Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Шпанија и Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси, САД. Почетокот ќе биде во 21 часот по македонско време. Шпанија заврши прва во Групата Х со 7 бода. Во првото коло од групната фаза, тимот на Луис де ла Фуенте ремизираше 0:0 со Зелено’ртски Острови, потоа самоуверено ја победи Саудиска Арабија со 4:0 во второто коло, а потоа го ...
Социјалната мрежа Инстаграм престана да работи откако корисници претходно пријавија проблеми со Фејсбук. На почетната страница на апликацијата Инстаграм, кај дел од корисниците се појавува порака „Welcome to Instagram“, додека остатокот од содржината на профилите и почетната страница не се прикажува. Проблемите следуваат откако од утрово не функционира ниту Фејсбук. Пријавите за прекин на работата на платформата започнале нешто по 9 часот. ...
До официјално укинување на забраната, водата од градскиот водовод во Гостивар не треба да се користи за пиење, ниту по превривање. Ова е препораката од Институтот за јавно здравје, откако претходно Агенцијата за храна издаде забрана за употреба на водата за пиење поради сомнение дека е загадена и небезбедна за пиење. – Со навремено почитување на препораките значително се намалува ризикот од појава и ширење на заболувања што се пренесуваат ...
Основното јавно обвинителство Гостивар очекува резултати од испитувањата на примероците од водата од гостиварскиот водовод, по што ќе биде одлучено како ќе продолжи постапката за случајот со сомневањата за нејзиниот квалитет. Од Обвинителството информираат дека се во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на примероците од водата. „Според најавите, резултатите ...
Бројот на стари предмети во Скопскиот Кривичен суд е намален за 53 отсто во период од една година, покажува најновиот извештај за работата на судот. Податоците од интерниот електронски билтен објавен на 2 јули покажуваат дека судиите успеале значително да го намалат бројот на случаи кои повеќе од две години се наоѓале во постапка. Заклучно со 30 јуни 2025 година, во Судот биле активни 873 стари предмети, додека една година подоцна, на 30 ...
Големи гужви и долги колони се создадени утрово на граничниот премин „Евзони“ при влез во Грција, каде дел од патниците чекаат и до четири часа за да ја поминат границата. Задржувањата се регистрирани на грчката страна од преминот. Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги чекања ниту за влез, ниту за излез од државата. Сообраќајот на останатите државни ...
Контроверзниот интернет инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан се уапсени во САД откако британските власти објавија нови обвиненија против нив, меѓу кои се силување, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и поседување недозволени материјали со деца. Британското Кралско обвинителство (CPS) побара нивна екстрадиција од САД, каде што двајцата биле приведени по барање поврзано со екстрадициска постапка. Тејт и неговиот брат, кои ...
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата предводена од оваа партија во изминатите две години реализирала најголеми инвестиции во образованието и науката, посочувајќи дека буџетот за оваа област во 2026 година достигнал рекордни 40 милијарди денари. Од партијата наведуваат дека ова претставува значително зголемување во однос на 2024 година, кога, како што велат, Владата ја предводел СДС, а буџетот за образование изнесувал 32 милијарди денари. ...
Реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата. Ова е оценката на Демократскиот сојуз по по повод најновиот Извештај на Европската Унија. Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. Сегашниот доживотен мандат не обезбедува доволна ...
Голем број корисници денеска пријавија проблеми при пристапот до социјалната мрежа „Фејсбук“, при што дел од нив не можеат да се најават на своите профили поради привремениот технички дефект. При обидот за најава, корисниците добиваат порака: „Профилот е привремено недостапен. Вашата сметка моментално не е достапна поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“ Според ...
Сцени налик на филмско криминално трилер-сценарио се одвивале денеска попладне во атинската населба Кипсели, откако во напуштена зграда бил пронајден куфер со распаднати човечки останки. Грчката полиција веднаш прогласи вонредна состојба во реонот по пријавата за грозоморното откритие. Според официјалните информации објавени во грчките медиуми, куферот бил лоциран околу 14:00 часот во напуштен објект на улицата „Евелпидон“ број 7. ...
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја. Во фокусот на средбата беа разговорите посветени на натамошното унапредување на билатералната соработка и размената на искуства во областа на уставното судство. На средбата беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалните ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари, е одговорна за состојбата со загадувањето на водата и побара целосно расчистување на случајот од страна на надлежните институции. Од партијата велат дека постои основано сомнение оти здравјето на граѓаните било директно загрозено, бидејќи, како што тврдат, општинските власти поставиле пумпи во отпадни води со цел зголемување на ...
Англија го освои третото место на Светското првенство 2026, откако синоќа во Мајами ја победи Франција со 6:4 во натпревар исполнет со голови и пресврти. Англичаните уште во првото полувреме направија голема предност, постигнувајќи четири гола без одговор. Деклан Рајс го отвори резултатот во 3. минута, Езри Конса зголеми во 18., а Букајо Сака двапати се запиша меѓу стрелците во 37. и 45. минута. Франција во вториот дел тргна во обид да ја ...
Светското фудбалско првенство во 2026 година ќе донесе историски парични награди, откако вкупниот награден фонд за 48-те репрезентации учеснички ќе изнесува 871 милион долари. Сумата е речиси двојно поголема од онаа што беше поделена на Мундијалот во Катар во 2022 година. Секоја национална федерација ќе добие финансиски средства според пласманот што ќе го оствари нејзината репрезентација на турнирот во САД, Мексико и Канада. Репрезентациите ...
