Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Собранието ги разреши осумте министри опфатени со реконструкцијата на владиниот кабинет, чии позиции треба да ги преземат кадрите предложени од премиерот Христијан Мицкоски по разговорите со коалициските партнери ЗНАМ и Влен. Разрешувањето на министрите за правда, односи меѓу заедниците, земјоделство, здравство, социјална политика, локална самоуправа, култура и туризам, како и на еден министер без ресор, беше прва точка на дневниот ред на ...
Новоизградените шанкови, ѕидови, скали и галерии во дискотеката „Пулс“ ја отежнувале евакуацијата на посетителите и претставувале дополнителни бариери во објектот, сведочеше професорот Горан Марковски од Градежниот факултет во Скопје. Марковски го продолжи презентирањето на градежното вештачење, кое е еден од клучните докази на Обвинителството во постапката против 34 обвинети за катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани. Од индустриски ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани. Тој се бара откако избегал од Полициската станица во Кочани. Лазаров е син на Методи и Даринка, се наведува во објавената потерница. По него е распишана и централна потерница. Потерниците се распишани по барање на Основниот суд во Кочани. Тој се бара поради кривично дело според член 215, став 1, во врска со член 22 од Кривичниот ...
Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во „Пулс”, системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите, изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Марковски, кој во време на изработка на градежното ...
Џулијан Шабани е именуван за заменик-директор на Македонската радио-телевизија (МРТ), по повеќе од 20 години професионално искуство во областа на медиумите, телевизијата, комуникациите и менаџментот. Шабани има изградено долга професионална кариера во неколку од најпознатите медиуми во земјата, меѓу кои TV HANA, TV ERA, ALSAT-M, МРТ, A1 Телевизија и TV21, каде извршувал функции во телевизиска режија, продукција, менаџмент и комуникации. Од ...
За нови министри предлагам луѓе кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска – да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден oд народот и му припаѓа на народот – порача премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието образложувајќи го пред пратениците предлогот за именување нови министри во рамки на реконструкцијата на Владата. Мицкоски порача дека реконструкцијата ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (13 јули) во армиската касарна во Ќојлија изврши увид на градежните активности кои во моментов се реализираат на објект во оваа касарна. Проектот тежи 10,7 милиони денари, обезбедени со буџетот на одбраната. Овој објект минатата година доби целосно нова кровна конструкција. Мисајловски при увидот порача дека прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура и дека посветеноста кон ...
Полициски службеници од Полициското одделение Маврово вчера во 10:45 часот го привеле Ѓ.Р. (56) од Гостивар, кој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување во с. Галичник, за време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба“. -Истиот ден во 20:40 часот, на ул. „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар, повторно го приведоа Ѓ.Р. затоа што го нарушувал јавниот ред и мир. По извршеното алкотестирање, кај ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати кои ќе стапи на сила од полноќ. Согласно одлуката, бензините поскапуваат за 1,50 денари, а дизелот за 5,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ...
Пратеникот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада. -Гледаме спротивни реакции на опозицијата денеска иако требаше да се одржи средба за изборниот законик. Тука доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов Изборен законик, туку сакаат блокада. Со месеци се преговараше, над четири месеци, па кога требаше да се ...
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека е завршено годишното оданочување на граѓаните за 2025 година. При тоа се евидентирани 863.100 годишни даночни пријави, а вкупниот пријавен оданочив доход достигнал 612,9 милијарди денари (9,95 милијарди евра). Даночната управа констатира дека се уште има граѓани кои не отвориле кориснички профил преку кој се проверуваат даночните пријави, па така 158.657 пријави не се лично потврдени. Од вкупно ...
Во емисијата „Утринско еспресо“ на Радио Лидер гостуваше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески кој на самиот почеток ја истакна новата програма за практикантство, која им овозможува на студентите да стекнат практично искуство во локалните самоуправи, со што се подобрува нивната подготвеност за пазарот на трудот, а истовремено општините добиваат млада енергија, нови идеи и поголем капацитет за прилагодување на современите ...
Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое се служи на народот, порача премиерот Христијан Мицкоски, денеска на 112. седница на Собранието на која треба да бидат разрешени и избрани членови на Владата. Осврнувајќи се на предлогот за разрешување на дел од министрите, рече дека сите до еден се луѓе со чест и достоинство и пред се чесни луѓе. Денес, нагласи, не се збогуваме со луѓе кои не работеле, туку ...
Ново вознемирувачко видео од случај на меѓуврсничко насилство се појави во јавноста, а овојпат инцидентот се однесува на настан во Куманово. Според информациите објавени од порталот „Слободен печат“, нападот се случил пред околу еден месец, додека вчера имало обид случајот да биде пријавен во полициска станица Куманово. Жртвата, како што се наведува, била повикана на разговор во полиција денеска. Снимката од нападот најпрво била споделена на ...
Собранието денеска ја почна 112. седница, на која треба да бидат разрешени и избрани повеќе нови членови на Владата. Премиерот Христијан Мицкоски го образложува предлогот за владината реконструкција. Мицкоски за реконструкцијата на Владата: Не го негираме сработеното, сакаме да изградиме уште повеќе Игор Филков треба да биде разрешен од функцијата министер за правда, а на негово место е предложен Јетон Шасивари. Иван Стоилковиќ треба да го ...
