Македонскиот музичар Петар Георгиевски – Камиказа се здоби со потрес на мозокот, повреда на главата и повеќе нагмеченици при незгода додека возеше велосипед на Кејот на Вардар во Скопје. Како што раскажа на Фејсбук, несреќата се случи пред неколку дена на стотина метри пред мостот „Аминта Трети“. Додека се движел во својата лента, од спротивната страна ненадејно му излетал рекреативец кој, според неговите зборови, не погледнал пред да го ...

Во мојата долгогодишна кариера речиси секогаш сум имал контакт со дипломатијата. Неколку констатации за Министерството за надворешни работи ми беа неспорни: Пишува: Бранко АЗЕСКИ 1. дека се работи за професионална институција; 2. дека има суштинска улога во државата; 3. дека е министерство со најдобра соработка со Комората. Но, исто така, воочив и определени слабости: 1. кадровски (наметнување нестручни надворешни лица); 2. смешно глумење ...

Од денеска до 23 јули во официјална посета на Република Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници. ...

Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник. Пријавата е поради сомнение дека сторило кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот А.З., како ...

Владата денеска испорачува дополнителни 60.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски од посетата во Велес. Владата продолжува со конкретни активности за справување со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Водоснабдувањето е во надлежност на локалната самоуправа, но Мицкоски истакна дека владата не дозволила граѓаните да останат без поддршка и активно се вклучила во надминување на ...

Иако Шпанија со победата над Аргентина ја освои титулата светски шампион, тензиите не стивнаа ниту по последниот судиски свиреж. Веднаш по завршувањето на натпреварот дојде до жесток судир меѓу фудбалерите на двете репрезентации, а во центарот на инцидентот се најдоа Ерик Гарсија, Гави и Леандро Паредес. Вербалната расправија брзо прерасна во физичка пресметка. Фудбалерите разменуваа навреди и обвинувања, по што на теренот настана голема ...

Големите компании во Европската унија повеќе нема да смеат да ја уништуваат непродадената облека и обувки. Наместо фрлање, компаниите ќе мораат производите да ги препродаваат или да ги донираат. Ова се новите правила кои стапија на сила. Исклучоци ќе има само во случаи кога производите се опасни, оштетени, контаминирани или не можат повторно да се користат, поправат или обноват. Новите правила се дел од европската регулатива за екодизајн, ...

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и неговата сопруга, втората дама Уша Венс, во недела го објавија раѓањето на нивното четврто дете, кое ќе се вика Алек Нил Венс. Алек Нил Венс им се придружи на своите браќа Еван (9), Вивек (6) и сестрата Мирабел (4). Венс го објави раѓањето на својот син на социјалните мрежи во изјава потпишана од него и неговата сопруга. „Возбудени сме што можеме да објавиме дека нашиот син Алек Нил Венс се роди утрово. ...

Демократската унија за интеграции (ДУИ) ги обвини градските власти од Град Скопје поради, како што велат, двојно прекршување на законската обврска за употребата на албанскиот јазик во официјалната комуникација во рок од само еден ден. Оттаму велат дека Скопје е двојазичен град и оти сите институции имаат законска обврска да го користат албанскиот јазик, а градската администрација пред очите на целата јавност го игнорира законот со ...

Шпанија синоќа стана светски шампион по втор пат во историјата, а еден детаљ од церемонијата на доделување на трофејот е тема на разговор во светот. Секако, главната улога ја имаше претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Моментот во кој капитенот на Шпанија, Родри, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се обидоа да го отстранат Доналд Трамп од централната сцена стана апсолутен хит на социјалните мрежи. Откако ...

Утврден е идентитетот на трите лица кои го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа на патниот правец од граничниот премин „Блаце“ кон Скопје. Станува збор за Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани, за кои нивните семејства претходно пријавија дека се исчезнати. Според информациите објавени од телевизијата „Алсат“, нивниот автомобил бил пронајден превртен во близина на границата со Косово. Првичните информации укажуваат дека две ...

Собранието денеска ќе ја одржи 115. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за продолжување на рокот на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати во државата. Владата на седницата одржана на 17 јули ја усвои оваа предлог-одлука, со која се предлага кризната состојба да се продолжи од 21 јули до 20 октомври. Според Владата, со тоа ќе се обезбеди ...

Резултатите од лабораториските анализи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на примероците од водата земени на четири локации во Гостивар покажале отстапувања од нормалните параметри, кои, според информациите до кои дошол „Слободен печат“, соодветствуваат на актуелната состојба во градот, каде што стотици граѓани деновиве побараа лекарска помош поради стомачни тегоби, дијареја и повраќање. Според објавените информации, точните лабораториски ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја повика локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, да понесе одговорност за случајот со загадената вода, по кој голем број граѓани побараа лекарска помош. Од партијата наведуваат дека за време на локалните избори биле дадени ветувања за подобри услови за живот, но дека, според нив, жителите на Гостивар се соочиле со сериозен проблем со безбедноста на водата за пиење. Во ...

Шпанија е светски шампион откако заслужено ја победи Аргентина со 1-0 во финалето, со голот на Феран Торес. Во текот на сите 120 минути од натпреварот, Шпанија беше тимот што играше фудбал. Од друга страна, Аргентина исклучиво се бранеше и не „гледаше“ подалеку од центарот. Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, имаше неверојатен ден и одбрани 11 удари при резултат 0-0 што оди во продолжение. Тој самиот го одведе својот тим во ...

Откако Шпанија ја победи Аргентина со 1-0 и стана светски шампион, беа доделени наградите за најдобрите поединци на натпреварувањето. Шпанија стана светски шампион по втор пат во својата историја со голот на Феран Торес со резултат 1-0, откако ја освоија и својата прва титула во продолжение во 2010 година. По завршувањето на натпреварувањето, беа доделени наградите за најдобрите поединци. Најважната награда му припадна на Родри. Шпанскиот ...

