Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го објави конкурсот за запишување на вкупно 8.851 студент на прв циклус во учебната 2026/2027 година. Од нив, 4.395 места се за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 3.621 за редовни студенти со школарина, а 835 за вонредни студенти. Пријавувањето ќе се спроведе во три уписни рока. Првиот и главен рок е на 18 и 19 август, вториот на 10 и 11 септември, а третиот на 23 септември 2026 ...
ДУИ реагира дека Град Скопје ги коригирал фотографиите на влезните билборди по реакциите во јавноста, но и по интервенцијата не бил додаден албанскиот јазик. Од партијата оценуваат дека тоа покажува оти градските власти можеле веднаш да постапат, но свесно одлучиле да го игнорираат двојазичниот и мултиетничкиот карактер на Скопје. Според ДУИ, исклучувањето на албанскиот јазик од официјалните натписи во двојазичен град претставува сериозна ...
Новиот европски систем за влез и излез, ЕЕС, предизвика сериозни застои на повеќе аеродроми низ Европа, каде патниците се соочуваат со значително подолги редици при влез и излез од Шенген-зоната. На аеродромот „Фјумичино“ во Рим, времето потребно за пасошка контрола на британските патници се зголемило од околу седум на 20 минути, додека дел од патниците пријавиле дека чекале и до два часа. Директорот за авио-сообраќај на римскиот аеродром, ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се огласи на Фејсбук по повод печатената грешка на билбородот што беше поставен на влезот на Скопје. Тој во објавата напиша дека кој работи и греши и оти печатената грешка е веќе корегирана. -Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и ...
Владата брифира дека во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Владата од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните. – Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и спроведувањето на сите неопходни контроли и анализи, Владата донесе одлука интервентно да обезбеди од денес и во наредните неколку дена по 50.000 литри бесплатна вода ...
Институтот за јавно здравје излезе со препораки до населението во Гостивар по големиот број граѓани со симптоми на труење од небезбедна вода. Агенцијата за храна и ветеринарство на 17.07.2026 година издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на ...
Во Гостивар е прогласена епидемија поради зголемениот број граѓани со стомачна инфекција и надминувањето на неделниот лимит на заболени. Одлуката попладнево ја донесе Центарот за јавно здравје Тетово, преку епидемиолошката служба во Гостивар, објави „Гостиварпрес“. Од службата информираат дека состојбата редовно се следи, се анкетираат заболените пациенти и се преземаат соодветни мерки. „Поради зголемен број заболени, надминување на лимитот ...
Неделата од 20 до 26 јули за стабилниот Бик започнува во тон на размислување за долгорочните цели. Иако сте трпеливи по природа, оваа недела ќе почувствувате мал притисок од околината да ги забрзате вашите процеси, особено на работното место. Во понеделник, Бикот ќе се соочи со предизвикот како да ги усогласи своите практични методи на работа со модерните, побрзи барања на своите претпоставени. Клучот за успех лежи во вашата способност да ...
На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од Куманово пријави дека во нивниот дом, била физички нападната од нејзината 13- годишна внука, објави МВР во денешниот билтен. Исто така, според пријавеното, малолетничката упатувала и закани со остар предмет на пријавителката и на други членови од семејството. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од ...
На светските пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути минатата недела благо падна бидејќи инфлацијата во САД малку попушти, па американската централна банка најверојатно нема да ги зголеми каматните стапки уште во јули. Доларскиот индекс, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабе за 0,2 отсто, на 100,75 поени. Притоа, курсот на еврото порасна за 0,2 отсто, на ...
Викенд метеж на граничниот премин “Дојран” е евидентиран денеска уште од раните утрински часови, потврдуваат одговорните од преминот, а за зголемена фреквенција на возила на истата граница за излез кон Грција, информираат и од Авто мото сојузот на Македонија. Од АМСМ велат дека времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На граничниот премин, за МИА потврдија дека колони од возила има од утрото, а сега полека метежот се ...
„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ рече претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска ...
Во врска со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Владата од првиот момент е во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните. Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и спроведувањето на сите неопходни контроли и анализи, Владата донесе одлука интервентно да обезбеди од денес и во наредните неколку дена по 50.000 литри бесплатна вода дневно за пиење за ...
Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, испрати порака до своите соиграчи, тренерскиот штаб и целиот персонал пред финалниот натпревар на Светското првенство 2026 против Шпанија. Меси истакна дека највредниот дел од изминатите години не биле само освоените трофеи, туку целокупниот пат што го поминале заедно како тим. „Најубавото нешто во текот на сите овие години никогаш не биле само титулите, туку целото патување. ...
ФИФА подготви богата забавна програма за полувремето на финалето на Светското првенство, која тешко може да се замисли дека ќе заврши во предвидените 15 минути. По задолжителните паузи за освежување, со кои натпреварите практично беа поделени на четвртини без оглед на временските услови, светската фудбалска организација сега воведува и спектакл на полувремето по примерот на Супербоулот. На стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси се најавени настапи ...
Ферибот со 116 патници и членови на екипажот потона во текот на ноќта крај брегот на Гвајана. Досега се пронајдени и спасени само осум лица – соопшти министерот за јавни работи на земјата, Хуан Едгил. „Околу 15:15 часот по локално време вчера попладне фериботот ’Барима‘ (MV Barima) исплови од Џорџтаун со 116 патници и со членовите на екипажот кон Порт Кајтума во западниот дел на Гвајана. Во 23:01 часот беше примен повик за помош од бродот. ...
