, кој зафатил ниска вегетација и мешана шума. Според ЦУК, изгаснати се ...

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, смета дека неговиот тим направил грешка откако повел против Аргентина, бидејќи прерано се повлекол и ѝ дозволил на противничката селекција да ја преземе иницијативата и да направи пресврт. Англија не успеа да го зачува стекнатото водство, а Аргентина во завршницата стигна до победа од 2:1 и обезбеди место во финалето на Светското првенство. Според Кејн, токму пристапот по ...

Објавувањето на документите поврзани со Џефри Епштајн минатата година станало сериозен политички проблем за администрацијата на Доналд Трамп, призна потпретседателот Џ. Д. Венс, кој оцени дека процесот бил лошо спроведен, особено во делот на комуникацијата со јавноста. Говорејќи во подкастот „The Joe Rogan Experience“, Венс презеде одговорност за начинот на кој администрацијата ја претставила целата постапка, оценувајќи дека токму недоволно ...

Полицијата приведе 61-годишен жител на Охрид, откако било пријавено дека во семејниот дом се заканувал кон членови на неговото семејство со остар предмет. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 15 јули 2026 година во Охрид лицето било лишено од слобода, по претходно добиена пријава за настанот. По целосно расчистување и документирање на случајот, против 61-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава. Полицијата приведе ...

Триесет и двегодишен жител на Тетово е уапсен откако, според полицијата, со закана со нож се обидел да изврши разбојништво во казино во градот. При алкотестирањето било утврдено дека имал 2,49 промили алкохол во крвта. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници на 15 јули 2026 година го привеле К.В. (32) од Тетово, поради основи на сомнение дека истиот ден, околу 11:05 часот, се обидел да го изврши кривичното ...

Епидемиолошката состојба со сипаниците кај овците и козите во земјава се усложнува, откако од почетокот на јули се потврдени уште 10 нови жаришта во повеќе општини. Со тоа, вкупниот број регистрирани жаришта од крајот на јануари до денес достигна 17, а болеста опфати над 2.700 животни. Новите жаришта се потврдени на подрачјето на Македонска Каменица, Кочани, Делчево, Свети Николе и Куманово. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека ...

Македонија првпат добива јасна законска рамка за изградба на дата-центри, со што се отвора можност за државни и приватни инвестиции во оваа област. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека земјава треба сериозно да размислува за сопствен државен дата-центар, преку кој институциите подобро би ги заштитувале своите податоци и информатички системи од сајбер напади. Со измените на законите за урбанистичко планирање и ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.07
51%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
1.74
65%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
80%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.93
56%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.18
63%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.84
96%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
47%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.76
40%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.56
47%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
5.36
69%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
75%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
1.43
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.27

Калај

56.77

Иридиум

252383.36

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Сребро

2005.37

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Паладиум

43435.66

Платина

55652.94