Соединетите Американски Држави рано утринава извршиле нов бран воздушни напади врз Иран, на што Техеран возврати со ракетни и напади со дронови врз Јордан, Бахреин и Кувајт што дополнително ги зголеми стравувањата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток. САД и Иран се повеќе се приближуваат кон отворена војна, откако привременото примирје постигнато минатиот месец пропадна, а пловидбата низ Ормуската Теснина е сериозно нарушена. Во ...

Синоќа на 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. На местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријавил дека три лица ...

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира ...

Фудбалската репрезентација на Шпанија по вторпат во својата историја ја освои титулата светски шампион. Во големото финале на стадионот „Метлајф“ во Њујорк, Шпанците ја совладаа Аргентина со голот на Феран Торес во 106. минута. Шпанија претходно стана светски првак во 2010 година, а сега повторно се искачи на светскиот врв по триумфот над актуелниот шампион. Аргентина во двете продолженија од по 15 минути играше со фудбалер помалку. Енцо ...

Шпанија и Аргентина не постигнаа гол во регуларните 90 минути од финалето на Светското првенство 2026, па натпреварот продолжува со дополнителни 30 минути. Резултатот остана 0:0, а доколку и по продолженијата нема победник, светскиот шампион ќе биде решен по изведување пенали. Шпанија беше подобриот и поопасен тим во регуларниот дел. Имаше поголема иницијатива, создаде неколку добри можности и повеќепати се закани кон голот на Аргентина, но ...

По првите 45 минути од финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, резултатот е 0-0. Мрежите мируваат, а двете репрезентации играат внимателно поради огромниот влог во борбата за светската титула. Шпанија беше поконкретна во воведниот дел од натпреварот и имаше поголем посед на топката, контролирајќи го ритамот на играта. Најдобрата можност ја имаше Ламин Јамал, но со неговиот удар не успеа да ...

Во шумските пожари што избувнаа претходно оваа недела на околу 100 километри северно од Мадрид беа зафатени повеќе од 13.000 хектари, соопштија денеска локалните власти. Пожар во регионот Гвадалахара уништи 13.000 хектари земјиште и загрози повеќе од 700 луѓе, соопшти противпожарната служба надлежна за централниот регион на Шпанија. Околу 350 пожарникари и припадници на единицата за вонредни ситуации на шпанската војска, поддржани од 25 ...

Првите количини на пакувана вода што ги обезбеди Владата, од вечерва се делат на определени пунктови во Гостивар. Вечерва се испорачани првите 50 илјади литри вода во пластични шишиња кои делат на повеќе пунктови. Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, кој дојде во Гостивар со првата пратка на вода, посочи дека во зависност од потребите може да се зголеми бојот на пунктови и да се отвораат и други. – ...

Бројот на новопријавени граѓани со стомачни тегоби во Гостивар не се намалува, а во последните 24 часа повторно биле евидентирани меѓу 250 и 300 случаи. Министерот за здравство Сашко Клековски изјави дека анализите на водата треба да бидат готови утре, но нагласи дека за утврдување на точниот причинител на епидемијата клучни ќе бидат и епидемиолошките анкети со заболените граѓани. Клековски посочи дека вчера околу 100 пациенти биле ...

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез откри дека на Светското првенство 2026 настапува со скршен прст и со постојани болки. Триесет и тригодишниот чувар на мрежата се повредил на 20 мај, за време на загревањето на Астон Вила пред победата од 3:0 над Фрајбург во финалето на Лигата на Европа. Мартинез објасни дека повредата сè уште му создава проблеми и дека од почетокот знаел оти раката ќе му биде сериозна пречка. Тој се обидел да избегне ...

Мирјана Најчевска оцени дека состојбата во Гостивар не е изолиран инцидент, туку последица на долгогодишно лошо владеење и неодговорно управување со државата. Во објава на социјалните мрежи таа порача дека проблемите се наталожувале со години и дека за нив одговорност сносат повеќе власти. Најчевска тврди дека актуелната состојба е резултат на „многу години и многу власти кои крадат, лажат и ги манипулираат граѓаните“. Според неа, граѓаните ...

Пожарот што избувна на депонијата кај струмичкото село Добрашинци е локализиран, но противпожарните екипи и натаму остануваат на терен поради опасност од повторно разгорување. Од Територијалната противпожарна единица Струмица апелираат граѓаните да останат смирени, да не шират непроверени информации и да ги следат официјалните известувања. ТППЕ Струмица е ангажирана на интервенцијата уште од раните утрински часови. На терен се распоредени ...

Огромен број луѓе се собраа пред стадионот „Мет Лајф“ во Њујорк неколку часа пред почетокот на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина. Борбата за светската титула треба да почне во 21 часот по македонско време, но илјадници навивачи, акредитирани новинари, изведувачи на полувремето и други учесници на настанот со часови чекаат за да влезат на стадионот. Американските и шпанските медиуми објавија дека пред стадионот се ...

Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, закажано за вечерва во 21 часот во Њујорк, би можело да почне подоцна од предвиденото поради силното невреме што го зафати градот. Организаторите внимателно ја следат состојбата, а во јавноста веќе се појавија информации дека почетокот на натпреварот може да биде одложен доколку временските услови не се стабилизираат. Во изминатите часови Њујорк беше погоден од поројни дождови и ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.87
46%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
0.45
58%
1012
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.44
68%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.2
44%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.82
61%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.57
84%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.89
50%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
51%
1011
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.72
49%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
4.92
57%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
70%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.39
100%
1009
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Сребро

2005.37

Алуминиум

3.27

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Калај

56.77

Злато

137126.15

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29