Американскиот Стејт Департмент отвора стратешки дијалог со Србија, дијалогот со Косово условен од почитување на обврските кон Србите Американскиот Стејт Департмент вчера го започна првиот круг стратешки дијалог со Србија, додека дијалогот со Косово останува суспендиран сè додека Приштина не ги исполни обврските кон косовските Срби, соопштија официјални претставници на САД. Оваа информација ја пренесе порталот KoSSev, а ја коментира и ...
Вистинска необична приказна за кражба доби меѓународна димензија откако 350 лежалки, кои исчезнале од рекреативен комплекс во Италија, биле пронајдени на плажа во Албанија. Сопствениците тврдат дека опремата вредна повеќе од 45.000 евра и денес се користи, поради што покренале судска постапка и јавно побарале помош за нејзино враќање. Според информациите, пред две години преку ноќ исчезнале вкупно 350 лежалки од рекреативниот комплекс „Onde ...
Новиот дигитален систем за контрола на границите на Европската Унија создаде долги редици на повеќе европски аеродроми, при што дел од патниците пријавуваат дека чекале со часови на пасошка контрола и поради тоа ги пропуштиле своите летови. Авиокомпанијата „Рајанер“ веќе ги предупреди патниците кои летово патуваат кон Европа да сметаат на подолги задржувања. Според Би-Би-Си, директорот на главниот аеродром во Рим изјавил дека новиот Систем ...
Македонија во 2024 година имала 20,1 професионални судии на 100.000 жители, покажуваат најновите податоци на Евростат. Иако земјава е над просекот на Европската Унија, бројот на судии и кај нас бележи пад во споредба со претходните години. Според статистиката, Европската Унија лани во просек имала 15,7 професионални судии на 100.000 жители, што е помалку во однос на 2014 година, кога просекот изнесувал 17,7. Во Македонија, пак, бројот на ...
Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во тек се теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, по што Центарот за јавно здравје од Тетово како надлежен треба да донесе соодветна одлука, наведуваат до МЗ. -Во периодот од 18 јули во 08:00 часот ...
Во текот на денешниот ден ќе се донесе соодветна одлука за пријавување епидемија на заразна болест. Ова денеска за состојбата во Гостивар го истакна д-р Драган Кочински, раководител на одделот “Епидемиологија на заразни заболувања, при Институтот за јавно здравје. Се забележува пораст на стапката на заболени лица преку АЛЕРТ системот и надминување на трешхолдот на неделно ниво за територијата на Гостивар, изјави Кочински -Како што споменав ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека загинувањето на двајца американски војници во нападот во Јордан е трагедија, но порача дека воената мисија на САД против Иран останува неопходна. Тој ги бранеше последните американски напади врз ирански цели, наведувајќи дека нивната цел е спречување на Техеран да се стекне со нуклеарно оружје. „Го направивме тоа затоа што не сакаме Иран да добие нуклеарно оружје. Тоа само покажува колку се лоши ...
Две лица загинаа, а неколку други се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопат во Германија предизвикана од жена што возела во спротивна насока. Несреќата се случила на автопатот А45 североисточно од Франкфурт. Трите деца на 34-годишната жена возач од Баварија се во критична состојба, соопшти полицијата. Жената влегла на автопатот во погрешна насока на раскрсница во Флорштат и се судрила со голема брзина со автомобил управуван од ...
Четириесет и петгодишен жител на Струга е приведен откако, управувајќи автомобил под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај селото Калишта. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, незгодата се случила на 18 јули во 21:12 часот. Н.Б. (45) од Струга управувал патничко возило „тојота“ со струшки регистарски таблички. При извршениот увид, полициските службеници утврдиле дека возачот имал ...
Сончево и многу топло време ќе има до вторник. Во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град. Промена на временските услови се очекува од среда кога температурите ќе почнат да се намалуваат. Во деновите потоа времето ќе биде посвежо, а врнежи од дожд се ...
Шпанија и Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси, САД. Почетокот ќе биде во 21 часот по македонско време. Шпанија заврши прва во Групата Х со 7 бода. Во првото коло од групната фаза, тимот на Луис де ла Фуенте ремизираше 0:0 со Зелено’ртски Острови, потоа самоуверено ја победи Саудиска Арабија со 4:0 во второто коло, а потоа го ...
Социјалната мрежа Инстаграм престана да работи откако корисници претходно пријавија проблеми со Фејсбук. На почетната страница на апликацијата Инстаграм, кај дел од корисниците се појавува порака „Welcome to Instagram“, додека остатокот од содржината на профилите и почетната страница не се прикажува. Проблемите следуваат откако од утрово не функционира ниту Фејсбук. Пријавите за прекин на работата на платформата започнале нешто по 9 часот. ...
До официјално укинување на забраната, водата од градскиот водовод во Гостивар не треба да се користи за пиење, ниту по превривање. Ова е препораката од Институтот за јавно здравје, откако претходно Агенцијата за храна издаде забрана за употреба на водата за пиење поради сомнение дека е загадена и небезбедна за пиење. – Со навремено почитување на препораките значително се намалува ризикот од појава и ширење на заболувања што се пренесуваат ...
Основното јавно обвинителство Гостивар очекува резултати од испитувањата на примероците од водата од гостиварскиот водовод, по што ќе биде одлучено како ќе продолжи постапката за случајот со сомневањата за нејзиниот квалитет. Од Обвинителството информираат дека се во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на примероците од водата. „Според најавите, резултатите ...