Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Вонредна инспекција ќе има во Клиничката болница во Штип каде по царски рез со тешки невролошки последици остана 19 годишна пациентка. Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка и е во постојана комуникација со надлежните здравствени установи. Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и ...
Дојран го пречекува продолжениот илинденски викенд со засилен туристички бран, голема раздвиженост на граничните премини и сè поголем број посетители во градот. Уште од раните утрински часови беа забележани колони возила на граничните премини „Дојран“ и „Богородица“, додека плажите, шеталиштето и угостителските објекти постепено се исполнуваат со домашни и странски гости. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите ...
Владата ќе продолжи со реализација на проекти за граѓаните и дополнителни инвестиции во социјалното домување. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар на пуштањето во употреба на новиот станбен објект и доделувањето на клучеви за социјалните станови на семејства од ранливите категории. -Ние како Влада се обврзавме дека ќе реализираме проекти за граѓаните. За жал, нешто што со децении било запоставувано не може да се реши ...
Вкупно 47 семејства од најранливите категории од денеска ќе имаат можност да живеат во нови станови во Дебар. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на новиот станбен објект во градот. Николоски оцени дека станува збор за значаен момент, бидејќи новите станови ќе бидат дом за семејства на кои им е најпотребна поддршка од институциите. „Навистина е убав момент кога можеме да видиме 47 ...
До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. – Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен ...
Телото на руската државјанка Људмила Туркова Константиновна, која се водеше за исчезната од 25 јули, е пронајдено во куфер во канал во населбата Падинска Скела во Србија. Нејзиното тело било пронајдено синоќа, по што полициски екипи веднаш излегле на терен и извршиле увид на местото на настанот. Според првичните информации, критичната вечер Људмила се подготвувала за излегување во клуб, но засега нема потврда дали стигнала на планираната ...
Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме, би рекол, посебно за државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5 проценти или, ако се земе вториот квартал, е 4 ...
Германија, Франција и Италија бележат раст од само 0,2 проценти во вториот квартал од 2026 година. „Шампионската“ листа на растот не ја предводат најмоќните економии во Европската Унија. Па кој тогаш? Нешто чудно се случува во eвропската економија во вториот квартал од 2026 година. Додека трите најголеми економии на Европската Унија – Германија, Франција и Италија – едвај забележаа раст од 0,2 проценти, апсолутен шампион е Ирска со ...
Процесот за враќање на нормалното водоснабдување во Гостивар е во завршна фаза, а премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес граѓаните да добијат вода која ќе биде безбедна не само за техничка употреба, туку и за пиење и подготовка на храна. Одговарајќи на новинарски прашања за реакциите на опозицијата во врска со состојбата со водоснабдувањето и мерката хиперхлорирање, Мицкоски истакна дека Владата веднаш реагирала по појавата на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува проширување на истрагата за загадувањето на водата во градскиот водовод во Гостивар. Тој посочи дека надлежните институции веќе преземаат активности и дека се обезбедени лица кои се сослушани во рамки на постапката. Мицкоски оцени дека проблемот со водоснабдувањето настанал поради несовесно постапување на вработени во Јавното претпријатие „Водовод“, кои, како што рече, директно ...
Речиси сите мигранти кои во изминатите денови успеале да влезат во шпанската енклава Сеута веќе се вратиле на територијата на Мароко, соопшти шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес. Тој ги отфрли тврдењата дека мигрантите можат слободно да продолжат кон останатиот дел од Шпанија и порача дека шенгенскиот простор останува заштитен. „Не е можно да се патува од Сеута и Мелиља кон континентална Шпанија без идентификација на ...
Според унгарскиот премиер Петер Маѓар електраната би можела да биде исклучена веќе во вторник или среда, кога се очекува нивото на водата на Дунав да падне на минус 134 сантиметри. Унгарија се соочува со сериозен енергетски предизвик откако премиерот Петер Маѓар објави дека нуклеарната централа Пакш ќе мора привремено да го прекине производството во наредните денови поради историски ниското ниво на водата на Дунав. Рекордно ниското ниво на ...
Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на 29 јули годинава лишиле од слобода три лица од Скопје, осомничени за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Како што информира МВР, приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик. Според ...
Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво. Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти. Најголем број од закупите од овој квартал, 935, припаѓаат на деловни простори (44 проценти) по што следуваат становите со 630, (29 проценти), куќите со 235 (11 ...
