Во Кампот за обука на вода во Охрид денеска се одржува централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на која присуствува највисокиот воен и државен врв. Според протоколот, на свеченоста со пригоден говор ќе се обратат претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На свеченоста ...

Флорида денеска треба да ја изврши 13. смртна казна во 2026 година, продолжувајќи со интензивното спроведување на најтешката казна во САД. Осудениот Вилијам Френсис Силвија, 61, треба да биде погубен со смртоносна инјекција во затворот на Флорида во близина на Старк. Извршувањето е закажано за 18 часот по локално време, додека во последен момент сè уште се разгледувала жалба пред Врховниот суд на САД. Доколку казната биде извршена, Флорида ...

На подрачјето на градот Скопје вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман. Активностите ќе продолжат и во наредните денови, информираат надлежните. На 20. август, поточно во четврток, е предвидена теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21. август во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција, додека од 23. до 26. август ќе се спроведува терестична ...

„Од денеска бензините поскапуваат за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари. Владата повторно не презеде ниту една мерка да го ублажи ударот. Ниту навреме, ниту сега. Нема намалување на акцизата. Нема привремена интервенција. Нема ниту обид да се заштити животниот стандард на граѓаните“ соопштија денеска од СДСМ. Велат „ова е директна последица на катастрофалната економска политика што ја води Христијан Мицкоски и неговата влада. Додека ...

Цените на нафта растат трета последователна сесија, бидејќи изгледите за нов договор меѓу САД и Иран ослабеа откако претседателот Доналд Трамп изјави дека не е заинтересиран за продолжување на привремениот мировен договор. Цената на суровата нафта „Брент“ утрово се искачи над 91, 7 долар за барел, додека цената на нафтата од типот WTI се зголеми за 1,2% на 85,5 долари за барел. Пазарот реагираше на изјавата на претседателот на САД Доналд ...

Милионерите и милијардерите кои го стекнале своето богатство благодарение на бумот на вештачката интелигенција ги менуваат приоритетите, принудувајќи ги луксузните брендови да ги редефинираат своите понуди. OpenAI, Anthropic и други компании за вештачка интелигенција во последниве години создадоа нова генерација милионери и милијардери кои сега ги менуваат правилата на луксузната индустрија. Наместо традиционални симболи на статус, тие сè ...

Со нови проекти, нови производствени капацитети и нови работни места продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува активно да работи на создавање услови за инвестиции кои носат производство, современи технологии, извоз и долгорочен економски раст, се наведува во партиското соопштение. -Во ТИРЗ Тетово следува реализацијата на инвестицијата на „Џаво Отомотив“, мултинационална компанија со повеќе ...

Хрватската писателка Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст по долга и тешка борба со ракот. Веста за смртта на писателката беше споделена на нејзината Фејсбук страница со порака дека таа „отиде во област без сигнал“. Showbuzz.hr, исто така, ја објави веста потврдена за нивниот портал од извори блиски до писателката. Ведрана Рудан (родена на 29 октомври 1949 година во Опатија) беше една од најчитаните, но и најконтроверзните современи ...

Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажал неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, соопшти утрово Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој од 10 до 14 август зел 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во градот Скопје. ...

Центарот за управување со кризи известува дека според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на Македонија е во зона со висок ризик од пожари. Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја). -Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија ...

Граѓаните од православна вероисповед на крајот од овој месец ги очекува продолжен викенд. Празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) се паѓа во петок, на 28 август, што овозможува три поврзани неработни денови. Веќе во септември следува нов неработен ден за сите граѓани во земјава — 8 Септември, Денот на независноста, кој оваа година се паѓа во вторник. Согласно Законот за празниците на Република Македонија, ова се ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...

УКРАИНСКИТЕ сили извршија масовен напад со беспилотни летала врз Москва и нејзината околина преку ноќ. Според извештаите од руските канали на Телеграм, кои се повикуваат на изјави од жители, нападот го оштетил магацинот на најголемиот руски онлајн трговец на мало „Вајлдберис“, познат и како „руски Амазон“. Ова ги продолжува украинските напади врз компанијата, пишува „Киев Индепендент“. 🇷🇺🇺🇦 Moscow’s skies are getting wild tonight. All ...

Португалската компанија „Алпак Капитал“ ја презеде контролата врз бројни медиуми во Србија и го започна својот мандат со смена на сите директори. „Алпак Капитал“ е наведен како сопственик на телевизијата Н1, Нова.рс, Радар, Данас и телевизијата Нова. Првата одлука по преземањето на сопственоста беше да се заменат директорите. „Михаило Јовиќевиќ, директор на порталот и весникот Нова, како и на неделникот Радар, беа заменети по ред, по што ...

Армијата денеска одбележува 34 години од формирањето како модерна, современа и целосно интероперабилна сила во рамките на евроатлантскиот безбедносен систем. Преку учеството во меѓународни мисии, забрзаната модернизација и исполнувањето на НАТО-стандардите таа ја потврдува својата улога како доверлив НАТО-сојузник и важен фактор во регионалната безбедност, но пред се, посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, ...

