Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Петгодишно девојче почина од повредите здобиени во тешка сообраќајна несреќа во Краљево, Србија, откако автомобил излетал од коловозот и удрил во семејство кое се движело по пешачко-велосипедистичка патека. Тешко се повредени и мајката на девојчето и нејзината едногодишна сестра. Несреќата се случила синоќа околу 19 часот на улицата „Четврти краљевачки баталјон“. Според српската полиција, 26-годишниот Ј.А. управувал автомобил „сеат“ и при ...
Учениците ќе имаат учебници, тие се дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата. Првпат годинава тоа го имаме завршено многу порано пред почетокот на учебната година, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, една недела пред почетокот на учебната 2026/2027 година. Не можам да кажам дека ќе нема. За жал, верувам дека и ќе има. Но искрено верувам дека тоа ќе биде сведено на минимум и дека ќе биде инцидентно, рече ...
Пациентите со трансплантирани органи од утре, 26 август, ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 mg и 360 mg без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. „Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја даде потребната согласност, направени се измените во ...
Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 мг. и 360 мг. без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. Од Фондот соопштија дека тоа што го најавиле како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано, завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја дал потребната согласност, направени се измените во ...
Министерот Сашо Клековски беше во посета на лабораторијата на вирусологија во ИЈЗ. -Посветен кадар, стручност, најсовремени методи и технологии и што е најважно ИМА реагенси за дијагностика, дури и на заболувања кои не се вообичаени и чести во земјата, истакна директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска. Директорката порача дека така се работи посветено за граѓаните. Министерот Сашо Клековски беше во посета на лабораторијата на вирусологија во ...
Вештачката интелигенција и дата центрите се новата нафта во светот и Македонија не смее да го испушти тој историски момент, кој ќе и овозможи долгорочен економски раст, порача премиерот Христијан Мицкоски. Тој, истовремено, упати остри критики кон одредени структури во општеството кои според него свесно го кочат развојот на земјата. Премиерот Мицкоски посочи дека сите проекти мора да се реализираат со целосно почитување на законските прописи ...
Британскиот премиер Енди Бернам го посети Киев, а еден од неговите потези ја воодушеви пошироката јавност. Бернам прво прошета низ украинската престолнина за да го одбележи Денот на независноста на Украина и да присуствува на состанок на сојузниците кои го поддржуваат Киев во неговата одбрана од руската инвазија, која сега е во својата петта година. Тоа беше првото патување на Бернам во странство откако ја презеде функцијата премиер минатиот ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата планира намалување на ДДВ на горивата, презема внимателни чекори, има план и стратегија затоа што, како што оцени, состојбата на Блискиот Исток може да потрае и неколку години, повеќе од предвидувањата. Граѓаните, според Мицкоски, треба да бидат спокојни затоа што државата има доволно нафтени резерви. – Да, планираме. Имаме јасна стратегија, имаме јасен план. Според нашите анализи ова ќе потрае. ...
Поскапувањето на дизелот на 101,5 денари за литар дополнително ќе ги зголеми трошоците за производство и транспорт, а со тоа и притисокот врз цените на храната, оцени потпретседателката на СДСМ Јована Тренчевска, обвинувајќи ја Владата дека не презема мерки за заштита на стандардот. Од денеска дизелот поскапе за 3,5 денари и се продава по максимална цена од 101,5 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми и бензините за ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. -Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина ...
Нема дефект во ПЕТ/КТ скенерот, туку во циклотронот, каде се произведува радиофармацевтското средство (18F-FDG) потребно за прегледот. Дефектот е резултат на лошо сервисирање и веќе се работи на негово надминување. Ова го објави министерот за здравство Сашо Клековски на неговиот фејсбук профил. – Со почеток на работењето на циклотронот приоритет имаат пациентите според насоките на клиниките за онкологија и хематологија! Предизвиците со ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеоргиевски, преку објава на „Фејсбук“ информираше за новите спортски терени наменети за средношколците, истакнувајќи дека создавањето современи и безбедни услови за спорт е важна инвестиција во младите. Посебна гордост е кога визијата што ја имаме за младите добива вистинска форма и станува реалност“, напиша Ѓеоргиевски. Тој посочи дека новите терени се изведени со висококвалитетни и издржливи полипропиленски ...
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во 17:25 часот, во скопското село Морани, го привеле Б.А. (20) од село Студеничани, врз основа на судска наредба. Како што соопшти денеска МВР, претходно лицето управувало автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службеници. Набргу потоа, со возилото удрило во бетонски ѕид, а при ...
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот. – Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека прв пат се согласува со претседателот на СДСМ Венко Филипче дека не се исти и оти тој никогаш не би сакал да биде ист со куклата на луѓето кои, како што рече, ја уништиле и ограбиле Македонија. – Јас можам прв пат да се согласам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа ...
Од утринските часови продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак, сооштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), каде што беа претставени новите просторни, технички и лабораториски капацитети на институцијата. Како што информираше директорот на УХМР, Игор Лазаровски, во изминатите две години се реализирани бројни инвестиции насочени кон модернизација на лабораториските, метеоролошките и хидролошките системи, ...
Венко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи. Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски денеска оствари средба со Кристофер Левик, Регионален директор на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) за Европа и Централна Азија, на која биле разгледани досегашната соработка и можностите за нејзино дополнително продлабочување. Во фокусот на разговорот биле циркуларната миграција, дијаспората и повратниците, како и начините економскиот, човечкиот и знаенскиот ...
Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Илијана Јотова. -Јас замолувам за вниателно следење за тоа што го прави македонската Влада, оваа Влада ги штити интересите на државата и граѓаните. Нема да навлегувам во било каква ...
Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос, го презентираше предлогот на Европската комисија за сеопфатна реформа на процесот на пристапување. Планот предвидува постепена интеграција, построги проверки на земјите-кандидатки и нова методологија за фазата што Кос ја опиша како нов Хелсиншки момент за Унијата, пишува „Euronews“. „Светот се промени, а проширувањето мора да се промени со него“, рече комесарката Кос на Конференцијата на амбасадори ...
Европа добива уште една нискобуџетна авиокомпанија која ќе има седиште на шпанскиот аеродром Сантијаго де Компостела. Станува збор за „Флај2Галиција“ (Fly2Galicia) која започнува со летови од 1 декември до осум дестинации во Шпанија и остатокот од Европа, вклучувајќи ги Минхен, Милано, Брисел, Прага и Венеција. Промотивните цени веќе се објавени и почнуваат од 19 евра, а најевтината тарифа вклучува два рачни багажа. Освен шпанските градови ...
По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена. Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време за ...
Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската Унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ. Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот Парламент ги усвои предлог-измените на Уставот што се ...
Цената на биткоинот утрово ја надмина границата од 80 илјади долари, продолжувајќи го силниот раст на најголемата светска криптовалута поттикнат од враќањето на средства во берзански фондови (ЕТФ) поврзани со биткоинот и зголемената склоност на инвеститорите кон поризични средства. Биткоинот утрово се тргуваше за околу 80.650 долари, а во текот на денот достигна околу 81.200 долари, што е највисоко ниво од мај. Во однос на почетокот на ...
Реализацијата на проектот за бакар во Иловица може да донесе нови можности за локалното население, особено за младите кои бараат добро платена работа во својот регион, оценуваат жители на Иловица. Поддржувачите на инвестицијата сметаат дека развојот на рударството може да придонесе за економско заживување на југоистокот и да помогне во намалувањето на иселувањето на младите. Никола Стаменов, поранешен претседател на Федерацијата на фармери и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Израел, оствари средба со својот израелски колега, министерот за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени добрите билатерални односи и заедничката определба за нивно натамошно продлабочување. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, двајцата министри разговарале за можностите за унапредување на ...
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека количините на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР и дека поради локалниот карактер на ...
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. На минатото рочиште градежните вештаци одговараа на вкрстени прашања од одбраната. Наодите во врска со материјалите ...
Модуларните болници за време на ковид кризата во земјава биле поставени спротивно на низа предупредувања и без исполнување на сите законски и технички услови, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Поконкретно за модуларната болница во Тетово, каде во пожарот трагично загинаа 14 лица, тогашниот економски директор на болницата, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и пушти во употреба болницата. Подоцна тој беше осуден на ...