Дирекцијата за заштита и спасување е во целосна готовност поради зголемената опасност од шумски пожари, откако Владата прогласи 30-дневна кризна состојба. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информираше дека противпожарниот тим кој ќе биде ангажиран во справувањето со пожарите ќе брои меѓу 2.000 и 3.000 луѓе. Ангелов оцени дека состојбата е алармантна, бидејќи сушењето на бујната вегетација создава услови за брзо ширење на огнот. Поради ...
Вечерва во Крушево официјално започнуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма ќе биде означен почетокот на традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, која секоја година собира бројни посетители и учесници од целата држава. Активностите започнуваат уште претпладне ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија. АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини поранешниот министер за здравство Венко Филипче дека не постапувал навремено во случаи кога, како што тврди партијата, институциите доставувале податоци за неисправна вода за пиење во повеќе општини. Од владејачката партија побараа Филипче да престане, како што наведуваат, да „глуми загриженост за јавното здравје“, тврдејќи дека тој во периодот кога бил министер располагал со информации за неисправна вода, но не ...
Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти и современите технолошки решенија што денес се применуваат во рударството. Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот ...
Соединетите Американски Држави би можеле уште овој викенд да започнат нови воени напади врз Иран, објави CNN, повикувајќи се на двајца американски функционери запознаени со плановите. Иако конечната одлука сè уште не е донесена, а деталите за обемот на операцијата и целите не се целосно дефинирани, официјалните лица посочуваат дека подготовките се во тек и дека плановите можат да бидат изменети или откажани во последен момент. Американскиот ...
Танкер што пловел во Ормутскиот теснец бил погоден од „непознат проектил“, соопшти британската Агенција за поморски трговски операции (UKMTO). Во нападот е оштетен моторот на бродот, но нема повредени членови на екипажот, ниту е регистрирана еколошка штета. Според информациите на UKMTO, инцидентот се случил на околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Ормутскиот теснец е еден од најважните светски поморски коридори, а Иран ...
Македонската православна црква утре го одбележува празникот Свети пророк Илија – Илинден, еден од најзначајните денови во православниот календар. За Македонците, Илинден има двојно значење – се празнува како голем христијански празник, но и како Ден на Републиката, поврзан со Илинденското востание и Крушевската Република. Според црковното предание, Свети Илија живеел околу девет века пред раѓањето на Исус Христос. Потекнувал од градот ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, Македонија ја очекува период на сончево и екстремно топло време, кој ќе трае во текот на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека топлотниот бран ќе продолжи во текот на целата прва декада од август. Според прогнозата, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар ќе присуствува на доделување 47 станови за социјално загрозени категории граѓани. Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, без разлика на правниот статус на нивните ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. -2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание ...
Силен земјотрес со магнитуда од 4,7 степени го погоди подрачјето на Неапол вечерва, предизвикувајќи паника кај жителите, прекини на електричната енергија и материјална штета во неколку градови западно од италијанската престолнина. Епицентарот беше во Флегриските полиња, во близина на Солфатара, на длабочина од околу три километри, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV). Земјотресот беше регистриран во ...
Повеќе од четвртина од населението во Европската Унија постаро од 16 години, односно 27,5 проценти, во 2025 година не можело да си дозволи најмалку една недела годишен одмор надвор од домот, покажуваат податоците на Евростат. Уделот на граѓаните без финансиска можност за седумдневен одмор е зголемен за 0,5 процентни поени во споредба со 2024 година. Сепак, во однос на 2015 година е намален за 7,7 процентни поени. Најтешка е состојбата во ...
Средствата во ставката за реализирање на капитални проекти се повисоки за 14,5%, а понатаму се зголемуваат средствата и за социјални трансфери и за оние обврски кои што државата ги има кон граѓаните, и за повисоки плати и за повисоки пензии, нешто што сметам дека е суштина на вака поставен буџетски документ“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во Дневникот на МРТ1. Пратеникот Стојаноски ...
Владата прогласи кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемениот ризик од пожари на отворено и шумски пожари. Одлуката стапува во сила утре и ќе важи 30 дена, а Главниот штаб при Центарот за управување со кризи ќе биде во постојано заседавање. Во рок од 24 часа штабот треба да подготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси и план за ...
Италијанската влада привремено го суспендира режимот на слободно движење во рамките на Шенген за воздушните и поморските врски со Шпанија и повторно воведе гранични контроли. Мерката е донесена по масовното пристигнување мигранти во шпанската енклава Сеута, а Италија дополнително ќе ги зајакне и контролите на копнената граница со Франција. „Ова е вонредна мерка, донесена со цел да се заштити националната безбедност и да се спречат можните ...