Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
ДУИ повторно се нафрли врз Охридскиот договор, како да е нивна лична тапија. Наводно го брани, а всушност го држи како заложник за своите партиски интереси. Партијата што некогаш се прогласи и за „зелена”, денес го попречува унапредувањето на едно од најважните начела на Охридскиот договор – правичната и соодветната застапеност, реагираат од партијата Вреди. Цели 22 години ДУИ ги имаше и ножот и погачата. Имаше министри, пратеници и власт до ...
Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено предупредување до туристите кои престојуваат во Пефкохори, дека грчката полиција спроведува засилени контроли и изрекува казни, при што на дел од возилата им се одземаат и регистарските таблички. Според објавата, акцијата се спроведува на магистралниот пат кај кружниот тек во Пефкохори. „Полицајците на сите по ред им ги симнуваат табличките. Прво на едно грчко возило, потоа на џип со регистарски ...
Фактот дека партија која со години го промовира концептот на „општество за сите“ стана заложник на ксенофобична реторика зборува за длабочината на нивниот политички и морален пад. Со напаѓањето на мојот избор, СДСМ директно им испрати порака на граѓаните од српска националност дека ги смета за граѓани од втор ред, чии права се пожелни само на хартија за време на изборните кампањи, или според нивната реторика во последните години, така што би ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничен премин Богородица се бележи време на чекање за излез околу 30 мин, за влез околу 15 минути, на другите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира дека изгаснатите пожари се во: Општина Чучер Сандево – с. Глуво (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево – с. Мирковци (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево – с. Кучевишка Бара (ниска вегетација и грмушки); Општина Карпош ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Според највите од Управата за ...
Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, кој долги години играше за Барселона, донираше 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот Мадрид, кое беше тешко погодено од неодамнешните големи шумски пожари, објавија регионални власти. Претседателката на регионот Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо му се заблагодари на Меси преку социјалните мрежи, истакнувајќи оти локалното население со нетрпение очекува лично да ...
Русија започна масовен напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Украина во текот на ноќта, при што загинаа најмалку 15 лица, а 51 беа повредени во главниот град и поширокиот регион на Киев. Локалните власти објавија пожари во Киев и неговите предградија. BREAKING: A large number of fires can be seen in Kyiv after Russian missile strikes tonight pic.twitter.com/kbxnpxddGS — Visegrád 24 (@visegrad24) August 5, 2026 „Киев ...
Политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат конкретни резултати, а македонските аеродроми бележат историски рекорди по бројот на патници и реализирани летови, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, нагласувајќи дека растот на авио-сообраќајот е силен показател за развојот на туризмот, бизнисот и целокупната економија. Николоски во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека ...
Ние сме секогаш спремни за избори. Кога која било влада ќе влезе во вториот дел од мандатот нормално е да се очекуваат избори во даден момент. Ние би биле среќни доколку одиме на редовни избори, доколку ги реализираме проектите на коишто сме фокусирани, но секогаш сме спремни и за предизвик којшто во моментот го нема, така што најверојатно ќе одиме на редовни избори, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...
Со голем музичко-сценски перформанс на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, в недела, на 9 август, ќе започне музичкиот караван посветен на 35-годишнината од независноста на Македонија, соопштија од „Авалон продукција“. Преку музика, актерска игра и танц, во рамките на мултимедијалниот сценски спектакл ќе биде претставена приказната за трите и пол децении независност на државата. Пред публиката ќе бидат прикажани дел од најзначајните ...
УНИЦЕФ денеска повторно апелираше до Русија и Украина да ги почитуваат обврските што произлегуваат од меѓународното хуманитарно право. Особено се нагласува потребата од заштита на децата и цивилната инфраструктура во услови на воениот конфликт. Од организацијата порачаа дека децата мора да бидат безбедни на местата каде што живеат и поминуваат време. „Игралиште. Плажа. Семеен дом. Децата имаат право да бидат безбедни таму каде што живеат и ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва изјави дека Киев е подготвен за сите формати на состаноци со Соединетите Американски Држави, чија цел е постигнување мир преку преговори. Секојдневни контакти со американските претставници Во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, Зеленски посочи дека украинската дипломатија секојдневно комуницира со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со преговарачкиот ...
Состојбата со пожарите на отворен простор во државата е значително подобрена, откако пожарникарите и службите за итни интервенции во текот на денот успеале да изгаснат девет пожари. Регистрирани вкупно 14 пожари Според последните информации од Центарот за управување со кризи, заклучно со 18 часот биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, само еден останал активен, четири биле ставени под контрола, а девет биле целосно ...
Високите температури предизвикуваат зголемен број повици за здравствени тегоби, при што на дневно ниво се регистрираат повеќе од 200 повици. Институтот за јавно здравје апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлото време, со посебно внимание кај лицата над 60 години, бремените жени, децата, работниците на отворено и лицата со хронични заболувања. Од ИЈЗ советуваат граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце и ...
На полноќ, низ охридската чаршија одекнуваше познатата македонска песна „Бисер Балкански“. Млади улични артисти, со хармоника, кавал, гитара и кахон, создадоа вистинска концертна атмосфера под отворено небо. Околу нив се собраа голем број млади луѓе, кои пееја и се забавуваа во срцето на Охрид. Македонските звуци се ширеа низ чаршијата и привлекуваа сè повеќе минувачи. View this post on Instagram A post shared by 24 часа 🇲🇰 (@24chasa.mk) ...
