Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Познатиот рапер, Дрејк, често се наоѓа во центарот на вниманието на светската јавност, поради неговата склоност кон спортско обложување, а повторно го шокираше светот на UFC 329! Сите со нетрпение го чекаа големото враќање на Конор Мекгрегор по петгодишна пауза, но Мекгрегор го повреди коленото, што предизвика мечот да биде прекинат во првата рунда и победата да оди кај Холовеј. Се очекуваше вистинска војна во кафезот, многумина беа ...
Јаник Синер е старо-новиот шампион на Вимблдон. Италијанскиот тенисер вечерва по голема борба и меч кој траеше речиси четири часа, го победи Александер Зверев со 3:1 во сетови. За Синер ова е петта Гренд-слем титула, втора во низа на неофицијалното светско тениско првенство. Зверев остана само на еден трофеј на Гренд-слем турнирите. Фантастичен тенис понудија дватјцата тенисери во сите четири сета. Интересно е дека во првите два сета, ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија нема да им издава пасоши на етничките Албанци во Македонија откако земјата ќе стане членка на Европската Унија. Според него, Тирана нема да го следи примерот на Бугарија, која по пристапувањето во ЕУ издавала пасоши на лица од соседни држави. „Ние не сме земја што може да прави што сака, како сака, кога станува збор за прашања што се однесуваат на внатрешната хармонија на европското семејство. ...
ДСМ соопшти дека нема да учествува на средбата на опозициските партии иницирана од Левица врзана за Изборниот законик. Според СДСМ причина е што, како што вели партијата, тоа е видено сценарио и нарачка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. „Дали е тој класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата кога сака? Дали ние треба да ја играме неговата игра и да му правиме театар за јавноста? СДСМ веќе ги даде своите јасни и конкретни ...
Меланија Цветковска од Куманово го вклучи алармот и на социјалните мрежи раскажа татко и е алкохоличар, дека има дијагностицирани растројства, се заканува по животот на трите жени во куќата, а дека ниту со „врски“ не успеваат да го згрижат во институција. Не се јавува Демир Хисар, не се јавува Бардовци. Задржан е привремено во болницата во Куманово, од каде наскоро ќе го пуштат. „Јас не знам во кој век живееме, меѓутоа овоа лудило и оваа ...
Напредокот на Србија кон членство во Европската Унија ќе зависи од реформите во владеењето на правото, почитувањето на демократските стандарди и вистинската посветеност на европските вредности, порача Европскиот парламент во објава на социјалната мрежа Икс. „Напредокот кон членството во ЕУ е можен само преку реформи во владеењето на правото и зајакнување на демократските стандарди“, се наведува во објавата на Европскиот парламент. Од ...
Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот тенор Чарлс Кастроново, вечерва во 21 часот на сцената на Античкиот театар ќе биде отворено 66. издание на фестивалот Охридско лето. Концертот ќе биде под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми, во придружба на Национална опера и балет. Директорот на НУ Охридско лето, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека фестивалот веќе 66 ...
Репрезентацијата на Аргентина, актуелниот светски првак во среда на 15.јули ќе игра полуфинале на Светско првенство против Англија. Капитенот на „гаучосите“ Лионел Меси има одиграно повеќе од 200 натпревари за аргентинската репрезентација, но ниту еден против Англија. Поранешните англиски репрезентативци сметаат дека Меси сè уште е најголемата опасност за тимот на Томас Тухел. Како што напомена Вејн Руни, Меси можеби во одбраната не помага ...
Несекојдневна ситуација е забележана во малото место Барбат, на хрватскиот остров Раб, каде автомобил завршил со предниот дел во Јадранското Море. Фотографиите објавени на социјалните мрежи го прикажуваат возилото како виси од пристаништето, додека љубопитни туристи ја набљудуваат сцената и фотографираат. Засега нема информации како автомобилот завршил во морето, ниту дали во инцидентот има повредени. Случајот предизвикал бројни реакции на ...
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 кг, на брегот на Дојранското Езеро. Како што информираат од Дирекцијата, гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за „хаубица“ М14, а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион. Освен кај ...
Македонија има значителни можности да го забрза економскиот раст, да ја зајакне конкурентноста и да го подобри животниот стандард преку спроведување структурни реформи, оценува директорката на Светска банка за Северна Македонија и Косово, Карол Межеван во интервју за МИА. На една година од нејзиниот мандат, Межеван во интервјуто вели дека Македонија е држава со вистински потенцијал и докажана отпорност, но истовремено и понатаму се соочува ...
Од ВМРО-ДПМНЕ ги оценија како целосно неточни тврдењата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, дека партијата е против европската иднина на Македонија. Од најголемата владејачка партија велат дека остануваат цврсто определени за членство во Европската Унија, но процесот, според нив, мора да се заснова на достоинство, заемно почитување и заштита на националните интереси, а не на прифаќање нови понижувања и условувања. „Тврдењата на ...
Украинската премиерка Јулија Свириденко на 12 јули потврди дека поднесува оставка од функцијата, откако претседателот Володимир Зеленски најави реконструкција на владата и промена на политичката стратегија на земјата. Нејзината одлука изненадила дел од пратениците во владејачката партија „Слуга на народот“ и поттикнала шпекулации за вистинските причини за смената, објави „Киев Индипендент“. „Ситуацијата е чудна“, изјавил еден пратеник за ...
Едно лице загина, а 17 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случи на главниот пат Котор–Никшиќ, кај местото Липци, јавуваат црногорските медиуми. Несреќата се случила кога патничко комбе излетало од коловозот околу 13:40 часот. Во спасувачката акција учествувале 20 пожарникари со шест возила. „Денес, во Липци, на главниот пат Липци – Грахово, во 13:10 часот, се случила сообраќајна несреќа во која учествувало едно возило. ...
Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на социјалните мрежи по објавувањето на огласите за продажба на три станови на Водно на веб-страницата на Агенцијата за управување со одземен имот. Груевски, за кого по заминувањето од државата во 2018 година беше побарана екстрадиција, тврди дека становите во комплексот „Панорама резиденс“, опфатени со предметот „Плацеви на Водно“, никогаш не биле негови. Според огласот, почетната цена за два ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која денеска присустуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“ нагласи дека овој настан од година в година привлекува се повеќе домашни и странски туристи и останува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет. -Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се ...
На територијата на државата до 13 часот нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи. Еден пожар е ставен под контрола, а два се целосно изгаснати. Под контрола е пожарот на градската депонија во Штип. Изгаснати се пожарите кај селото Уларци во Општина Чешиново-Облешево и меѓу селата Дедели и Собри во Општина Валандово. На територијата на државата до 13 часот нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи. ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека свесно ја жртвува иднината на државата. Според неа, Мицкоски потврдил дека ѝ кажува збогум на Европа и избира Македонија со децении да чека заглавена во изолација додека регионот напредува. Кузеска истакна дека зад ваквата политика стои страв од европските стандарди и владеењето на правото. ...
Го читам внимателно колегата Љубиша Николовски, како се обидува да објасни дека Платформата 12.05 отвора прашања што постојат и меѓу членството на СДСМ и дека пласира ставови за демократизација, кадровска политика, отчетност и потреба од нова визија. И “наместо тие прашања да станат тема за дебата, конфликтот се персонализира“, пишува колегата на Фејсбук. Е баш штета… Пишува: Бранко ГЕРОСКИ „Раководството, од своја страна – мудрува ...
ВРЕДИ со соопштение реагираше на вториот протест што го организираше ДУИ во Тетово во врска со имињата на улиците и плоштадите, оценувајќи дека станува збор за обид на партијата да ги заштити сопствените политички интереси, а не за протест во интерес на граѓаните. Од ВРЕДИ тврдат дека протестот не бил израз на незадоволство на тетовци, туку, како што наведуваат, „манифестација на стравот на партијата на која ѝ истекува политичкото време“. Во ...
Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и чести електрични празнења попладнево го зафати Скопје, носејќи нагла промена на временските услови во главниот град. Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, атмосферската нестабилност брзо се шири и кон други делови од земјата. Интензивните врнежи и силниот ветер веќе го забавија сообраќајот на повеќе градски сообраќајници. Влажните коловози и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со сенаторот Линдзи Греам само неколку часа пред неговата ненадејна смрт и го опиша како човек кој му бил близок како член на семејството. Во интервју за емисијата „Meet the Press“ на телевизијата NBC, Трамп рече дека Греам му се јавил за да разговараат за предлог-законот „SAVE America Act“, кој во тој момент немал доволна поддршка во Сенатот. „Ми рече дека е уморен, но дека сака ...
Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „За првпат по подолг период постоеше реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус. Со месеци сите политички партии беа вклучени во разговорите, се усогласуваа текстови, се прифаќаа предлози и се бараше ...
Во Кочани денеска беше осветен новопоставениот крст кај кружниот тек во близина на „Национал“, подигнат во чест и вечен спомен на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Чинот го изврши митрополитот Иларион Осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештеници од Кочанското архиерејско намесништво. Крстот поставен во спомен на загинатите ...
Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, организиран под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, продолжи во Битола. Од партијата го посочија градот како еден од најзначајните центри во Пелагонискиот Регион, препознатлив по своето историско наследство, културата, традицијата, образовниот развој и современиот потенцијал. Димитриевски: Европска Македонија е начин на организирање на државата На панел-дискусијата ...
Апелациониот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која делумно ја уважи жалбата на Зијадин Села и го зголеми надоместот што државата треба да му го исплати за нематеријалната штета предизвикана од нападот во Собранието на 27 април 2017 година. Со судската одлука, државата е задолжена да му исплати вкупно 7,8 милиони денари, односно околу 127.000 евра, за повреда на неговите лични права, телесното и душевното здравје. Апелација го ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, ...
Од понеделник, 14 јули, во стариот дел на Охрид ќе почне да важи нов режим на сообраќај и паркирање. Мерките се воведуваат за да се намали метежот во туристичката сезона и да се овозможи полесно движење на жителите, пешаците и службите за итни интервенции. Од Општина Охрид информираа дека пристапот со моторни возила во најатрактивниот дел од градот ќе биде строго регулиран. Паркирањето ќе биде дозволено само за возила што имаат соодветна ...
На 11.07.2026 околу 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Ѓ.П.(40) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 11.07.2026 околу 18:20 ...
Шестнаесетгодишен малолетник во скопско е лишен од слобода откако вчера во тепачка со две години помладо момче му нанел тешка телесна повреда со остар предмет. – На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале ...