Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Случајот со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод и илјадниците граѓани кои побараа медицинска помош, епидемијата и забраната за секаква употреба доби значително внимание во странските медиуми, пренесува порталот Гостивар пресс.мк Во изминатите денови за здравствената криза во Гостивар известуваа најмалку 30 медиуми од Франција, Италија, Русија, Германија, Австрија, Швајцарија, Албанија, Малта, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција, ...
Најголемата брзина на ветер во Македонија од околу 150-155 км/час е официјално забележана во Штип во јули 2012 година, според податоците од УМХР. Последното силно невреме од 21 јули 2026 година достигна помала брзина (до 134 км/час во Штип и 130 км/час во Скопје и Струмица), што значи дека рекордот од 2012 година останува ненадминат. Пред два дена, силен ветер со брзина до 134 километри на час предизвика големи штети во повеќе делови од ...
Европската Унија го казни „Гугл“ со 890 милиони евра за кршење на законот за конкуренција на интернет. Европската комисија соопшти дека „Гугл“ го прекршил Законот за дигитални пазари со тоа што ги дал приоритет на сопствените услуги како што се Google Play и хотелските понуди во резултатите од пребарувањето пред оние на своите конкуренти. „Гугл“ беше казнет со 460 милиони евра за кршење на правилата за пребарување и 430 милиони евра за ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. -Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе интервенира со дополнителни мерки откако продолжи растот на цената на горивата. Се анализира дали мерките ќе бидат таргетирани или генерални како претходно. Една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата. За преземање на овие чекори, како што изјави денеска Мицкоски, има правни механизми откако беше прогласена кризна состојба. – Ја следиме состојбата, како Влада веќе донесовме ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика. Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски изјави дека во решавањето на проблемот се вклучени екипи од ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје и ...
Врвен експерт од Србија доаѓа во ГАК. Ангажирана е д-р Снежана Расовац, специјалист педијатар-неонатолог со потесна специјалност пулмологија, од Белград, Република Србија, како врвен експерт во областа на неонатологијата и интензивната нега на новороденчиња, објави ГАК на социјалите медиуми. Во рамките на нејзиниот престој на Клиниката, д-р Расовац ќе реализира шестмесечна континуирана едукација наменета за лекарите и медицинските сестри од ...
Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешното отворање на реконструираниот базен во Кавадарци. -Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и добива содржина и ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес конференција побара итно да се спроведе вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата и јавно да се објават резултатите од физичките анализи, матност, мирис… како и хемиски анализи за нитрати, нитрити, амонијак, микробиолошки анализи и анализи за хлорирањето. Тој исто така побара и политичка и кривична одговорност за сите коишто учествувале во, како што кажа, ...
Ситуацијата во Украина, регионални и меѓународни прашања, како и нормализација на условите за работа на дипломатските мисии на Русија и на САД, биле главните теми на разговорот на министрите за надворешни работи Сергеј Лавров и Марко Рубио одржан на маргините на самитот на АСЕАН во Манила. Според руското МНР, на средбата, што траела повеќе од половина час, Лавров го информирал Рубио за состојбата на линијата на раздвојување во Украина притоа ...
Најмалку осум работници се повредени, од кои двајца сериозно, во експлозија на гас што се случи на градилиште на влез во метрото во Барселона, по што избувна пожар. Инцидентот се случил за време на работите за подобрување на пристапноста на метро-станицата Плаза де Сантс, кога случајно била оштетена цевка од гасовод, соопштија градските власти. Повредените работници, сите мажи, биле пренесени во болницата Вал д’Хеброн и Клиниката во ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека се засадуваат 60 нови садници во Градскиот парк со цел да се санираат последиците од невремето. „По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен. Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот“, истакна Ѓорѓиевски. Исто така, тој посочи дека Градскиот парк ќе го оплеменат со ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Македонија. Како што УФП соопшти денеска, првопријавениот С.З., во својство на сопственик и управител на ...
Општините во Македонија неефикасно ги наплаќат даноците по основ на недвижен имот, немаат ажурирани регистри, а се отпишуваат долгови по однос на задоцнето плаќање и камати… Дури близу 50 милиони евра останале ненаплатени за периодот од 2020 до 2024 година, а речиси 4 милиони евра се отпишани долгови. Проблемот се зголемува и поради неекипираност на даночните одделенија во општините, немањето даночни инспектори, со само еден од УЈП и 16 ...
Современите рудници сè почесто се откажуваат од класичните влажни јаловишта и преминуваат на технологијата на „суво одлагалиште“. Според научна студија објавена во „ScienceDirect“, токму ваквиот пристап претставува значаен чекор кон поголема безбедност и намалување на влијанијата врз животната средина. Сувото одлагалиште подразбира отстранување на најголемиот дел од водата од рударскиот отпад, при што останува цврст материјал кој може ...