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека членството на Турција во Европската Унија повеќе не е приоритет за земјата, но нагласи дека тоа не значи затворање на вратата за евентуално членство. „Европската унија не е наш приоритет“, изјави Ердоган во интервју за „Ал Џезира“. Турција е кандидат за членство од 1999 година Според Ердоган, Европската Унија би била на загуба доколку продолжи да ја отфрла Турција. Земјата има статус на ...

Општина Ѓорче Петров вечерва започна со вонредно прскање од земја против комарци, со цел навремено и ефикасно да се намали нивното присуство и да се заштити здравјето и квалитетот на живот на жителите. – Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров! Грижата за граѓаните е наш приоритет! – напиша на Фејсбук градоначалникот оваа скопска општина Александар Стојкоски. Вонредното прскање против ...

Започна исплатата на парите од повратот на дел од ДДВ преку апликацијата „Мој ДДВ“, а граѓаните веќе пријавуваат дека средствата им легнуваат на трансакциските сметки. Станува збор за редовната исплата за вториот пресметковен период за месеците април, мај и јуни. Управата за јавни приходи и Министерството за финансии ги префрлаат средствата на сметките на корисниците кои редовно ги скенираат фискалните сметки. Согласно законските рокови, ...

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше извршена почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата – 18 Август. Со стрелбата беше одбележан празникот на Армијата и припадниците на вооружените сили. Настанот се одржа во пресрет на централното одбележување на Денот на Армијата. Почесната артилериска стрелба е дел од традиционалното одбележување на празникот. Од касарната беа испукани почесни плотуни, со што беше одбележан ...

Пожар што избил денеска околу 13:30 часот во близина на прилепското село Чаниште брзо се проширил кон населеното место, при што зафатил најмалку една куќа и помошен објект, но со навремена интервенција на противпожарните екипи е спречена поголема катастрофа. Медицинските екипи интервенирале кај две жителки на селото кои вдишале чад, но нивната здравствена состојба во моментот е стабилна – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и ...

Почесна артилериска стрелба денеска се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје. Министерот за одбрана Владо Мисајловски на социјалните мрежи сподели видео од свечениот чин и порача: „Нека одекне гордоста!“. Почесната артилериска стрелба е дел од одбележувањето на празникот посветен на Армијата, нејзините припадници и нивната посветеност во исполнувањето на задачите и заштитата на безбедноста на државата. Денот на Армијата – 18 Август, се ...

Договор со обвинителството за затворски казни Двајца од осомничените за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија признале вина и склучиле предлог-спогодби со обвинителството. Основниот кривичен суд Скопје на 10 август донел две пресуди, со кои на едниот му е изречена затворска казна од три години и шест месеци, а на вториот три години и осум месеци. Пратката била запленета во Србија Акцијата се случила кон крајот на јануари, ...

Пожарот навлегол во делови од прилепското село Чаниште, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според првичните информации, огнот зафатил неколку стари и напуштени куќи, а најверојатно и една населена куќа. Огнот зафатил неколку куќи Пожарот се проширил во дел од селото, при што биле зафатени неколку објекти. Според информациите со кои располагаат надлежните, станува збор претежно за стари и напуштени ...

Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е ...

На 16 август 2026 година околу 20:00 часот во СВР Скопје, 41-годишниот И.М. пријавил дека во дворот од неговата куќа во село Батинци, скопско, бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С. Според пријавеното, Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезната врата, додека С.С. со остар предмет им нанел расекотини на пријавителот и неговиот малолетен син. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за ...

Скопје и Гевгелија беа домаќини на Европското првенство за кошаркари до 16 години, Дивизија Б, а Македонија доби позитивни оценки за начинот на кој го организираше шампионатот. За успешно реализираното првенство, Кошаркарската федерација на Македонија доби специјална плакета. Дополнително признание пристигна и од претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, кој за време на престојот во земјата ја пофали организацијата. Гарбахоса оцени дека ...

Апел за намалување на водените површини За справување со епидемијата од западнонилска треска, министерот за здравство Сашо Клековски најави продолжување на вонредното прскање против комарци, покрај редовните прскања. Жителите на подрачјата со прогласена епидемија ќе добиваат СМС пораки за заштита, а ќе се врши и контрола на живината. Клековски апелираше и до граѓаните да придонесат со намалување на водените површини, особено откако било ...

Во среда го славиме Преображението Господово, празник кој се смета за еден од 12-те најголеми Христови празници, а се слави секоја година на истиот датум – 19 август. На овој ден се преобразуваат и листот во гората и каменот во водата, велат старите, и веруваат дека летото завршува на 19 август. На Преображение Господово, во глувата ноќ и небото се преобразува три пати. Според народното верување, на овој ден не треба да се спие преку ден, ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.0
91%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
68%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1031
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
0.9
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Злато

130856.75