Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, оцени дека Украина не треба да дава конкретни ветувања за прием во Европската Унија и предупреди на опасноста од ставање на земјите од Западен Балкан во неповолна положба. Мораме да се осигураме дека нема јаз во емоционалното доживување на ситуацијата, дека ќе кажеме „да“ за приемот на Украина и дека земјите од Западен Балкан ќе продолжат да бидат предмет на правилата за ...
Маж и жена од Русија се соочуваат со депортација од Турција откако биле приведени поради читање Библија во историската Света Софија во Истанбул, црква од шестиот век која пред неколку години беше претворена во џамија, објави Тасс. Мажот и жената, идентификувани како Викторија и Игор, биле изнесени од Света Софија во понеделникот и обвинети за поттикнување омраза или непријателство меѓу населението, објави „Осторожно новости“. Турските власти ...
Во Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, со што вкупниот број на регистрирани жаришта од почетокот на годината достигна 17, со повеќе од 2.700 приемчиви животни. Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), новите случаи се регистрирани во Саса (Македонска Каменица), Соколарци (Чешиново–Облешево), Бигла и Косевица (Делчево), Малино (Свети Николе), Сопот (Куманово), како и во селото Цера. Од ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од активностите за надминување на проблемите со престојот на македонските професионални возачи во шенген-зоната и истакнува дека со процесот што државата го води самостојно преку билатерални разговори веќе им се издаваат долгорочни работни визи. Ние разговорите ги водиме билатерално. Имавме активности што беа јавни, но имаме и доста активности на дневно ...
Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во финансиското работење на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје за 2024 година. Ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на претпријатието, како и мислење со резерва за усогласеноста на работењето со законската регулатива. Во ревизорскиот извештај се посочува дека дел од опремата и градежните објекти, меѓу кои паркомати, монтажни ...
Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка на судиската функција која е веќе доставена до македонското Собрание. Неофицијално се дознава дека оставката е поднесена од „лични причини“, објави тв 24 Наумовски беше избран за уставен судија во февруари годинава, по предлог на Наумовски доаѓа на предлог на Комисијата за избори и именување. Тој дојде на местото на претходната уставна судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која си поднесе ...
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера околу 22 часот на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24). -Претходно, на Граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал и го влечел неколку метри царинскиот службеник со возилото, по што се ...
Додека САД вложуваат 12 милијарди долари за создавање стратешки резерви од критични минерали и ја зајакнуваат својата индустриска независност, Македонија сè уште не ги користи сопствените минерални ресурси. Геолошките истражувања потврдуваат дека земјата располага со бакар и антимон, а најголемото познато наоѓалиште на бакар е во Иловица. Таму беше најавена инвестиција од околу 350 милиони евра за изградба на рудник, која според проценките ...
Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, следуваат јавни презентации за студиите по што следува изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој потврди дека рокот за старт на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски. – ...
Предметот „Тотал“ на поранешното специјално јавно обвинителство, кој се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, заврши. Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост. Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е донесена на 27 мај ...
Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државава, информира денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Утрово добив информација дека во понеделник ќе го добијам извештајот. Четири компании аплицирале, во понеделник јавно ќе ве запознаеме со извештајот и со наводите во извештајот. Навистина се надевам дека овој пат повикот ќе биде успешен и ...
Македонскиот државјанин Б.Л. (54) починал откако доживеал срцев удар додека се наоѓал во притвор во албанскиот град Валона. Според првичните информации од албанските медиуми, тој имал здравствени проблеми и бил пренесен во Регионалната болница во Валона. Лекарите не успеале да го спасат неговиот живот. Надлежните органи во Албанија преземаат дејствија за утврдување на сите околности околу случајот. Македонскиот државјанин бил уапсен на 25 ...
Еднаква грижа водиме за развој на сите општини низ државата. Само во Кисела Вода инвестираме преку 386 милиони денари за патишта и урбан развој, што е огромна поддршка за општината, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Кисела Вода. Тој заедно со градоначалничката Бети Стаменковска извршија увид во реконструираната улица ”Лазар Димитров” проект што се реализира ...
Судот го прифати предлогот на Основнотно јавно обвинителство Скопје и им определи 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, судот притворот е поради постоење на опасност од бегство и влијание врз сведоци. Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека, по спроведена ...
Основниот кривичен суд Скопје бележи значајни резултати во намалувањето на старите предмети, унапредувањето на ефикасноста и јакнењето на транспарентноста, покажуваат податоците презентирани во второто издание на електронскиот весник на Судот. Најзначајниот показател е намалувањето на бројот на старите предмети (предмети постари од две години) за 53 проценти во период од една година. На 30 јуни 2025 година Судот евидентирал 873 стари ...
Повеќе од 250 доброволни пожарникари од противпожарните друштва низ Македонија се собраа на постројување во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром. Активноста беше организирана од Дирекцијата за заштита и спасување. Проверка на бројноста и подготвеноста Целта на постројувањето беше да се утврдат бројноста и степенот на подготвеност на доброволните пожарникари кои ќе бидат вклучени во Тимовите за брз одговор на ДЗС. Тие ќе можат ...