Политичка одговорност од поранешниот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари, бара коалицијата Вреди. Од ВРЕДИ потсетуваат дека Таравари во минатото ја обвинуваше тогашната власт за негрижа кон граѓаните, додека за време на неговиот мандат, како што наведуваат, ветил трајно решение на проблемот со водата за пиење во Гостивар. Според партијата, ветените два резервоари за вода, кои требало да бидат изградени со донација од Швајцарија, не биле ...
СДСМ преку соопштение оцени дека случаите со загадената вода во Гостивар и Валандово укажуваат на сериозни системски слабости во функционирањето на институциите задолжени за заштита на јавното здравје. Од партијата посочуваат дека по масовното труење во Гостивар, каде, според нив, граѓаните со недели користеле загадена вода, сега и во Валандово е утврдено дека водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење поради зголемено ниво на арсен. ...
Жителите на бугарската општина Безмер, десетина километри западно од Јамбол, протестираат против распоредувањето на американски авиони во воздухопловната база што се наоѓа во близина, тврдејќи дека не биле однапред информирани и дека одлуката е донесена без консултација со локалната заедница. Тие потпишале петиција и свикале протест, на кој повикуваат да им се придружат и живелите на околните села и населби. Градоначалникот на општината ...
Македонската музичка сцена остана без еден од своите најпрепознатливи интерпретатори на народната песна. Почина Наум Бурназ, доајен на македонската изворна музика, чиј глас со децении беше препознатлив симбол на традицијата и музичкото наследство. Во текот на својата богата кариера, Бурназ остави длабока трага на македонската естрада, изведувајќи голем број народни песни кои и денес се дел од музичката ризница на Македонија. Со својот ...
Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги ...
Цените на нафтата вчера го достигнаа највисокото ниво во последните шест недели, бидејќи инвеститорите се загрижени дека ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран би можела да ги загрози енергетските резерви од регионот на Блискиот Исток. Цената на северноморската нафта Брент се зголеми за време на тргувањето на 94,4 долари за барел, а потоа се стабилизираше околу 94 долари, објави „Трејдинг економикс“. Во исто време, американската сурова ...
Лидерот на ДУИ Али Ахмети конечно по 24 години од основањето на партијата го поставил државното знаме во неговата канцеларија во седиштето во Мала Речица. Државниот симбол е виден за време на средбата на Ахмети со австрискиот амбасадор, Мартин Памер. Впечатливо е дека Ахмети во изјава за порталот на албански јазик Тетова сот рекол дека отсекогаш бил за унитарна држава но и дека државното знаме го поставил во канцеларијата по сугестија на ...
Силна песочна бура го погоди Истанбул вчера попладнево пред поројниот дожд, небото се затемни, ветерот корнеше дрвја и крена покриви, а возачите имаа проблеми поради намалена видливост поради облаци прашина. Поради силни ветрови и неповолни временски услови, некои авиони кои се обидуваа да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Гокчен“ беа принудени да кружат во воздух, објави порталот „Сон Саика“. Деца кои си играа на улица и минувач ...
Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп. Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во Конгресот. Демократите се ...
Јеменските Хути нападнаа два саудиски танкери за нафта во Црвеното Море. Инцидентот се заканува целосно да ги блокира клучните бродски рути, што може да предизвика сериозни нарушувања на глобалниот енергетски пазар. Портпаролот на војската на Хутите, Јахја Сари, во средата изјави дека целите биле танкерите „Енцелија“ и „Лејла“, а причината била „кршење на одлуката за блокада издадена од вооружените сили“. Нападите биле извршени со употреба ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ. На граничниот премин „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница на чиј дневен ред се четири закони од областа на образованието и научноистражувачката дејност. Пратениците на седницата треба да ги разгледаат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, Предлог-законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката – прво читање, како и Предлог законот за научноистражувачката дејност. Во ...
Во тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на ова населено место. Комеморативниот настан ќе се одржи во Спомен-паркот, каде ќе биде одржана панихида и ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјето. По церемонијата е предвидено обраќање на Иницијативниот одбор. Годишнината е посветена на сеќавањето на Стојан Михајловски, кој беше убиен, како и на Крсто Гоговски, Цветко ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар со пораз го започна настапот во Конференциската лига. „Црвено-црните“ на арената „Тодор Проески“ во Скопје загубија од летонскиот првак Рига со 2-3, па во реваншот на гостински терен ќе се обидат да ја надоместат негативата и да обезбедат пласман во следната рунда. Натпреварот се одигра пред околу 2.000 гледачи, токму на денот кога Вардар го одбележа својот 79. роденден. Домашниот тим прв стигна до ...
Силното невреме проследено со обилни врнежи и силен ветер, кое во текот на ноќта ја зафати јужна Албанија, однесе два човечки живота, а уште три лица се повредени, соопштија надлежните албански институции. Една од жртвите е Башким Бочи, електричар во државната електроенергетска компанија (OSSH), кој загинал за време на интервенција во Химара. Според албанските медиуми, несреќата се случила околу 3 часот по полноќ во областа Потами, кога при ...