Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Првото полуфинале на Светското првенство е закажано за денеска. Шпанија и Франција ќе се соочат за пласман во финалната рунда на турнирот. Натпреварот е закажан во 21 часот во Далас. Двете репрезентации се сретнаа во финалето на Евро 2024, каде што Шпанија беше подобрата екипа. Дуелот ќе биде и битка меѓу двајца млади фудбалери, Ламин Јамал, кој наполни 19 години претходниот ден, и Килијан Мбапе, кои веќе се икони во своите татковини и ...
Американската војска рано утрово објави дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран трета ноќ по ред. „За време на петчасовната мисија, американските сили успешно погодија воени цели низ Иран, вклучувајќи ги Бушер, Шахбахар, Јаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас“, објави Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштение на платформата X. САД ги започнаа новите напади рано утрово по европско време, што е нова ескалација меѓу двете ...
Цените на нафтата пораснаа преку ноќ во понеделникот на највисоко ниво во последните четири недели откако Доналд Трамп изјави дека САД од денеска ќе воведат поморска блокада на иранските пристаништа. Трамп, исто така, рече дека ќе се воведе царина од 20 проценти на целиот товар што поминува низ Ормускиот теснец за да се компензираат трошоците за нивниот надзор на САД. Суровата нафта Брент, глобалниот репер, порасна за 1,68 долари, или 2 ...
Собранието ги избра: Јетон Шасивари за нов министер за правда, Иван Стоилковиќ за министер за локална самоуправа, Агон Ферати за нов министер за односи меѓу заедниците, Сашо Клековски за нов министер за здравство, Седат Сулејмани за министер за култура и туризам, Ерџан Демир е избран за нов министер без ресор, Борче Серафимовски за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Ѓоко Велковски во Министерството за социјална ...
Во операцијата биле користени и беспилотни летала LUCAS, американска верзија на иранските дронови „Шахед“ Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека во вчерашните напади врз Иран, покрај борбените беспилотни летала, за првпат биле употребени и поморски камикази-дронови. Според CENTCOM, во операцијата биле ангажирани и беспилотните летала LUCAS, познати како „Евтин систем за беспилотни борбени авиони без екипаж“. Станува збор за ...
Власта и опозицијата разменија обвинувања за политиките, кадровските решенија и досегашното владеење Собранието денеска ја продолжи расправата за Предлогот за реконструкција на Владата, при што пратениците од власта и опозицијата разменија меѓусебни обвинувања за кадровските решенија, владините политики и начинот на владеење. Во своето обраќање, премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на опозицијата поврзани со, како што рече, ...
Прашањето повторно ќе го разгледува Комисијата за именување улици Предлогот за именување на 67 улици во Тетово е повлечен од дневниот ред на седницата на Општинскиот совет, откако мнозинството советници одлучија прашањето повторно да биде разгледано во Комисијата за именување улици. Одлуката беше донесена со 20 гласа „за“, без гласови против и воздржани. На продолжението од седницата се врати само координаторот на советничката група на ДУИ, ...
Земјите-членки имаат различни барања за измена на предлогот на Европската комисија Советот на Европската Унија денеска не успеа да постигне договор за продолжување и проширување на санкциите против Русија поради војната во Украина. Одлуката ја потврди високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, по состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата. „Жалам што сè уште не сме постигнале ...
Во ноември лани Вишиот суд во Нови Сад ја прекина постапката против Весиќ и уште петмина обвинети, наведувајќи дека нема доволно докази за да се оправда сомневањето дека сториле кривични дела. Апелацискиот суд во Нови Сад денеска го потврди обвинението против поранешниот српски министер за транспорт Горан Весиќ и уште пет лица за падот на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица. Со ...
СДС денес со мизерна објава, преку клевети за политичко компромитирање се обидуваат да го дефокусираат вниманието од сопствените проблеми, пишува на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Не знам како, партијата која со години гради подземје и нарко картели од кои Македонија не може да се исчисти и чии началници беа наркотрафиканти, како истите тие денес се обидуваат политички да профитираат, не со повик за расчистување, туку преку ...