Српски турист неодамна доживеал голема непријатност на еден од граничните премини кон Македонија, а сега, за да ги спаси другите патници од Србија од истата ситуација, им објасни што мора да проверат во своите документи пред патувањето, за да си заштедат вистински проблеми. Како што објасни анонимниот турист во Фејсбук групата „Grčka info“, сè се случило пред неколку дена кога имал непријатна ситуација на еден од македонските гранични ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 23 часот на територија на ПС Бит Пазар, го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. -Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот ...
Ноќеска на улицата „Варшавска“ во скопската населба Тафталиџе целосно изгорел патнички автомобил, кој, според неофицијални информации, го користел судијата Ѓоко Ристов. Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека возилото е речиси целосно уништено од пожарот, при што најголема штета е причинета на предниот дел и моторниот простор, објави НОВА МАКЕДОНИЈА. Инцидентот доаѓа во период кога името на судијата Ристов е во фокусот на ...
Пратеничката во Собранието од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, преку својот профил на Фејсбук јавно понуди помош за Меланија од Куманово, откако девојката јавно апелираше за спас од насилството од нејзиниот татко, со кое се соочуваат со семејството. -Со огромна загриженост го следам случајот на Меланија од Куманово, која јавно побара помош за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа. Сакам јавно да порачам дека мојот ...
Американската војска објави дека извршила нови напади на неколку локации низ Иран, а по овој повод објави и видео од авијацијата како се подготвува за нови напади. Информации за нападите даде Централната команда на САД, која наведе дека Иран е дополнително ослабен од овие напади. „На 12 јули, Централната команда на САД (CENTCOM) заврши нов бран офанзивни напади врз Иран, погодувајќи десетици цели на повеќе локации со прецизна муниција за да ...
Институт за бизнис економија во Скопје, Институт за геобиологија, археологија и подземни води во Скопје, Институт за мода и дизајн во Тетово се дел од 18-те затворени институти кај кои Министерството за образование и наука констатирало разни неправилности. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва во централниот дневник на Сител телевизија рече дека проверките што ги направила комисијата при МОН покажале различни недостатоци ...
Професорот Тито Беличанец, поранешен потпретседател на преодната влада во периодот 1989–1991 година, преку јавна објава остро им одговори на функционерот на СДСМ Аднан Џафероски и на други членови на партијата кои го обвинија дека е „поткупен“ за да ги брани актуелното раководство и политиките на СДСМ, објави порталот Експрес.мк. Во својата реакција, Беличанец наведува дека таквите обвинувања се најголемата навреда што ја добил од човек од ...
Денеска православните христијани го слават Павловден. Именден празнуваат Павел, Павле, Пајо, Павлина… Следниот ден по Петровден 13 јули/ 30 јуни е празникот Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден. На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина ...
Со спектакуларна оперска гала вечер, преполн Антички театар и повеќе од 4.000 посетители, синоќа свечено беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот, за кој билетите беа целосно распродадени уште две недели пред почетокот, предизвика рекорден интерес кај публиката и ја потврди довербата што фестивалот ја ужива кај љубителите на врвната уметност. Незаборавната фестивалска вечер, исполнета со емоции, аплаузи и извонредни ...
Новозеландскиот актер Сем Нил, познат по своите улоги во филмовите „Паркот Јура“ и „Пијано“, почина во понеделник во Сиднеј на 78-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Семејството во соопштението на профилите на актерот на социјалните мрежи изјави дека неговата смрт била „ненадејна и неочекувана“. Причината за смртта не е наведена. Нил откри во 2023 година дека му е дијагностициран ангиоимунобластен Т-клеточен лимфом, ретка форма на ...
Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, ...
Во голем пожар што избувна во паб во Бангкок загинаа најмалку 27 лица, потврдија официјални лица, откако пожарникарите успеаја да го стават пожарот под контрола, пишува NBC News. Спасувачките служби објавија дека пожарот е пријавен околу полноќ. Снимките објавени на интернет од службите за итни случаи покажаа огромни пламени како излегуваат од влезот на пабот, кој се наоѓа во северниот дел на тајландската престолнина, додека луѓето се ...
Бизнисмен од Мајами, кој е баран во Албанија поради наводно перење пари од дрога, е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде што Џаред Кушнер сака да изгради одморалиште вредно повеќе милијарди долари, соопшти агенцијата за борба против организираниот криминал во земјата во досиејата на предметот што ги прегледа Ројтерс. Бизнисменот, Артур Шеху, ги негира сите обвинувања против него, изјави неговиот адвокат, Кујтим Чакрани, ...
Од утре (13 јули), јули во Македонија ќе настапи кус период на стабилно време, со релативно високи температури и засилен северен ветер, прогнозираат метеоролозите. „Утре и во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Наместа ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Во среда, во попладневните часови, ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи“, велат од ...
За многумина, летото значи вечери на тераса, време на отворено, но и неизбежни каснувања од комарци. Речиси во секое има една личност која е нападната од комарци повеќе од сите други. Експертите тврдат дека ова не е случајност – комарците навистина имаат свои „омилени“, а причината нема никаква врска со митот за „слатка крв“. Научните истражувања покажуваат дека комарците првенствено се привлечени од мирисот на кожата. На површината на ...