Женската тениска асоцијација (WTA) воведе ново правило според кое тенисерките ќе треба да поминат генетско тестирање за да добијат право да настапуваат на женскиот дел од WTA турот. Одлуката стапи во сила кон крајот на јули и веќе предизвика бројни реакции во тенискиот свет. Според новите правила, играчките ќе треба да достават примерок за генетска анализа со која треба да се утврди дали ги исполнуваат условите за натпреварување во женска ...
Шест лица го загубија животот, а најмалку 34 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во италијанскиот регион Умбрија. Во несреќата учествувале кампер и туристички автобус, а по нивниот директен судир во автобусот удриле уште три автомобили. Трагичниот настан се случил во неделата вечерта на државниот пат „SS79“, на делницата меѓу градовите Терни и Риети. Според досегашните информации, камперот од засега непознати причини преминал во ...
Околу 70.000 мигранти кои влегле во шпанската енклава Сеута се вратиле во Мароко или ја напуштиле територијата, соопштија шпанските власти. Од приближно 72.000 лица кои пристигнале за време на невидениот миграциски бран, само неколку илјади сè уште остануваат во Сеута. Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка изјави дека властите реагирале брзо и дека состојбата на границата е стабилизирана. Кризата започна откако ...
Во виенската населба Стамерсдорф наводно биле измерени 41 степен Целзиусов, што би претставувало нов температурен рекорд за Австрија. Податокот бил објавен во период кога Виена и централниот дел на Европа се зафатени од силен топлотен бран. Високите температури создаваат сериозен ризик за здравјето на населението, а локалните власти ги повикаа граѓаните да го ограничат престојот на отворено во најтоплиот дел од денот. Сепак, во јавно ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека интересите на големите сили и натаму се судираат на Балканот. Тој порача дека независна и самостојна Србија и денес претставува проблем за дел од меѓународните фактори. Вучиќ ова го изјави во пресрет на одбележувањето на Денот на сеќавање на сите загинати и прогонети во воената операција „Олуја“, кое ќе се одржи во Мркоњиќ Град. Според српскиот претседател, ситуацијата на Балканот во тој ...
Двајца државјани на Косово се лишени од слобода во Скопје поради сомнение за фалсификување пари. Кај нив биле пронајдени пари во различни валути и апоени, чија вкупна вредност е проценета на околу 230.000 евра. Од МВР информираат дека на 3 август 2026 година, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Р. (30) и Т.Т. (44), двајцата државјани на Република Косово. Двајцата се сомничат за ...
Полициски службеници од ОВР Кавадарци синоќа во 22 часот ја лишиле од слобода 41-годишната Д.П. од Кавадарци. Полицијата постапила по претходна пријава поднесена од нејзината 75-годишна свекрва. Според пријавеното, кавадарчанката ѝ се заканувала на повозрасната жена во нејзиниот дом. Д.П. по настанот била задржана во полициска станица. За случајот бил известен и јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде ...
Пожарот што три дена гореше во атарот на кавадаречкото село Раец е целосно изгаснат, соопшти вечерва градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој истакна дека огнената стихија е совладана по непрекината, макотрпна и пожртвувана работа. Според Јанчев, справувањето со пожарот уште еднаш покажало дека со обединетост може да се одговори и на најголемите предизвици. Градоначалникот им се заблагодари на противпожарните единици, државните ...
Франција од почетокот на сезоната се соочила со околу 14.000 пожари, додека безбедносните служби привеле повеќе од 400 лица поради намерно предизвикување пожари или невнимание, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез. Меѓу приведените има и 156 малолетници Според информациите што ги објави француската телевизија БФМТВ, од почетокот на сезоната биле регистрирани 14.000 пожари, а безбедносните сили уапсиле вкупно 402 лица. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика нафтените компании да ги намалат цените на горивата, оценувајќи дека заработиле огромни суми за време на растот на цените на нафтата. Тој конкретно ги критикуваше „Шеврон“ и „ЕксонМобил“, истакнувајќи дека компаниите оствариле премногу големи профити додека граѓаните плаќаат високи цени за горивото. Трамп порача дека дел од заработката треба да им биде вратен на потрошувачите преку намалување ...
Најсложениот дел од автопатот Кичево-Охрид се очекува да биде ставен во функција во следните месеци. Станува збор за делница од 10 километри со галерии, мостови, вијадукти и најдолгиот тунел во државата. Целосното завршување и пуштање во употреба на автопатот е планирано за мај следната година. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во денешното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија. Тој ...
Мадрид бара Рим да ги укине дополнителните гранични проверки за патниците кои од Шпанија пристигнуваат во Италија со авион или брод. Мерката беше воведена по мигрантската криза во шпанската енклава Сеута, но шпанската влада смета дека нема оправданост за нејзино продолжување. Барањето го упати шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка на вонредната видеоконференција на министрите за внатрешни работи на Европската Унија. ...
Заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воени удари врз Иран во најмалку седум наврати не биле проследени со реализација на најавените напади. Наместо тоа, Трамп потоа ги одложувал или откажувал планираните акции, надевајќи се дека притисокот ќе доведе до преговори со Техеран, објави „Еј-би-си њуз“. Последниот ваков пример е од саботата, кога Трамп соопштил дека се откажува од напад врз иранската енергетска инфраструктура. И ...
Европската Унија почнува да применува нови правила со кои се заострува контролата врз вештачката интелигенција и начинот на кој компаниите ги користат напредните системи. Новите одредби носат поголеми овластувања за европските институции, но и дополнителни обврски за компаниите што развиваат и користат ВИ технологии. Со Законот за вештачка интелигенција (AI Act), усвоен во 2024 година, Европската Унија воспоставува една од најсеопфатните ...