Лондон воведува нови мерки против организации кои ги смета за закана за националната безбедност Британската влада ќе го стави Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на листата на терористички организации, заедно со уште две групи поврзани со Иран и Русија. Одлуката е дел од новите овластувања што ѝ дозволуваат на владата да ги означи како закана и организациите кои, според проценките на властите, се поддржани од странски ...
Обвинителите се сомневаат дека бизнисменот Артур Шеху користел фалсификувани документи за сопственост при продажбата на имотот на компанијата „Албанија ленд девелопмент“, инвеститор во проектот. Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) отвори истрага за земјиштето во близина на Валона, каде компанија поврзана со Џаред Кушнер планира изградба на луксузен туристички комплекс вреден повеќе ...
„Во парламентарната демократија, реконструкција на влада е редовен демократски механизам преку кој се зајакнува капацитетот на институциите и се обезбедува нова енергија таму каде што е потребно. Затоа денешната расправа треба да биде насочена кон програмите, приоритетите и одговорноста што секој предложен министер ја презема пред граѓаните и пред ова Собрание, а не дискусија со празни демагогии,” истакна Мартин Стојановски, пратеник од ...
По титулата во Скопје и финалето во Загреб, Ивановски собра 46 поени на АТП ранг-листата Македонскиот тенисер Калин Ивановски направи голем скок на најновата АТП листа по успешните настапи на турнирите во Скопје и Загреб. Ивановски напредуваше за 438 позиции и сега е на 710. место на светската ранг-листа. Тој до бодовите стигна по настапите на два турнира од серијата ИТФ М25, каде што одигра 10 натпревари и оствари девет победи. На турнирот ...
Средствата се наменети за подобрување на капацитетите на молдавските вооружени сили Европската Унија одобри финансиска помош од 120 милиони евра за зајакнување на системот за воздушна одбрана на Молдавија. Одлуката ја усвои Советот на ЕУ, а средствата ќе бидат обезбедени преку Европскиот мировен фонд. Тие се наменети за поддршка на вооружените сили на Молдавија и подобрување на нивните одбранбени капацитети. „Советот на ЕУ денеска усвои ...
Новиот пакет ќе биде најголемиот досега за индивидуални санкции од почетокот на војната во Украина Европската Унија ќе додаде уште 250 лица и субјекти поврзани со Русија на списокот со санкции, најави високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Калас пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел соопшти дека одлуката ќе биде донесена во рамките на 21-от пакет санкции. Таа оцени дека станува ...
Пратеничката група на опозициската Демократската партија поднесе кривична пријава до Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), против премиерот Еди Рама и министерот за економија, култура и иновации, Бленди Гонџе, во врска со издвоените средства во знос од 4,2 милиони евра, за концертот на Канје Вест во Тирана. Веста на Фејсбук ја објави координаторот на пратеничката група, Газмент Барди, каде што објави и ...
„Треба да имате дигнитет за да зборувате за кадровите решенија коишто се случуваат во Владата, бидејќи вие доаѓате како поранешни министри, поранешни директори, сега сте пратеници од страна на СДС и секојпат кога зборуваме за политиките за мене најздраво е да се споредиме бидејќи само така можеме да видиме дали нешто правиме позитивно или правиме негативно и сè додека сме тука ќе слушате споредби“, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ...
Трамп тврди дека САД ја преземаат контролата, а Иран го затвори стратешкиот морски премин Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја преземаат контролата врз Ормуската Теснина, откако Иран објави дека привремено го затвора преминот низ овој стратешки важен воден пат поради, како што наведе, „непријателските активности на американските сили“. „Ја преземаме теснината. Тие немаат ништо“, изјави Трамп во телефонско вклучување во ...
Без нова средба меѓу политичките партии, неизвесно дали измените ќе бидат донесени до 15 јули На само неколку дена пред истекот на рокот, сè уште нема договор за измените на Изборниот законик. Политичките партии остануваат на своите позиции, а нова средба за усогласување на ставовите засега не е најавена. Не успеа ниту иницијативата на Левица за состанок со опозициските партии, со цел да се доближат ставовите околу предложените измени. Од ...
