Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Главниот извршен директор на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, треба да стане нов украински премиер, потврдија за „Киев Индепендент“ два извори, висок украински функционер и лице запознаено со ситуацијата. Очекуваното назначување следува откако премиерката Јулија Свириденко потврди на 12 јули дека се повлекува од функцијата по најавата на претседателот Володимир Зеленски за реконструкција на владата. Според изворите, Зеленски го предложил Корецки ...
Дваесет и осумгодишно момче почина откако се здобило со повреди при сеча на дрва во атарот на дебарското село Горно Мелничани. Несреќниот случај бил пријавен во ОВР Дебар на 13 јули 2026 година, околу 14:20 часот. Се повредил при сеча на дрва Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за М.Л. од селото Седларево. Момчето се здобило со повреди додека сечело дрва во атарот на Горно Мелничани. Починал при транспорт ...
Од утре, 15 јули 2026 година, повторно ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релациите Скопје – Битола и Битола – Скопје, информира ЖРСМ Инфраструктура. Патничкиот сообраќај се обновува по завршувањето на градежните работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, на делницата од станицата Бакарно Гумно до товариштето „Никола Карев“. На релацијата Скопје – Битола на 15 јули ќе сообраќа возот 641, со поаѓање во 7:06 часот, како и возот 645, ...
СДСМ остро реагираше по пресудата во предметот „Талир 2“, со која поранешниот премиер Никола Груевски беше ослободен од обвинението, а конфискацијата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, познато како „Белата палата“, беше укината. Од опозициската партија оценуваат дека одлуката е доказ дека, како што тврдат, судството и обвинителството работат во корист на власта и овозможуваат поништување на претходните судски постапки против поранешни функционери. ...
Од ВРЕДИ оценија дека новата ослободителна пресуда за Никола Груевски е уште една последица од измените на Кривичниот законик од 2023 година. Според партијата, тие измени создале модел преку кој се избегнува кривичната одговорност. „Уште едно остварување на ДУИ, нова ослободителна пресуда за Никола Груевски. Уште една потврда дека измените на Кривичниот закон од 2023 година се шаблон за избегнување кривична одговорност“, се вели во ...
Неексплодирана артилериска граната со калибар од 75 милиметри била пронајдена во близина на битолското село Меџитлија. Станува збор за граната што потекнува од периодот на Првата светска војна. Гранатата била пронајдена при градежни работи Опасната експлозивна направа била откриена при градежни активности што ги изведувало Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола. Гранатата била пронајдена во атарот на селото Меџитлија, на територијата на ...
Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија денес презентираше отчет за сработеното во изминатите две години – период во кој беа реализирани значајни реформи, обезбедени рекордни вложувања во здравството и воведени политики што директно го подобруваат пристапот на граѓаните до здравствените услуги. Во споредба со крајот на 2023 година, Фондот обезбеди 8,6 милијарди денари повеќе за здравствениот систем, при што вкупните ...
Жената против која се водат повеќе судски постапки поврзани со локалитетот „Куклица“ и на која Основниот суд во Кратово ѝ изрекол мерка на претпазливост со забрана за посетување на заштитениот локалитет, повторно била затекната таму на 11 јули. Од СВР Куманово информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициската интервенција следувала по пријава од посетителка која навела дека на домашни и ...
Наместо да биде меѓу европските лидери и да се бори за интересите на Македонија, премиерот Христијан Мицкоски избра да не присуствува на средбата во Париз, каде што беа собрани лидерите на европските држави. Наместо лично да ја претставува државата и да ги искористи можностите за застапување на македонските интереси, на негово место беше испратен вицепремиерот Беким Сали, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната ...
Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми. Работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки ...
Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше извршено примопредавање на функцијата, при што Ѓоко Велковски ја презеде должноста министер од досегашниот министер Фатмир Лимани. Од Министерството посочуваат дека со преземањето на функцијата се обезбедува институционален континуитет во работата, како и во спроведувањето на политиките и реформските процеси во областите на социјалната политика, демографијата и ...
Поранешната прва личност на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска беше прогласена за виновна во Основниот кривичен суд Скопје. Судот ѝ изрече единствена условна казна затвор од една година за две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, утврдувајќи дека нејзиното постапување директно го нарушило интегритетот на институцијата која треба да биде симбол на чесноста. Судот ...
Од денеска официјално почнуваат да важат измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети. Според новите законски решенија, електричен тротинет ќе смее да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години. На велосипедските патеки и ленти максималната дозволена брзина е 20 километри на час, додека на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека се прават промени во пет закони за да се овозможи поставување интелигентни транспортни системи (ИТС) на патиштата во државата, што е обврска од реформската агенда. Активностите се спроведуваат во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата. Имајќи предвид дека едно од барањата во реформската агенда е воведување интелигентни транспортни системи (ИТС) во ...
Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда во предметот познат во јавноста како „Талир 2“, во кој обвинет беше поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Иако самата партија ВМРО-ДПМНЕ воопшто не била обвинета во оваа постапка, во рамките на предметот се барала конфискација на нејзиниот имот. Обвинението било изменето по промените на Кривичниот законик Судската постапка продолжила со изменето обвинение по ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. -Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал ...
Осумнаесет нови возила, обезбедени како донација од Европската Унија, денеска беа промовирани за потребите на Државниот инспекторат за транспорт. Министерот за транспорт и заменик-претседател на Владата, Александар Николоски, изјави дека новата опрема ќе му овозможи на Инспекторатот побрзо да реагира и да биде присутен на секоја точка низ државата, пренесе Курир. Контроли на камиони, автобуси и опасни стоки Донацијата опфаќа 16 специјално ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, присуствуваше на промоцијата на нови возила и опрема – донација од Европската Унија наменета за зголемување на капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт, во вкупна вредност од 700 илјади евра. Николоски истакна дека станува збор за значајна поддршка која ќе овозможи ...
Досегашниот министер за здравство Азир Алиу денеска официјално му ја предаде функцијата на новоизбраниот министер Сашо Клековски. Алиу беше разрешен од позицијата во рамките на реконструкцијата на Владата, додека Клековски беше избран за негов наследник. Разговарале за тековните проекти во здравството За време на примопредавањето, двајцата разговарале за досегашните проекти, тековните процеси и активностите што во изминатиот период биле во ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. – Јас навистина се надевам дека денеска затоа што е последниот ден за постигнување консензус помеѓу политичките партии компромисот ќе се постигне имајќи предвид дека политичките партии се среќаваат на дневна основа. Така што навистина се надевам дека и овој чекор од ...
Во време кога Европа сè повеќе инвестира во критичните минерали, дел од домашната јавност и понатаму со недоверба гледа на рударските проекти. Универзитетскиот професор Благој Голомеов оценува дека ваквата перцепција не ја следи технолошката еволуција на современото рударство. „Современите технологии овозможуваат целосно безбедна работа на рудниците.“ Според него, токму проектот „Иловица“ предвидува примена на современи технологии, а јавната ...
Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик, велат од партијата. „Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со ...
Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ беше уапсен во заедничка акција на локалната полиција и Дирекцијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК). Шимиќ беше уапсен заедно со Неда Ливљаниќ, поранешна директорка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Државната управа на Шибенско-книнската жупанија. Се сомнева дека Шимиќ нелегално ги добил потребните дозволи за кампот во Тисно преку ...
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против П.А. (18) од селото Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 13 март 2026 година, околу 18 часот, кога осомничените повикале 14-годишно девојче да излезе од својот дом. Потоа ја убедиле да влезе во просторија во близина ...
Основниот граѓански суд Скопје после 4 години донесе пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање од Орце Тодоровски, поранешен директор на штабот на ВМРО-ДПМНЕ и заменик генерален секретар на партијата, како и актуелен помошник генерален директор во МРТВ, против Данела Арсовска, поранешна градоначалничка на Скопје, како и Град Скопје, поради клевета и навреда. Според пресудата, судот утврдил дека на прес-конференцијата одржана на 6 ...
Втората пратка на американски оклопни борбени возила „Страјкер“ пристигна во Република Македонија, во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата со современи средства и опрема. Испораката е дел од договорот со Соединетите Американски Држави за набавка на оклопните возила, кои претставуваат еден од најзначајните проекти за модернизација на македонските одбранбени капацитети. „Страјкерите“ ќе придонесат за зголемување на ...
Повеќе од 100.000 навивачи излегоа на улиците на норвешката престолнина Осло во понеделник за да ѝ посакаат достоен пречек на својата фудбалска репрезентација. Ерлинг Халанд и неговите соиграчи беа елиминирани од Светското првенство во саботата со пораз од Англија во продолженија од 2-1, но тие веќе постигнаа нешто историско со пласманот во четвртфиналето. До понеделник попладне, огромни толпи се собраа пред Кралската палата. Неофицијалните ...
Тројца членови на криминалната група Беланоца вчера беа осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела, објави „Телма“. Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер. Оки беше ликвидиран во јули 2023 година ...
Православните христијани денеска слават Свети маченици и бесребреници Козма и Дамјан. Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното ...