Во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ во Прилеп во изминатите два дена се случил вистински baby boom. Само во последните 10 часа на Одделението за гинекологија и акушерство на свет дошле седум новороденчиња, додека во последните два дена се родиле вкупно 12 бебиња. Од болницата велат дека овој прекрасен бран на нов живот е потврда за посветената работа на тимовите од Одделението за гинекологија и акушерство и Одделението ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе времена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека таа е загадена и небезбедна за употреба. Одлуката следува по вонреден инспекциски надзор спроведен во пречистителната станица во селото Вруток, по известување од Основното јавно обвинителство Гостивар, поплаки од граѓани и пријава од Министерството за внатрешни работи. Во контролата, ...

Околу 1.000 до 1.200 пациенти со симптоми на повраќање, дијареја, болки во желудникот, температура и омалаксаност во изминатите 3-4 дена побарале медицинска помош во ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Од гостиварската болница информираат дека поради зголемениот број пациенти се извршило зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има најголем притисок. Најголем број пациенти со овие симптоми се евидентирани на ...

Јавното обвинителство најпрво ќе ја анализира писмено изработената пресуда за предметот „Талир 2“, а дури потоа ќе одлучи дали ќе поднесе жалба на ослободителната судска одлука, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески. Одговарајќи на новинарско прашање дали Обвинителството ќе ја обжали пресудата, Савески посочи дека и во овој, како и во сите други предмети, одлуката ќе биде донесена по разгледување на целосното писмено ...

Судирот меѓу САД и Иран продолжува да се шири, откако Техеран соопшти дека извршил нови напади врз американски воени цели на Блискиот Исток, вклучително и врз база во Сирија, што според иранските власти е прв ваков напад. Новите ирански дејствија следуваат по шестата ноќ по ред на американски воздушни напади врз ирански воени објекти. Американската Централна команда соопшти дека операциите биле насочени кон дополнително намалување на воените ...

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, случај кој ја потресе јавноста. Од Судот информираат дека Станковски е прогласен за виновен за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“. Обвинетиот на судењето признал вина, а притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата, која е првостепена. Настанот се случил на 11 јануари 2026 ...

Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари-мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година, а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината – пишува порталот „Екс-ју авиејшн“. Како што посочуваат, ...

Сончево и многу топло време ќе преовладува до понеделник, а во текот на викендот на места температурите ќе достигнат и до 40 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе има мала до умерена облачност, но времето ќе остане стабилно и топло. Највисоки температури се очекуваат за време на викендот, кога дневната температура локално ќе се искачи до 40 степени. Промена на временските ...

Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули до Европската Унија е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, како што вели, уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда. – Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на ...

Претседателот на САД ќе присуствува на финалето меѓу Аргентина и Шпанија на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Според Џани Инфантино, двајцата би можеле заедно да му го предадат пехарот на победникот. Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, потврди портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Таа изјави дека претседателот со нетрпение го очекува натпреварот, кој ќе се ...

Србија официјално се приклучи кон договорите „Артемис“ и стана 69-та држава која ја потпишала оваа меѓународна иницијатива за истражување и соработка во вселената. Договорот во четврток во седиштето на НАСА го потпиша српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ. На церемонијата присуствувале заменик-администраторот на НАСА, Мет Андерсон, помошникот државен секретар на САД за океани, животна средина и наука Весли Брукс, српскиот ...

Две скопјанки се уапсени во Црна Гора под сомнение дека од златарница во Игало украле четири златни ланчиња, откако, според полицијата, го одвлекле вниманието на вработената додека им покажувала накит. Црногорската полиција информираше дека станува збор за Ж.Ц.Т. (55) и А.Р. (33), државјанки на Македонија, против кои ќе биде поведена постапка за кривично дело кражба. Според истрагата, двете жени на 15 јули околу 13:30 часот влегле во ...

По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена, соопштуваат од УЈП. Во насока на заокружување на постапката, до овие граѓани од страна на Управата за јавни приходи преку електронската пошта info@ujp.gov.mk се проследени персонализирани пораки со ...

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. -Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања ...

Итна истрага во Вруток Полицијата, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, вчера околу 18:20 часот презеде итни мерки и активности во село Вруток поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар. Случајот се истражува поради сомневање за сторено кривично дело „загадување на вода за пиење“, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик. Вчера околу 18:20 часот, инспектори од ...