Домашните туристи се во пад, а најмногу странски гости пристигнале од Турција, Германија, Србија и Бугарија Бројот на странски туристи во земјава продолжува да расте, додека интересот кај домашните посетители бележи намалување. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во мај биле регистрирани повеќе од 131.000 туристи, од кои најголемиот дел биле странски гости. Во текот на мај годинава во земјава биле евидентирани ...
Властите предупредуваат дека вирусот лесно се шири Африканската свинска чума продолжува да се шири во Србија, каде што досега е потврдена на 496 фарми во 18 општини и осум административни области. Од 9 јули, на заразените фарми угинале 1.015 свињи, а 10.515 животни биле еутанизирани за да се спречи натамошното ширење на болеста. Во изминатите два месеци дополнително биле еутанизирани повеќе од 10.000 свињи на помали фарми во Мачванскиот ...
Звуците на зурлите и тапаните вчера повторно одекнуваа низ камените улици на Галичник, каде што на Петровден се одржа централниот дел од традиционалната манифестација „Галичка свадба 2026“. Во центарот на вниманието беа годинашните галички младенци Александар Пендароски и Мартина Михајлова, кои ја крунисаа својата љубов следејќи ги вековните свадбени обичаи на мијачкиот крај. Семејна традиција продолжена по 35 години Годинашната свадба имаше ...
Драматичниот инцидент на летот на „Рајанер“ од Солун кон германскиот Меминген доби нов заплет откако се откри дека истиот авион имал уште еден проблем само 24 часа претходно. Според објавата на српски Мондо, кој пак, се повикува на тековната истрага, авионот „Боинг 737“ ден пред инцидентот над Македонија полетал од Солун кон Сараево, но набргу бил принуден да го прекине летот и да се врати на аеродромот од кој полетал. Ројтерс во саботата ...
Во Охрид, по повод големиот христијански празник Петровден, се одржа традиционалниот настан „Ој љубов, љубов“, кој и годинава ги обедини љубителите на македонската музика, култура и традиција. Голем број учесници со пловни објекти се собраа кај Канео, од каде започна староградската пловидба по Охридското Езеро. Пловидба по езерото во придружба на ВИС „Билјана“ Настанот беше збогатен со настапот на ВИС „Билјана“, кој изведуваше познати ...
Диего Форлан, според последните информации, е главен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Уругвај. Тој би требало да го наследи Марсело Биелса, кој ја напушти функцијата по неуспешниот настап на Светското првенство. Медиумите од оваа земја пишуваат дека планот е Форлан да ја предводи репрезентацијата за време на септемврискиот, октомврискиот и ноемврискиот репрезентативен циклус, како и на пријателските натпревари до ...
Славен Билиќ официјално беше назначен за нов селектор на хрватската репрезентација. Билиќ потпиша двегодишен договор, а неговата плата треба да биде двојно помала од онаа на Златко Далиќ. Данило Буторовиќ треба да биде во тренерскиот штаб, исто како и Деан Рачуница и Ватрослав Михачиќ, а многу веројатно и Ведран Ќорлука, а во игра е и Никола Јурчевиќ. Експертската комисија на ХНС даде зелено светло и го предложи Билиќ на Извршниот одбор, ...
Детското игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ од денес е повторно целосно уредено и безбедно за игра на најмладите. По неодамнешниот вандалски чин, во кој реквизитите беа намерно уништени со полевање со моторно масло, екипите на Општина Кисела Вода веднаш излегоа на терен и го санираа оштетувањето. -Детското игралиште на ул. „Ѓорѓи Сугаре“ е повторно безбедно и подготвено за игра. Нашите екипи веднаш по пријавата излегоа на терен и ја ...
Педесет и шестгодишен жител на скопското село Миладиновци починал на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје, откако претходно бил примен со тешки телесни повреди. Смртта била пријавена во СВР Скопје Од Министерството за внатрешни работи информирале дека вчера, околу 6:45 часот, од Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во СВР Скопје било пријавено дека починал М.А. (56) од селото Миладиновци. Се повредил при пад од првиот кат Според ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови. Во фокусот на работната средба беа производните резултати, реализацијата на планот за ...