Сериозното свлечиште кое пред четири месеци се појави на патот за Теферич, ќе го решава Министерството за транспорт. Ова денеска го потврди вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски кој нагласи дека се работи за голем и сериозен проблем. Проблематиката е поголема од можностите и капацитетите кои ги имаат Општина Кисела Вода и Градот Скопје, затоа премиерот Мицкоски реализираше една работна средба помеѓу Министерството за ...
Десетици илјади фудбалски навивачи ги исполнија улиците на Буенос Аирес по победата на Аргентина над Англија со 2:1 и обезбедениот пласман во финалето на Светското првенство. Главниот град на Аргентина беше зафатен од голема славеничка атмосфера, а навивачите со знамиња и во националните сино-бели бои до доцна ја прославуваа победата на својата репрезентација. По завршувањето на полуфиналниот натпревар, дел од навивачите плачеа од радост, ...
Последниот свиреж на американскиот судија Исмаил Елфат го означи почетокот на радоста на аргентинските фудбалери и почетокот на гневот на Англичаните од другата страна. Аргентина ја победи Англија со 2:1 и се пласираше во финалето на Светското првенство. Натпреварот меѓу овие две земји, кој е повеќе од игра, донесе многу тензија и нервоза на двете страни. Сè кулминираше на крајот од натпреварот, а вистински хаос се случи кога Џуд Белингам му ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, денеска изјави дека е подготвен да остане зад својот предлог за придружно членство на Украина и земјите од Западен Балкан во Европската унија. Мерц изјави дека концептот добил мешан прием во Украина поради домашни политички причини, но дека идејата била добро прифатена од другите лидери на ЕУ. „Цели 13 години не сме примиле ниту една нова членка во ЕУ. Иако им ветивме на цела низа земји во Европа ...
Новиот дигитален граничен систем на Европската Унија, дизајниран да „не воведе во патувањето во 21 век“, не само што создава долги редици, туку е и збунет од идентични близнаци. Тоа е најновиот во низата проблеми за контроверзниот систем за влез/излез (EES), за кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, призна овој месец дека има нерешени „технички проблеми“ и „сè уште треба да се направи многу работа“, објавува ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои започнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства. Средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј којшто го отсликува долгогодишниот придонес на институцијата во градењето на довербата во ...
Аргентина против Англија постигна голови во 85 минута и 90+2 минута за целосен пресврт и тоа откако селекторот на Англија, Томас Тухел реши да го брани водството во последните 30 минути. Веднаш по мечот со реакција се јави токму Тухел. „Разочарани сме. Бевме многу блиску, но откако дадовме гол, станавме многу пасивни и дозволивме противникот да направи многу шанси. Не успеавме да ја преземеме контролата на топката и дозволивме противникот да ...
Иран ноќеска изврши напади врз Бахреин, Кувајт и Јордан, откако САД ја обновија поморската блокада на иранските пристаништа и ги засилија воздушните напади. Ирански медиуми јавуват дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана за да одговори на, како што се наведува, „непријателски закани“. Американските сили синоќа извршија напади врз ирански крајбрежни утврдувања и ракетни бази по повторното воведување на поморската блокада на ...
Поради чадот од повеќе од сто активни пожари во северно Онтарио, квалитетот на воздухот во Торонто стана најлош во светот во среда. Канадската агенција за животна средина издаде здравствени предупредувања откако небото над најголемиот град во земјата стана жолто, а швајцарската технолошка компанија IQAir, која го следи глобалниот квалитет на воздухот, го прогласи воздухот во Торонто за најзагаден на планетата, пишува „The Guardian“. 🔥’ ...
Во сообраќајна несреќа на Халкидики при директен судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство од Молдавија, животот го загубија мајка, татко и шестмесечно бебе, додека другото дете е сериозно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случи вчера попладне на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос, од противпожарната служба интервенирале со осум пожарникари и три возила, а со употреба на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти МНРиНТ, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и ...
Англичаните беа на чекор до победа, но Аргентина со доцен гол избори пласман во финалето Аргентина и Англија одиграа драматично полуфинале на Светското првенство на стадионот „Мерцедес-Бенз“ во Атланта, а победникот беше решен дури во самиот финиш. Иако Англија долго време беше поблиску до финалето, Аргентинците успеаа да се вратат и да обезбедат место во мечот за светската титула. Пред натпреварот, властите во Атланта воведоа засилени ...
Роберт Милошески е избран за вршител на должност градоначалник на Брвеница по прераната смрт на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски. Одлуката беше донесена на вонредна седница на Советот на Општината, за локалната самоуправа да продолжи непречено да функционира до изборот на нов градоначалник. Советниците со мнозинство гласови одлучија функцијата привремено да ја преземе Милошески, кој досега беше претседател на Советот. Тој ќе ...
Седумдесет и четири улици во Тетово би можеле да добијат нови имиња, откако работната група ја утврди листата со предлози за промена на дел од уличната номенклатура. На списокот се личности од македонската, албанската и европската историја, како и имиња од културата, образованието и спортот. Предлозите биле утврдени на втората седница на работната група, одржана на 14 јули. Нејзиниот претседател Алби Ќамили најави дека меѓу новите називи се ...