Победникот на Светското првенство 2026 година, покрај трофејот и златните медали, за првпат во историјата на Мундијалите ќе биде награден и со специјално изработени шампионски прстени, соопшти ФИФА. Станува збор за ново признание кое досега не било дел од церемонијата на доделување награди на најголемото фудбалско натпреварување. Со воведувањето на прстените, ФИФА воведува традиција која веќе долго време е присутна во северноамериканските ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја веќе реагирала на изјавите на српската министерка Снежана Пауновиќ преку Министерството за надворешни работи и порача дека нема да одговара на секоја спорна изјава од Србија со дополнителни политички реакции. Рама се огласи откако во Албанија се појавија критики од дел од јавноста и политичарите поради тоа што тој лично не реагираше на изјавата на Пауновиќ, која претходно кажа дека, ...

Од Царинската управа денеска информираа дека била поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линија откако бил фатен во обид да криумчари дрога. „Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник ...

Зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток повторно ги придвижија цените на нафтата нагоре, додека инвеститорите внимателно ги следат случувањата што би можеле да влијаат врз глобалното снабдување со енергенси. Во исто време, азиските берзи денот го почнаа со негативни резултати. Фјучерсите на Brent се зголемија за 70 центи или 0,83 проценти и достигнаа 84,93 долари за барел. Американската сурова нафта WTI поскапе за 81 цент, односно ...

НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против 39-годишната Д.П. од Скопје за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл. 383-б ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС, Левица и ДУИ намерно го блокирале донесувањето на новиот Изборен законик, за, како што велат од партијата, на следните избори да можат да се претставуваат како оштетени и жртви. Во соопштение од владејачката партија се наведува дека трите политички субјекти се здружиле против еден од најважните закони од Реформската агенда, поради страв од изборен пораз, кој според ВМРО-ДПМНЕ бил сè поизвесен поради нивните ниски ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство, кое ќе се игра во недела во 21:00 часот во Њу Џерси. ФИФА објави видео во кое претседателот на Судиската комисија на ФИФА, легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина го информира Винчиќ дека е избран за главен судија на финалниот натпревар. Словенечкиот судија емотивно реагираше на веста дека ја добил најголемата чест во својата кариера и не можеше да ги ...

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека Франција и Германија во изминатите месеци повторно се приближуваат и порача дека е потребен нов поттик за билатералното партнерство, особено во клучни европски и меѓународни области. Макрон изјави дека меѓу двете земји повторно постои усогласување околу европската агенда, пред почетокот на заедничката француско-германска меѓувладина седница што се одржа во близина на германскиот град Келн. ...

Црна Гора се подготвува да го укине безвизниот режим за руските граѓани од 1 октомври, со што ќе се стави крај на политиката што е во сила речиси 18 години. Според подгоричкиот „Дан“, кој го цитираат и други медиуми, мерката е дел од хармонизирањето на визната политика на Црна Гора со правилата на Европската унија пред евентуалното членство на Црна Гора во Унијата. Амбасадата на Црна Гора претходно изјави дека земјата мора да ја хармонизира ...

Возачите кои во текот на летото патуваат низ Грција треба да бидат повнимателни, бидејќи грчката полиција сè почесто користи необележани службени возила опремени со современа технологија за откривање сообраќајни прекршоци. Како и во повеќе европски држави, грчките полициски служби воведуваат возила без полициски ознаки со цел да го следат реалното однесување на возачите на патиштата, особено во ситуации кога тие сметаат дека нема полициска ...

Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два натпревари ...

Лансирањето на ракетата „Старшип“ на „Спејс Икс“ беше откажано во последен момент во четвртокот пред нејзиниот 13-ти тест лет од Тексас, одложувајќи ја мисијата до следната недела, додека компанијата истражува што го предизвикало прекинот. „Го запревме погонот додека моторите на „Раптор“ почнаа да работат“, изјави портпаролот на „Спејс Икс“, Ден Хаут, во пренос во живо. „Ќе ни треба малку време да истражиме што го предизвикало прекинот кога ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека декласифицирал разузнавачки информации кои, според него, покажуваат кинеско мешање во американските претседателски избори во 2020 година, повторувајќи ги долгогодишните обвинувања за изборната безбедност. Трамп тврди дека Кина незаконски прибавила изборни податоци за околу 220 милиони Американци, меѓу кои имиња, адреси и други информации поврзани со регистрацијата на гласачите. Тој обвини и ...

Европската централна банка мора внимателно да ја води монетарната политика за да ја задржи инфлацијата под контрола, без дополнително да го забави економскиот раст, оцени гувернерот на Банката на Италија и член на Управниот совет на ЕЦБ, Фабио Панета. Тој предупреди и дека финансиските пазари можеби ги потценуваат ризиците што произлегуваат од високите цени на енергијата и геополитичките тензии. Панета изјави дека Европската централна банка ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.98
47%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
0.45
60%
1013
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.07
69%
1017
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.46
46%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.62
55%
1012
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
0.53
82%
1018
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.89
50%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.02
40%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
5.36
62%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
1.79
72%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.27
100%
1009
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Платина

55652.94

Родиум

278103.96

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66