Соединетите Американски Држави осма ноќ по ред извршија напади врз цели во Иран, по наредба на претседателот Доналд Трамп, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM). Според соопштението, нападите биле насочени кон силите на Иранската револуционерна гарда, за кои американските власти сметаат дека стојат зад нападот врз воена база во Јордан, извршен во петокот. Во нападот, според Пентагон, загинале најмалку двајца американски војници, ...
Неколку илјади демонстранти и трета вечер по ред излегоа на улиците на Киев, незадоволни од разрешувањето на украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров. Во меѓувреме, претседателот Володимир Зеленски изјави дека ги слуша пораките од граѓаните и дека веќе разговарал и со Федоров и со врховниот командант на украинската армија, Александар Сирски. Според германската новинска агенција dpa, на протестите, на кои доминирале млади луѓе, едно од ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 33 и 40 степени. И почетокот на следната недела ќе донесе претежно сончево и многу топло време низ Македонија. Највисоки температури во понеделник се очекуваат во Кавадарци, каде живата во термометарот ќе достигне до 39 ...
Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не, велат од СДСМ. „Со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата. Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара сериозна и одговорна реакција од надлежните институции. ...
Македонија ја очекува уште еден многу топол летен ден, со максимални температури до 39 степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, а попладне во одделни делови од земјата ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе се движат од 14 степени во Берово до 22 степени во Гевгелија. Највисоките дневни ...
Двајца американски војници загинаа, еден се води како исчезнат, а уште четворица беа повредени во иранските напади врз позиции во Јордан. Централната команда на американската војска, CENTCOM, соопшти дека станува збор за првите американски воени жртви во конфликтот од март годинава, додека Вашингтон и Техеран повторно разменуваат воздушни, ракетни и беспилотни напади. Нападите биле извршени на 17 јули, во момент кога американските и ...
Возач (25) од тетовско Требош е уапсен откако без возачка дозвола управувал автомобил и предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат кон селото. Несреќа се случила синоќа околу 22 часот, а учествувале патничко возило „голф“, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, и патничко возило „мерцедес“, управувано од Т.С. (80) од село Палатица. Според информациите од СВР Тетово, С.Г. го управувал возилото без возачка дозвола, со што сторил ...
Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила. Министерството за внатрешни работи соопшти дека случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен тетовец. Според пријавеното, во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата фирма во Тетово. При увидот, полициска екипа пронашла 11 чаури, а биле констатирани оштетувања на објектот и на возила. Полицијата презема ...
Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис, оценува микробиологот Никола Пановски. Според неговата проценка, околу 1.500 лица се веќе регистрирани со исти симптоми, додека најмалку уште 5.000 граѓани воопшто не побарале лекарска помош. Пановски во објава на социјалните мрежи упати остри критики до епидемиолозите, посочувајќи дека во еден град од иста болест се разболеле 30 проценти од населението, а и покрај тоа епидемија сè уште не е ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 18 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола нема, а изгаснати се 9 пожари. -Изгаснати се девет пожари – Општина Гази Баба: с. Брњарци (ниска вегетација и ѓубре); Општина Бутел: с. Љуботен (ниска вегетација и ѓубре); Општина Струмица: с. Просениково (ѓубре); Општина Старо Нагоричане: с. Старо Нагоричане (ниска вегетација); Општина ...
Нови закани за физичко насилство се упатени кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, преку коментар објавен под видео на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а политички партии и новинарски здруженија побараа итна реакција од МВР и Јавното обвинителство. Во коментарот објавен на социјалните мрежи, еден корисник напишал: „Ај бе преку таквото со тој Видиновски… Што направил ...
Ретроградниот Нептун, кој започна на 7 јули и ќе трае до 12 декември, според астролошките толкувања носи период на длабоки сознанија, соочување со вистината и рушење на илузиите. Овој транзит често се поврзува со откривање на она што долго време било скриено – тајни, премолчени емоции и ситуации кои повеќе не можат да останат под површината. За многу хороскопски знаци, следните пет месеци би можеле да бидат период на големи внатрешни ...
Дваесетгодишна девојка пријавила во полиција дека маж ја набљудувал додека се пресоблекувала во гардероба на продавница во трговски центар во скопската населба Ѓорче Петров. Во врска со случајот, полицијата извршила службен разговор со 43-годишен скопјанец. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот бил пријавен на 16 јули во 17:30 часот во СВР Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил околу 14:30 часот. Девојката, ...
Нови закани за физичко насилство се упатени кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, преку коментар објавен под видео на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а политички партии и новинарски здруженија побараа итна реакција од МВР и Јавното обвинителство. Во коментарот објавен на социјалните мрежи, еден корисник напишал: „Ај бе преку таквото со тој Видиновски… Што направил ...
Стручни тимови на Институтот за јавно здравје веднаш излегле на терен и зеле примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи, откако Јавното обвинителство побарало испитување поради нагло зголемениот број граѓани со гастроинтестинални симптоми во Гостивар. Од ИЈЗ информираат дека екипите се вратиле од терен во раните утрински часови во четврток, по што веднаш започнала постапката за лабораториска анализа на земените примероци. „Согласно ...